Translate

Sunday, 19 October 2008

Гол Дињо Гол!

Проработи Роналдињо! По мачното прво полувреме во кое сепак Дињо им сервираше по една шанса на Але и Јанкуловски (со своите убиствени 1-2 додавања) се чекаше на влегувањето на Рики Кака за работите да си дојдат на свое место! Колку и да владееше мислење дека добро би било да се одмори Рики сепак Милан без Рики не е Милан! На полувреме влезе Рики на местото на Але и веднаш се почувствува дека добро ќе се сложува тој тандем Рики - Дињо денеска! Во 55 минута клучен момент... шутираше Јанкуловски кон голот на Сампдорија, топката удри во испружената рака на Лукини и тоа беше пенал + втор жолт картон за Лукини! Реализатор Роналдињо со максимално прецизен удар! Од тука бродот на гостите почна да тоне! Само 11 минути подоцна одлична акција на Роналдињо и Рики кој одлично го послужи Дињо и веќе е 2-0. Уште еднаш се игра Самба на Сан Сиро! Во финишот од натпреварот во игра влезе Супер Пипо (79 минута) и едноставно се знаеше дека нему му се доволни 10-тина минути за гол! Токму тоа и се случи по одличната акција на Дињо, Рики и Амброзини! 3-0 Конечен резултат и одличен Роналдињо во второто полувреме! Постигна 2 гола а беше многу блиску и до хет трик! Бледо прво полувреме и одлично второ (во кое рака на срце работата беше олеснета преку голот од пенал и особено црвениот картон на Лукини).
Forza Milan!!!

18 comments:

Ultra red and black said...

Брз си Ри :)

Иначе за натпреварот сосема 2 различни полувремиња.Првото мн бледо,ама затоа второто со влегувањето на Кака играта стана потечна и раниот гол зачинет со црвениот картон ни го отворија патот кон победата.А за Дињо неам зборови :)


ПС:Пумата играше пак хихи


FORZA MILAN!!!

ludiot said...

Браво за Роналдињу ѕвер што да се каже , Кака феноменално како улегна он све е друго мислу дека прво полувреме средина игра слабо немаше топке за нападачи за Пато и Бориело и двоицата су ѕверови него ај други пут ке се покажев ааа и ке забравеше видите га СУПЕР ПИПО хахаах само 10 минута са му довољни браво за второ полувреме идемо по титулу
И еве изјава на роналдињу после утакмицу:
Ronaldinho: Osjećam se sjajno, idemo po Scudetto

Dvostruki strijelac u pobjedi Milana nad Samdorijom od 3-0, brazilska zvijezda Ronaldinho, nakon susreta je najavio pohod na naslov prvaka...

Ronaldinho se definitvno vraća. To je bio jednoglasan zaključak navijača Milana nakon utakmice 7. kola Serie A, u kojoj je sastav Carla Ancelottija, predvođen Ronaldinhom, upisao uvjerljivu pobjedu nad Sampdorijom od 3-0.

- Zabio sam dva gola i primio veliki pljesak od naših navijača. Osjećam se odlično jer imam sjajnu podršku s tribina, ali i od suigrača – izjavio je oduševljeni Ronaldinho nakon utakmice.

- Od dolaska u Milan za mene je sve krenulo na bolje. Uskoro ću biti spreman da cijeli susret odradim u visokom ritmu, a to ponajprije zahvaljujem treneru i suigračima koji me potiču na svakom treningu. Sada mogu otvoreno najaviti da krećemo po naslov prvaka. Znamo da neće biti lako, ali spremni smo za borbu i pobjedu u svakoj utakmici – zaključio je Brazilac.

ReBorned said...

Да не грешиме душа... Пумата одигра доста солидно! Але беше еден од оние кои се трудеа најмногу во текот на првото полувреме ама мораше да биде жртвуван за да влезе Рики! Дињо воодушеви не само поради двата гола туку поради желбата за успех! Делува многу мотивиран... шутираше 2 слободни удари доста добро и имаше одличен фонд на асистенции како 1-2 така и долги додавања! Ама Рики е душата на овој тим! Сосема друга екипа без и со Рики!
Секоја чест!!
П.С Одбраната пријатно изненадува... веќе 3 натпревар без начната мрежа! Антонини доста солиден дефанзивно на несвојствена позиција! Можеби тој е нашиот иден лев бек!
Forza Milan!!!

CurvaSud_Milan said...

Во право сте, без Кака Милан го менува ликот. Иако не мислам дека без него немаше да тепаме, ама добро ќе се изнамачевме.

Пато ќе биде жртва и понатака, мислам дека ќе се заокружи нападот со Кака, Дињо и Бориело. Тоа ќе биде првата опција од сега па натака, а Пато, Шева и Инзаги ќе чекаат од клупата.

Ри, 4 натпревари се заедно со Цирих.:) , а замисли и Неста кога ќе се врати ќе ги направиме 44 по ред.:)))


and last but not least:

http://www.mightyfootball.com/category/french-ligue-1/

(7to video)

I am impressed!!!!!(se nadevam i Ancelotti)

ReBorned said...

