Translate

Sunday, 24 April 2011

Раката на Мах

Ајде да одиме вака. Погледнете ја табелата десно на Вашиот монитор и... што прво Ви паѓа во очи?
Лани ја имавме буквално истата одбрана и истиот голман во тимот. Имаме неверојатни 15 (со букви, петнаесет) помалку примени голови од второпласираниот, директниот конкурент за титула?! Неверојатни -15! Неверојанти примени 23 гола во 34 кола?!
Со истиот голман и истата одбрана.
Во моментов на ист број кола до крајот на сезоната имаме еден гол помалку примено од сезоната 2004 под водство на Анчелоти, кога ја освоивме Серија А!
Но тоа не значи дека сме дефанзивна, деструктивна, катанаџо екипа. Воопшто, токму напротив. Го делиме најдобриот напад во лигата со 60 постигнати голови. Значи најдобриот напад и најдобрата одбрана во лигата. И тоа не е доволно? Ги победивме по два пати и двата директни конкуренти за титулата (на домашен терен идентично по 3-0)!
Во невообичаена сезона во Серија А, сезона во која (незнам дали сте го забележале ова или не) нема тренер кој го има освоено Калчото, по се изгледа тој ќе го поведе орото! И заслужува! Јас ја чувствувам раката на Мах, во нашата одбрана, во нашиот напад, во нашата игра... А Вие?

7 comments:

Anonymous said...

Сепак на крајот од сезонава ќе треба да ги повлечеме сите зборови за Леомердо,перспективен тренер е точно ама само на тоа ќе си остане.
А Мах е мих на Капело и Липи заедно и моментално во Калчото не му се ни до колена другите тренери.
Јас сакав да ви покажам една друга рака....

http://www.youtube.com/watch?v=Z4RmzcJDZ9A

Anonymous said...

За леонардо мислев зборовите од лани кога ни беше нас тренер :))

ReBorned said...

Сезоната на Абијати потсетува на онаа сезона во која последен пат бевме шампиони, оној незаборавен натпревар во Перуџа кога Кристијан правеше чуда на голот!
Од друга страна кај Алегри најмногу ценам една работа. Тој прави грешки но ретко ги повторува! Извонредно добро учи од своите грешки!

Anonymous said...

Да да многу ретко скоро никогаш не ги повторува грешките.Исто така и методите на работа му се извонредни.Само останува да се докаже во ЛШ,а таму не е лесно.Во нокаут фазите малце е збунет,истото се случува и во купот.Кога имаме 2 утакмици дома гости тука настанува дилема дали да нападне или да се брани.Неговите грешки (ако можат да се наречат така) не коштаа сезонава,да се надеваме дека нема да ги повтори догодина.

Anonymous said...

Имаме одличен тренер момци, кој верувам дека во најмала рака ќе ги повтори успесите на Анчелоти.

Navigator said...

НЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!! ми отиде огромен коментар :@@@@

Navigator said...

накратко: муабетот ми беше дека си фатил добра забелешка со постов Ри. само сакав да ја надополнам твојата теза за успехот со уште една работа. таа се вика трансфер политика. тоа што се случи на последниот ден од преодниот рок смени се во клубот. амбициите порансаа, критериумите за добар меч се зголемија, коефициентите за шампион драстично се намалија. кога една екипа се припрема за дуел со Milan 2009/10 и Milan 2010/11 прави разлика. лани посилните екипи се спремаа да нападнат и да го победат Milan. годинава прво размилуваат како да се одбранат од убиствениот напад, па потоа размилуваат за нашиот гол. тоа има одраз и на примените голови, па понатаму и на гол разликата.
пак ќе повторам: најголемата заслуга е на Max и на дел од играчите што страшно напреднаа или играа како препородени, но улогата на Galliani во клубот е очигледна.

А мечот на кариерата на Abbiati во Perugia е веќе лененда сама по себе :)

FORZA CAMPIONI!!!