Translate

Monday, 15 December 2008

Грешка во чекори!

Поради тоа што не бев во можност да пишувам пост за синоќешниот натпревар (станат сум од 4 сабајле) да го искажам своето субјективно мислење кое што се сведува на 1 збор: КАТАСТРОФА! Не толку во играта, не толку во резултатот колку што во формацијата и одбраната! Околу четата на повредени фудбалери воопшто не сакам да дебатирам поради тоа што игра Милан и секој кој го носи тој дрес треба да се стреми кон победа... повредите не смеат да бидат алиби! Значи, Карлито направи грешка во чекори уште на самиот старт кога во недостиг на креативност (Рики) и желба (Рино па и Фламс) во својот тим, наместо уфрлување на 2 шпиц покрај Але (кој физички не може да парира на двајцата стопери на Јуве посебно кога е сам) се реши за добро познатиот потег ПУМАТА! Пумата без разлика како игра на натпреварите е страшно малерозен фудбалер за Милан! Влезе во игра во финишот против Торино, примивме гол! Претходно влезе во игра во финишот против Лече, направи наивен фаул во 93-та минута со кој им овозможи на домакините да изедначат! Играше во купот против Лацио, „заработи“ црвен картон! И стартуваше против Јуве?! Карлито си ја уочи грешката уште на полувремето но веќе беше предоцна! Друг многу важен момент не само на овој натпревар туку на годинашнава сезона ---> ОДБРАНАТА!!!
И дефинитивно тоа ќе биде делот од тимот кој ќе ни оневозможи да освоиме титула сезонава! Не е само овој натпревар, примивме 3 гола и против Палермо, 2 против Портсмут, примивме голови од Лече и Торино. Каладзе направи одличен потег, беше главниот „виновник“ за (во тој момент) изедначувачкиот гол на Але но што е тоа од полза кога подоцна киксираше во акциите на двата гола на Јуве? Јанко направи пенал, Замбро беше исклучен а Ил Капитано беше немоќен против Амаури во текот на целата средба!
Тоа е нашата реалност, едноставно МОРА да се земе дефанзивец ВЕДНАШ но прашање е што се има на располагање во Јануари и дали еден централен дефанзивец би успеал да ги закрпи сите тие дупки во одбраната! Друга приказна е тоа дека евентуалното засилување не смее да биде panic buy туку играч на кој ќе се смета за во иднина! Не ни врши работа 31 годишен фудбалер (Галас) кој МОЖЕБИ (ГОЛЕМО МОЖЕБИ) ќе одигра солидно една-две сезони и потоа ќе бараме замена за него! Запата е мојот избор, а вашиот...?
Forza Milan!!!

16 comments:

ReBorned said...

Сакав да го вметнам во постот но подоцна го заборавив...
Жалам што морам да го констатирам ова за еден од моите најомилени фудбалери но... Пирло веќе долго време не е ни одблизу истиот тој Пирло кој беше најдобар на својата позиција во светот и што е уште поболно сметам дека никогаш и нема да се врати близу таа форма!

rimjanin said...

гледај вака сеа Ри.... ни самите Карло и Галијани незнаеа што купуваат летово!Турлитава направиа од тимот!Познато е дека неможе екипата да се меша со фудбалери од јужните делови или по топлите краишта со оние од централна Европа!

или се праи екипа со брзи,млади Бразилци,Португалци,Шпанци,Аргетинци или пак со искусни,стари,ветерани Холанѓани,Италијани,Германци,Французи!

тоа е мојата филозофија за фудбалот, а вие ја изгубивте титулата уште во август!Можеби невиниот Тиаго е прв чекор кон враќање на старата слава!

Ultra red and black said...
This comment has been removed by the author.
Ultra red and black said...

Треба да се стави прст на чело.Анчелоти или Галијани или некој за кој што незнаеме нема памет и иде контра на ЦЕЛИОТ здрав по ум свет дека емерсон НЕ ГО БИВА.Ни за измена,ни за клупа ни за да гледа фудбал!Па луѓееее!!!Колку и да не го сакам фактот што Фавали и Каладзе ни се у тимот незнам кога последен пат сме изгубиле утакмица заради фавали!Или пак напраил некоја кардинална грешка!Доста за ова веќе!100 пати имаме зборено(некад и на шала)дека Емерсон го сакаме надвор од Милан!Знам дека немавме избор ради повредите,ама да не беше емерсон ќе беше некој друг играч!бидејќи пумата држи нечие место у тим!Крај,од сега кога ќе видам на терен ќе мењан програма.

