Еден бод, осумнаесет Скудета, многу слава и историја. Сето тоа поврзано со само едно патување до Рим. По години и години без домашен трофеј, следните 90 минути, можат да ни донесат огромно олеснување и славје, да ни ја вратат гордоста и повторно да се почуствуваме како шампиони. Утре за првпат ќе можам со едни вистински навивачи на Milan да споделам едно неопишиво шампионско чувство. Ако досега во изминатите три и нешто години зборувавме главно за неуспеси, знаевме да признаваме порази и честитавме на други за освоените титули, сега ние сме во добитничка позиција. Признанијата за заслужената титула можеби ги примавме и прерано, ама сега е време за славење и нови ѕвездени мигови. Ќе морам да спомнам дека постои и една лоша варијанта, каде прославата би се одложила за следното коло, но со оглед на минималните шанси тоа сценарио да се оствари, во овој пост таа ќе биде исклучена. Искрено, многу ми е криво што сево ова не се случи во минатото коло. Сакав да ја видам таа фешта низ улиците на Милано длабоко во ноќта. Сепак, прегледав неколку видеа пред да седнам да го пишувам постот, па ме присетија на славењето после титулата во ЛШ 2007 и дека тоа не беше ништо помалку делирично од Скудетото во 2004тата.
Како и да е, во Рим или во Милано, освојувањето на 18тото Скудето значи се' за мене. Повторно ми дозволува да кажам дека мојот клуб е италијанскиот шампион и дека кралот си се вратил на престолот. Од утре, се надевам дека ќе можам да размислувам за нова шампионска ера, години исполнети со многу трофеи и да бидам современик на една екипа што долго време потоа ќе можат да ја споредуваат со најдобрите и легендарните. Да можам да се пофалам дека сум уживал во шампионски денови и дека сум го гледал еден од најубавите фудбали која некоја екипа некогаш го играла. На крајот на краиштата, при следното гледање со Berlu, да можам во лице да му кажам дека бев во право кога му велев дека без пари нема титули :)
Накратко и за она што утревечер треба да ни ја донесе таа радост. Во секоја друга прилика, ќе се зборуваше за едно големо дерби. Но утре Milan не игра за победа во обично дерби, туку за освојување на титула. Сепак, да се победи Roma на Olimpico, не е лесна задача, во какви и да било услови. Уште повеќе што домаќините се надеваат на четвртото место и ќе дадат се за да го стигнат градскиот ривал. Ако на тоа се додаде и стандардната незгодност на Волчицата во меѓусебните натпревари, задачата изгледа покомплицирана.
Но нашиот мотив е несомнено поголем! За да ја заокружиме убавата приказна со тој толкупосакуван бод, Max ќе треба уште еднаш да ја демонстрира својата генијалност, а момците својата доминација во лигата. Дека се спрема славје потврди и информацијата дека сите играчи со исклучок на Janku, ќе патуваат за Рим. И за атмосферата, но и при изборот на стартните 11, одлично е што Allegri по којзнае колку време има толку многу играчи на располагање, скоро без никакви проблеми. Иако досега избегнував да прогнозирам состави, приликава едноставно не се пропушта! :)
Abbiati
Abate, Nesta, TS, Zambro
Flams, MVB, Seedorf
Boa
Binho, Ibra.
SCUDETTO, HERE WE COME! FORZA CAMPIONI!!!
38 comments:
Засрамено и со наведната глава морам да признаам дека баш утревечер сум на работа и мечот ќе го следам само преку форумов и преку еден меѓународен форум на Милан каде што се опишува буквално секоја акција, секој допир на топката.
Можеби тоа е единствената причина која ме влече за титулата да се прослави следното коло, дома, против Каљари, пред моите очи. Сепак, едноставно не можам да бидам против Милан и со сласт би си ги дигнал двете раце високо горе, победнички уште утре вечер.
Мах сака дилемите да ги разреши уште утревечер (или веќе вечерва) за да може екипата да се насочи на реваншот од купот.
Одиме на победа момци, одиме на титула, одиме на Скудето!
P.S Иван имаш инфо дали ЛАЛ ќе оди пренос на МТВ од 03:30?
нема да оди друже. немаше ни најава, ниту на сајтот на МТВ во програмата пишува дека ќе ја даваат. барај некој стрим...
