Translate

Monday, 8 December 2008

Milan-Catania Player ratings


Абиати 7.0 Немаше многу работа,и освен стативата на Паолучи ништо конкретно не се случуваше пред неговиот гол.

Замброта 7.5 Уште еден одличен натпревар од Замброта.Константен како во одбраната(иако немаше работа назад).така и во нападот со постојаните излети на противничката половина.

Малдини 7.0 Дефинитивно многу подобра партија одколку онаа со Палермо.Искусно се справи со противничките напаѓачи,а притисокот на Милан и играта која ја прикажуваше го принуди Малдини во неколку наврати да биде далеку од својот шеснаесетник.

Каладзе 6.0 или 6.5 Сеедно вие одлучете.Знаете дека не сум голем фан на Каладзе така? :) Како и да е среќа не правеше некои значителни грешки,и за малку пенал ќе досудеа за Катаниа кога топката го погоди во рака во последните неколку минути од натпреварот.Така да мислам дека оценкава му е таман.

Јанкуловски 7.5 Исто како и Замброта и Јанко си беше Јанко(не од јади бурек!).Важно е да се напомене дека вториот дел го помина на позиција помалку несвојствена за него во средниот ред но и таму си беше баш арен :) .

Гатузо 7.0 Зашто доби жолт картон??!!Тоа е она што остави дамка на натпреварот!Зашто Анчелоти не го извади?Имаше 2-3 опасни старта на раб на жолт картон пред да го добие во 80тата минута!Инаку си беше Гатузо цел натпревар-стандардно.

Емерсон 6.5 Со оглед на фактот дека одигра едно полувреме неможам да дадам точна оценка.Ама мислам дека оваа му е на место,пошто рака на срце во дефанзица одигра солидно а за трчање.......Хусеин Болт(НОТ!)Имаше и една шанса кога со глава ја затресе само мрежата.

Фламини 7.0 Сосема солиден натпревар.Она што го забележав е дека играше најповлечено од целиот среден ред во првото полувреме.Имаше и една шанса за гол.

Кака 8.0 Мен оф д меч! Пред се ради винерот,но и во текот на целиот натпревар беше константна напаст за одбраната(па и средниот ред :Р)на Катанија.

Пато 7.0 Каков слободен удар!!!Ауууууу!Штета што не влезе.Во оваа прилика му давам една 8мица и на Биѕари не само за слободниот на Пато туку и за ред други инервенции :)

Шевченко 6.0 Иако сум еден од НАЈГОЛЕМИТЕ фанови на Шева морам да бидам реален околу оценката.Не одигра на ниво.Кутриот е толку очаен да постигне гол што дури кога Кака го даде голот почна да го прославува како тој да го дал :( Тоа е тоа...ама има уште надеж за Шева :)

Измени: Фавали 6.5-Не го видов мн мн :) Антонини / и Кардачио што требаше да влезе на местото на Рино во 75тата минута-7 :Р

Еден-Нула.Победа си е победа.Сосема доволно за излегување од мини кризата.
Следно.....Јуве............ај и нив да ги преслушаме :Р




И само за крај еден поздрав со една изјава од Анчелоти: Who can stop Inter?Milan have!



FORZA MILAN!!!

16 comments:

ReBorned said...

Заборави една 100% шанса што успеа да ја спаси Аби по ударот со глава на Маскара (а не на Палучи)! Одличен е Аби...
Незнам каде го виде Кардачио :O

Anonymous said...

Ете попраив сеа 7ца има Аби :)

"и Кардачио што требаше да влезе на местото на Рино во 75тата минута-7 :Р "

Ххх моментот е требаше :D:D

ReBorned said...

Значи дечкото доби 7 без воопшто да влезе на терен... замисли ако играше и 15-тина минути ;)
П.С Тогаш мора 7-ка и на Виудез и тој беше на клупата...

Anonymous said...

Тогаш дај и една 7ца за Бонера за фенси шалчето шо го носеше :Р

ReBorned said...

