Translate

Sunday, 24 April 2011

Brescia - Milan 0-1

25 comments:

Anonymous said...

Види види...се чудев на прославата на Робињо, мислев дека е ради Касано ама и на него да му се родило бебе!Ги стигнал него мојот благослов.
Хаха преминавме од Геријатрија во Педијатрија :)

ReBorned said...

хахаха добра ти беше оваа!
Во само еден месец имаа принови Тиаго Силва, Урби, Касано и нашиот непрежален син Кака

Navigator said...

а напрежалениот имаше и роденден пред некој ден, па гледам на acmilan.it честитка за роденденот. која поврзаност, која љубов... уште ми е криво!

Anonymous said...

22 април го знам напамет само неговиот од цел играчки кадар наш(бивш и сегашен).
Нема што да ти е криво било што било, прифаќам негово враќање само ако има 35 год и се пензионира тука и прифати да има епизодна улога :)
Него негде прочитав дека се спрема Пато-Пипо тандем за во недела?хммм можеби звучи преоптимистички но сепак убаво звучи :)
А и се како што привршува сезоната трансфер муабетите се зголемуваат...таиво се поблиску очигледно францускиот пасош го направи мн подостапен, Гансо решил дека ќе доаѓа во Италија(Милано) уште да одлучи на која страна, и Фиорентина на распродажба, Монтоливо секако најинтересен за нас во овој случај.

Navigator said...

-Taiwo и не ми е некоја желба, ма каков сака пасош нека има :)
-со Ganso преку к** веќе! ако сака нека дојде, ако не кој го шиша. го направија како Zidane.
-Pato + Pippo vs Bologna = science fiction!
-а Montolivo е еден од оние класични италијански светни-угасни играчи од типот на Gilardino, Perrota, Marchisio... не дека не ми се допаѓа можноста да се купи на распродажба, туку муабетот ми е дека тие играчи по default очекуваат првотимски статус, каков што имаат или би имале во помалите клубови, а сепак играат променливо. особено во ваков состав како што имаме ние сега, апсолутно никој неможе да му гарантира минутажа. а се знае што прават таквите играчи кога нема да ја добијат. ако уствари и воопшто ја прифатат понудата...
Aquilani и Marcelo се измислени за нас, верувајте :) и секако, една година плус за MVB.

ReBorned said...

Навигатот се сложувам буквално во се' со твојот последен коментар освен околу Таиво и Гансо но само донекаде (многу ми се допаѓа неговиот стил на игра и сметам дека може да ни го подигне нивото на игра повисоко но од друга страна ме нервираат изјави од типот „Во Милано ама сеуште незнам во кој тим бла бла“

Anonymous said...

Ја ко што разбрав на таиво му завршува договорот на лето и ќе дојде гага па сеа размисли дали е тоа лоша опција :)
Гансо е преценет.
А Аквилани незнам што е подобар од овие другиве што ги спомна :)

Navigator said...

не ме зезај, треба да не си го гледал Aquilani за да кажеш дека не е подобар од Montolivo и компанија. инаку да, прочитав тоа за Taiwo и не се противам на негов трансфер, само реков дека не ми е некоја желба.
и нешто што ми светна додека читав за Taiwo: што ќе прави Didac следната сезона и зошто воопшто беше купен??

Anonymous said...

Една голема разлика измеѓу нив двајца, Таиво сите го имаме видено како игра, а Дидац и на јутуб слабо го има :) А ако планираат да му дадат шанса од клубов ќе треба на последниве 2-3 средби кога веќе титулата е обезбедена.
Аквилани не е ништо посебно, и споредбено со Монтоливо и Гансо многу не ми отскокнува.

Navigator said...

муабетот ми беше дека не доби никаква шанса Didac, а не ги споредував со Taiwo. секако дека нигериецот е Messi за него :)
а Aquilani е шест пати подобар од италијаните што ги спомнав. од друга страна, колку е послаб од Ganso незнам, само знам дека вреди три пати помалку.

Anonymous said...

Излезе една многу интересна работа на официјалната веб страна на Адидас.Направена е апликација во еден вид на одбројување кое трае до 2 Мај.Значи на тој ден ќе биде објавен официјалниот дрес за сезоната 2011/2012,но само црвено-црниот.Секако тој не интересира најмногу па белиот каков сака нека биде :))
Несакам да ги сменат овогодишните затоа што се најубави.Никогаш сме немале волку убави дресови.Само се надевам дека нема да бидат со патент како што имаа Челзи и Баерн едно време.
Неделава помина во знак на трансфер пазарот.Пред се се крена прашина околу тоа затоа што нашиве изгледа немаа тренинзи :D
Околу доаѓањето на Гансо:мислам дека летово нема да го пуштат Сантос како прво,а како второ да се откупи играчов е многу тешка работа затоа што не се знае кој го поседува и како и колку и зошто го поседува :D Немам видено толку комплициран договор.Таиво ако можат веднаш нека го земат,нека слета одма у Миланело.Само тие ни се потребни и евентуално Мексес и Маркети да дојдат,ќе биде во ред.Но ако си замине Пирло тогаш ќе мора да се земе и еден од двоецот Монтоливо - Аквилани (го преферирам Монтоливо а и јас незнам зошто).На другите места сме таман.

ReBorned said...
This comment has been removed by the author.
ReBorned said...

Околу ситуацијата на Гансо.
Неговите права се распределени на следниот начин:

- 45 % им припаѓаат на DIS (менаџерска агенција од Бразил)

- 45 % им припаѓаат на неговиот клуб, Сантос

- 10 % на играчот т.е негавиот менаџер/брат.

