Translate
Sunday, 1 May 2011
Првомајски обврски
Знам дека овој пост веројатно нема никој да го прочита пред натпреварот (па дури и многу после него) но јас имам обврска да го напишам.
Можеби некој ќе ме нарече глупав, друг ултра а трет ќе ме погледне зачудено но денес не планирам да одам никаде, напротив, во 15:00 нацртан пред ТВ да си го гледам мојот омилен тим а потоа во домашна атмосфера да си продолжам со casual варијанта. Подобро ќе беше доколку тогаш прославував титула но да одиме чекор по чекор.
Најпрво е од огромна важност да си ги завршиме домашните обврски. Како што велеше Мах уште пред мечот на Принтер, нас не треба да не интересира натпреварот во Чезена туку натпреварот на Сан Сиро. Ние мора и реално да ги прокнижеме вкалкулираните три бода против Болоња, во секоја варијанта. А нема да биде лесно. Болоња од тим кој беше сигурен на табелата со неколку порази во низа се доведе во малку (сосема малку) неповолна ситуација и како што нам ни требаат 4 бода за математички прославена титула така ним им требаат неколку за математички обезбеден опстанок. А кога последен пат се судривме со екипа која имаше губитничка серија (Палермо) бевме поразени. Значи гардот високо, горе!
Гостите и другите не не' интересираат, си гледаме во нашиот двор. А таму се гледа дека Златан уште овој натпревар ќе биде во аут поради суспензија а Пато не успеа навреме да се рехабилитира па и тој е во аут, исто како и Гатузо. Затоа се враќа Неста кој директно ќе влета во стартните 11. Во средината постои една единствена дилема за кој да игра на местото на суспендираниот MVB но се чини капитенот ќе добие предност пред Пирло.
Значи со графички приказ, тоа би изгледало вака:
-----------------Абијати
-Абате------Неста-------Il Monstro--Замброта
-------Фламини-----Амброзини---Сидорф
---------------Prince-----------
----Робињо---------------Касано
Значи повторно бурлески во нашиот напад :)
Се надевам со сличен крај како на претходниот натпревар.
Епа тоа е тоа момци, побрзајте со скарата да не ве фати дождот :)
Forza Milan!!!
P.S Ganso продолжува да гази, продолжува да се враќа во старата форма. После претходниот пост кој го завршив на сличен начин со P.S негов одлучувачки гол во Либертадорес сега уште подобро, најпрво асистенција за погодок а потоа и гол во полуфиналето од купот на Бразил против Сао Паоло. (Внимавајте при неговиот гол, фантастичната асистенција ала Руи Коста кон Нејмар претходно во истата акција е негова). Гансо те чекаме!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
13 comments:
Добра слика:) ...инаку на ФБ на фан клубот вчера на еден статус кој ја презентираше табелата од последната сезона кога бевме шампиони, подоле имаше прашање од типот, "а зошто 34 кола"? :) ...човек да незнае дали да се изнасме или да се изнаплаче, плус детето има цели 19 години, што ќе каже дека имал 12 тогаш, возраст на која јас, а верувам и сите вие тука, убаво се сеќаватe на све што се случувало, посебно нели ако е поврзано со Милан! На пример јас имав 13 години кога станавме шампиони со Закерони и мн убаво се сеќавам на тој период, се сеќавам, и на 1994, 1995... кога играше и Барези во Милан, Казираги во Лацио, а Серија А се пренесуваше на Ѕинго ТВ:) ...а богами и се сеќавам на финалето од 1994та од СП кога Италија изгуби,кога Баџо го промаши пеналот, тогаш за прв пат плачев заради фудбалски натпревар, моите дома неможеа да се изначудат што тоа јас правам,од тој ден па се до денес Милан и Италија се моите единствени фудбалски екипи во животот! Веќе кога сме кај плачење,пуштив и некоја солза 2005та, едноставно неможеше да се остане рамнодушен на тоа што ни се случи, но имало Господ па се случи и 2007ма! а да, не останав рамнодушен и на Еуро 2000! 13 секунди, 13 секунди беа во прашање и се ќе беше поразлично! Доста со исповед, да се префрлам на тоа што ќе биде денеска.
