Translate

Friday, 1 April 2011

Finalmente

Дојде денот, без пардон смеам да кажам најважното дерби во последните 7 години.Не дека не сме биле во позиција да се бориме за скудето во директен дуел со принтер, но ова е прв пат по подолго време Милан да ја има пол позицијата, и прв пат по којзнае колку време двата тима да се скоро израмнети.

Онаа стара добра позната чуена по 1000 пати изјава дека “дербито ништо не решава” и овојпат како звоно одекна од двате табора, иако сите знаеме дека тоа е еден од најстарите трикови за спласнување на притисокот од нозете на играчите.

Нашиот доскорашен миленик Лео првпат игра против своите, му посакувам неуспех како што и впрочем гласеше една неодамнешна изјава на Рино Гатузо велејќи дека му посакува среќа на Лео во принтер, но притоа ништо да не освои.

За составот мислам дека ни самиот Макс не е сигурен моментално, јас како и секогаш оптимистички ќе погодувам а нешто ѕирнав дека “преродениот” погодува состави 2 дена претходно??2 натпревара по ред??ќе видиме за тоа :)

Абијати
Абате,Неста,Т.Силва,Антонини
Гатузо,Ван Бомел,Сидорф
Боатенг
Пато,Робињо

Пирло сеуште не е подготвен за 90 мин и се очекува да добие шанса во вториот дел, однекаде никна информација дека Ван Бомел е неизвесен и дека Фламс би улетал на негово место што ни дава уште еден орач во тимот и + уште еден жолт картон додека пак Касано ќе си ја чека својата шанса од клупата, се разбира зависно од резултатот.


Идеме јако момци, уште 8 утакмици броејќи од оваа мора да издржиме до крај!Скудетото е наше!!




FORZA MILAN !!!

45 comments:

Navigator said...

Ultra бре, кај си ти досеа?? :)
инаку друже собирот е во Lulu, доле во Бисер околу 20.15-20.30
колку што се сеќавам, тоа ти беше во дворот што би се рекло :) мене ме знаеш веќе, така да ќе се најдиме брзо..и сега уште Владе да ми потврди, ако не е заминат за Милано :P

јас со мој осврт на дербито ќе се јавам во текот на денот!

COME SEMPRE AL INIZIO STAGIONE,
INTERISTA FAI LO SPACCONE...!!!

ReBorned said...

„И одеднаш кога сите мислеа дека дигна раце од се', се издигна како Феникс од пепелта и ... и... и... напиша пост!“
Добредојде назад.
Околу составот имаш некои киксеви уште од самиот старт ;)

Рино и Фламс се сигурни а „битката“ се води меѓу Кларенс и The Boss (со тоа што Кларенс е во предност засега). Другиот дел е во ред освен (внимавајте овде) на лев бек може да влета Замбро од самиот старт!
Јас лично сметам дека треба да одиме офанзивно. Ова не го велам како напален тинејџер кој на секој натпревар на неговиот омилен тим оди со зборови како „да ги прегазиме, дебакл и сл.“ туку со ладна глава.
Реално нивниот напад па и нивниот среден ред е подобар од нашиот. Но затоа (со оглед на отсуствата) во одбраната би требало да бидат слаби, ранливи (знам дека нешто слично пишував и пред реваншот со Тотенхем но таква е ситуацијата на теренот). Затоа мора да ги нападнеме назад, со победа одиме на +5. Мислам дека со солидната 4-3-БОА-2 која на моменти во натпреварот би можела да се прелива во широки 4-3-3 со БОА и Бињо по страните, можеме да им направиме доста проблеми назад посебно со широки 4-3-3 со кои би се развлекла нивната одбрана и со тоа би имало повеќе простор централно за Пато. Не треба да играме на реми колку и тоа да ни одговарало или не (а не ни баш многу бидејки имаме екстремно потежок распоред до крајот).
---------------------
Сега да го одбележиме денот:

- Се наоѓате во соба со тигар, кобра и навивач на Интер а имате пиштол со само 2 куршуми, што ќе правите?
- Ќе пукам во навивачот на Интер... двапати!

----------------------
- Мамо, Мамо, бато се обеси во гаражата!!!
- Аман ма ќерко, што збориш?!?!?!
- Априлили, на таванот!!

