Translate

Sunday 21 December 2008

Игра по ноти






Конечно игра каква што сме навикнале да гледаме од стариот добар Милан! Игра во која сите коцки од мозаикот се одлично вкомпонирани и натпревар кој (колку за промена) посакуваме да трае што е можно повеќе! Главна личност Але со 2 гола и асистенција до Рики кој исто така постигна 2 гола! Петтиот гол во победата од 5-1 беше дел на Сидорф! Дињо вечерва беше задолжен за забавниот дел а Фавалињо беше асистент?! Уште еднаш се покажува кој е рецептот за игра на Милан, оној кој најдобро го применува МАН УТД веќе неколку години наназад... вистинска агресивна игра на гол уште од самиот старт! Доколку успееме да ја начнеме противничката мрежа во првите 20-тина минути во голем процент тоа значи убедлива победа на Милан! За жал тимот почесто игра бавно и летаргично се додека не почне времето да ги гази (после 60-та минута)! Сепак вечерва се беше фантастично! Сега следи пауза во која се надевам дека ќе имаме доста затворени досиеја особено кога станува збор за оние од Milan Lab! Со нови сили на 11 Јануари на гости во Рим!
Forza Milan!

P.S И збор – два за момчето коешто е на сликата! Станува збор за Родни Штрасер, фудбалер од Сиера Леоне и член на младинскиот погон. Фудбалер од средниот ред! Имам другар кој играше за Беласица и имаше шанса да настапи на Виареџо против младинците на Милан на почетокот од оваа сезона! Кога си дојде од таму ми зборуваше за ова момче, тврдеше дека следната сезона сигурно ќе биде дел од првиот тим, дека станува збор за фудбалер ала Гатузо, момче кое никогаш не застанува да трча! Вечерва од него забележавме и чувство за асистенција, стабилност и одлична техника и способност да ја задржи топката во своите нозе дури и кога е под притисок! Само напред Родни!!

7 comments:

Anonymous said...

Ме претрка у пишување ама јас прв почнав :Р хехехе

И вака изгледа добро 2 поста со сличен контекст :)

ReBorned said...

Јас претходно го започнав постот ама ми блокираше PC-то па рестартирав :(

Anonymous said...

Мене 2 пати ми се блокираше коа почнував :) ама нишо не не спречува да бидеме миланези :Р :Р

CurvaSud_Milan said...

Мене ни еднаш не ме блокираше зашто не ни почнав да пишувам. :) :) :)

Одлично, све беше одлично, ма перфектно беше, арно ама, конзистентност, само конзистентност , така се освојуваат титули.

И лани имавме 4 петарди ако не се лажам, или 5 беа, и на крај бевме 5ти.

Верувам дека доста поуки ќе бидат извлечени по овој прв дел од сезоната.

И друже , Антонини беше директен кривец за голот на Удине, така да 7 максиму, неможе 8. :)

Anonymous said...

Еееххх директен сеа...ко божем он ја пикна топката у гол :Р
7.5 и ни пола оцена помалце :Р хехехе шо да прам и ја гревче,ногу го љубам :)

Anonymous said...

Леле тек сеа го видов вториот гол на Маикон...ма има ли ова смисла бе лигуши пацерски!Па уште "Мердати" изјавил дека судиите му помагаат на Јуве а не на интер!ц ц ц дрско копиле!

Anonymous said...

Кај ќе се полевате вечер бе луѓе?:Р