Translate

Thursday, 19 May 2011

Addio Andrea


10 години, 400стотини натпревари, 40ина гола, 2 Серија А титули, 2 Лига на Шампиони, 2 Европски Супер Купа, 1 Куп на Италија, 1 Светско Клупско Првенство и една историска Светска Титула со Италија.Дојде како 22 годишен талентиран trequartista, а си заминува како искусен и докажан шампион, како најдобар играч на светот на неговата позиција.

Среќен Роденден Андреа! Нема да те заборавиме! Како што впрочем рече и Пипо никогаш нема да те гледаме како противник, секогаш како пријател, затоа ти посакуваме среќа каде и да одиш затоа што секогаш ќе бидеш дел од големата фамилија на Милан.

Во истовреме се поздравуваме и со нашиот Јанкула, му благодариме за убавите 5 години и за маестралните изданија во ЛШ во 2007мата година.


La Storia Infinita Continua....

FORZA MILAN !!!

13 comments:

Ultra said...

Бидејќи повторно имав проблем со прикачување видео еве го овде.


http://www.youtube.com/watch?v=qsuU45SAFE4

Ultra said...

http://www.youtube.com/watch?v=rjU8jqvgNfI&feature=related

и уште нешто...

Во меѓувреме вака стои ситуацијата:

Неста,Инзаги,Ван Бомел добија продолжување на договорот.

Јанкула и Пирло си заминуваат како слободно играчи, се очекува расврската со Сидорф и Гатузо но се поизвесно е дека првиот ќе остане уште една сезона.

Vase_AC Milan said...

Играчите си одат но клубот останува засекогаш.Фала му за се и сигурно ќе го памтиме по добро,особено по изданијата во ЛШ и таа негова деснутка.

GRAZIE ANDREA SIEMPRE NEL CUORE

Vase_AC Milan said...

И Амбро само што го продолжи договорот за уште една година.
Многу сакам Диего да го земеме....

ReBorned said...

Мајсторот Андреа... еден од моите најомилени фудбалери во шампионските походи на Милан во ЛШ. Сепак, најдобро е вака и за нас и за него.
Благодара за се' што направи за Милан и Италија, Маестро!
П.С Уште еднаш се докажува дека уште по самото доаѓање Алегри се' наметна со својот авторитет а за чудо безрезервна подршка во сите негови потези имаат и B&G. Се осмели да го седне на клупа миленикот на Берлу, Дињо а потоа и да му се заблагодари за неговите услуги уште во Јануари. Сега уште еден од „недопирливите“ го напушта тимот а Галијани јасно и гласно кажува дека проблемот со Пирло не е во економските причини туку во тактичката замисла на тренерот на Милан кој на тоа DMC место сака поцрвст, подеструктивен и помускулест фудбалер.
Слична изјава има и за Сидорф, не се' во прашање економските причини, тие веќе биле усогласени. Се зависи од тоа дали тој ќе се вклопи во тактичката замисла на Мах за следната сезона и дали тој се вклопува во играта на Милан во следната сезона

Anonymous said...

Андреа не сакаше да го напушти Милан, со сигурност тврдам...тоа беше желба на Алегри (денес и самиот Галијани ја потврди). Тоа го забележав уште на прославата во Рим, кога Алегри го гушкаше Неста, му пријде и на Пирло, но овој одма се тргна...као што ме гушкаш, кога не ме сакаш во тимот. Парите не се причината, Пирло доаѓа од богато семејство, 2 мил плус минус сигурно не му прават разлика.
Едно е сигурно, нашиот Милан го напушта еден од најдобрите играчи во светот, кој даде многу за клубот...поради тоа секогаш ќе биде во нашите срца. Иако со тешко срце, ја одобрувам неговата одлука, бидејќи е во залезот на својата кариера, следните две-три години треба да ги помине на терен, да игра фудбал, како што му доликува на еден голем шампион...а не да седи на клупа и да го изгуби местото во првиот тим на Италија.

Grande Andrea, resterai sempre uno di noi!

FORZA MILAN! FORZA PIRLO!

Navigator said...

тажно! дефинитивно, еден многу тажен ден за секој фан. јас ова го примив малку потешко како познат носталгичар, но и со оглед на мојата приврзаност и кон репрезентацијата на Италија. се чувствувам лошо кога ќе се сетам дека тоа е човекот кој ми ги донесе двете најголеми фудбалски радости откако знам што значи фудбалот. асистенцијата во Дортмунд 06' и слободниот удар во Атина година подоцна, беа врвовите на мојата навивачка еуфорија, но и неговите врвови. причините за неговото заминување нема да ги барам во поединци од клубот, туку едноставно ги поврзувам со она што значи фудбалско трето доба. маестрото заслужува да одигра уште 3-4 првотимски сезони. јас лично сметам дека премин во Juve не е најдобар избор, затоа што пак би се соочил со страшна конкуренција и далеку помала минутажа. мислам дека клуб како Genoa, Fio или Parma би биле идеални за него моментално, но не и понуди од азијски или MLS клубови. како и да е, многу среќа понатаму, а твоето место во нас останува засекогаш!

GRAZIE ANDREA!!!

Ultra said...

Баш би сакал да го видам у Челзи, не дека му лежи Премиер Лигата туку чисто онака да се соедини со Карло и да ја продолжи италијанската традиција таму.

ReBorned said...
This comment has been removed by the author.
ReBorned said...
This comment has been removed by the author.
Wells said...

Играчите си одат но клубот останува засекогаш.Фала му за се и сигурно ќе го памтиме по добро,особено по изданијата во ЛШ и таа негова деснутка. GRAZIE ANDREA SIEMPRE NEL CUORE

Caligarisenhr said...

Играчите си одат но клубот останува засекогаш.Фала му за се и сигурно ќе го памтиме по добро,особено по изданијата во ЛШ и таа негова деснутка. GRAZIE ANDREA SIEMPRE NEL CUORE

Mikevwqy said...

Regardless of the motives, those with the victim's best interest in mind still have a right to assist them with seeking legal help in order to rectify the situation and improve their quality of life. Numerous academic case studies are also required of the nurse trainees to supplement their academic knowledge and on the job training. Education might need to be continued and they need to have a way to do it. San Diego It's wise to request PICC lines before all venous access sites are used.