Anonymous said...

20:30 пред Лулу, ќе те видам не си баш низок ти :)
Е шооо киксеви бе?Марк е повеќе од доубтфул?инџрд е?Марк е д бос?ако играме со фламс,рино,ван бомел и принс нозе има да летаат по теренот, па после ќе ми биде криво шо зублето лусио не игра пошо е мн интересен коа се љути :)
а за вицот....нормално 2 куршума за него, со тигарот и кобрата некако ќе се разберам ама него не можам да го разберам....

FORZA MILAN !!!

ReBorned said...

Pirlo не е меѓу повиканите...

kiko_pato said...

и се прашувам зошто не е меѓу повиканите, нели се опорави само не беше подготвен за цел натпревар...

Navigator said...

за почеток, еве ги повиканите за Дербито:

Abbiati, Amelia, Abate, Antonini, Nesta, Papastathopoulos, Thiago Silva, Zambrotta, Yepes, Boateng, Emanuelson, Flamini, Gattuso, Merkel, Seedorf, Strasser, Van Bommel, Cassano, Pato, Robinho.

Indisponibili: Bonera, Jankulovski, Ambrosini, Pirlo, Inzaghi.

Anonymous said...

ммм и ја видов тоа и се изненадив.
Од тие 20 папа и страсер/меркел одма отпаѓаат и ги добиваме 18те(како и секогаш нели)
А и мене сеа нешто ме влече дека сидорф ќе почне као роденденски поклон....заедно со боа фламс и рино нели.
Andiamoooooooo

Navigator said...

и мене ме изненади изоставувањето на Pirlo од составот, мислев дека е спремен барем да влета како измена и да понуди квалитет и искуство плус на вака битен натпревар..штета за него и за цел тим воопшто..
вториот дел од дуелот на градските ривали се испостави дека ќе биде едно од најбитните меѓусебни соочувања изминатите неколку декади..скоро и да не се сеќаваме, со оглед на нашите години, на Дерби кое буквално може да одлучи кој од екипите од Милано ќе го освои Скудетото..и покрај изјавите од двете страни како овој меч не е решавачки и постојаното потенцирање на фактот дека после овој има уште цели 7 исто толку натпревари, сите знаеме да пресметаме која ќе биде разликата во трите сценарија..барем до толку, секој кој е заинтересиран за Дербито ја владее математиката за да може да изброи до +5 или скраја да е -1..освен тоа, имаме зборувано во милион наврати како ваков директен дуел носи 6, а не 3 бода..
инаку она што го дискутиравме пред некое време околу таа "доволно офанзивна" тактика, може да се испостави како одлучувачки потег на Max..овојпат офанзивниот дел ќе биде најголемата главоболка за тренерот, сметајки ја тука и одлуката кој да почне на trequartista..дури и ако тоа е одлучено, односно КРВ да биде офанзивниот везњак, тогаш кои двајца од тројцата напаѓачи ќе добијат шанса да им се спротистават на "најомразените"..
последните ден-два протекоа неколку добри и неколку лоши вести од противничкиот табор..опоравувањето на Ranocchia е огромно олеснување за предавникот, со оглед на никаквата одбрана што ја имаат на располагање..лошо е и што Snejider пак се враќа во добра форма, а знаеме колку играта на Шинтер зависи од него..опоравувањето на Milito мене лично ме израдува повеќе од било кој шинтерски навивач и би бил пресреќен ако по некоја идиотка логика тој го превземи местото на сосема солидниот Pazzini..но ни тој, а уште помалку Pandev не се толку опасни како Eto'o и тоа сите го знаеме..најголемиот проблем ќе доаѓа од него, дефинитивно, уште повеќе ако Leo е доволно паметен па го смести по десната страна, со што би го избегнал Abate како чувар, а би добил далеку побавен и полош дефанзивец, без оглед кој ќе игра на лев бек..
нашата најголема прилика за победа мора да биде слабата и невоиграна принтерова одбрана..со оглед на тоа дека имаат цврст и искусен пар на DMC во имињата на Zanetti и Cambiasso, лично не очекувам Prince да се изнаигра и да може да стори нешто повеќе во проигрувањето на напаѓачите..тоа би значело дека исходот на Дербито многу ќе зависи од индивидуалните перформанси на Pato пред се, но и на Cassano како мој втор избор во нападот..

