Translate

Wednesday, 20 April 2011

COPPA ITALIA SEMIFINALE: MILAN v PALERMO (andata)



Во недостаток на време, постот ќе биде невообичаено краток, ама не смеевме да дозволиме толку битен натпревар да помини неодбележана со пост. Велам битен, затоа што Milan одамна немал ваква прилика да биде во игра за два трофеи во доцен Април. Шансата е уште поголема кога ќе се земе во предвид противникот. За разлика од најголемите конкуренти во првенството, ние имавме идеална ждрепка, каде токму денешниот противник е најсилниот можен опонент се до финалето. Момците се дефинитивно мотивирано, го видовме тоа преку последни изјави и интервјуа. Max конечно се опушти пред медиумите и изјави дека неуспех во шампионатот е еднакво на самоубиство. Целата атмосфера се пренесува и на Купот очигледно и тоа е сосема во ред. Во екипата ќе се врати Ibra, што е повеќе од одлична вест во услови кога Патката треба да паузира две недели. Друга добра околност е слабиот противник наредниот викенд. Толку од мене, повеќе од момците вечерва.

Convocati: Amelia, Roma, Piscitelli (n.60), Abate, Antonini, Legrottaglie, Oddo, Papastathopoulos, Thiago Silva, Boateng, Emanuelson, Flamini, Gattuso, Merkel, Pirlo, Seedorf, Strasser, Beretta (n.54), Cassano, Ibrahimovic, Robinho.
Non convocati: Zambrotta, Yepes, Van Bommel
Indisponibili: Abbiati, Ambrosini, Bonera, Inzaghi, Jankulovski, Nesta, Pato.

FORZA MILAN!!!

9 comments:

ReBorned said...

Јас веднаш по излегување од работа се конектирав преку мобилен и се запрепастив кога видов дека нема пост. Навистина не бев во можност и бев на работа до 18:30.
Веднаш дојдов дома со намера набрзина да го одбележам вечерашниот меч и навистина му симнувам капа на Иван што уште еднаш „склопил“ пост.
Сепак жалам што по се изгледа само ние двајца си пишуваме и си коментираме еден на друг. Имаше други блогери кои бараа можност да пишуваат постови а од кога им се укажа ги нема никаде.
Како и да е...
Вечерва одиме на победа против (барем за нас) незгодна екипа. Можеби малку шарен но сепак сеуште силен состав.
Вечер најверојатно ќе настапиме со:

----------Амелија

--Одо-Il Monstro-Сократис--Антонини

-------Гатузо--Пирло---Фламини

------------БОА

-----Касано----------Златан


Напред момци!

П.С 33-ката на Il Monstro е пристигната во Македонија и утре би требало да се наоѓа на мојот грб (:

ReBorned said...

И како што очекував после коментарот...
Сидорф во стартните 11 на местото на Гатузо со тоа што Сидорф ќе биде диригент пред одбраната а Пирло би требало да делува на MCL. Останатите се тие...

Navigator said...

силен состав, силен! сепак, јас мислам дека Pirlo ќе си го заземи диригентското место, a Seedorf ќе оди на стандардната за него MLC. Тоа го мислам поради скорото опоравување на Andrea, бидејќи далеку помалку трчање имате на DMC отколку на MLC. останатите беа очекувани.
за постот, и јас бев изненаден кога видов дека нема. искрено очекував нечие мало ремен дело :) и во право си изгледа, ќе си реплицираме јас и ти, барем додека не почне мечот. а почнува за 5 минути, така што со слика се преселуваме на San Siro! (ама прво Влатче да ја испее Русинка едно 3-4 пати :) )

ADNIAMO RAGAZZI!!!

ReBorned said...

Il Monstro!!!
И Барбара е на трибините (:
Ќе ја имаме најсекси претседателката во светот!
Rossela Sensi, who?

Navigator said...

Rosela Sensi is past! Di Benedetto is the Roman prefect now! ;)
убаво ми дојде химната, колку за загревање :)
инаку очекувајте 3216252147835 грешки на Калински...

FORZAAAA!!!

Navigator said...

IBRAAAAA!! :D

ReBorned said...

Пирло мора да си замине!
Премногу ја забавува и ја гуши играта, премногу сме проѕирни и летаргични со него во тимот. А кога на ова ќе се додаде и фактот дека до него игра Сидорф тоа веќе зборува многу.
Ова го кажува страшен подржувач на играта и делото на Андреа Пирло :(
Мора да си оди од Милан.

Navigator said...

не сум толку сигурен во испраќањето на Pirlo. и тоа од причина што сеуште не ја знаеме трансфер политиката за летово, но и затоа што незнаеме дали MVB под некакви услови би го продолжил договорот со Milan. во случај на заминување на двајцата се отвoра огромна дупка на DMC. евентуално ако го планираат Xabi Alonso да покрие... :)
инаку резултатот е доста незгоден, иако со оглед на текот на натпреварот, можеше да заврши полошо. изборот на Sokratis да го придружува Ѕверот во стоперската линија се покажа како лош. дали тоа неиграњето си го направи своето или гркот е стварно еден од трансфер-флоповите на сезоната ќе се прашуваме до неговиот следен меч, ако воопшто му се укажи прилика. мене единствено ме мачи тој лош скор на Renzo Barbera што во континуитет ни дели разочарувања. се надевам дека оваа шампинска екипа има сила да го скрши малерот, конечно да слави на Сицилија и да ни подари, најверојатно, уште едно миланско дерби, што во тој случај би решавало за некаква титула. сепак мислам дека со целосно здрава екипа и повеќе психичка отколку физичка припрема, може да падне Palermo дома. има уште цели 20 дена до тој меч, а во меѓувреме би било добро да се осигура Скудетото или барем да се одржува оваа разлика. гледајќи ги следните два противници, реално е да очекуваме таков расплет!

FORZA CAMPIONI!!!

Vase_AC Milan said...

Мислевме дека имаме лесна задача пред нас и дека ги избегнавме големите екипи но од мала екипа ќе настрадавме замалце.Палермо дефинитивно ни е трн у пета.Значи толку мака имаме од сицилијанциве дури да не можеш да поверуваш.
Судијата андрејче де марко е главниот виновник за нерешениов резултат.Можеше слободно на 2 пати да дувне пенал,но не го направи тоа.Исто така и последниот шут на Пирло требаше да го остави а не да свирне како божем ќе го убие некој или??? Кажа Калински како им оди на Палермо со овој судија - НИКОГАШ НЕМАЛЕ ПОРАЗ.
Но колку негативни толку и позитивни работи има да се извлечат од утакмицата како на пример да не игра никогаш повеќе гркот,како второ Антонини да го избркаат веднаш штом ќе почне трансфер пазарот и некогаш да проба да го стави Урби зошто изгледа вреди детето.
Навикли смо на тепање у средината па затоа Пирло ни изгледаше така бледо и споро,па зошто кога имавме успех со тоа да се менува трендот?Можам да кажам со пола уста дека слободен е Андреа но под услов Бомел да потпише.Добро е и тоа што Ибра се деблокираше и што конечно не му дадоа црвен.Имаше баш добар коментар Мах после мечот - дека на Ибра му имаат свирнато само 3-4 фаула за 8 месеци,нели е во право?
Голем оптимист сум за реваншот и мислам дека конечно треба да се скрши малерот,т.е. двојниот малер - финале и победа на Ренцо Барбера.Ако тоа го може некој тогаш тоа е оваа екипа ШАМПИОНИТЕ!!!

FORZA MILAN PALERMO MERDA!!!!