Translate

Monday, 11 April 2011

6 games to go


(Grande Clarence)

Старт на натпреварот баш како што посакувавме, ран гол(и тоа каков) и целосна теренска надмоќ едноставно не им ја дававме топката на Виола.Ништо посериозно се до 41вата минута кога Ибра,Принс и Пато одлично комбинираа за на крај овој последниот со рутиниран финиш да зголеми на 2-0 и веќе сигурна предност на полувремето.

Второто полувреме скоро исто како и првото само еден тим играше и она што вреди да се издвои е 100% шанса на Ибрахимович во 52рата минута и одличното 1-2 проигрување со Патката кое повторно заврши без успех.Поради ова бевме казнети во 78мата минута преку Варгас кој после толку пување успеа да даде гол со помош градите на Гатузо.И конечно за крај глупоста на Ибра кој доби втор жолт картон(а и без вториот ќе го пропуштеше следниот натпревар бидејќи тоа беше негов 8ми во првенството)а исклучување после одлежување на суспензија значи уште еден натпревар неиграње и кога на ова ќе се додаде пцуењето кое наводно не беше наменето кон помошниот судија(навистина не сум сигурен неможам да тврдам, мада у англија секоја недела гледаме како тери им вика на судиите фак ов па никому ништо)тогаш ја добиваме суспензијата од 3 натпревари која ја доби.Милан денес преку својот сајт објави дека ќе се жали за казната но тешко дека ќе се сожалат од федерацијата бидејќи веќе еднаш ни прогледаа низ прсти.
Тоа е тоа момци идеме даље, нареден предизвик: Сампдорија! Кога ми текнува на Самп се ми иде на оној 3-0 натпревар од минатата сезона ако не се жалам совршен натпревар според мене кога во половина час(23 минути ќе да беа)го решивме противникот со 2 гола на Марко Ван Бориело по 2 асистенции на Дињо.Некако пак ми иде накај тој резултат мада не би се залетувал многу многу.

(Ја играат ли ветераните последната сезона во Милан?)


П.С. Никако тој џиралдињо(ко што би рекле од мтв) да се радува на гол против нас абе никако пустиот само изјавува дека ќе се радува, и радува, и радува, и радува....

П.П.С. Со среќа 50ти гол на Пато во Серија А! 250 да постигне!

FORZA MILAN!!!

24 comments:

ReBorned said...

Убав колаж момче, браво!
Незнам што се случува ова со Златан, Касано, Златан...
Едноставно како сами да сакаме да си ги искомплицираме работите...
Се надевам дека нема да успееме во тоа...

Anonymous said...

Благодарам :) се обидам да правам најсликовити постови пошто некогаш не ми се пишува, а нели сликата кажува илјада зборови :)

Anonymous said...

Запазете ова...
Ја симнав Милан-Принтер во хд( се симнуваше околу 15 часа)па ми бараше влц за да ја гледам и сеа се топ ја пуштам звук има слика слабо, мислам ја има ама премногу касни премногу сецка како гта сан андреас на пентиум 3 појачан.
Чаре ениуан?

Navigator said...

добар си Ultra, добар :) и мене ми беше во план да направам нешто слично за натпреварите што претстојат, но како што бива обично, некој ме претекна..углавно го кажа она што го мислев..јас само би додал дека казната за Ibra доколку е три меча, сепак нема да биде страшна со оглед на следните три противници..Sapm дома, Brescia на гости и Bologna пак дома, не смееат да бидат "тешки" противници за еден шампион во најава..уште повеќе тоа што во тимот имаме уште тројца врвни напаѓачи..незнам од каде таа инпирација за глупости на двајцата поцрвенети, најверојатно се работи само за неможност за подолготрајно контролирање на одвратните темпераменти..мое мислење е дека ако овие три натпревари се добијат, што и реално е за очекување, Скудетото ќе биде на дофат..уште па ако знаеме дека Printer гостува кај незгодната Parma и го пречекува крутиот Lazio, додека Napoli во следните три кола се соочува со сериозни екипи како Udinese, Palermo на Сицилија и Genoa, ОВА Е МОМЕНТОТ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ИСКОРИСТИ!

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Па може да се каже дека во добро време дојде казнава на Ибра.Ни следуваат на хартија лесни утакмици со отпишаната Сампдориа и Болоња дома а у гости со Бреша која успеа да го е** принтер.Но исто така планираните 3 бода со Бари не ни легнаа на конто затоа да си бидеме мирни да не крекаме многу :D
Мислев дека отсуството на Ибра е многу битно но кога го видов тимот на натпреварот со мердите сватиф дека се зависи од Пато,нека ни е жив и здрав.
Со виолата изиграа многу зрело да не речам шампионски а како се вртат работите чудно некако,во наша насока.Се зборуваше за нас дека имаме пеколен распоред и дека другите конкуренти се во подобра позиција но сега некако работите поинаку ми стојат.Тоа кажува колку само Милан е потценуван и омразен помеѓу масата во Италија.Но секогаш сме успеале да им ги затнеме устите и верувам дека оваа година ќе биде истата песна.Се е во наши раце.

