Translate

Saturday, 8 November 2008

US LECCE vs. AC MILAN PREVIEW



Најпрво едно извинување од моја страна до сите на блогот поради мојата отсутност последните месец дена и оставањето на сите вас на цедило :))) Знам дека ви фалев многу, затоа ќе се трудам во иднина ова да не се повтори..студентскиот живот си го направи своето и останав без нет, отсечен од светот цел месец, ама во секој случај, преку другите медиуми го пратев растот на Milan и конечното искачување на врвот на табелата..искрено жалам за пропаднатиот собир минатата недела за утакмицата со Napoli зашо соодветно ке си го прославевме прекинување на тригодишниот лидерски пост ама јбг ќе славиме ние допрва и за други поводи..во секој случај нека му е здрав и жив синот на газдата на Shankley’s :D
Настрана прославите и честитките, да се вратиме на спортската страна на постот..има еден збор во италијанскиот јазик кој последните недела дена ми е многу драг..CAPOLISTA или во превод нешто како лидер во поредокот, ептен онака добро ми звучи после победата во неделата..добро е чувството да бидиш capolista во Serie A, чувство кое некако го имавме заборавено и на кое искрено кажано најголем дел од нас не се надевавме после првите две кола од новото првенство..за наша среќа работите си дојдоа на свое место многу брзо и сега само по осум кола, од дното се најдовме на врвот..и не само во калчото, чекориме добро и во UEFA Cup-от, имаме 4 од 4 (или 2 од 2, кој како милува)..сега е најважно да не застаниме тука и со помош на поволниот распоред да направиме една сериозна предност на врвот и на раат да можиме да си ги дочекаме новогодишните и божиќните празници :) За се да оди спроред планот, најпрво треба да се продолжи серијата на победи и да се достигни бројката 6 по ред која би била на некој начин past-few-seasons high..пречката утре вечер ќе се вика US Lecce, што btw не значи United States of Lecce и само по себе кажува дека не се работи за некоја екипа - супер сила..во прилог ни оди секој можен елемент од статистиката од позиција на табела, па моментална форма, гол-разлика,се до традицијата, со забелешка дека Lecce оваа сезона нема пораз на дома..но како што знаете за се има прв пат, така да веруваме дека баш утре ќе го впишат првиот пораз на Via del Mare..одмарањето на некои од првотимците во натпреварот со Braga беше добар потег на Carlo и сега го има составот кој е спремен да продолжи да жари и пали низ Италија..сега се се погласни сите оние кои го гледаа Milan како освојувач на титулата уште пред почетокот на сезоната, така што тука е моментот да се потврди тој победнички дух и да силата да се остани на врвот до средината на мај..ќе ми прогледате низ прсти што го немам податокот околу евентуални нови повредени играчи, но во секој случај низ овие последни 10тина утакмици Milan покажа дека има играчки капацитет да издржи без било кој од ѕвездите..покрај очекуваната победа утре вечер во Lecce, само уште едно нешто ќе ни биди потребно за совршен викенд – утакмица без победник на San Siro утре, за што поголема разлика меѓу Milan и другите, затоа..
FORZA RAGAZZI, FORZA CAMPIONI!!!
MILAN E TUTTA LA MIA VITA!!!

22 comments:

Ultra red and black said...

Каај си бе навигатор бее :))

Navigator said...

еве ме друже се враќам на блогов, полека ама сигурно :) поздрав

ReBorned said...

Мило ми е што се врати... ептен бев напнат во последно време со постови :)
Околу самиот натпревар, кај нас се повредени (или недостапни) Пирло, Неста, Ил Капитано и Сендерос. Лече не е екипа за потценување всушност ние немаме победа против Лече на нивни терен од 2001 ако добро се сеќавам! После тоа редиме само реми исходи но таму веќе не се Шевантон и Вучиниќ па мислам дека вечерва е време да го поминеме и тој баук! Најверојатниот состав е :
-------------Абиати

Замбро---Бонера--Каладзе--Јанко

Гатузо--Сидорф--Фламс

Рики--Дињо

Бориело

Иако јас лично повеќе би го преферирал Але како стартер на местото на Дињо поради 4-3-1-2 формација, фудбалер повеќе во шпицот, подршка за Бориело и пред се брзина која ја носи присуството на Але во тимот!
Нека ни е со среќа!