ако ја гледаш, како анти-езерџија, ти посакувам уште еден пораз во низата :)
Сета среќа што твоите желби не се пресудни за конечниот исход ;)
Незнам што да кажам, не сум оптимист туку едноставно размислувам италијански кога велам дека милан ке им ја пушти оваа на рома како и онаа на удинезе во последното коло :)
Сеедно скудетото е наше порано или подоцна купот е предизвик.
Во случај да немаш стрим Ри...
http://www.fromsportcom.com/v-2/6/26/v-262653.html
Не сум анти ништо јас не ме сваќај погрешно, дури да бидам тотално иксрен посакувам Л.А. да освои годинава Фил да иде у пензија и Коби да не замара веќе со тие негови си прстени и да ја остави играта на ерата на Жешките :)
Уфф!! се ежам, едвај чекам! тоа е тоа, после седум години, цели седум години! можеби е долг пост, ама чувствуто па да освоиш домашна титула после толку години пост е непроценливо!! ...какво пуштање, какви калкулации, не верувам во такви глупости дека ќе се впуштат Макс и момците. Па замислете ние да им ја пуштиме, и Интер изигра нерешено дома со Фиорентина и на тој начин да прославиме титула, е*ате славјето! :) Бод, само бод и ништо повеќе не ни треба! ANDIAMO RAGAZZI!! FORZA MILAN!
И јас помислив на тоа, дека Принтер може сам да ни ја „подари“ титулата.
Можеби ова коло, можеби наредното (во гости со Наполи).
Како и да е, одиме на титула без математики :)
P.S Одам на ризик, лап-топ на работа, wireless...
така бе Ри, тоа се бара, ризик. се за клубот! само не објавувај детали од планот да не те разбери шефот :)
и нема да ти се смеам за она сношти оти не е фер, јас немам омилен клуб во NBA, ама морам да го повторам тоа што ти го кажа: досега ниедна екипа во разигрувањето се нема вратено од 0-3, НИКОГАШ!
за нашата заеднчка тема: како што пишав и постот, ги исклучувам сите можни комбинации кои го одложуваат славјето.
сепак да бидам искрен, ја размислував и таа варијанта ако шинтеровци се самоубијат и како би одела тогаш прославата. би било ептен интересно, но во исто време и опасно, ако ние загубиме од Roma, а нашите навивачи организираат прослава on hold во зависност од исходот на San Siro утре во 15 часот. од безбедносен аспект, најцрното сценарио. а не дека е нешто безбедно во Рим да прославуваш титула :)
и пак против Roma, пак се решава за титула...
FORZA MILAN!!!
Лелелелеле каков гол на ВЕРДИ?!?!?!
http://www.calcion.eu/live31.htm
Берета погоди статива, доминираме против Емполи а ако ги победиме вкрстуваме со Принтер
ејј, незнаев дека денес се играат првите натправари. мислев дека следниот викенд почнува play-off-от. ајде да се загрееме...
И официјалниот состав, можеби најдоброто во моментов (фали само Меркел и стартниот десен бек).
Piscitelli; Sampirisi, Albertazzi, Pasini, De Vito, Strasser, Calvano, Santonocito, Fossati, Verdi, Beretta.
Друже подобар стрим со подобра слика:
http://www.calcion.eu/live40.htm
фала Ри
Берета имаше уште една одлична шанса ама делуваше споро.
Посебно ми се допадна Калвано во првото полувреме, одличен фудбалер за Италија, не само за Милан.
Друже, го виде сега голот на Вердињо?
Реакција? :)
па и не доминираа баш откако јас се вклучив во натпреварот. имаат повеќе од играта, несомнено, ама убаво се забележува слабата десна страна на екипата. пред се на десниот бек. скоро сите нивни шанси беа од таа десна страна. на крајот дури и Stroppa изреагира бурно на една од грешките. искрено, не го познавам тој дечко, ваљда се работи за Sampirisi. сепак, не треба да заборавиме дека Empoli ни од далеку не е лоша екипа. лани играа финале со Genoa, кое го загубија!
не го видов голот :( ми блокира стримот само што судијата свирна крај :) ај ваљда на крај ќе го повторат уште еднаш. а Beretta почнува да ме потсеќа на играч со одлична техника, но со ужасно спор finishing.
Па и јас зборев за него, тоа е момчето и прв пат го слушам да стартува за Милан, не ја знам причината.
