Серијата продолжува! Нова победа на Милан против Цирих овојпат на гостински терен со минимални и рутинирани 0-1. Стрелец токму оној кој сите (или барем јас) беа сигурни дека ќе постигне погодок! Андриј Шевченко! Карлито стартуваше со еден микс состав по релативно сигурните 3-1 на Сан Сиро! На голот беше Дида, во одбраната Замбро - Кала - Бонера и Антонини, на средниот ред покрај стандардните Амбро и Фламс им беше додаден Пумата а како подршка за Шева, единствениот напаѓач во Милан беа Дињо и Сидорф! Токму тие двајца (Дињо и Сидорф) покажаа на неколку наврати дека можат одлично да соработуваат и одлично се разбираат на теренот! Натпреварот почна со 100 % шанса за Шевченко уште во 2 минута и украинецот уште еднаш промаши нешто што е потешко да се промаши отколку да се погоди! По ова Сидорф имаше еден недефиниран и пред се луциден шут кој помина неколку сантиметри покрај левиот дирек! Домакините имаа спорадични но не и конкретни закани, всушност повеќе се играше на страната на домакините! Дињо подоцна уште еднаш покажа дека игра за доброто на тимот а не за своја лична статистика кога излезе сам пред домашниот голман од полулево, идеална позиција за да се пласира топката со десна нога (нешто што Дињо и тоа како знае да го прави) но несебично ја сврти топката кон срцето на петерецот и таму од земја изникна еден домашен дефанзивец и успеа да ја исфрли топката во корнер помеѓу Амбро и Шева! Шева (пре)многу се трудеше и дури на моменти и пречеше во желбата да постигне гол! Но конечно успеа да се запише за прв пат во листата на стрелците на Милан по своето враќање дома! Дињо со уште една од своите магии успеа од работ на шеснаесетникот да ја подигне топката и преку целата домашна одбрана да ја додаде до Шева кој овојпат неможеше (и не смееше) да промаши! Во финишот домакините притиснаа за да избегнат пораз но не успеаа во тоа!
На крајот имаше мали експерименти, Дињо заигра и на малку подефанзивна позиција (онаа на Пирло односно на Сидорф) и додели неколку добри додавања!
Како резиме... рутинирана победа на Милан за пласман во фазата по групи и одржување на ведрата атмосфера и серијата со победи! Единствена црна дамка на оваа средба може да биде повредата на Каладзе кој мораше да го напушти натпреварот уште во првото полувреме (на негово место влезе Ил Капитано) а наскоро ја напушти и клупата и замина во соблекувалната! Се надевам дека нашата и онака проблематична одбрана нема да добие уште еден удар!
23 comments:
http://www.youtube.com/watch?v=8Rfz8G08KM0
Голот
Го видов после тоа...
сепак фала!
Браво момци!!! Браво Шева!! Браво за сите!! Цирих е сепак, но сепак е победа!:) и тоа 5та по ред! Шева ја отовори сметката, и сега чекаме да ја полни! :) Јас го погодив резултато, Ри формацијата и стрелецот! Може да уплатиме следно коло некое заедничко ливче! хехех
Ри, избриши го последниот пост, си пуштил несакајќи уште еден празен пост!
http://www.fcfootballblog.com/2008/10/02/zurich-0-1-ac-milan-highlights/
eve druze link vidi go..i jas isto imav problem so stremot togas ama tuka imas highlights od skoro site utakmici..bravo sheva konecno i toj proraboti..dinho preubavo go najde i sea imame duri 5 pobedi so red..svicu dobro ne?
FORZA MILAN!!!
P.S. zaboraiv deka ima nov post pa tamu pisav..eve copy :)
ајде за 4 дена ви е ждрепката за групите.Пазете се од Валенција,Ајакс,Севиља и Бенфика.Може со еден од овие да играте на финалето во Истанбул... а веќе од таму не носите добри спомени :)
Да бе... јас па запнав да бришам кога веќе влегувам во блогот и затоа имав проблеми... Тенк ју!
Дињо меџик стил воркс а :P
5 Победи по ред... нека ме поправи некој ако грешам ама не памтам вакво нешто да се случило во последните 3 сезони! Лани во финишот кога се бркавме со Виола и кога збесна Супер Пипо... имаше 5 по ред? И да имало... овој моментум баш ми годи... само сега да не нагазиме на мината во Каљари... да, таа е уште од II св. војна ама мина си е мина!
Forza Milan!
