Translate

Tuesday, 10 May 2011

Сопка




Би рекол клизач повеќе, спречени во намерата да се освои Domestic Double од просечните сицилијанци од кои очигледно имаме комплекс. Но се на се никој не ни е крив освен самите ние, можеби и овој пораз добро ќе ни дојде за да им удри во глава на тие што мислат дека сме непобедливи, дека составот нема дупки и дека не треба да се работи за во иднина.
Нема да спомнам никој поединечно бидејќи после секој пораз најлесно е да покажеш прст кон некој, а и да не заборавиме дека им недостигаше мотивација на играчите( што не требаше).

Тоа е момци 8ма година по ред постиме во Италијанскиот куп а сега бевме најблиску до финалето, па здравје боже наредна сезона да се омрсиме :)
Следува Каљари дома, големо славје промоција на новите дресови (кои се повеќе ми се допаѓаат) и многу комбинации за составот кој уште од сега можам да го прогнозирам.


FORZA CAMPIONI !!!

9 comments:

ReBorned said...

Составот никој не може да го прогнозира, се' е можно :)

Navigator said...

Убаво склопено ко за после пораз и испаѓање. реално беше напишаното и немам што да надополнам, освен тоа за мотивацијата. неможеш да ме убедиш дека на ваков натправар постоа мањак на мотивација, па дури и да си освоил светско првенство три дена претходно. јас останувам на тоа дека Renzo Barbera е една бариера која оваа екипа неможе да ја пробие. не е до екипата на Palermo, зошто нив сме ги добивале во Milano милион пати. а кога на таа нивна добра серија ќе ја надодадете инспирираност да го продолжите таквиот успех, резултира со ова што ни се случи. тоа барем од искуство го знам, кога одиш на гостување, а цело време размислуваш како таму неможеш да победиш. но кога еднаш ќе се скрши таа црна серија, работите се враќаат во нормала. како и да е, ние си го имаме Скудетото (ова не е тешење во никој случај), а и треба допрва да си го прославиме. ќе биде фешта, осеќам... :):):):):):):):):):):):)

ПРЕСРЕЌЕН СУМ ЗАРАДИ ТОА И НИШТО НЕМОЖИ ДА МИ ГО РАСИПИ ШАМПИОНСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ!!!

CAMPIONI SIAMO NOI!!!

CurvaSud_Milan said...

Макс можеби се покажа како една од клучните алки оваа година за скудетото(иако стојам на тоа дека и Леонардно со овој тим ќе го освоеше скудетото) сепак дефинитивно се покажа дека е маратонец и дека знае да трча на долги стази, но на кратки, т.е. таму каде што има елиминации и све се одлучува во 2 натпревари потклекнува, паѓа на испитот, годинава падна два пати. И на два пати тргна плашливо, тргна калкулантски едноставно незнаеше како да ја постави играта, незнаеше дали треба да нападне од првата минута, незнаеше дали после полувреме треба да направи измена или да чека 65-70та минута, незнаше која измена да ја направи, едноставно и со Тотенхем и со Палермо, два клучни елиминациски дуели Макс потфрли и делуваше изгубено. Едноставно тоа е цената што ја плаќа Мистер Алегри заради неискуството во такви натпреварувања!

Како и да е, неоспорна е интелегенцијата и знаењето кое го има Макс, надополнето со годинашново искуство, плус со надополнет состав, може да очекуваме поголеми нешта следната година во ЛШ!

Како и да е, ништо неможе да ни го расипе шампионското расположение, едвај го чекам натпреварот со Каљари, ќе биде тоа вечер за уживање!!! (сакав да биде попладне искрено, некако мислам дека ќе беше поубава прославата денски на полн стадион, но тоа е најмалце битно,чисто онака си го кажав како моја забелешка:)

FORZA MILAN! SIAMO CAMPIONI D'ITALIA!!!

Vase_AC Milan said...

Пред се очекував ваков натпревар,со слаб интензитет и агилност во играта.Како прво неможеме да очекуваме натпревар на високо ниво после hangover,а како второ се поочигледно е дека тоа што ни беше најјака страна досега почна да ни станува слабост - Андреа Пирло.Толку старомодна и тромава ја прави играта дури се чудам како може наеднаш таква промена да има.
За слабостите на Макс имаме зборувано и се покажаа вечерва убаво.Но се сложувам дека догодина овие грешки едноставно нема да ги има.И ништо неможе да ни ја одземе славата за скудетото и тоа што го направивме во текот на целата година.Да се освои националното првенство не е мала работа.Затоа главите горе,а до година ТРИПЛЕТА.

FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA

Navigator said...

Тоа е тоа Владе. и јас го зборувам истото со моите другари. Milan се претвори од екипа која можеше да успее само во куп-натпреварувања во екипа која не се снаоѓа во двомечи, а на сметка на тоа игра стабилно во кампања.
негативната промена може, но немора да дојде од тренерот. секако дека неискуството на Mах имаше влијание врз неуспесите во ЛШ и Coppa.
од друга страна, подобрувањето на играта во текот на првенството го донесе тренерот, но најголемо влијание имаше целта да се доздаде клупа која може достојно да ги замени носителите на играта. ако лани Flamini беше најдоброто можно решение на клупата, а во очај мораше да се "интервенира" со Pippo, вчера на пример на клупа ги имавте: Ibra, Cassano, Ambro, Boa, Bonera, Yepes и Amelia. тоа е дефинитивно моментот што носи трофеј во една вака долга сезона.

Anonymous said...

Pozdrav!

Da li ste za saradnju, odnosno razmjenu linkova/bannera?

--
S postovanjem,
Aljosa Kremenovic
www.premiership-balkan.com

Ultra said...

Па токму истото го рекови Иван: "им недостигаше мотивација на играчите( што не требаше)."
Незнам коку баш би се сложил со тоа дека Лео ќе освоеше скудето со составов...сеедно и баба да имаше *** ќе беше дедо ама не е :)
Моментално мислите ми се насочени на славје и летен преоден рок...

ReBorned said...

Можеби ќе звучи грубо но Леонардо со овој состав ќе играше формација 4-2-4 со Златан, Пато, Робињо и Касано во шпицот и Боатенг зад нив!
Затоа доста за него!
Синоќа можеби, но не се сложувам за т.н киксеви на Мах против Тотенхем. Тотенхем во цел двомеч 2 пати шутираше на голот и еднаш постигна гол (по грешка на Златан на противничката половина и во класична контра). И да не заборавиме една круцијална работа во тој двомеч, ние немавме фудбалери на средината на теренот. А Тотенхем токму таму се најјаки а и играат формација со дури 5 фудбалери во средниот ред. Тиаго Силва играше средина оти немаше кој. Јас сум сигурен дека доколку екипата беше здрава (тоа беше шокантно лош период кога беа во прашање повредите, стихијно ни се повредуваа по 2-3 фудбалери секој следен натпревар) или доколку на пример само Ван Бомел можеше да игра против Тотенхем, ние ќе си ги поминевме нив со леснотија.
Forza Max, Forza Lady B, Forza Milan!!!

ReBorned said...

Аааа да, и уште нешто... Balzaretti is Abate's bitch!