По синоќешното дерби на САН СИРО кога комшиите го победија Јуве, победата на вечерашниот натпревар против Торино во гости уште повеќе се наметнува како императив! Иако ова нема да биде нималку лесен натпревар мора да се оди на три бода поради одржувањето на чекорот со моменталниот лидер на табелата. Околу составот на Милан за одбележување е фактот што диригентот Пирло се враќа назад и конечно е спремен за игра, според Анчелоти можеби уште и во стартните 11. Лично не верувам дека тоа ќе се случи. Исто така освен Пирло во комбинација за настап се враќаат, Каладзе, Сендерос и Ил Капитано но затоа Замброта и Бориело ги завземаат нивните места во болницата на Сан Сиро во која веќе подолго време има претплатено место Неста!
Карлито во пресрет на овој натпревар со многу хаотична прес конференција во однос на тоа кој би можел да игра во стартните 11 поради фактот што од една страна вели дека Рики ќе игра (и покрај тоа што се врати од Бразил во петокот) а од друга страна смета дека КА - ПА - РО не може да игра заедно еден покрај друг. Што значи постојат 2-3 варијатни за офанзивната постава на Милан. Речиси сите тие варијанти зависат од тоа дали Пирло ќе игра во стартните 11 или ќе остане на клупата! Доколку Пирло игра од почеток тогаш е можно да игра Рики а пред него да бидат Але и Шева во 4-3-1-2. Друга варијанта е повторно да се игра со т.н крисмас три но доколку Пирло стартува Сидорф да одигра покрај Рики а напред да биде Але. И во двете претходно наведени варијанти Дињо останува на клупата! Третата е да се стартува со Рики - Дињо а пред нив еден напаѓач (лично повеќе го преферирам Але но според Карлито во оваа варијанта би стартувал некој друг).
Како и да е... се надеваме на победа!
Forza Milan!!!
10 comments:
Сакам Шева да го видам во први 11. :)
Ка-Па-Ро ...јбг, не ми се свиѓа вака амa ич, али мене никој не ме прашува така да... :)
Ајде два комада и доста се. :)
MILAN: Abbiati; Bonera, Maldini, Kaladze, Jankulovski; Gattuso, Pirlo, Seedorf; Ronalidnho, Kakà, Pato.
Пирло од болница директно на терен а? Машала машала...
Која мајсторија од Рони.
grazie Dinho за поените на Фантази :P
утакмицава завршува 2-3, дур не поврзете една квалитетна одбранбена линија просек ќе ви биде 0.9 примен гол од натпревар.... порано заедно со Јуве ги поседувавте најквалитетните дефанзивци!
Ќе зборуваме откако ќе заврши натпреварот затоа што стварно многу повеќе проблеми имаме со екипи како Торино, Каљари и Болоња отколку Мерда, Јуве и Лацио на пример!
Ама Рони си е Рони... секоја чест!
Мене многу повеќе од памет ме вади Гатузо... ПАК асистираше овојпат на голот на Але но внимавајте на тие долги воздушни пасови ала Пирло... до лани Гатузо не знаеше да додаде топка на 3 метри од него по земја (да бидеме реални)!
Браво Рино!!!
Значи кој малери сте со вакви екипи..
Човекот во "црно" повторно на сцена!!
Јас реков уште на полувреме дека едноставно не можеме да се разбереме со вакви екипи: Со Болоња 3, Со Каљари 2, Лече 2 и вечерва со Торино уште 2 тоа се вкупно 9 залудно изгубени бодови досега! Џенова не ја ставам во ова друштво затоа што не надигра и заслужено победи а и Џенова има одличен тим сезонава!
Не ми е јасно како ова беше пенал кога фудбалерот на Торино сакаше да ја уфрли топката во срцето на шеснаесетникот од страна и го погоди Каладзе во рака... а она во првото полувреме кога Дињо шутираше ДИРЕКТНО НА ГОЛ и топката го удри во рака фудбалерот на домакините не беше пенал! Директен удар на гол од 10-тина метри спречен со рака?!
ОК како и да е... да се надеваме дека ова е само судиска грешка и ништо повеќе... имаше сезонава неколку грешки и во наша полза и затоа нема да фрлам со дрва и камења по судиите...
Следно коло во гости против Палермо без Рики во тимот!
Post a Comment