Translate

Wednesday, 1 October 2008

Zurigo - AC Milan


По двата порази од кои едниот тотално незаслужен и едниот тотално заслужен се вративме во голем стил како што му доликува на Милан. Се вративме со 4 победи по ред, од кои едната против комшиите тоа со првенецот на Дињо! Гласот сеуште не ми е 100% опоравен по еуфоријата која настана во Shankly's по постигнувањето на голот! Посебно чуство беше да се гледаат групата навивачи на административците како бледо и немо го гледаат ремек делото на Кака и Дињо.

Но тоа помина, одиме понатаму, играчите и Анчелоти веќе слетаа во Цирих каде ќе се одигра реваншот од последното коло пред натпреварите по групи во УЕФА купот. Имаме убава предност од 3-1, ќе беше уште поубава ако не примевме гол при резултат од 3-0. Нејсе, утре ќе има мали измени во тимот, но ништо спектакуларно, затоа што сепак не смееме да се коцкаме со ваков тип на натпревар. Јас би го одмарал Кака, затоа што по враќањето од повредата, одигра 5 натпревари по 90 мин. во рок од 14 денови. Сигурно е дека Дида ќе биде прв избор. Каладзе и Бонера ќе бидат централните стопери, додека неизвесен е Јанко заради повреда, доколку не успее да се опорави, би играл Замброта, а другото бековско место ќе му припадне на Антонини. Анчелоти изјави дека се мисли помеѓу Амбро и Гатузо, но мое мислење е дека тактизира со изјави и мислам дека и двајцата ќе играат. Еве 2 варијанти кои се можни за утре



---------------------Дида--------------------

Антонини---Бонера-----Каладзе----Јанко---


---------Гатузо----Фламс-----Амбро---------


--------------Рони(Пато)---Сидорф----------

--------------------Шева---------------------

или,


---------------------Дида---------------------

Замбро-----Бонера----Каладзе---Антонини--

Гатузо(Амбро)---Сидорф------Фламс---------

--------------Кака--------Рони(Пато)---------

-------------------Шева-----------------------

Јас би ја преферирал првата, мислам дека е поцврста формација, и плус Кака ќе биде одморен, сепак Анчелоти си знае дали и колку е спремен Кака, сепак мислам дека не би го форсирал ако знае дека е изморен после овој период. Јас прогнозирам 0-1, би бил сосем задоволен, ем да не примиме гол ем да си победиме. :)


FORZA MILAN!!!

17 comments:

Anonymous said...

Ме фати у пишување!Али нема везе ако :)



---------------Dida----------------

Antonini-Bonera-Kaladze-Jankulovski

----Gattuso---Flamini--Ambrosini---

-------Seedorf----Ronaldinho-------

-----------Shevchenko--------------



Јес да се повторувам али ипак...сакам и јас вака дасе почне...освен ако Марек не е спремен па Замбро ќе улета :)


Резултат..и јас би сакал 0-1 Шева нормално =D

CurvaSud_Milan said...

Ај ај сеа, вади се. :)))

...Друже незнам точно колку би чинело сето тоа, се спомна некоја цифра од 50 евра за патот и картата, плус некое евро за таму, значи тоа задоволство нема да не чини помалку од 80-90 евра. Ова зборам грубо. Утре -задутре ќе знам повеќе информации.

Иначе одиме сабајле, шетаме низ Софија, гледаме вечерта фудбал, и се враќаме одма назад.

Navigator said...

е баш ова е составот кој највеќе одговара за утре..само што незнам зашо Dida пред Кичо али нема везе тоа..Sheva страрта сигурно овој пат заедно со Dinho, а за Kaka е најпаметно да го одмара, воопшто не е потребен за утревечер..Ambro наместо Flams на CDM и тоа е тоа..
Црвено-црн поздрав за вас! ;)

Navigator said...

аха..епа ај извести ме коа ќе имаш сигурни информации..ти веќе имаш собрано екипа или на мене чекаш? :D

ReBorned said...

--------------Dida

Zambro---Bonera---Kala---Antonini

------Ambro----Emerson---Flams

---------Seedorf---Dinho

--------------Sheva

Шева дава гол па незнам што да биде!

CurvaSud_Milan said...

Ри, жими све и ја имав на ум дека може пумата да почне, ама ај викам да не ме напраите ретардиран! хехехе

ај ќе видиме за скоро кој ќе биде составот! ...нема да може да ја глеам!!:@:@:@:@:@ мн. сум нервозен!!треба у кино да идам!:@:@:@..jbg,ултра чекам резултат на полувреме и на крај! :)

Anonymous said...

Ххх ок бе ноу проблем xD

ReBorned said...

MILAN: Dida; Zambrotta, Bonera, Kaladze, Antonini; Flamini, Emerson, Ambrosini; Seedorf; Shevchenko, Ronaldinho.

Абе мајстор си е мајстор... сите 11 ги погодив :)
Форца Милан!

Navigator said...

ајде сеа да го видиме и Puma што можи да прикажи :))

Navigator said...

честитки од мене Re :D
FORZA MILAN!!!

Navigator said...

0:0 al intervalo..grande oportunita per Sheva al 2min e per Dinho al 45min..in diretta di Zurico, solo per voi :))

ReBorned said...

Дињо делува страшно со тие неговите...
Како успеа дефанзивецот на Цирих во 45 да ја избие топката помеѓу Шева и Амбро?! Одлична и несебична игра на Дињо и Сидорф!
Шева ептен има желба да постигне гол... дури и им пречи на соиграчите... тие што ја гледаат знаат за што зборувам (шансата на Дињо)

Navigator said...

да да има желба и кај него ама и кај сите гледам расположеност..и ќе ми извините ама ја заборавив шансата на Seedorf..само сантриметри покрај стативата од многу чуден шут
ANDIAMO RAGAZZI PER IL SECONDO TEMPO!!!

Anonymous said...

ШЕЕВААА!!!


Ццц....идат работите ко што сакаме..... =D

ReBorned said...

Денес го погодив составот... погодив дека Шева дава гол по секоја цена... уште така да погодував и во кладилница...
Баш за време на голот имав проблеми со стримот! Каде може да го видам голот а да не чекам 2 дена за на јутуб?

Anonymous said...

Кажи ми па да ти кажам :)

Navigator said...

http://www.fcfootballblog.com/2008/10/02/zurich-0-1-ac-milan-highlights/

eve druze link vidi go..i jas isto imav problem so stremot togas ama tuka imas highlights od skoro site utakmici..bravo sheva konecno i toj proraboti..dinho preubavo go najde i sea imame duri 5 pobedi so red..svicu dobro ne? :)
FORZA MILAN!!!