Што се однесува до слободно можам да кажам кризата во која сме...мн е јасно...ние како навивачи можеме само да оценуваме и да критикуваме.Одбранбен играч-доволно кажано и многу убаво кажано од Ри.Запата ни треба зимава.Ако добро се сеќавам влече некоја повреда ама у секој случај добро би ни дошол.Млад,перспективен и веќе докажан во Италија.
А што се однесува до другите причини поради кризата дали е занесеност,недоверба во своите квалитети...треба на тоа да поработат Карло и компанија.Имаат цела зима за тоа.

Застрашувачки е фактот дека заостануваме 9 бода пред лидерот и сме на 5то место,а до пред неколку кола бевме на самиот врв.Според мене треба да се смени самиот пристап кон натрпеварите.Во сегашно време уште кога ќе го видам составот сваќам каков натпревар ќе гледам.

А Римчо да ти кажам право не се согласувам со тебе пошо мислам дека временските услови не влијаат многу многу на играта.Али ок мое мислење.ПС:дај некој пример за да ме демантираш :)

Останува само да се верувам во промени и да се верува во Милан...вакви работи треба да не прават уште по УЛТРА Росоњери!


FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Ултра, го спомнав Запата од две круцијални причини:
1. Удинезе има одлична дефанзивна двојка во Кода и Сала а плус од повреда за брзо време ќе се врати бразилецот Фелипе кој важи за одличен дефанзивец и првотимец од ланската сезона. Сето ова го зборувам од причина дека Запата не е толку круцијален за тимот и Удинезе може да си дозволи да остане без него
2. Повредата на Запата нема никаква врска со хроничност или нешто слично, типот здоби незгодна повреда НА ЛИЦЕТО (јаболчната коска) кога настапуваше за репрезентацијата, значи никаква повреда од која би можеле да се плашиме за во иднина (на пример колено, зглоб, лигаменти и слично)

Ultra red and black said...

Ма нека го дават и нека си изберат некој од:Калач,Каладзе,емерсон....а за жал и шева...

Летово ќе ни треба и напагач.Бензема според мене(иако и пандев не би ни дошол лошо :Р)Инзаги се повлекува летото 2010 што значи дека до тогаш мораме да најдеме некој млад првокласен напаѓач.
Ама прво доаѓа Волсбург па Удинезе,иако според вака меморија што ме служи имаме само 15ина здрави и неказнети играчи.Алу изгледа дека Фламс и Кака ќе бидат оспособени за в недела :)

FORZA MILAN

rimjanin said...

незнам кај виде дека пишав вчерашните услови на олимпискиот стадион во Торино влијаеле за вашиот пораз.... или општо дека времеснките услови влијаат, можеби ќе влијаат ако се игра на терен како Градски под услови како на мечот Македонија-Хрватска :P

Очигледно дека Пато не е способен да издржи 90 мин. и покрај квалитетен дефанзивец потребен ви е и квалитетен напаѓач!

еве според мене какви промени треба да се направат во Милан за да се дојде до клучот за успех....

in - Адриано,Диего,Велосо,Фелипе(Депор),
Марсело(Реал),Рамос(Реал),Акинфеев и Афелај

out- Каладзе,Сидорф,Пирло,Абиати,Емерсон,
Фавали,Амброзини,Пипо и Шева

Ultra red and black said...

Не за вчерашната утакмица бе римчо,туку дека играчи од топли краеви,да се мешаат со играчи од централна Европа :)

А за ова со ин и аут...аааа некој играл премногу менаџер...не бива така римчо не дека нејќам...туку едноставно у фудбал не идат така работите(а посебно у Милан :)

Али да...на лето ни треба напагач(Бензема)Везњак(Гуркуф)2ца одбранбени(Рамос и лев бек пошо и Силва е веќе осигуран)и Голман(Има мн опции нз...
А аут?Калач,Емерсон,Фавали,Шева...ова звучи пореално :)

Ultra red and black said...

Сакате трампа Сисињо-Каладзе? :)

rimjanin said...

зашто мислиш дека е неостварливо?Тоа се све фудбалери кои се пред заминување од нивните матични клубови!

сосема погрешно ме свати.... не мислев на тоа дека ако цел тим се состои од фудбалери кои потекнуваат од потоплите земји тимот ќе игра поефикасен фудбал туку не треба да се мешаат два различни стила на игра!Еве за пример земи ги Реал или Интер!
ајде, сигурен сум дека Карло чита што пишувам и ќе ме разбере на што мислам ;)

тоа е исто како да прашам јаас дали сакате трампа Перота-Кака :D

ReBorned said...

Е не е баш исто поради тоа што Сисињо и онака е на излезните врати од Рома ;)

Ultra red and black said...

Еве и Дармиан на калемење ќе ви го даеме ако сакате :)

Ultra red and black said...
This comment has been removed by the author.
Ultra red and black said...

П.С. Римчо кај живееш?

rimjanin said...

живеам во епицентар на град Скопје :P

Ultra red and black said...

Хаха...не бери гајле бе...ова не е еден од оние "I know where you live" муабети :D