Translate
Sunday, 16 November 2008
Мачење ублажено со три бода!
Како по традиција лош натпревар против тим од дното на табелата! Ниту Шева ниту Але туку Пипо во стартните 11 заедно со Рики и Рони и тоа се покажува како лош потег! Едноставно Супер Пипо не е фудбалер од стартните 11 и е тип на играч кој треба да влезе во игра од клупата кога работите не се онака како што треба и да реши натпревар! Тоа што ја нема потребната брзина, техника и луцидност за да игра заедно со Рики и Дињо е друга приказна! Блед Милан кој доби пенал од денес очајниот човек во црно кој заедно со своите помошници имаше неколку грешки на двете страни од теренот! Пеналот го валоризираше Рики и освен 10-тина минути по голот кога Бразилците подивеја и имаа бразилски потези, додавања со пети и слично се потоа беше мачење за сите присутни на Сан Сиро и пред малите или големи екрани (во зависност од големината на екранот на Вашиот ТВ). Во текот на цело второ полувреме единствена светла точка во тимот на Милан покрај секогаш пожртвуваниот Рино беше Абијати, кој имаше малку интервенции но секогаш беше максимално концентриран! Сите други предвреме ја прославуваа победата. Не дека Киево имаше којзнае какви закани по голот на Абијати но едноставно не смее да се дозволи екипа од таков ранг (секоја чест но станува збор за тим од самото дно на табелата) да врши притисок врз голот на Абијати во бранови! Трите бода се единствената позитивна работа која што може да се извлече од оваа средба! Повторно сме на второ место со -1 бод од Мерда!
Forza Milan!!!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
35 comments:
Па добро,иако постот е напишан во еден негативен контекс јас сум секогаш позитивен!Но тоа не значи дека Ри греши,напротив ова што го пишува во постот е во најмала рака жално.Факт е дека 1-0 е корисен резултат...3 бода...мирна глава.Арно ама до кога така?Не е резултатот она што ме загрижува,туку дека Милан има капацитет да прикаже подобра игра а тоа не го прави.Можеби е до формацијата(затоа јас преферирам ротација со системот 4-3-2-1 и 4-3-1-2),можеби е до менталитетот на играчите и на целото првенство,можеби Карло...
Што и да е...ќе помине :)
П.С. Зошто не влегоа Шевченко па и Кардачио?
FORZA MILAN!!!
За Кардачио ќе простиш... пред него е Пумата а сметај дека во аут се Пирло и Амбро така што... заборави на него!
Јас се нервирам поради тоа што немаме иницијатива од стартот на натпреварите и не ги дотолчуваме противниците! 1-0 е никаков резултат, сетете се на Лече! Посебно со таква одбрана дури ни резултат со 2 гола позитива не ветува мирна завршница! Не може да се потпреш на Фавали да чува резултат од 1 гол позитива!
Така е :) Ама сега ќе застанам на страната на Фавали кој мислам дека одигра солиден натпревар исто како и Бонера.Но сепак на зима мора да се купува нешто :)
Римчо,ај нека ви е честито победа :)
Се спасивте од Гочето :)
шо да ни е честито, поише ќе бев задоволен со пораз!Ова е катастрофална игра, незнам дали поради неиграњето на Аквилани или толку недостига Мансини али стварно сезонава и 4 место би било голем успех!
гледав вчера младинци Интер-Милан, водевте во прво али у второ пресврт 2-1!Ми оставиа неколку деца впечаток, ги памтам.... баш ме интересира дали тие што ги забележав ќе направат добри кариери, ако е така да се подготвувам за Скаут, а со тек на време може и да дотуркам како нов менаџер на Реал, барем они се во потрага по замена за Шустер ;)
Ај кажи ми ги имињата на тие деца ако ги памтиш... јас знам за одредени деца, еден од тие што ти остави впечаток е Пиер Аубамејанг нели?
Интер - Дестро,Наполи,Дер`Анџело,
Сесај,Оби,Берета,Фосати
Милан - Кателан,Анџеили,Донарума,Новинич,
Меркел,Галети,Фурлан и стрелецот Лука ди Лаури.... мислам дека Абумејанг е на позајмица во француски Дижон.
