
Епа ај нека ни е среќна на сите,па здравје боже и со Скудето и Уефа куп да си ја дочекаме следната :Р
Останете црвено црни и трезни :Р
FORZA MLAN!!!
















Проработи Роналдињо! По мачното прво полувреме во кое сепак Дињо им сервираше по една шанса на Але и Јанкуловски (со своите убиствени 1-2 додавања) се чекаше на влегувањето на Рики Кака за работите да си дојдат на свое место! Колку и да владееше мислење дека добро би било да се одмори Рики сепак Милан без Рики не е Милан! На полувреме влезе Рики на местото на Але и веднаш се почувствува дека добро ќе се сложува тој тандем Рики - Дињо денеска! Во 55 минута клучен момент... шутираше Јанкуловски кон голот на Сампдорија, топката удри во испружената рака на Лукини и тоа беше пенал + втор жолт картон за Лукини! Реализатор Роналдињо со максимално прецизен удар! Од тука бродот на гостите почна да тоне! Само 11 минути подоцна одлична акција на Роналдињо и Рики кој одлично го послужи Дињо и веќе е 2-0. Уште еднаш се игра Самба на Сан Сиро! Во финишот од натпреварот во игра влезе Супер Пипо (79 минута) и едноставно се знаеше дека нему му се доволни 10-тина минути за гол! Токму тоа и се случи по одличната акција на Дињо, Рики и Амброзини! 3-0 Конечен резултат и одличен Роналдињо во второто полувреме! Постигна 2 гола а беше многу блиску и до хет трик! Бледо прво полувреме и одлично второ (во кое рака на срце работата беше олеснета преку голот од пенал и особено црвениот картон на Лукини).
Неделава има репрезентативна пауза која Милан Лаб ја користи на најдобар можен начин за да ги врати во форма оние коишто не се во најдобар ритам (Роналдињо) и особено да ги врати во строј оние фудбалери кои се вон терените поради повреди! Овде во прв план се мисли на консолидирањето на дефанзивните редови. По пауза од околу 5 месеци конечно во тимот се враќа Алесандро Неста, фудбалерот кој и тоа како и беше потребен на одбраната на Милан! Тој полека но сигурно ја санира незгодната (хроничната) повреда на грбот и се очекува веќе на пријателскиот натпревар во Тирана да одигра 20-25 минути. Исто така по репрезентативната пауза треба конечно да го очекуваме и дебито во дресот на Милан на Филип Сендерос! Фудбалерот кој пристигна како позајмен од Арсенал сеуште нема официјално деби во новиот дрес! Се враќа и евергринот Фавали. По се се чини и повредата која што Каладзе ја заработи на мечот против Цирих не е толку сериозна па се очекува и неговото враќање до крајот на Октомври односно почетокот на Ноември! Во напаѓачките редови дефинитивно се враќа БориГол кој се очекува и да биде стартер против Сампдорија! БориГол нема да замине за Тирана, ќе остане во Миланело за да биде максимално подготвен за натпреварот против Самп! По се се чини дека повредите полека но сигурно ги оставаме зад нас! После оваа пауза единствените кои ќе бидат на листата на повредени се Пирло и Каладзе но доколку се биде во ред се очекува и нивното враќање најдоцна до првата половина од Ноември! Најважно од сите ќе биде враќањето на Неста! Со Неста во тимот и другите фудбалери од одбраната се чувствуваат многу посигурно и посамоуверено!
Вечерва се одигра натпревар помеѓу Фиорентина и Милан во чест на Стефано Боргоново.Имено,целта беше да му се одаде чест на Големиот играч кои со овие 2 екипи ги има постигнато неговите најголеми успеси.Ова е само мал трибут кој чуствував дека треба да го напишам.Сликите од вечерашниот натпревар се трогателни и премногу тажни за мене и ви препорачувам да не ги гледате со цел да не си го расипете расположението.
Siamo con te Stefano....


Серијата продолжува! Нова победа на Милан против Цирих овојпат на гостински терен со минимални и рутинирани 0-1. Стрелец токму оној кој сите (или барем јас) беа сигурни дека ќе постигне погодок! Андриј Шевченко! Карлито стартуваше со еден микс состав по релативно сигурните 3-1 на Сан Сиро! На голот беше Дида, во одбраната Замбро - Кала - Бонера и Антонини, на средниот ред покрај стандардните Амбро и Фламс им беше додаден Пумата а како подршка за Шева, единствениот напаѓач во Милан беа Дињо и Сидорф! Токму тие двајца (Дињо и Сидорф) покажаа на неколку наврати дека можат одлично да соработуваат и одлично се разбираат на теренот! Натпреварот почна со 100 % шанса за Шевченко уште во 2 минута и украинецот уште еднаш промаши нешто што е потешко да се промаши отколку да се погоди! По ова Сидорф имаше еден недефиниран и пред се луциден шут кој помина неколку сантиметри покрај левиот дирек! Домакините имаа спорадични но не и конкретни закани, всушност повеќе се играше на страната на домакините! Дињо подоцна уште еднаш покажа дека игра за доброто на тимот а не за своја лична статистика кога излезе сам пред домашниот голман од полулево, идеална позиција за да се пласира топката со десна нога (нешто што Дињо и тоа како знае да го прави) но несебично ја сврти топката кон срцето на петерецот и таму од земја изникна еден домашен дефанзивец и успеа да ја исфрли топката во корнер помеѓу Амбро и Шева! Шева (пре)многу се трудеше и дури на моменти и пречеше во желбата да постигне гол! Но конечно успеа да се запише за прв пат во листата на стрелците на Милан по своето враќање дома! Дињо со уште една од своите магии успеа од работ на шеснаесетникот да ја подигне топката и преку целата домашна одбрана да ја додаде до Шева кој овојпат неможеше (и не смееше) да промаши! Во финишот домакините притиснаа за да избегнат пораз но не успеаа во тоа!








По болниот и тотално незаслужен пораз од Болоња и паузата од две недели за квалификационите натпревари за ЈАР 2010 конечно го дочекавме и продолжението на калчото. Во недела ќе треба да докажеме дека тоа што се случи против Болоња беше чиста случајност и немање на доволно среќа. Но, во меѓувреме се случи и еден преседан да не речам скандал. Во пријателски натпревар против второлигашот Лугано загубивме со 2-0. Составот со кој настапивме на тој натпревар беше сосема солиден и едноставно мораше да победи, без разлика што беше само пријателски натпревар. Еве го и составот со кој настапивме : MILAN: Abbiati; Bonera, Senderos, Maldini, Antonini; Cardacio, Emerson, Ambrosini; Seedorf; Inzaghi, Pato.