аааа!!! со ова коментариве губам живци жими све!! пак повеќе од пола коментар не ми излезе! неверојатно! нема везе идам од ново...
Значи да се префрлам на тоа денес, за почеток да кажам дека ептен ама она ептен се најдов во сликата:) за некое време идам кај другар кај што веќе ја спремаат скарата, си зимам со мене телевизор 35-36цм, се позиционирам пред ТВ, двете у вис и чекам Макс и дружината ту мејк мај деј! Уште ќе беше поубаво со скара и пиво да прославам титула, ама немам ништо против тоа да биде и со Рома.
Околу составот, фалат најголемиот нос на светот и најголемиот паун и нивното знаење, но Бињо и Касано имаат мн повеќе од тоа што треба за да се надополни нивното отсуство. На Болоња можеби и требаат бодови, но и сами знаат дека бодови против Милан не се бараат, посебно не на Сан Сиро! Тоа е тоа, одиме на победа, а јас богами и на скара! :))
FORZA MILAN!
за мене денес немаше ни скара, ни пиво, ни музика. си бев на работа и неможев да си дочекам да завршам :) и еве на пола саат пред почеток 2-3 реченици од мене.
штета за она вчера, незнам зошто ама огромна желба ми е титулата да се прослави на San Siro. не дека нема да славам до сабајле ако се крунисаме на Olimpico, ама дома си е дома. заслужуваат тие тифози да го прослават долгоочекуваниот пехар во нивниот втор дом.
како и да е, составот денешен е сосема солиден за противник како Bologna. знам дека се загрозени и ќе се потрудат да не се вратат во B, но сепак, очекувам расплет на настаните сличен како и при првото соочување со нив. глатка, лесна победа, без многу заморување.
одиме на нова победа, како загревање за ГОЛЕМОТО ПАТУВАЊЕ ЗА РИМ!!
П.С. Ри капитенот мора да игра и да влезе во форма, зашто го очекува напорен период на кревање трофеи.
П.П.С Решив да не го отворам фан-клубот на ФБ, па да видам до кога ќе издржам без тие експертизи :)
ADNIAMO RAGAZZI!!! FORZA MILAN!!!
а еве ги и составите:
MILAN: Abbiati, Abate, Nesta, Thiago Silva, Zambrotta, Flamini, Ambrosini, Seedorf, Boateng, Robinho, Cassano.
BOLOGNA: Viviano, Moras, Portanova, Britos, Cherubin, Mutarelli, Mudingayi, Meggiorini, Ekdal, Rubin, Di Vaio.
Составот е тој, нема што повеќе да се коментира.
Првенствено да внимаваме на Ди Вајо.
Одиме на победа момци!
P.S Сигурен сум дека повторно ќе имаме трагикомични ситуации во нашиот напад само се надевам дека конечниот исход ќе биде победа
Леле АТМОСФЕРА!!!
Сан Сиро преполн!
Гардот горе, Фламс! Гардот горе!!!
Најочигледен факт во првото полувреме:
Бињо бил кај берберот на Принц.
не не Ри, тоа е малку подолга приказна. Binho вистина бил кај берберот на Prince, ама по препорака на Abate, затоа што тој е негов стилист. бекчето оди кај тој бербер веќе година дена, откако Becks си замина. инаку додека беше кај нас, олигледно влијаеше и се грижеше за фризурата на нашиот rising star. испаѓа дека sir Bеckham имал добро око :)
а да, сеуште ми е криво за шансата на Beretta. да имаше само малку повеќе самодоверба и малку помалку трема... уфф, ќе беше тоа идеално попладне :)
добра статија: http://www.goal.com/en/news/1717/editorial/2011/05/01/2466043/ac-milan-2004-v-ac-milan-2011-how-the-champions-elect-compare-to-
Таканаречениот "фан сајт" го избришав одамна, едноставно премногу ме иритираа глупавите статии и коментари рамни на 2ро одделенски муабет.
Утакмицата не ја гледав и ептен ми е жал ете така испадна, затоа секој торент/стрим е добредојден.
FORZA MILAN !!!
Post a Comment