Ultra red and black said...

I couldn't have said it better...Пак го делиме истото мислење Ри :)


FORZA MILAN!!!

Navigator said...

мислам дека составот што го напиша ти е идеален за вечер и јас не би преферирал 4-3-1-2 ради тоа што Dinho и Kaka се незамелниви во моментот..двајцата ги решаваат последните 5 утакмици и би било грешка да се изостави било кој од нив..во нападот го преферирам Borriello пред Ale заради физичките предиспозиции бидејќи е единствен напаѓач..брзината на Pato ќе биди надокнадена од двајцава позади, така да тоа е правиот состав за газење..само не сум сигурен дали Кakha ке старта..да не случајно Favalli му го зема местото пак :)
FORZA MILAN!!!

Navigator said...

ке забораев..што му е на Фичо сеа??пак се повреди?? за другите "недостапни" информиран сум..
и каде е владе бе луѓе, го нема да истакни состав за вечер :) позз

ReBorned said...

ЛЕЛЕ Мерда даде гол во 93 и пак тој Круз!!!!!!!
Составот е тој што го напишав јас!

Navigator said...

ГИ МРАЗАМ ГНИДИВЕ!!!

ReBorned said...

Ги чекам уште Милан вечер за 4000!
Ајде Forza Milan немој да ме разочараш!!!

Ultra red and black said...

Видовте ли реакција на тоа копилето бе???па уште му честитаат леле да му е*ам се по список!После Милан се ваделе...па да против Брага у Уефа куп а не против ривал за врвот!!!

ReBorned said...

Ултра ај сеа да бидеме реални и да се сетиме на Милан - Наполи ;)
Forza Milan!!!

Navigator said...

во право е Ри, затоа јас не искоментирав ништо друго освен дека ги мразам..и нашите последни 2 утакмици беа спасувани на крај и не сме уверливи резултатски ама најважно е што имаме шанса вечер пак да се вратиме на врвот..ако Milan игра како што знае, гнидите можат само да се надеваат на помала бодовна разлика за некое коло..а Mourinho барем не го пцујте ве молам, омилен ми е..ги водел екипите што највеќе ме нервирале ама човекот едноставно го обожавам!
P.S. Ри..не се секирај ги имаш 4000 во џеб зашо Milan никогаш не ги изневерува своите верни фанови :)

ReBorned said...

Околу пост после мечот... јас нема да бидам во можност затоа што веднаш по натпреварот морам да одам некаде... имајте во предвид!
Претпоставувате што ќе кажам нели...? Forza Milan!!!

ReBorned said...

MILANO - Queste le formazioni ufficiali di Lecce e Milan:

LECCE: Benussi; Polenghi, Stendardo, Diamoutene, Antunes; Munari, Giacomazzi, Zanchetta, Ariatti; Cacia, Tiribocchi.

MILAN: Abbiati; Zambrotta, Bonera, Favalli, Jankulovski; Gattuso, Seedorf, Flamini; Ronaldinho, Kakà; Borriello.

Ајде Фавалињо! :D

Navigator said...

ЗНАЕЕЕВ!!! некогаш и сам себе се мразам а да не зборам за некои други.. :)
FORZA MILAN!!!

CurvaSud_Milan said...

Еве сум и јас на 5 минути пред почеток :) ... Фавали нема да не изневери, бидете сигурни! :) 0-2 конечен. Толку за сега, ќе се јавам на полувреме повторно! Поздрав Росонери! Форца Милан!!!

CurvaSud_Milan said...

уште ова морам да го искоментирам... Иван друже како може таа гнида од човек да ти биде омилен!? :)

CurvaSud_Milan said...

Ја немам психички сили да пишувам пост!!! кој има нека повели...

Navigator said...

i jas isto..prepustam na nekoj pooptimisticki nastroen
FORZA MILAN!!!

Ultra red and black said...

Аеее абе бев на слава и не ја глеав цела.Ааа може и сум оптимистички настроен! :@:@

Ultra red and black said...

Кај сте бре хеј xD

ReBorned said...

Јас сум дома незнам за другите... :)