Translate

Monday 2 May 2011

Tizziano Tizziano Tizziano!!!

Моменти за одбележување: Првите 40 секунди и ОСОБЕНО ОД 06:00 до крајот!

5 comments:

Vase_AC Milan said...

Вчера се беше на највисоко ниво.Дадов се од себе да ја гледам утакмицата и успеав во тоа благодарение на мајсторите кои конечно ми ја направија колата пред неколку дена па можев да одам кога и каде сакам :))
Кога пуштив на Телма само се фатив за глава и едноставно знаев дека ова денеска ќе биде победа,сигурни 3 бода,но истовремено гадно освоени - без игра без убавина.Но кога Реал Мадрид игра во полуфинале антифудбал зш да не и ние,иако нашите амбиции не се тие него се прилагодувавме на играта на гостите,пред се благодарение на раниот гол на Наполеон :D
Нема нешто посебно да се каже за натпреварот.Поинтересно беше славењето на голот и славјето после самиот натпревар,иако со пола сила но после секој натпревар ќе славиме до крајот.Конечно стигнавме до целта и тоа како апсолутно најдоминантна екипа во лигата,со најмалку примени а најмногу дадени голови.Имаше еден банер кај курва суд кој гласеше вака:"SENZA TROPPE PAROLE:GRAZIE MISTER ALLEGRI".Тоа беше доста емотивен момент верувам кај сите нас бидејќи знаеме што направи тој за овој Милан.Конечено се израдувавме на еден фантастичен тренер,дисциплиниран кој знае што сака и ги стави во контрола толку бесни карактери во соблекувалната.
И за на крај 5те минути слава на Џакомо Берета.Отсекогаш велев дека треба да му се дава шанса да влегува од клупа.Детето е феноменално.Има невидена техника и многу е подвижен како со топка така и без,кога ќе ја додадеме тука неговата физичка моќ и осетот за гол - д скај ис да лимит.

FORZA MILAN CON CUORE SI VINCE

Vase_AC Milan said...

Денеска прочитав и дека Пирло не славел со тимот и си заминал веднаш во соблекувалната.Е сега имам 2 збора и за него да кажам.Без разлика колку зависиме од неговата игра и без разлика колку голем играч е,откако си замина Анчелоти тој се понаша тотално ноншалантно.Не се радува на победи,ниту пак се лути ако нешто не штима.Значи неговиот однос кон тимот и играта е као демек,добро де што сега ја кога освојував знаете ли како беше.....
Тоа е од моја гледна точка ако некој мисли дека грешам слободно нека ме поправи.
И уште нешто.Денеска не заборавајте во 16:00 претставувањето на новите дресови за другата сезона (несакам да ги смениме овие) :(

FORZA MILAN

Navigator said...

јас искрено не сум го забележал тоа понашање кај Pirlo за kое зборуваш. можеби затоа што оваа сезона и многу малку играше, а за "задкулисните игри" не сум запознаен, ниту многу ме интересираат. ако е вистина тоа со славењето, голема штета! голем фудбалски џентлмен, секогаш одмерен, ако го направил тоа, едноставно не би личело на него.
СЕПАК, дури и тоа да е така, ве молам размислете барем на минутка за она што го зборував после зимскиот преоден рок. ремонтот што се случи годинава во екипата, донесе огрмен успех, НО малку ја разниша приказната околу "фамилијата Милан". не ви би било ни вас сеедно ако пола од фановите веќе ви посакуваат среќен пат за Торино, а го слават до небеса играчот што е во клубот 3 или 6 месеци.

да заклучам, да не дојде до забуна: ако е вистина тоа што го направил Pirlo, тогаш заслужува голем минус, ама Pirlo за мене (а треба и за сите фанови) секогаш ќе биди поголема легенда отколку Ibra, Binho, MVB...

Navigator said...

и дај линк од тоа претставувањето. неможам да се снајдам на страната на adidas :)

Navigator said...

дресовите се ок, онака...
не се подобри од годинава, всушснот не се ни блиску убави како овие. многу ретро стил некако, ама и многу нагла промена од доста широки шари во ептен тесни. потсеќаат на оние дресови од од 99-00' и на тие од 05-06'
ако ја видите оваа слика http://i21.photobucket.com/albums/b256/pupone/MaglieMilan.jpg, можи да забележите дека последните две СКудета се освоени со дресови со широки шари, а веднаш после тоа се оди со драстично менување. ваљда немаат намера да чекаме нови 5-6 години до следно славје :)
исто и се надевам дека ќе се оправат со вториот и третиот дрес :)

FORZA MILAN!!!