Translate

Saturday, 14 May 2011

Експлозија на емоции на Сан Сиро!!!



И ете дојде и тој ден... фешта, славење, емоции на Сан Сиро! Во својот дом, пред своите! Оваа одлична група на фудбалери кои сите до еден гинеа за овој дрес во текот на целата сезона заслужија да го прослават очекуваниот трофеј пред оние кои ги полнеа со емоции и позитивна енергија во текот на целата сезона, во текот на победничкиот од!
Сан Сиро ќе биде преполн, Сан Сиро ќе биде претесен да ги прими сите оние кои сакаат да бидат сведоци на прекинувањето на долгогодишниот пост, пост прекинат на најдобар, најубедлив, најзаслужен можен начин!
Момците и нивниот диригент беа први на табелата во 70% од текот на оваа сезона и кога конечно го окупираа првото место на табелата веќе не го испуштија до самиот крај! Не го испуштија дури и во моменти кога речиси цела Италија ги прежали, во моменти кога (пред се’ поради енормниот број на повредени фудбалери) момците паднаа а градскиот ривал беше во налет! Тогаш се случи дерби! Без Златан (кој дотогаш на свој грб ја носеше екипата) и со налет и психолошки импулс на директните конкуренти пред дербито, на само 2+, цела фудбалска Италија и Европа очекуваа да има смена на врвот! Но токму тогаш, кога беше најтешко Мах и неговите пулени го прегазија, го понижија градскиот ривал! Му удрија три шлаканици кои го болеа до крајот на сезоната, три шлаканици кои директно му помогнаа на Шалке 04 да оди во следниот круг на ЛШ. Три шлаканици кои најсурово, најбрутално и најсликовито покажаа дека не смее да има дилеми, дека идниот шампион може да биде само еден!
После тој клучен натпревар се’ беше само рутина!
Епа момци, заслуживте фешта, заслуживте славење! Вие, тие покрај Вас на Сан Сиро и милионскиот аудиториум низ светот! Денес е денот! Нека експлодираат емоциите на Сан Сиро вечерва!!!

22 comments:

ReBorned said...

Јуниорското дерби:

http://soccer-sport7.blogspot.com/

Navigator said...

Giacomo Berettaaaaaa!! :)) 1:1!

Navigator said...

еве уште еден линк:
http://www.calcion.eu/live40.htm

ReBorned said...

По крајот на првото полувреме 3 работи се кристално јасни:

1. Играме за 2 класи подобро од нив

2. Имаат одличен голман кој спречи натпреварот да биде решен на полувреме

3. На Верди и Страсер топката можат да им ја земат само со полиција!

Navigator said...

какви последни 10 минути... страшно нешто. принтеровчињата неможеа буквално да ја извадат топката од нивната половина. ако продолжат така, тешко дека ова ќе личи на дерби :)

FORZA PRIMAVERA!!!

ReBorned said...

И Калвано, нашиот нов Џенаро :)
Кога сите се радуваа за изедначувачкиот гол на Берета тој стоеше покрај Стропа и коментираа за начинот на кој ќе се продолжи да се игра натпреварот :)

Navigator said...

Ри, вториот гол?? немам нет последните 15 минути :/

ReBorned said...

Вториот гол од корнер, изведе Верди на пр а статива Берета погоди пречка со глава и топката се одби од пречката на втора статива каде ја пречека Пасини (централниот).
Верди ја пожолте цела екипа на принтер, на сите им ја крие топката

Navigator said...

да, тоа за Verdi го гледам :) фала за описот

ReBorned said...

Нетипично за Милан, одбраната ни е швајцарско сирење во маркирање, двата гола ги примивме по нафрлени топки и лошо маркирање и уште една 100% шанса буквално исто

Navigator said...

штета... беа многу блиску, а сега уште со црвен. ќе биди доста тешко!

ReBorned said...

Мора да кажам дека моето лаичко мислење е дека Стропа беше надмудрен од неговиот колега со измените. Двајцата црномурести фудбалери кои влегоа за нив не' растурија. Данкан нафрли за вториот гол и е константно опасен а и другиот внесе живост (шпицот).
Кај нас Де Кол и другиот што влезе (#16) се како муви без глави!
Сега ќе биде тешко и поради тоа што ги нема Берета и Фосати, важни алки на оваа екипа, надвор е и Калвано поради повреда.
Надеж само во Кармона и Вердињо!

ReBorned said...

Леле како пливаме на нафрлени топки, просто неверојатно!

ReBorned said...

ајде сега Кармона!

ReBorned said...

ПИСШЧИТЕЛИИИИИИ!!!!!!!!!

FORZA RAGAZZI!!!

ReBorned said...

http://videochat.gazzetta.it/index_Live01.shtml

ReBorned said...

MILAN: Abbiati, Abate, Thiago Silva, Yepes, Zambrotta, Gattuso, Ambrosini, Emanuelson, Seedorf, Pato, Robinho.

CurvaSud_Milan said...

Кога Гатузо ќе даде два гола во сезона неможе да не бидеме шампиони! :))) FORZA CAMPIONI!!!

CurvaSud_Milan said...

...и да, "нов" играч за следна сезона со повеќе знаење, со повеќе искуство ,драстично подобрени офанзивни карактеристики, а богами и дефанзивни веќе добивме во имете на Абате! ...иако мора да признаеме дека името, Игнацио му прилега само за во шпанска серија:)))

CurvaSud_Milan said...

ТОА Е ТОЈ ПАТО ШТО НЕМОЖАМ ДА ГО ПОДНЕСАМ, ТОКМУ ОВОЈ!!! :@

Navigator said...

олади бе Владе, славиме титула :) играта шампионска, резултатот исто така, нели? одвај чекам да заврши мечот и да прославиме убаво, како што доликува :)

и да, честитки за младинците! прееска се брзав многу и по пеналите не искоментирав ништо. заслужен пласман на завршниот final-eight турнир. одличен ден...

FORZA GRANDE MILAN!!!

CurvaSud_Milan said...

Славиме да, ама немаше шанси да не го искоментирам тој момент :D ...и што е најбитно Бранко останува со слика на Сан Сиро, немора стримови да бараме после утакмица.