јас прогнозирам дека Антони Кабалеро кој моментално игра за тимот на Америка во Мексико ќе биде нешто невидено до сега!!!
детето има само 14 год. а ги прави истите freestyle потези како на Рони.... памтете што сум рекол, ќе го видите во прв тим на Реал за едно 2-3 год.
Митја Новинич....младиот словенски звер :) Ако добие адекватна шанса....прв тим не му бега за едно 3-4 години :)
Да да Митја Новиниќ беше купен од Нафта на само 16 години... велат дека станува збор за одличен талент! Околу Аубамејанг... тие се двајца браќа а поголемиот Вили Аубамејанг е на позајмица во Дижон... овој помалиот Пиер Аубамејанг на младинското светско клупско првенство пред 2 години беше најдобар стрелец а во Милан играше на позиција крило, тој всушност и не е класичен напаѓач туку AMC.
Има некој да ми даде линкови за евентуален download на ПЕС 09 и/или ФМ 09 ?
Фала однапред :)
Ама стварно е луд:
http://www.youtube.com/watch?v=iJsq4E4fzjk
хаха, а ова го знаеш
http://www.youtube.com/watch?v=RluCs8KYMII
Стварно е мрднат, и на пресот за роденденот на Буш кога ќе го откачи микрофонот.... така е кога си меѓу најмоќните луѓе на планетава ;)
Хахахаха :)
-Ама за второво кога ја кова бабицата викаат дека не е вистина :)
Иначе фала за помошта околу линковите :) ЛООООЛ!!!
дајте бее!!! :))))
еве ти друже....
ФМ 09 - http://www.torrentz.eu/a922e02cb5d1840a1fdcd2f38101c38cfee65af6
Предупредување 1 - само пази за Менаџерот, треба да имаш Дајмонд тулс за да можеш да ја кодираш.
Пес 09 - http://www.torrentz.eu/50c610e327377e284ede2c2387efaf79c3f3fda4
Предупредување 2 - додека за Пес не би требало да имаш такви проблеми, само конфигурациски.... ти препорачувам ич да не ја симињаш ако немаш минимум 1 гб РАМ!
зошто Пес-от е ставена во класа на високо квалитетни игри заедно со Fallout 3,Gears of War 2,Call of Duty 5,NFS:Undercover,GTA IV,UFC 09.... сите овие бараат МИНИМУМ 512 мб на графичка, ќе ти ја фати на толку само ако играш на катастрофа резолуција....
Едно прашање, верувам дека Римче е компетентен :) :
Дали може ФМ09 да се игр на Атлон 850 Mhz со 256 RAM? Нели имало опција да одбериш 2Д наместо 3Д? Или и така нема да може да се игра... претходниот ФМ08 се игра без проблем!
Благодарам однапред :)
не само за Менаџерот, туку за секоја игра која имала претходни продолженија минимум побарувачка е 512 мб.Пробај сними ја, и најди го фајлот со 3д енџин и цеосно избриши го од играта, и така ќе гледаш на 2д формат.... Ри, тебе ќе ти ја фати али колкави ќе ти бидат живците дур играш е прашањето :)
Јас со каснење ко по обичај... Сепак мое мислење е дека Милан одигра добар натпревар. Овој тим може и подобро, ама мислам дека проблемот на оваа утакмица беше истиот како и со Лече, со таа разлика шо овој пат не не стигна казна. Мора да се реализираат шансите. Многу шанси ствараме, а нешо слабо голови се даваат. Шевченко не ми е ни опција за измена, а Бориело мора да покаже дека заслужува да биде дел од Милан. Видовме во Џенова дека може и знае голови да дава, е сега треба истото да го повтори и кај нас.
Хх...затоа треба 2ца напаѓачи :)
2ца може да реализираат мн повеќе одколку само еден.Ама во тој случај губиме еден од Дињо или Кака што е незамисливо за мене(особено Кака)
Али тоа е тоа...биче боле :)
FORZA MILAN!!!
Момци ќе ми дозволите да застранам малку од темата и да ве прашам за совет? Кој знае како се движат цените на лап топ низ МКД нека го ѕирне лап - топов http://h10010.www1.hp.com/wwpc/uk/en/ho/WF06a/321957-321957-3329742-89318-89318-3641174.html и нека ми каже дали вреди ова за 400 евра, купен е пред 3 месеци од странство (има една година гаранција).