Navigator said...

во средината би ги уфрлил MVB, Rino и Seedorf иако можеби многу од вас нема да се сложат со мене..мое мислење е дека искуството пред се ги добива ваквите натпревари кои носат огрмна пресија..само сетете се што значи кога вистински млад миланист ќе одигра со срце, а не со ум и одма ќе ви текне на црвениот картон на Abate минатото Дерби..кога сме кај притисокот, дефинитивно најнезгодно ќе се осеќа предавникот..си го заслужи тоа! одвај чекам да ги видам трнаспарентите на Curva Sud посветени нему..се надевам ќе се изгуби доволно во текот на мечот, прелетувајки му пред очи сите оние сезони поминати во светиот дрес..
ќе биди жестоко во секој случај, а ќе добие оној кој што ќе има повеќе ладни глави на теренот..моите очекувања се логични, исти како на сите rossoneri..одиме на победа, но ако зборувам за задоволување од резултат, глупаво или детски би било да речам дека не сум задоволен со реми..при таков иход можеби нема да славам утре, но многу извесно дека ќе славам за некоја недела :)

во секој случај, ПОБЕДА ПРЕД СЕ!!!

MILANO SIAMO NOI!!! INTERISTA DIVENTI PAZZO!!! PAZZA INTER SOGNALA!!! ANDIAMO ROSSONERI!!! и што уште не ми доаѓа да извикам..ама многу е доцна, па ќе пробам да се воздржам :) ќе речам само...

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

а Владе ако ми забушиш уште еднаш и да не дојдеш на собиранка како против Tot'nam, ти го мењам никот..нема да го заслужуваш веќе :)

ReBorned said...

Па сега ти Владе мисли му ја!
Мене ме делат околу 340 км. во двата правца од гледање на дуелот заедно со Вас но да бидам искрен и кога би имал шанса сигурно би дошол да се запознаеме и да подискутираме на нам заеднички цели но Милан ми е најубаво кога го гледам сосема сам.
Од Боатенг не очекувам којзнае какви додавања кон навивачите колку што ги очекувам тие само нему карактеристични влетувања во срцето на шеснаесетникот и петерецот на ривалот, тие негови уфрлања буквално во 5 до 12 и финален touch за пласирање на топката во мрежата. Сите негови голови во дресот на Милан се такви, со влетување во 16-никот и финален допир. А тоа е толку тешко да се брани затоа што фудбалерот влетува без топка и после има само еден допир. Ако Робињо и особено Пато знаат тоа да го ценат Боатенг може да биде човекот на одлука.
Forza Milan!!!

Navigator said...

ќе се сложам дека најдобро е да гледаш сам, на мира, само што никогаш го немам гледано Milan со повеќе од 5-6 навивачи и баш сакам да осетам како е во кафич полн со росонери да прославиш победа на едно Дерби..
а за Boa, мислам дека тоа е единствената работа од која тимот може да има корист..особено во ситуација кога имаме наша трансформација од одбрана во надад, одбегнувајки ги, ако може да се рече, неговите чувари од DMC линијата..а потоа, покрај Chivu и тукушто опоравен Ranocchia или уште подобро Cordoba би било лесно за него да го одработи неговиот final touch..
според мене, key battles ќе бидат оние на Pato-Ranochhia&Nagatomo, Abate-Eto'o, MVB-Snejider, но најбитна од сито овие ми се чини посладната..кој од холанѓаните ќе ја добие средината ќе му даде на својот тим огромна предност..

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Јас мислам дека ќе го игра Занети на лев бек за уште подобро да ја зацврсти одбраната а во средниот ред како десктруктивци ќе бидат Камбиасо + Тиаго Мота.

Изјава на популарниот Il Barone, односно Giancarlo Capelli, историскиот лидер на Curva Sud околу кореографијата за вечерашниот натпревар:

"I say that about Leonardo, the 25-year presidency and of course Mr Berlusconi's rivals Inter.'s Been months since the boys are working, too many people, are working, will be a great thing, a beautiful thing."

Navigator said...

можна е и таа комбинација, ама скоро сум сигурен дека за Motta нема место во стартерите..дури и ако Zanetti биди поставен на бек, побрзо Stankovic би добил шанса..
а за кореографијата, неможам да дочекам да ја видам...

