Translate

Saturday, 16 April 2011

ONE STEP CLOSER!!!


По одличната мини-серија и двете екстра важни победи, во малку поопуштена атмосфера, но со истите шампионски мечти ја дочекуваме екипата на Sampdoria. Екипа која лани успеа дури и да фати место што водеше во квалификациите на ЛШ. Не успеа и како што обично бива со на неа сличните тимови, почна да тоне и да се враќа онаму каде што и природно припаѓа. Поради неисполнетите елитни амбиции, пред се финансиските, раздорот почна, а тоа ќе се покаже како причина за подарокот што оваа екипа му го подари на својот утрешен домаќин, наречен Antonio Cassano. Еден од најголемите италијански таленти во последната деценија, конечно добива шанса да почувствува како е да бидеш на тронот во Италија. 
Факт е дека Скудетото пополека се наближува кон Милано, но ние фановите, изгорени од минатите сушни сезони, стрпливо го чекаме, сакаме да веруваме дека е на чекор од нас, ама пак ќе речиме: нека помине уште некое коло, има време, ќе славиме! Во фазата во која следуваат три последователни натпревари со екипи кои не се при врвот, ниту блиску до него, сите се надеваме дека тука може да се прекрши борбата за титулата. Уште повеќе што два од тие натпревари се играат на San Siro, каде по правило, се освен победа е неуспех. Сепак, како и што кажа денес Max, екипата на себе го носи товарот на императив од победа, а притисокот ќе се зголемува на секој следен меч. И секој следен меч е поважен од минатиот, што значи дека нему, а и на цела екипа, веќе не им е важно дали играат против Samp, Brescia, Printer или Roma. Сите тие носат по три бода, а крајната цел е 18 нови до крајот на сезоната.
Она што зимава Sampdoria го изгуби во имињата на Cassano и Pazzini, според многумина е ненадоместливо. Сега ударната сила во екипата од Genoa, треба да бидат просечниот Pozzi и за'рѓаниот Maccarone. Секако дека нивната најсилна страна ќе биде средниот ред, каде ќе најдите имиња како Poli, Palombo, Guberti, Tissone, кои многу ротираат во зависност од противникот и потребите на тренерот. Видовме еднаш годинава во Serie A дека не е лесно да се спротиставиш на таква жилава средина, но исто така видовме и во Купот дека кога имаме разигран напад, Samp неможе да стори ништо. Но и двата споменати натпревари беа одиграни на Marassi, што не треба да се заборави. Кога улогите се променети, работите стануваат очигледни, а гостите се пречекувани како лесен плен.
Со мали проблеми во составот се соочи Allegri при составувањето на екипата. Nesta сеуште не е опоравен, а Ibra ќе го нема малку подолго, ново отсуство и за Janku. Убава вест носи Pirlo и неговото ново враќање во составот, но со мали шанси за настап. Останатите стандардни.
Повикани: Abbiati, Amelia, Abate, Antonini, Oddo, Papastathopuolos, Thiago Silva, Zambrotta, Yepes, Boateng, Emanuelson, Flamini, Gattuso, Pirlo, Seedorf, Strasser, Van Bommel, Cassano, Pato, Robinho.
Повредени: Ambrosini, Bonera, Inzaghi, Jankulovski, Nesta.
Суспендиран: Ibrahimovic.
Верувам дека не постои некој од нас што не се надева и што не верува во победа утре. Реално и треба да ја добиеме, ако целта е шампионска. Едно коло помалку значи многу, плус три бода уште повеќе. Скудетото е на дофат, го осеќаме, нели?


FORZA CAMPIONI!!!

12 comments:

ReBorned said...

Дечки малку оф топик:
Сакам да правам нарачка на дрес од www.acmilan.com (има попуст уште некој ден и away kit и третата варијанта (црната) се 59 еур.
Јас ќе земам бел ама дилемата ми е...
33 TS или 27 Prince
?

Navigator said...

кога јас би земал, би зел без име, ама кога веќе прашуваш меѓу овие двајца мислам дека нема дилеми. КРВ е премногу нов за да му се посвети такво внимание. il monstro is the one! и те молам нарачај еден од Pato за Владе Curva_Sud :)) јас го плаќам!
а сега дајте малку живост, вечер има утакмица. прогнози, новости, состави...

ReBorned said...