FORZA MILAN SIEMPRE CON TE

Anonymous said...

Остај удинезе палермо и џенова а шо прајме со тоа што наполи игра и со јуве и принтер?!се испукаа они против послабите ама против другите ќе ги видиме сеа ја мислам фаил ќе напраат нешто слично како и принтер и искрено се надевам барем нерешено со рома нагости и со победа над каљари дома во последното коло да си ја славиме титулата :)

Navigator said...

јас сум убеден дека последниот натпревар ќе биди скроз небитен..ако не се осигура титулата порано, тоа дефинитивно ќе биди против Cagliari И ТОА ДОМА!! :) која фешта...

Anonymous said...

Да само што сум убеден дека бранче од телма пријателот ќе ни го ускрати славењето на играчите и навивачите така да ќе мора преку стримови да бидеме спремни да осетиме барем дел од атмосверата.
п.с. коментар-неповрат...

Anonymous said...

AC Milan - Sampdoria win
AC Milan - Palermo win
Brescia - AC Milan win
AC Milan - Bologna win
Roma - AC Milan win/draw
Palermo - AC Milan win/draw
AC Milan - Caglari win
Udinese - AC Milan win/draw/loss

Ако ме прашува некој мене совршена разврска :)
Посебно сум фокусиран на двомечот со Палермо ПРЕМНОГУ ни должат!неможе да да не победиме тим што игра нерешено 2-2 со чезена,што губи 4-0 од катанија(безразлика што е дерби),тим што губи 0-7 дома,од тим чиј претседател менува 2-3 тренери на секој месец дена.
Можам со чисто срце да кажам дека сум фрустриран од нив и дека се освен пласман во финале ќе биде неуспех.А таму се надевам на градско дерби, едно вистинско куп финале што се случило само еднаш во 1977мата година и каде што сме победиле и од тогаш па се до денес само во 2003тата година го имаме освоено ова натпреварување.Можеби многу се залетав но ако освоиме дупла круна за мене тоа ќе биде и сосема добро надоместување за раната елиминација од ЛШ.

ReBorned said...

Pato, which mediates goal! Only the "phenomenon" more than you
13.04.2011 09:30 di Pietro Mazzara

Alexandre Pato second only to Ronaldo.And 'this data that shows a statistical research published this morning on the Gazzetta dello Sport that examined the performance of some great players at the age of the duck and it appears that the Milan striker, who has put in Serie A scored 50 goals in 99 appearances, has an average realization of 0.51 goals per game. Before him, as mentioned, only the phenomenon that the same age as Pato, including PSV Eindhoven and Barcelona, ​​he scored 98 goals in 112 games. Messi, is in third place with an average of 0.473

Anonymous said...

Нека се пува колку сака, се додека дава важни голови и одлучува натпревари а го прави тоа тогаш супер :)
И ајде момци малце поактивно да се развие некоја дискусија, еве на пример зошто никој не ми помага со мојот проблем за симнатата утакмица :)

CurvaSud_Milan said...
This comment has been removed by the author.
CurvaSud_Milan said...

Реков, капа доле за фудбалските квалитети ама ова http://www.youtube.com/watch?v=vHmziDF6X70(и куп други вавки ситуации) нема никогаш да го заборавам! и колку повеќе го гледам видеово толку повеќе ми станува антипатичен! ...епа колку сака нека дава голови, ама на дерби против Интер на водечки гол ти така да изреагираш, а при тоа сите 10 играчи плус 80 000 гледачи се во еуфорија, незбори за ништо друго освен за егоистичност!! ...а такви луѓе презирам!

Navigator said...

како тема ја предлагам новата шпекулација за Ronaldo, после цела таа фрка околу Ganso како да е најдобриот фудбалер на светот..настрана од тоа што повеќе од пола од навивачите го знаат само од youtube, цената што ја бара Santos, па и тоа "држи-недај" ми се одмили дечкото..таква еуфорија се создаде што при евентуален трансфер сите ќе очекуваат да игра како Messi..и најверојатно за месев-два тие истите ќе почнат да го бркаат и да го пцујат, како што се прави сега за Ibra..
а за Ronaldo, што да кажам? еден од најголемите мајстори на играта..исто така и еден од најголемите лигуши и пример за прост фудбалер..талентот и перформансите му дозволуваат огромна слобода и во играта и во однесувањето, но тој незнае тоа да го искористи..се глупира на секој можен натпревар, дали преку некои ефтини симулации или преку идиотски прославувања на голови, смешни обиди за провоцирање на противници... едноставно те тера да не го сакаш, да ти биде одбивен! и тоа е мислењето на скоро секој фан, освен на фановите за тимовите каде игра..
и по цел овој муабет, пак ќе ми текни на неговата фудбалска генијалност и останувам збунет..сепак сумирано, јас сум ПРОТИВ CR ВО MILAN!