ReBorned said...

Го гледам „малото“ дерби во живо. Во овие моменти 1-0 со фантастичен гол на ВЕРДИИИИИЊООООООО со лева во горниот десен агол на гостинскиот голман.

Кој е заинтересиран, бујрум:
http://calcion.eu/live27.htm

П.С Фосати е класа, вистинска класа!

ReBorned said...

Вердињо е машинка! Штета што е со толку слаб физикус, би заиграл веднаш во сениорите

Navigator said...

го гледам, иако со сецкање :) какво загревање за вечерва...

Anonymous said...

То бе ри, и јас да ги фатам еднаш младинциве!!

ReBorned said...

Го видовте на крајот пак... добро голче на Верди а? :)

CurvaSud_Milan said...

Е што сеа ја глуп сум да не гледам :))) ...иначе за вечер незнам што ќе праам, имам да бирам да гледам со другар интераш кај него дома со уште еден миланез или со вас во чиста "етничка" средина! ама ова заканава сеа со никот ме замисли...:))) ...иначе за Милано незнаете какви фрки настанаа, ни ветија дека имаме два билети, а ние тројца и такви целите прво изнервирани и после размисливме и среќни целите викаме тргаме една карта ќе најдеме на црно, и после саат време ни се јавуваат пу пу неважи ги немате ни тие две!! ...за наредна година од август ќе припремам терен, ќе си извадам cuore rossonero card за да можам да си купам карта ко чоек! мн неизвеснот за ништо, но што е тука повеќе среќа следниот пат! :) FORZA MILAN!!!

CurvaSud_Milan said...

Среќа што ја фатив, замисли од 2 да беше почната, ќе ја промашев :)))

Navigator said...

одлично! :) "малото Дерби" е наше!
и што е многу битно, осма победа со ред на младинците..една серија која почна на крајот на Јануари после поразот од лидерот Varese..со ова денес, превземено е второто место од Printer, но Varese e далеку напред со осум бода разлика на 4 кола пред крајот..сепак, небитно кој ќе заврши како прв во групата, првите две екипи од трите групи одат директно во финалната фаза каде учествуваат 8 екипи, а тритите, четвртите и двете најдобри петти екипи играат еден вид на play-off

Navigator said...

ова претходно не беше дека се правам нешто паметен, туку само колку сите да се запознаеме подобро со видов на натпреварувањето на нашите надежи..
а за тебе Владе баш ми е криво што не замина, ќе ми донесеше едно знаменце (уште тоа ми фали од реквизитите)..
а ако планираш да доаѓаш вечерва, добредојден си, ќе ме најдиш во Lulu!

одиме сега на големото Дерби... FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Ме чуди фактот што во сезона кога имаме неверојатни играчи во нападот нас одбраната ни е најјака страна.Малку језиво ми е тоа но како викаат "одбраната носи титули" и се надевам дека тоа ќе се оствари.
Како прво јас сакам да упатам извинување до сите вас зошто долго време ме немаше на блогов.Едноставно по поразот со Палермо страшно паднав психички и сакав да се оттргнам од се што ме поврзува со светиот клуб.Многу тешко ми падна немоќта на екипата која никогаш сезонава не била така немоќна,без шанси,без упатени удари кон гол.
Сега со бистар ум и наполнети батерии се враќам баш за најголемата утакмица во сезоната :)
Покрај сите апстиненции кои ги имаме мислам дека составот за вечер ќе биде повеќе од солиден.Добра му е идејата на Мах за Сидорф да игра лево во средниот ред затоа што тоа му е на некој начин природна позиција а ќе ја има и улогата на Пирло,што значи дека тепањето ќе биде задача на Гатузо и Ван Касапов.
Огромна поддршка мислам дека ќе ни дадат тифозите,секако дека нашиот глас нема да стаса до таму но 70 000 миланисти на едно место.....можам само да замислам како ќе биде.
Знаеме дека дерби дуелите на ЛеоМердо му се слаба точка,а пеколната атмосфера ќе допринесе да тој комплетно се изгуби.Мора да се искористат тие страшни падови кои ги имаат во играта.Одбраната им е решето,бадијала се врати Ранокиа сепак играчот е сеуште млад и неискусен а и го нема постигнато максимумот сеуште,така да не гледам предност во тој аспект на играта кај нив.
Наша задача би требало да биде малку побрза игра и да се спушти топката на земја за Пато Бињо и Касано да можат да го напаѓаат бавниот Ранокиа.Но тоа што навистина ќе го одлучи дербито е интензитетот на играта и борбата на теренот.Ги имаме сите идеални услови за тоа,играчи,публика,шанса за скудето по толку години.
Нерешен резултат би била добра опција но ако се прави нешто нека се прави со стил,да ги тепаме сега и да им докажеме кој го заслужува пехарот.Се согласувам дека нема ништо да реши исходот на утакмицава но ќе направи еден одреден тек на настаните во продолжението на првенството.