Милан од овие 100 % веќе има реализирано 55 % односно договор со DIS и неговиот брат. Остануваат уште оние 45 %, најтешките, спортските 45 % кои се во сопственост на неговиот тим кој наводно не сака да чуе за продажба на Гансо и пумпа цена од 50 милиони евра (трансфер клаузула).
Од друга страна постои и можност за bridge стратегија.
Како и за сите други фудбалери во бразилското првенство така и за Гансо постои една клаузула за Европа (во случајов 50 милиони евра) и друга за трансфер во Paulistа но само во друг тим (Бразил, каде што клаузулата е околу 20 милиони).
Со таа т.н bridge стратегија е можно Гансо на лето да се пресели во друг бразилски тим (конкретно станува збор за Коринтијанс кој е многу загреан за него а е под раководство на менаџерската куќа на Роналдо, 9ine). Во тој случај Коринтијанс би бил само мост за подоцнежна преселба на Гансо во Милан (веќе во следниот Јануари).
Сепак тоа е солуција која никој не ја посакува (освен Коринтијанс и Роналдо himself).
Во таа ситуација, Сантос го губи Гансо за сума помала од таа што би можел да ја добие во моментот и го засилува директен конкурент за титула. Гансо нема да си го исполни сонот уште летово да заигра во Европа а Алегри да може да го има Гансо на располагање во подготвителниот период и всушност цела една полусезона. Уште еден битен податок за напоменување е фактот што таа bridge стратегија е непопуларна и подмолна (и со право) и Милан во евентуална таква разврска можеби ќе го добие Гансо но на долг рок ќе си го расипе одличниот имиџ во Јужна Америка и посебно во Бразил, нарушен имиџ кој може да прави проблеми во евентуални нови засилувања од Бразил во следните сезони. Во таа ситуација единствено Роналдо ќе ќари со тоа што набрзина ќе го препродаде Гансо и ќе ќари некое милионче по брза постапка а притоа сигурно и ќе добие нешто плус до Јануари од image правата и сл.
Се обидов малку посликовито да ја расчистам ситуацијата околу Гансо, се надевам успеав во тоа.
Галијани се подготвува да оди лично за Бразил, а кога тој оди некаде со златната врска се враќа со фудбалерот или во најмала рака со договор во џеб.
П.С Гансо го реши синоќешниот натпревар на Santos во Libertadores против Club America со одмерен удар надвор од шеснаесетникот.

Anonymous said...

Е ова веќе ми се допаѓа стануваме сериозни околу Гансо(не само Галијани туку и ние). Мн убав финиш тоа би кажал за голот, Пато и Il Monstro дојдоа 6 месеци пред да играат, и имаа довлно време да ја прифатат италијанската клима и тло, незнам во предходните два случаја ни се посреќи зошто не и повторно.

Anonymous said...

Добро образложение околу случајот Гансо.Секаде пишува понешто ама никаде нема ваква стокмена информација.Да ја пратиме на Milannews.it??? :)))
Потполно се согласувам околу тоа нарушување на односите со тимовите од Јужна Америка,а знаеме сите колку значи тој пазар.Подобро би дале повеќе пари отколку да се служиме со подмолни трикови.Верувајте Галиани и Браида,а поготово Силвио нема да го дозволат тоа.Цената гарант ќе биде спуштена до 30 милиони.Само што ќе треба да чекаме да заврши шампионатот па горенаведените да тргнат за Бразил зошто славјето во никој сличај не смеат да го испуштат :D

FORZA MILAN FORZA GANSO

ReBorned said...

Читав интересно интервју со Il Monstro.
Зборува за Неста, за тоа како веќе не се плаши на теренот и веќе не го плашат споредбите со Il Capitano (првата сезона на почетокот бил престрашен). Делува смирено и сигурно дури и без Неста на теренот. Исто така рече дека во дебито (пријателската против Варезе) веќе по неколку минути на теренот веќе почнал да чувствува главоболки од константното зборување на Неста во одбрана и му рекол да замолчи, но сега се навикнал и на тоа :)
Околу одличната одбрана сезонава додава:

„Сезонава ставаме голем акцент на играта во одбрана, нешто што ни недостигаше во текот на ланската сезона. Алегри многу се грижи за одбраната и честопати по завршувањето на тренинзите вежбаме одбранбени тактички замисли честопати со дефицит во одбраната (помалку во одбрана а повеќе во напад). Алегри инсистира играта во одбрана да започне од напаѓачите и тоа е уште една работа која многу ни помага“.

ReBorned said...

хахаха Адриано The Gold Tie Hero Галијани е легенда!
Денес во Миланело го пречекале фанови и кога го прашале до каде е работата со Гансо овој смешкајки им одговорил: Не можам сега ништо да Ви кажам, има камери наоколу :)))))

ReBorned said...

Никој нема? Кој ве шиша сам ќе си скандирам: ИГОР БУДАНННННН!!!!!!

Navigator said...

Igor Budaaaaaaan - Cesena v Printer 1:0!!!
се отвора шанса за славје утре, на домашен терен!! само уште пола сат...

Navigator said...

како бе нема никој, прославувам како никогаш досега :) инаку истиот извик сме го имале :D

ReBorned said...

Сепак ќе мора на потешкиот начин

Navigator said...

што беше ова?? бар да издржеа за реми. ептен ми се расипа кеифот. сега, искрено повеќе сакам потврда на титулата со Cagliari дома, отколку со Roma на Olimpico.

ReBorned said...

Би прифатил прослава на Олимпико без око да ми трепне...

Anonymous said...

Колку се само за греови.За што се борат кога готово е хахахахаха
Колку се на нашето место од лани не се свесни :D
Многу мразам одложено славје ама колку повеќе се собира толку поубаво ќе биде.

Anonymous said...

Too little, too late.