ланската сезона сигурно немавме вакво "чудо"..за пред тоа не се сеќавам..лани беа 4 со ред нејвеќе..ама некако ми изгледа дека сеа ќе бидат најмалку 6 со ред со оглед на противникот..знаеме дека Milan после ужасниот старт несмее да влези опуштено во ниедна утакмица, а тоа најдобро го прикажаа сношти кога имаа 90 минути чиста формалност а сепак одиграа ангажирано..за ова со мината..стварно друже има мина на Сардинија ама верувај и тие имаат заборавено кај ја имаат стаено :) Сепак колку што нашата низа е долга и добра, толку е и нивната долга, ама лоша :)
Росонерски поздрав!!!
Подобро тигар во рамнина отколку змија во трева... вакви противници ми се најпроблематични, го сменија тренерот...
И Болоња беше њули промоутед па ни зема 3 бода и од тогаш нема земено ни еден единствен бод! Абе тоа ти е клетва... Го победиш ли Милан, аир да не видиш после тоа!!!
хахахахах добро е ова , аир да не видат после хихихихи
...сепак подобро е никогаш да не ја фрламе клетвата, подобре е да си ги зимаме бодовите.:)
Искрено и ја мн. се плашам за во недела, немаат бод земено од 5 кола, го сменија тренерот, им доаѓа Милан и мотивацијата ќе им биде на невидено високо ниво!
А ние бараме шеста победа во серија... значи нашата мотивација ќе биде (или веќе е) повисока!
Абе Форца Милан!
Ај нека смеат да земат бод... им фрлам малку вуду и ќе се тешат после заедно со Болоња што ги снашло!
каква мотивација бе владе не заебавај..да имаш 5 порази со ред и нов тренер значи нервоза во цел клуб..тренерот е нервозен заради првата утакмица, а му доаѓа екипа како Milan, а па играчите се тотално изгубени..дел од нив не биле за смена на тренерот, поради врзаноста за него, па и од тука се појавува нервоза..едноставно во таков клуб владее хаос..ова ти го кажувам и од лично искуство зашо знам како е да смениш тренер на почеток на сезона во ваква гадна серија..ова е шанса за Milan да ги згази, ако одигра солидно, или да победи минимално, во случај да одиграат ради реда..не велам дека веќе имаме 3 бода од Сардинија и дека не треба да се влези ангажирано во мечот, ама домаќините имаат огромен недостаток на психичка спремност и мотивација..а мотивацијата пак кај нашите е најмалку 10 на 9та пати поголема :) видовте и сами против Zuruch
FORZA CAMPIONI!!!
Хххх....не ми се верува дека вопшто се води дискусија за ова :)
Каљари-Милан 0-3 =D
...Освен ако не им стаат нешто у сардините на цел тим па....Ххх пу пу,недај боже
Ааа бај д уеј навигатор,кое е тоа лично ускуство? :D
П.С. Сезонава конечно си иде од прва лига Каљари(тенкс ту ас)
FORZA MILAN!!!
Друже кога ќе размислам подобро, имаш право. :)))))) ...Него ова за Софија изгледа нема ништо да испадне, излезе пробелм со визите(не ми се верува каде живееме) , нема да има време визи да се извадат, може евентуално карти да ни најде тој човекот па со кола да идеме, ама пак визите ќе бидат проблем. Така да ништо.
Ако сакате може да се организираме да одиме во Тирана на 14ти Милан игра хуманитарен меч?
Иначе да не знае некој зашто вчера игравме без спонзор на дресовите?
Да пишувам пост или веќе некој имаше у план?
позз...
Појма неам стварно,али може да е како у 07 со Баерн на гости кога требасе bwin да го тргаме од дрес,па не го тргнавме па попивме казна....али не ми штима логиката дека за во Лига на Шампиони со Баерн сме иделе контра а сеа у Куп на УЕФА со Цирих да пратиме норми и сл.
Енивеј...како што реков...не ме фаќај за збор xD
Во Швајцарија се забранети јавни рекламирања на казина и воопшто на коцкање! Тоа е причината
Мене слободно фатете ме за збор :)
П.С Знаете... јас сум повеќе по пост-анализи :)
ultra..активен спортист бев до пред 3 месеци..играв кошарка веќе 12 години, ама како дојде обавезава со факутетот и преселувањето во ск немам време и за тоа и баш ми е криво..
владе..ејјј ама ми е криво што пропадна ова..баш имав намера да идам и јас..ако не па да одиме за Lecce на 14ти на Italia-Montenegro :)
за логото..законот во Швајцарија забранува секаква реклама на цигари, алкохол и кладилници и казина..затоа не беше логото на bwin сношти на дресот..колку се поштени швајцарциве не? :)
Re ме фати во пишување, инаку да знаев дека и ти ќе кажуваш за логото немаше да се трудам..случајно да не помислите дека сум од оние типови што копираат информации..озбилно
Ххх фала за инфо ппл стварно :)
не изгледаа лошо дресовите и така :P
Навигатор,дојди у МЗТ ќе бидеш легенда :D
Post a Comment