Аууууууууу ОВА НЕ Е МОЖНО!!!!!!!!!!!
РИНО НАЈВЕРОЈАТНО ВО АУТ ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА?!?!?!?!?!?!?!?!

Anonymous said...

А баш кога влезе во форма...Има надеж Ри!тоа се само првични претпоставки на Скај спортс.Сепак јас се надевам дека би се вратил негде до крајот на фебруари дури и да е мн тешка повредата.
А еве уште еднаш едно саркастично браво за Анчелоти!Сепак сега Фламини ќе добие мн време играње и значително искуство.

FORZA MILAN!!!

Giallorosso said...

стига подршка и од Рим за Марко и Рино!

и двајцата ќе се вратат посилни, Тоти најдобро го знае тоа....

ReBorned said...

Докторите не можеле да поверуваат како може фудбалер да го заврши натпреварот со таква повреда?!?!?! Да го одигра цел натпревар со повреда која ја здоби некаде во првото полувреме?!
А Рино одговара во свој стил: Добив многу битки ќе ја добијам и оваа!

П.С На повидок е еден трансфер ама последен пат кога тоа го напишав предвреме за Ивановиќ работата се изјалови... овојпат ќе си молчам!

Giallorosso said...

хахахахах, ајде кажи си сега е дефинитивно сигурно дека Тиаго Силва доаѓа кај вас!

Можно е и уште еден да потпише за вас, за да се замени Рино.... најверојатно ќе се зима уште еден бек, а најблиску е Агер!

Giallorosso said...
This comment has been removed by the author.
Giallorosso said...

лошо за вас е тоа што имате веќе 3 none-Eu players(или некој ќе треба да шитнете од нив или да го замолите да си извади 2 државјанство) така да Тиаго само ќе тренира со Милан, како што тоа го правеше Пато!

како и да е Галијани ќе бара уште едно засилување на бековската позиција!

Anonymous said...

Супер ако дое :)
И да не дое некој друг ќе дое :)
Пошо ако Галијани рече дека некој ќе дое-доаѓа :Р

ХХхх...а за уште едно засилување...Хммм тешко....мн тешко....

П.С. Навигатор дигниии нооогаа!!! :)

Anonymous said...

Лоши вести:Бонера беше опериран денес и си ги заврши настапите за годинава.

Добри вести:Пирло,Емерсон и Амброзини тренираат и ќе бидат подготвени за со Јувентус
П.С. Уште добри вести:Бонера не игра против Јуве(со оглед на фактот што се случи кога играше против јуве последен пат :)

Anonymous said...

Abbiati,Dida

Zambrotta,Antonini,Maldini,Kaladze,Senderos,Jankulovski,Favalli

Pirlo,Emerson,Cardacio,Ambrosini,Flamini,Seedorf

Viudez,Kaka,Ronaldinho

Pato,Shevchenko,Inzaghi

Од слободниве играчи на клупа би требало да бидат истите освен Кардачио и Виудез и Сендерос?.А за составот...

Abbiati
Zambrotta,Maldini,Kaladze.Janko
Ambrosini/Flamini,Pirlo,Seedorf
Kaka,Ronaldinho
Pato/Inzaghi

Anyone?

ReBorned said...

Околу составот може да се каже само дека Аби ќе биде голман и Замбро - Кала - Ил Капитано - Јанко во одбраната... се друго е непознато. Има опција дури и Дињо да остане на клупа, може да се почне со Але ама и со Супер Пипо (знаејки го Карлито а и Супер Пипо од ланската сезона).
Околу претходно спомнатиот фудбалер едно мало но слатко линкче :)
http://www.youtube.com/watch?v=17oqNrAM3RQ
П.С Нека не ве залажува линкот СЕПАК станува збор за дефанзивец, кариерата ја започнал како RM па CM и DMC за да премине на RB и последните 3 години да ги игра како CB и да биде избран за најдобар во Бразил!

ReBorned said...

А Римче... тоа со 3 NON-EU нема врска, во Италија се 2 NON-EU ПО СЕЗОНА а во Милан веќе се искористени џокерите на Шева и Виудез.