Дури ми е мака да зборувам за момчето... многу сум радосен за него ама факт е дека ќе го изгубиве во Јуни! Нека има убава кариера :(

Ultra red and black said...

Ри,не бери гајле :)
Ко прво и Галијани и самиот Горкуф изјавуваат дека ќе се врати веќе на лето,а ако не се случи тоа ова барем следното лето.-Што се однесува до мене ова е најдобрата опција,така што оваа и наредната сезона Гуркуф ќе ги помине во Бордо како позајмен играч,а по завршетокот на светското првенство(каде што очекувам да биде стандарден за Франција)да се врати во Милан каде што ќе го замени Сидорф кој тогаш ќе има 34 години
И втора опција е ако се продаде од него добиваме 15ина милиони евра што со оглед на фактот дека го купивме за само 4 е и повеќе од доволно :)


Така да...чил аут...и така и така добиваме :)

ReBorned said...

Нешто друго ме загрижува...
Галијани: Доколку Гуркуф реши да се врати треба да биде свесен дека во Милан ќе го чека голема конкуренција во Пирло, Сидорф, Фламини и НАЈВЕРОЈАТНО ЕМЕРСОН?! Нов договор за дечкото?!?!?!!?!?!?

Ultra red and black said...

4get emerson...само сидорф и кака може да му конкурираат за неговото место.Како што реков...за 2 год мн работи ќе се сменат...тогаш...и целата средина ќе биде постара,а Јохан ќе има 24!

ReBorned said...

А мислиш дека Бордо нема да го откупи договорот туку ќе прифати да го има уште една сезона на позајмица?

Ultra red and black said...

Не мислам,туку се надевам на спротивното.Ама и во тој случај добри пари земаме :)

ReBorned said...

Е да... го купивме за 4 милиони евра а клаузулата е поставена на 15! Да бидам реален во овој состав на Милан со офанзивци како Рики и Роналдињо и нема баш многу место за Гуркуф но можеби ќе може да се аклиматизира на позицијата на Сидорф

Ultra red and black said...

Да,за едно година ипол би бил совршен за таа позиција на Сидорф,па и алтернатива за Кака и Роналдињо.
Останувам на ставот...Гуркуф треба и мора да се задржи во наша сопственост :)


FORZА GOURCUFF! FORZA MILAN!

ReBorned said...

Денеска на големо се вртат шпекулации дека Милан и Рома се во финална фаза од преговорите за еден потенцијален трејд! Ова осамна на повеќе светски медиуми и се појавува само една непозната:
Милан (според изворите) сигурно го дава Јанкуловски и 10 милиони евра на Рома а за возврат го добива Филип Мексес и сето тоа уште во Јануари!!! Дури се шпекулира и околу платата на Мексес!
Непознатата се состои во тоа што според едни медиуми Милан ги дава Јанко + Бонера + кеш а според други Јанко + кеш за Мексес кој добро познато е дека воопшто не е задоволен во Рома исто како што и тимот не е задоволен од него па ова ќе биде можност за нов старт
Едно време постоеја вакви шпекулации според кои Милан им дава на Рома да бираат помеѓу Јанкуловски и Бонера + кеш, можеби затоа има недоразбирања околу тоа кој ќе биде фудбалерот кој ќе го зачини овој ЕВЕНТУАЛЕН трејд!
Ова на големо се збори:
goal.com
channel4.com
tribalfootball.com
tutosport

ReBorned said...

Толку од шпекулациите... Демант на официјалната веб страна :)

Ultra red and black said...

Искрено...Мило ми е што нема да се деси ова! :)

Ultra red and black said...

http://www.goal.com./en/Articolo.aspx?ContenutoId=923785

Emerson: Unhappy With So Little Playing Time

wtf?

Зарем не му е доволно што барем го спомнуваме на блогов :P

Anonymous said...

Прво полувреме ГНОЈ... Иако го имавме поседот на топката по конкретни беа гостите... СО исклучок на двете одлични шанси ние и да не изигравме ништо. Второ полувреме и пеналот ја сврте играта... Полесно стигнавме до гол и до победа подоцна, а уверен сум дека ќе имавме проблеми...Ќе го скршевме отпорот али подоцна некаде 75, и после ќе се тресев до крај да не го лапнеме онака наивно.....

Задоволен од Рони, презадоволен од Пипо, човекот е класа, задоволен од Емерсон КОНЕЧНО изигра од наша :) Разочаран од Сидорф, ако најмногу го фалев до дербито со Интер, од тогаш е најслаб на теренот. НЕ смее да има никакво опуштање...Време е да влеземе во долга долга победничка серија...

ПОздрав од управата која шитка :D

Ultra red and black said...

ULTRA RED AND BLACK OFFICIAL ANOUNCMENT:

Ве известувам дека во перидот што следи(од денес до 26ти недела)ќе бидам отсутен од сите збиднувања бидејќи ќе бидам на деловен пат :Р Курва Суд и Навигатор се веќе известени ама сакав малце офишал да биде :)

ПС:Владе,очекувам смс за резултатот од натпреварот со Херенвен


Your's sinceraly...Ultra



FORZA MILAN!!!