Го ценам Вашето мислење :)
Ахх Ри,би сакал да можам да ти помогнам но но оддалеку не сум компетентен на тоа поле :)
Ама затоа ако ти треба нешо ново хип-хоп обрати се кај мене хехехехе
позЗ
Друже јас земав пред месец дена лаптоп Тошиба Сателит серија, горе доле мојот модел ги имаше истите карактеристики, истиот процесор, иста рам меморија, хард дискот ми е скоро дупло поголем 250 гб, овој е 120 гб. , ама тошибава беше 600 евра, другите работи се горе-доле исти, истата е графичката, имаш wireless нормално, има двд режач, ако овој модел можеш да го земеш за 400 евра тогаш не му ја мисли. Вреди!
јас само ќе ти кажам за тие пари(плус 50 Еу) боље да си земеш GeForce 9800 gx2 и да бидеш вториот во Мк со таква графичка, секако после мене :P
а ако ти е мерак да земеш лап-топ би ти препорачал да земеш Мекинтош или ASUS X58C, но и Компактов ти е добар, зависи претежно за што би го користел.... само да знаеш дека Компак на секој Цебит добива највеќе негативни поени, независно дали тоа било маус,лап-топ,монитор.... за во иднина глеј да земеш Самсунг :)
ајд а не ти кршам филм, користи го паметно :P
Не ми кршите филм, јас затоа побарав мислење... ако мислите дека не вреди сакам тоа да го слушнам! Јужна... овој што треба да го земам е со 250 ГБ ама како што спомна и Римјанинот... незнам што графичка е оваа од Интел... Римче неможеш да ми направиш паралела со некоја од Ge Force? Стварно незнам овие од Интел како се.... Јужна ти рече имаш и иста графичка... си пробал некоја најнова игра да видиш како тера? А и Тошибата е со 17 инчи?
Римче што сакаш да кажеш за + 50 евра... сите други исти карактеристики?
Ултра... ме чепкаш кај што не смееш... што всушност слушаш од рап? :)
А ако ти е за игри тогаш не ти го препорачувам баш. Таа графичка што ја спомна Римјанинот вреди колку целиот лап-топ. хиих
Овој ти е топ , лапај го одма, плус ако ти е со 250 гб, значи и рам меморијата ти е 3гб затоа што така беа врзани моделите, а тоа е топ!! за 400 евра или 450 нема да најдеш подобар.
Абе мојот десктоп компјутер дома (овој што моментално го користам) е машина... ама од II св. в. Кога го купив (пред 8 години) немаше нешто појако што можеше да се купи во тоа време... ама денес веќе е пензионер (иако максимално го користев и амортизацијата му е веќе во минус), па сакав да се освежам. Околу лап-топот веројатно би играл и игри на него... звучи смешно ама се двоумам дали да го земам лап топот или да си земам нов ТВ :D Можеби треба да земам ТВ а лап топ да оставам за некои други времиња...
Forza Milan, ајде јуве ?! (и му се појави првото црвенило на ушињата)
Chris Brown,Lil' Wayne,T-Pain,K-Maro... и мн мн други :)
А ти друже да даеш мсн не ќе биде лошо xD
позз
Ауууу.... аман бе такви работи слушаш? Ќе ти кажам само една фраза:
Allow me to introduce first Makaveli the Don
Hysterical, spiritual lyrics...
Или ако сакаш и ова:
And since my life is based on sinnin',I'm hell bound
Rather be buried that be worried,livin' held down
My game plan to be trained in
Military mind of a thug lord sittin' in a cemetery cryin
I've been lost since my adolescence calling for Jesus
Ballin' as a youngster wondering if he see's us...
Сега знаеш што слушам јас?
Ако сакаш скајп... МСН нон-стоп заборавам да вклучам!
Ааа и уште нешто...утре вечер ќе има... Але Але Але Пато!!!!!!!
Ех ништо друже,и ја стално заборава да се ставам на скајп :)
А шо се тиче до фразата неам ништо против :)
As a mather of fact i love 2Pac =D
Ајт позз!
Post a Comment