P.S. Поздрав до комшиите од Raul :)

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Пошто еден коментар ми отиде кај што не треба ќе си ја пишам скратената верзија.
Гансо не вреди 30 мил, Гансо вреди максимум 10м.
Факти:
-Кака 8м (2003)
-Пато 22(мислам дека го држи рекордот за најскапо платен играч под 20 год.) (2007)
Такво време дојде иване што трансфер цените растат сакале или нејќеле.
КР7 ќе дојде кај нас за некои 5-6 год, убеден сум во тоа.
Факти:
-Ривалдо,Роналдо,Роналдињо,Бекам,Ибрахимович...суперстарови кои ако во нормални услови некои ми кажел дека некогаш ќе играат за Милан јас би се насмеал.
-Скоро секоја желба на Берлускони се исполнува.

Anonymous said...

7-3 подобро да не сум во 1/4 финалето на ЛШ одколку да бидам елимиран со таков резултат на агрегат :)
Коа више отворивме тема за трансфери....морам да си кажам што ми лежи на душичката...

2 defenders кришчито,контрао
1 midlefielder монтоливо,гансо
1 striker(optional)

-ни треба стабилен лев бек
-ни треба стабилна замена за Неста/Силва(и покрај доаѓањето на Мексес)
-ни треба креативец!плејмејкер во вистинска смисла на зборот некој што ќе ги влече конците од средината,кака,снајдер,пирло, се во едно таков играч ни треба.
-а напаѓач и не баш, се зависи само дали Инзаги ќе може повторно да игра или не,ако игра уште една сезона тогаш не ни треба напаѓач.
Мислам дека оваа сезона сум најскромен од сите досега :)

Притоа би сакал да им се заблагодарам на соработката на:

Одо,Легротаље(мислам хелоу),Папастопулос,Ѕамброта,Сидорф.

Е сега не е се така едноставно, ситуациите со ѕамбро,кларенс,гатузо и пирло се неизвесни.Сепак мислам дека не очекува жешко лето, Берлу вети 2 големи засилувања што по дефиниција значи некој тапа трансфер ако ви текнува на времето кога ветуваше и ништо не праеше,а прошлата годна си ќутеше и го смени целиот ростер :)
FORZA MILAN

Anonymous said...

Денеска е најсреќниот ден во животот на Касано.Сабајлинава жена му му роди синче кое го крстија Кристофер (ама чудно име).Можеби сега ќе се смири конечно?????
Шпекулациите околу шиникот (Роналдо) самиот Берлускони си ги намести,и мислам непотребно само зошто во овој период треба да бидат сите фокусирани само кон една цел.За тоа дека ќе дојде за неколку години во Милан точно е и јасно е но сега е многу нереално да се очекува јас мислам.Реал пред 2 год го зема за 90 мил и сега одма ќе го продава,нема смисла.А инаку како играч знаеме сите на што е способен,а како личност од магаре подоле е :D
Гансо е малку пореална цел,но сепак 30 мил се премногу.Штом се толку запнати верувам дека Галиани и Браида ќе ја симнат цената па да не претерам за едно 50%.Тука ќе игра улога и неговата наводна желба за да игра во Европа или поточно во Милан.Мене искрено ме бендисува како игра вистински No.10 е,но до 20 мил би дал повише ЈОК.Ама Галиани и компанија си ја знаат работичката така да сигурно ако дадат 30 мил нема да биде на празно.

FORZA MILAN

Navigator said...

епа никогаш не би дал 30 милиони за Ganso! ќе видиме дали ќе растат цените на играчите со salary cap-от...
што се однесува на моите желби и реплика на твоите: мојата најголема желба веќе е еден од најдобрите играчи на Chelsea..и не мислам тука на Torres туку на David Luiz :) сега во фокусот ми се:
-Marcelo/Coentrao како најдобри опции на LB,
-Sakho на CB,
-Aquilani на MC, со задржување на MVB или на Pirlo уште една година,
-Lukaku на CF, но единствено со задржување на Ibra.

И мојот неостварен сон... Xabi Alonso!

Околу делењето на пензии и откази: би ги задржал во секој случај Seedorf, Zambro и Papa! со овој состав ќе биде екстра ризичен потег ако на толкав број (искусни) играчи
им се покажи вратата на Milanello..a за Berlu знам дека веќе отсега го има договорено Кака, му се допаѓало тоа на некој или не...