Во првите 20-тина минути вистински доминиравме, освен голот на Верди имаше статива Берета и уште една шанса Фосати.
Во второто полувреме очекувам гол од Берета, внимавај и ако влезе во игра Урош Палибрк, момчето знае да даде хет-трик влегувајки од клупа, го направи тоа неодамна :)
А голот беше со десна буквално каде што се спојуваат пречката и дирекот, во горниот десен агол на гостинскиот голман кој не можеше да направи ама баш ништо (незнам и кој би можел воопшто да направи нешто на толку прецизен удар).
Ако не го видиш во второто полувреме јас си земам за обврска да ти го „набавам“ :)
да да, мислам дека беше против Vicenza :) одличен играч! а моја желба е да го видам Hotor на терен, иако незнам дали воопшто е на клупа.
и незнам дали се сеќавате кога летово излезе веста на goal.com за некое си враќање во Италија на некој си италијански младинец кој играл за Celtic. колку беззначајно ми изгледаше тогаш таа вест, а сега момчето го гледам како еден од главните играчи на младинската екипа. за тие што не се сеќаваат, името му е Luca Santonocito!
FORZA PRIMAVERA!!!
би требало да го има на крај. ако не, го чекам од тебе :)
Средниот ред е одличен, Калвано е ѕвер и денес игра на неприродна позиција за него (AMR) поради тоа што во средината се Сантоносито и Страсер инаку момчето е вистински box to box midfielder, го споредуваат со Даниеле де Роси!
Сантоносито е стабилен, сигурен, се согласувам.
А сега гледаме зошто Златан му удри клоца на Страсер, овој во Primavera му го земал дресот #11 без да праша...
Калаванооооооооооооо!!!
Го испофалив, мораше да ја оправда мојата доверба и моите зборови :)
ау, ау, аууу :)
прво слаломот на Strasser, па сега и слаломот на Calvano зачинет со гол... а тек сега влегува Carmona! :)
ете ти го словенецот.
tre a uno!! :)
Убаво кажа, тек влегува Кармона и Бум, ги враќа работите под контрола. :)
росонери каде сте?? играме за титула, алоо! :) за првпат сме во прилика да си честитаме титула, замислете... испукав во очекување на составите, ако ништо друго :)
еве ги:
ROMA: Doni, Cassetti, Burdisso, Juan, Riise, Pizarro, Brighi, Taddei, Simplicio, Vucinic, Totti.
MILAN: Abbiati, Abate, Nesta, Thiago Silva, Zambrotta, Gattuso, Van Bommel, Seedorf, Boateng, Robinho, Ibrahimovic.
ANDIAMO RAGAZZI!!! FORZA CAMPIONI!!!
Само кратко, се јавувам од раб. место.
Се’ е под контрола засега :)
ОДИМЕ НА ТИТУЛА!!!
Колку не ги пратам младинцивие тоа нешо невероватно... :)
Берета си го пикирав као омилен уште кога дојде заедно со Зигони :)
Мн мирен натпревар дури у помирен од што треба, само една замерка треба ние да им ја држиме на Римјаниве топкава не они на нас :)
и нешто што најдов...
http://www.demotivacija.mk/newest/evolucija-na-italijanski-nachin-477.html
Се прашувам во кој се моли Galliani?? Во Santo Silvio?? :)
НАЗАД НА ВРВОТ МОМЦИ! НАЗАД ТАМУ КАДЕ ШТО ПРИПАЃАМЕ! НЕКА НИ Е СО СРЕЌА! ДА СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ОВА Е САМО ПОЧЕТОК НА НОВА ЕРА ВО КОЈА ЌЕ ДОМИНИРАМЕ!
CAMPIONI D'ITALIA!!!!!!!!!!!!!!!!!
Forza Ragazzi!!! На работа сум и не сум во можност ама сигурен сум дека Иван ќе склопи квалитетен пост. Forza Milan!!! Незнам што им рече Мах на полувреме ама вториот дел го изиграа шампионски и само малку среќа не делеше и од победа. Честитки за сите, сите имаат свој удел во ова. А сега славете, уживајте! Endiamo! FORZA MILAN!!!
Campioni!
Олку среќен не сум бил од Атина!
Сеуште ме лазат морници!!! Имам грудка, неможам да викнам... го чекам утре Tizziano :)
Post a Comment