Translate

Saturday, 4 October 2008

Каљари - Милан


По добиеното дерби Ала Мадонина и по рутинираните 0-1 во Цирих (со првенецот на Шевченко) шансата да се продолжи серијата од 5 победи по ред ќе се бара во секогаш незгодната Сардинија кај Каљари! Сепак истата таа (од претходните сезони) незгодна Сардинија сезонава (барем досега) е многу гостољубива! Секој што дојде таму си замина со 3 бода! Тоа беше причината да се менува и тренерот во тимот! Првиот испит за новиот стручен штаб на Каљари ќе биде против Карлито и залетаната машинерија од Милано (не зборувам за тие другите, нивната машина веќе полека но сигурно ’рѓосува) !
Им посакувам што побрзо опоравување на фудбалерите на Каљари но после ова коло! Се освен три бода ќе биде тотален неуспех. Едноставно мора да се задржи позитивниот моментум и да се добие овој последен натпревар пред репрезентативната пауза! Тогаш ќе има период во кој се очекува да се вратат во ритам Неста, Сендерос, Бориело и Супер Пипо а и Дињо ќе остане во базата во Миланело и се очекува да биде уште повеќе во ритам! Значи само победа и ништо друго!!!
Околу составот... доколку се знае дека Дињо одигра два натпревари во серија за 4 дена за очекување е да остане на клупата! Моја претпоставка за стартните 11 со графички приказ:


Одиме на нова победа!!!

18 comments:

Anonymous said...
This comment has been removed by a blog administrator.
Anonymous said...

Добар графички приказ :)


Ааа...за составот комлетно се согласувам...Сидорф на неговата позиција...Шева и Пато....милина...уште една убедлива разлика во ран период па да можат Дармиан и Кардачио да добиат шанса за настап!

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Ултра ај свести се... каков Дармиан каков Кардачио... „Пумата“ е прва опција доколку Милан има резултат кој што му одговара! ;)

ReBorned said...

Односно доколку се стартува со овие 11 прва опција е Амброзини а втора е Пумата :)

Anonymous said...

Дармиан дефинитивно ќе биде на клупа со Антонини,па мислам дека не би било лошо да добие шпанса во случај на разлика од неколку гола :D
А за Кардачио тоа ми е само желба :D


хехе....позЗ

ReBorned said...

Абе не ме сфаќај погрешно... многу сакам Кардачио да игра... станува збор за одличен фудбалер... од друга страна за Дармиан уште од пред неколку години се зборува дека ќе биде заменик на Малдини... ама таа е реалноста, никој не ме прашува мене или тебе

CurvaSud_Milan said...

Кардачио и Дармиан ќе добијат шанси во купот на Италија и во УЕФА, ама сега не е паметно да се игра со нив.

Гледате што му се случува на Арсенал со тоа фрлање во оган на младите фудбалер?

Ќе извадат неколку добри фудбалери, не викам не, односно вадат цело време, ама затоа ни самите не памтат кога им беше последната поголема титула во некое натпреварување.

Амброзини ги игра најдобрите партии во неговата кариера, и сеа само заради тоа што има 31 година треба да биде заменет со Кардачио?

Не, а тоа несомнено би го направил Венгер.
Најбитно е што се тука, и Кардачио, и Дармиан, па и Гуркуф, кога тогаш ќе влезат во првиот тим.

CurvaSud_Milan said...

Ри, избриши го првиот пост, спамер е.

ReBorned said...

Колку што јас знам Кардачио не е воопшто на списокот на УЕФА!
Дај боже да заврши овој натпревар со победа а потоа за време на репрезентативната пауза да се вратат во игра Неста и Сендерос (како што се претпоставува), така ќе добиеме многу повеќе и на квалитет и на квантитет во одбраната! После ќе може на одредени натпревари да се игра и со Бонера како десен бек а и централно ќе ги добиеме Неста и Сендерос!

Anonymous said...

Добро знаеш ри :)ниту Виудез ниту Кардачио не се во списокот за куп на Уефа.Овие 2ца заедно со Неста не се пријавени а 25тото место во тимот го има завземено младиот Ругери ако не се лажам :)

Anonymous said...

Аааа бај ду уеј Владе,примерот со Арсенал мн добро ти е наведен :)

CurvaSud_Milan said...

Ултра кажи ми еден играч од МЗТ што е легенда?!! лОООООООЛ

Нормално, зборам за времето додека играле таму. Иначе сите станаа легенди, ама кога дојдоа во Работнички! ;D

Anonymous said...

Ах владе владе....уште една тема повеќе за дебатирање xD

еве уште една наша контрадикторност

Енивеј... позЗ цпб(ако уште постои такво нешто) :)

П.С. Иди кај мене на хај фајв имам една интересна сликичка поврзана со темава xD

ReBorned said...

Сега се шушка дека ќе стартува КА - ПА - РО...

CurvaSud_Milan said...

Сакам да стартуваме со Кака-Пато-Шева, не за друго, дека таа формација би била со 2ца напаѓачи, ако игра Дињо ќе бидеме со 1, а против вакви екипи ни требаат двајца напаѓачи.

Идам во 19 00 на стадион да му оддадеме почит на ГОЛЕМИОТ и потоа напуштам терен и одам во Шенклис да ги гледам нашите!

Anonymous said...

Ххх...ок те чекам таму :)

ReBorned said...

Ќе пукнам со ова што се случува... едвај чекам да почне Милан! Од една страна поради тоа што сакам да го гледам мојот омилен тим а од друга страна што ова со Тоше премногу боли!!!

Anonymous said...

Ајде ри...не бери гајле...ќе комбинираш со гледањето :)

FORZA MILAN!


Те сакаме Тоше... <3