FORZA CAMPIONI!!!

Anonymous said...

За Кака не ми се коментира.
Сакхо?Сантакроче?Аквилани е скоро таксан за во Јуве така да нешто повеќе ме влече за Монтоливо, не дека сум којзнае колку воодушевен туку дека е италијанец поради истите причини и толку го сакам кришчито мада марсело уште кога дојде во реал на 18 год ми беше фаворит.
Сидорф не баш, секоја му чест ама и ја и ти знаеме дека ќе го пцуеме ако го гледаме наредна сезона како се влече по терен(а не е тоа негова кривица).Ѕамбро покажува заби но не баш за цела сезона.За папа не ми се праи муабет, млад е има многу простор за напредок али грк и не го сакам што да прам и менаџер коа играм со некој тим а има грк го продавам тоа е тоа.
А Чаби за жал е нереална цел, треба пак некој раскол да се случи во Реал па за да дојде.
Како и да е,Сантакроче,Марсело и Монтоливо/Гансо и јас сум пресреќен :)
Но сума сумарум е дека многу ќе зависи најпрвин кој ќе си оди од моменталниот тим, ибра и не е баш многу сигурен.
Честито Касано!Да се надеваме дека викендов ќе цуцаш прст по постигнувањето гол против Самп!

ReBorned said...

Сите запнаа за приновата на Касано а никој претходно не спомна ништо за приновата на Il Monstro :(
Двојни стандарди, предизборие...?
Одамна не сум сретнал толку коментари па на раат си се изначитав и на раат си се изнасмеав на некои моменти :)
Момци, на Сантакроче му остана само таа една (поточно кажано пола) сезона и се влече на таа „слава“.
За тоа што го рече Ултра :

-ни треба креативец!плејмејкер во вистинска смисла на зборот некој што ќе ги влече конците од средината,кака,снајдер,пирло, се во едно таков играч ни треба.

Сето тоа го има во Гансо (псвем брзината на Кака). На момчето му треба и квалитетни (брзи, подвижни, мобилни) соиграчи за да блесне со сиот свој сјај, но ако го „надоградиш“ со такви колеги ќе блесне, ќе блеска силно!
Цените се тие колку ние да скокаме или не (нормално The gold tie Hero ќе ја симне до 23 мил + future fees врз основа на титули, голови, настапи и сл).
Sakho е одличен избор за во одбрана, можеби и најдобриот во моментот посебно ако се стави на кантар цена, години, потенцијал, психолошка стабилност и универзалност. Па момчето е капитен на својата екипа од 18 години, тоа доволно зборува за карактерот!
Треба да се внимава на уште една работа, „италијанците“ сеуште не се на чисто со своите идни трансфер егзибиции пред се' поради фактот што сеуште не се на чисто со (старо) новите правила од федерацијата. Дали ќе се врати на 2 non-EU или не, па дали ќе се користат некои т.н закони за забрана на дискриминација (најпрвин употребени во кошарката, тука внимавај на случајот Taiwo) и сл.
Кога ќе се расчистат дилемите околу регулативите за фудбалери вон ЕУ, тогаш ќе почнат да се градат стратегии и јасни цели кај сите.
Околу трансферите... Единствен начин да дојде Кристиано во Милан е да си оди Златан, тие 2 нема да бидат заедно во тимот. Мурињо има слабост кон Златан па само тој е шансата да се донесе Кристиано.
Сакате нова дискусија? Златан-Џеко? (се разбира шеиците и ќе не освежат со некое милионче + или Бало).
Во средниот ред внимавајте на Лукас Биглиа од Андерлехт. Момчето игра во средината на теренот, аргентинец е (но со италијанско држвјанство), има 25 години, го меркаме неколку години а на младинското СП на времето беше избран за најдобар млад фудбалер кога до себе го имаше едно момче со презиме Меси во тимот.

Anonymous said...

Сепак не било сантакроче :) а тоа што го кажа за него важи и за џеко.
Тек сеа видов кој бил сако.
Лукас Биглиа го знам од менаџер 05,интересно и таму направи трансфер од индипендиенте во андерлехт.Баш пред извесно време гледав пуштив андерлехт на спортклуб и го видов за првпат онака,капитен се мислам дека им беше.
Фернандо Кавенаги и Пабло Пиати уште два фудбал менаџер лика што не се покажаа баш у реалност :)

ReBorned said...

Ај да не почнувам за тоа дека го играв Абате со негови 16 години во прв тим :)

Anonymous said...

Simone Ingrimbeli?anyone?

Navigator said...

гледам нема, па ќе пишувам пост