ANDIAMO RAGAZZI CON CUORE SI VINCE
FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA

ReBorned said...

И една информација специјално за несудениот пат до Италија на нашиот колега:

AC Milan communicates it has been found to exist other than a counterfeit of the race Milan-Inter. Some of these tickets can be traced to a series reported in a press release can be found on the official website of the company.
Remember that fake tickets of any kind will not allow access to the stadium and that people still try to use them will be identified and reported to the Police.

ReBorned said...

Head of Milan ultras arrested


The agents of Digos, after the routine checks carried out on the material used by the ultras for the choreography, have arrested the leader Giuseppe Meazza stadium of the "Commando Ultras Tigre" for possession of explosives and violation of the Arms Act.
On board of his car - as reported by the agency Ansa - the agents found a handmade explosive device, described as "the deadly potential, four knives, a baseball bat and a can of spray stinging.

Инаку дотичните јас не ги сметам за вистински навивачи на Милан, т.н тигри се тешки ултраси, всушност тоа се истите тие лица кои свиреа на простувањето на Il Capitano од светиот дрес лани (се сеќавате нели?).
За нив единствен Il Capitano во Милан е Franco Baresi (којшто патем речено јас страшно го почитувам).

ReBorned said...

И можеби сум досаден но мора уште ова:
Директорот на tuttomercatoweb и уредник на Sportitalia, Michele Criscitiello со тешки зборови пред ова дерби:
„Очекувам дербито да го реши нападот со оглед на фактот дека 7 фудбалери од оние 22 што ќе истрчаат на теренот се офанзивци. Алегри ќе започне со 2 шпица и еден полушпиц а Леонардо со плејмејкер и тројца напаѓачи.“ (неговата т.н fantasy формација која на моменти ја играше и кај нас лани).
(Сега се тешките зборови) „Леонардо? Во однос на тактичката подготвеност го сметам за просечен тренер кој лани не ми делуваше баш најдобро на клупата на Милан. Денес навивачите на Милан неговиот потег не го сметаат за професионален но и со право! Во Италија постојат 300 тренерски клупи и ако само после 3 месеци ти ја одбереш клупата на Интер тоа покажува дека немаш човечки вредности!“

Anonymous said...

Напротив иване информацииве се добредојдени, ич не ги следам младинциве :)
Се слагам Ри, вистинските навивачи се со клубот и во добро и во лошо, а неможам да го најдам ни едното ни другото во исвиркување на капитенот,исвиркување на играчот на кој навивачите на најголемиот ривал му аплаудирале но мора да има и такви навивачи нели.
Освртот на Микеле за натпреварот е многу прецизен, на почетокот на заминувањето на Лео во принтер не гледав како што гледам сега, а мислам дека и самиот полека станува свесен што направил.

Anonymous said...

А по се изгледа нечија желба ќе се исполни...

Абијати
Абате,Неста,Силва,Замброта
Гатузо,Ван Бомел,Сидорф
Боатенг
Пато,Робињо

99% е сигурно дека вака почнуваме.

Цезар
Маикон,Ранокиа,Киву,Занети
Мота,Камбијасо
Снајдер
Панев,Ето,Пацини

98% е сигурно дека вака ќе почнат.


Ако некој ме прашува мене мислам дека Касано може повеќе да придонесе од Пато во нападот, пред се затоа што тој е единствен вистински плејмејкер во моментов и ќе создава многу шанси за Пато,ама тоа и е проблемот што Пато осамен напред тешко ќе функционира.Сума сумарум е дека многу зависи како ќе се покаже Робињо за кого мислам дека е време да блесне.