Околу вечерашниот натпревар.... не треба воопшто да се мисли дека се овие лесни натпревари, Doria си е Doria без разлика со кои фудбалери е во тимот.
Ако не се лажам и Касталдело нема да им настапи што е уште еден добар момент за нашиот напад каде повторно очекуваме најмногу од головите на Пато и промашените 100 % шанси на Бињо.

Vase_AC Milan said...

Очекувам лесна победа и сериозна игра.И кој знае нека каже дали ќе ја даваат на Телма оти малце сум off pace :D

FORZA RAGAZZI CON CUORE SI VINCE

Navigator said...

Milan - Sampdoria оди на Телма, за чудо! :)

MILAN: Abbiati, Abate, Yepes, Thiago Silva, Zambrotta, Gattuso, Van Bommel, Seedorf, Boateng, Pato, Robinho.

SAMPDORIA: Curci, Volta, Gastaldello, Martinez, Dessena, Tissone, Palombo, Koman, Laczko, Pozzi, Maccarone.

ANDIAMO CAMPIONI!!!

Vase_AC Milan said...

Еиииии па мене не ми е чудно.Пак Бране со неговите тактики,тиња се затоа не ги даваат и неможе да се курчи ;)
Сакам Касано да даде гол и да ја направи интересна - само без картони.

FORZA MILAN

ReBorned said...

Никогаш немаме победа кога Амелија бранел но Кларенс, Кларенс... игра во животна форма!
Respect for Clarence!

CurvaSud_Milan said...

Лелееее Џовинко кревање атмосфера на Сан Сиро!!! :))) ...а така Иване, дрес за мене од Пато а? ако ако не викам не, се што е од Милан прифатливо, па макар било и од Пато:))) Ри, дефинитивно од ТС, без размислување. Може ако сакаш и заедно да напраиме нарачка, ќе ги поделиме трошоците за транспорт. Пиши ако сакаш.

Без разлика колку ме нервира, сепак ми е жал што толку млад фудбалер толку често се повредува!

ReBorned said...

Друже порачката веќе ја направи пријател од Струмица и тоа мега порачка, околу 10-тина дреса, цел прв тим :D
Инаку ако не се лажам доколку нарачката ти е повеќе од 70 евра и транспорт трошоците ти се free. Ама ова само уште некој ден, има акција.
Страв ми е доколку Пато не може да игра следниот натпревар.
И без Златан сме, незнам дали повторно ќе може Clarence да не' вади

ReBorned said...

Премногу перфектна вечер! Се надевам дека Абијати и Пато нема да ја расипат...
Браво момци!

Navigator said...

идеална претстава, но е и идеален меч. момците одиграа баш онолку колку им требаше, но повредите не Abbiati и Pato пак некако ни ја загорчуваат победата. и јас искрено се надевам дека не се толку озбилни. повеќе ми е за Кичо, бидејќи не разбравме што беше причината, додека кај патката е јасно дека дојде до истегнување на задна ложа. само да не е скинат мускул, па да треба да мирува околу месец дена. ако не, за Bologna ќе биди фит.
Seedorf игра препородено, како и неколку други постари играчи годинава. очигледно колку е посакувана титулата кај сите во клубот. атмосферата е таква од почеток на сезоната до сега, па нема причина да не се радуваме на ново Скудето негде во ран Мај.
Milan игра толку доминантно во најголем број натпревари, што на периоди противниците изгледаат смешни. јас неможам да замислам како се осеќаше денес Maccarone или пак Pozzi. комплетно непотребни, отсечени, како да се на терен колку да пополнат број. а па од друга страна замислувам како му беше на Volta, најслабиот играч на Samp вечерва. милион пати надмудрен, изигран, исмеан... језиво! :)
и пред да им ја честитам новата победа на Max и момците, морам уште добро да се изнасмеам на резултатот од Parma :D по вклучувањата што ги имавме во текот на мечот, ти се чини дека гнасите можеја да изгубат 4:1, најмалку. се се поклопува полека-полека и сепак ми се чини дека овие три кола кои ги сметавме за полесни, ќе ја донесат титулата.
сега очекуваме реми во Неапол и полека се припремаме за нов пеколен пречек. овојпат за големите должници - Palermo!

CAMPIONI SIAMO NOI!!!

ReBorned said...

И Наполи има некоја фортуна, утревечер Удинезе ќе настапи во Неапол без најдобрите, ударното дуо, Ди Натале и Санчез. Барем еден од нив да играше :(