Translate

Saturday, 6 December 2008


Изјавата на Ancelotti пред утрешната уткамица против екипата на Catania, ме инспирираше да прозборам и јас малку околу ситуацијата во клубот.. Carlo денес беше поприлично оптимистички насторен, што и се очекува од него во вакви моменти, а богами сме ги имале доста во последниве 2 години..таман работа да ги критикува неговите играчи и неговите резултати кога знаеме дека за ништо на светот не би ја менувал позицијата на која се наоѓа моментално..ветува дека ќе тргни на подобро односно екипата ќе се врати во колосек како од пред 15тина дена..не сакам да ја отворам темата чија кривица беа последните резултати и дали тренерот повторно се наоѓа во незгодна ситуација, но како секој rossonero, искрено се надевам дека ќе се преброди ситуацијава и стварно пак ќе гледаме победнички Milan..после средата и поразот од Lazio, очигледно беше дека не се работи за кикс или два туку за некоја криза (се надевам кратка), која е веројатно нормална за екипа која одамна не била навикната да победува во серија без разлика на тоа колку на нас ова ни се допаѓа или не..убеден сум дека сум во право кога кажувам дека кризата беше само прашање на време, бидејќи играта на Milan не беше уверлива..во никој случај не смееме да се дозволиме нов сицилијански неуспех, зашто така самите ќе си направиме милански пекол, со оглед на бодовната предност на Мерда..сепак постои разлика меѓу просечните и клубовите како нашиот кои различно се справуваат со ваквите резултати и од тука мојата верба дека од утре со Catania, па преку Juve почнуваме нова непобедлива серија уште подолга од претходната..овојпат имаме еден проблем кој никогаш во оваа сезона не бил поголем - клубската болницата..многу битни играчи ни се недостапни што најверојатно ќе се одрази и на тактиката..ги немаме Seedorf, Dinho, Ambro, Pirlo, Bonera, Nesta, Borriello, Pippo, кој поради повреда, кој поради суспензија, но Carlo ќе има многу мака да го состави тимот, во услови на еден здрав и еден полуздрав напаѓач, како и помалку од половина достапна средина.. единствено дефанзивците се здрави ама кога ке ми текни на таа одбрана нозе ми се тресат..три бода утре ќе ни дојдат супер онака како за самодоверба, но и за притисок за Мерда, под претпоставка дека Гочето ќе им ја загорчи оваа вечер..ако утре Milan победи, ќе имаме еден вид подлога за наредниот викенд и дербито, но и добивање на крилја после вакви лоши петнаесет дена..во спотивно црно ни се пишува иако на крај памет не ми паѓа таа варијанта..во моментот неможам ни да замислам probabibili formazioni, затоа повелете искажете се..


TUTTI INSIEME PER NOSTRO CLUB!!! FORZA MILAN!!!

9 comments:

Anonymous said...

Abbiati,Dida
Antonini,DeVito,Favalli,JankulovskiKaladze,Maldini,Senderos,Zambrotta
Cardacio,Emerson,Flamini,Gattuso, Pedrocchi,Kaka,Viudez
Pato,Shevchenko

Со оглед на слободниве играчи за утре...јас би рекол:

Абиати
Замброта,Каладзе,Малдини,Јанко
Емерсон,Фламини,Гатузо
Кака
Пато,Шевченко

Логично вака би требало да изгеда тимот и за средниот ред и нападот сум скоро 100% сигурен...ама Анчелоти и се е можно :)


FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Формацијата е таа само со изменети места на Емо, Фламс и Џенаро... ова пак од друга страна значи дека Џенаро нема да игра против Јуве поради тоа што се наоѓа на 1 жолт картон од суспензија :(
На клупата од среден ред го имаме само Кардачио па кога момчето не добива шанса од самиот старт можеби би било паметно Иван да биде заменет на полувреме со Кардачио затоа што воопшто не верувам дека може да се дочува цели 90 минути без да добие жолт картон!
На клупата и Виудез... она што Карлито не сакаше да го направи го примораа повредите! Се надевам дека и тоа момче ќе добие шанса... важи за млад, доста ситен но страшно пробивен фудбалер aka кичмокршач!
Доколку Але не е подготвен можеби би можело на негово место да почне Виудез а Але да добие шанса подоцна доколку работите не одат како што треба! Сепак познавајки го Карлито знам дека овие мои размислувања се само утопија! Ако веќе не го стартува Але попрво би го стартувал Кардачио за 4-3-2-1 одколку да пушти 2 шпиц!
И за крај еден клип кој што треба да им се пушта на фудбалерите пред секој натпревар за да се потсетат за кој тим играат! Особено посебна е втората половина од клипот... уживајте!

http://www.youtube.com/watch?v=QwDT6q0UjuA&eurl=http://forum.acmilan-online.com/showthread.php?p=525333&feature=player_embedded

П.С Телма ми е катастрофа но до синоќа ја немаше никаква па мора да бидам задоволен и со ова освен ако не се изнервирам до толку па да си седнам на P2P.

ReBorned said...

Оф топик: сликата што си ја ставил на постов ми е мој аватар на меѓународниот форум на Милан ;)

Anonymous said...

Се согласувам!Мора да се чува Рино!Воедно и шанса за да се докаже ќе добие Кардачио,а рака на срце не верувам дека 45 минути без Гатузо ќе сменат мн.

FOOORZAA MILAAAAN!!!

Anonymous said...

Fuck!Па што чекаше Анчелоти??!!Во80 мин Гатузо добива жолт!Зашто не го извади??!!И онака имаше неколку опасни старта на раб на жолт!Аааа се курчам :@

ReBorned said...

Знаев дека едноставно не може да го издржи цел натпревар без да добие жолт картон... мораше да биде заменет после 70-та минута!
Ама слободниот удар на Але!!!

Anonymous said...

Бомба!Тоа беше слободниот на Пато :)

А пак овие пацериве торински Амаури ги извади у 90та!

Фак...тоа е тоа

Navigator said...

која грешка на Carlo во врска со Rino не ми се верува..како да не знае каков играч е и каква важна уткамица ни доаѓа наредно коло и упорно го држеше во игра..воопшто не беше неопходен Gattuso после голот..имавме уште еден деструктивец на терен а башка тоа имавме и еден куп одбранбени играчи..многу глупава грешка ама што е тука е..важно имаме три бода повеќе и имавме добра игра..мнооогу шанси и една работа морам да напоменам..Sheva си го истроши и последниот кредит според мене..за него веќе нема место во ваква екипа..премногу пропуштени шанси..Pato и Kaka беа незапирливи денес само им фалеше малку среќа..дури и одбраната беше солидна на чело со il capitano скоро и да немаа грешка освен шансата со глава на Paolucci..а за слободниот на Ale стварно немам зборови..одиме на Juve ооооо :)
FORZA CAMPIONI!!!

Anonymous said...

Как говорилось на Seexi.net Мне до родов ещё не скоро. Но вот задумываюсь уже о колясках, кроватках и т.д. Вот думаю, что вещи то естесственно все новые станем брать, кроватку также, т.к. они не очень дорогие. А вот коляску...Что-то я пропосмотрела и малость ошарашилась. По магазинам в своем городе не ходила. Но уже пропосмотрела кучу интернет магазинов.И цены очень даже нене очень большие. Не понимаю,почему на коляски-люльки такие цены. Ведь она понадобиться максимум месяцев на 6-7 пока малыш не сядет. И куда потом это добро за 15-20 тысяч.Провела аналогию с сайтом, где можно взять б.у. коляску. В разы дешевле на буквально новую коляску. Смысл тогда переплачивать какой? Ещё вопросик. Как всё таки удобнее, брать трансформер, или же лучше сначала коляску для новорожденных, а потом прогулочную. Что порекомендуете, и как было у вас?