Navigator said...

прочитав за апсењето и искрено ме зачуди..мислев дека таквите пресметки на стадионите се веќе подзаборавени, особено во градските дербиа, каде има ужасно голем број на полиција во и околу стадионот..само се плашев да не му запленат некој транспарент, па да останиме покуси за едно понужување плус на предавникот :)
а за зборовите на Criscitiello, навистина се тешки, ама па и целосно вистинити..

Navigator said...

ова е мојот посакуван состав Ultra, со една промена Cassano наместо Robinho..а за нив веќе ич уво не ме боли, секако ќе го јадат... :)

ANDIAMOOOOOO CAMPIONI!!!

ReBorned said...

MVB против Sneijder :)

Јас сепак мислам дека вака е подобро со Касано во вториот дел, тогаш може да биде поопасен.
Само некако се плашам Пато и Робињо да не бидат дезориентирани напред, двајцата ми делуваат некако хаотично :)
Реков дека Замбро ќе биде стартер на лев бек ;)

Anonymous said...

Мхм, искуството пред се.
Сите се слагаме тука, знаеме што значи еден Касано кој е има деценија искуство во италијанскиот фудбал и којзнае колку дуели против принтер се чини последниот trequartista но тоа е тоа.45 мин од почетокот,иване јас тргам сега се гледаме :)

Anonymous said...

MILAN: Abbiati, Abate, Nesta, Thiago Silva, Zambrotta, Gattuso, Van Bommel, Seedorf, Boateng, Pato, Robinho.
INTER: Julio Cesar, Maicon, Ranocchia, Chivu, Zanetti, Thiago Motta, Cambiasso, Sneijder, Pandev, Eto’o, Pazzini.

Се надевам дека сите кои ќе играат ќе го остават срцето на теренот и ќе осигураат победа.

FORZA MILAN CON CUORE SI VINCE

ReBorned said...

MILAN: Abbiati, Abate, Nesta, Thiago Silva, Zambrotta, Gattuso, Van Bommel, Seedorf, Boateng, Pato, Robinho.

INTER: Julio Cesar, Maicon, Ranocchia, Chivu, Zanetti, Thiago Motta, Cambiasso, Sneijder, Pandev, Eto’o, Pazzini.

Реков дека Замброта ќе игра на лев бек и дека Занети ќе игра на бек а Тиаго Мота и Камбиасо на DMC.

Многу офанзивна игра на Леонардо и јас би рекол стабилна постава на Алерги!
Forza Milan!!!

ReBorned said...

Ќе играме 4-3-1-2 во напад која ќе се трансформира во 4-4-1-1 во одбрана. Со текот на натпреварот тие напаѓачки 4-3-1-2 можат и да се менуваат во широки 4-3-3.
Одиме на победа! Forza Milan!!!

CurvaSud_Milan said...

Сепак Скај Спорт ХД и дуел директен со интераш преовлада :))) како и да е ако победиме може на едно пиво да идеме утре онака да прославиме :) FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Само да издржиме.Ми се чини дека иако изгледаме некако незаинтересирани во нападот може во секој момент гол да падне зошто стварно се за срамови.Пенал немаше за нас при ударот на Сидорф што е донекаде нормално со оглед на нашиот противник е сега уште да немаат толку среќа и да прават шанси од никаде мислам дека ќе се поклопат сите коцки.


FORZA RAGAZZI

ReBorned said...

Изгледа на Робињо му падна жал за Леонардо како негов сонародник па не приреди вистински дебакл (не дека ова не е)
Forza Milan!!!

kiko_pato said...

АААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА!!

Navigator said...

кажи Кико, што е? да не ти е лошо? :)

CAMPIONEEEEEE, CAMPIONEEEEEE, MILAAAAAAN CAMPIONE!!!

Anonymous said...

пост момци пост чекам :)

Anonymous said...

не оној велигденскиот

Navigator said...

еве Ultra јас пишувам, иако ти реков дека немам време..за овој меч мора да има :) се надевам нема да биде многу долг..кажете одма ако некој пишува!

FORZA MILAN!!!

kiko_pato said...

лошо во никој случај не ми е... само ми е убаво на душичкава :)))