Translate

Tuesday, 10 May 2011

COPPA ITALIA SEMIFINALE: MILAN v PALERMO (ritorna)

 

     Повторно во последен момент пишувам пост и повторно ќе биде краток. Незнам зошто, ама кога доаѓа меч во средината на неделата имаме отсуство на активност во коментари, а камоли со нови постови. Нејсе, интересна завршница на сезоната ни се спрема. После освојувањето на толкуочекуваната шампионска титула, имаме прилика да се бориме за уште една. Една потполно незамилсива ситуација години наназад. Сепак, далеку сме од завршена работа. Имаме еден доста тежок меч, кој мора да се добие или да се одигра ептен богато реми. Знаете сите, дома одигравме 2:2 што е доста неповолен резултат. Уште потешко е тоа што знаеме како Milan игра на Renzo Barbera. Момците мора да се намдинат себеси, да ја срушат таа лоша серија на гостувањата кај Palermo и да ни поклонат нова шанса за огромна радост. Она што не' возбудува уште повеќе е скоро извесниот нов дуел со комшиите и нова прилика за дерби-победа, овојпат зачинета со трофеј. Мотивот несомнено го има, за атмосфера во тимот нема потреба да зборувам. Сите се трезни и спремни (освен Rino, кој е казнет), тоа дефинитивно го знам :) А ги знам уште и повиканите. Тоа се сите првотимци освен: Didac, Janku, Oddo, Pippo, Strasser, Merkel и Odu. Ми фали уште составот и една победа :)

     FORZA CAMPIONI!!!

17 comments:

Ultra said...

Иван, вчера гледајќи нба на зоне ин пишував пост и ми снема струја! не се зезам на 46 секунди до крајот на натпреварот мајами-бостон снема струја и дошла сабајлето јас сега се прибирам од факултет планирав јас да пишам пост барав повикани играчи бидејчи вчера на ацмилан.ком немаше.
Сакав да пишам веруј

ReBorned said...

Еве ти состав :)

-----------Абијати

--Абате--Јепес--Тиаго Силва--Замброта

-----Фламини---Ван Бомел--Амброзини

-------------Сидорф

----------Златан----Пато

Златан има повреда но ќе стартува од првата минута.

Ultra said...

Мање више очекувано ама Неста?Боа?

ReBorned said...

Повреди...

ReBorned said...

Оф топик: Галијани потврди дека Mexes и Taiwo и официјално се наши и притоа напомена дека Taiwo доаѓа како non-eu?!
Сега или Галијани е сигурен дека квотата од non-eu ќе се зголеми на 2 по сезона или полека но сигурно дига раце од Ganso

ReBorned said...

MILAN: Abbiati, Abate, Nesta, Thiago Silva, Antonini, Flamini, Van Bommel, Pirlo, Seedorf, Robino, Pato.

ReBorned said...

Нема да има на МТВ?! Овие даваат Евровизија :(((((((((((((

Navigator said...

не се лутам јас Драган и немора никој да се правда, само јас коменирав дека дефинитивно има помала заинтересираност кога се работи за натправари во средина на неделата.
во однос на составот, има неколку измени што не ги очекував, пред се Pirlo и MVB заедно, но и изоставувањето на Ibra. ако се работи за повреда која го изваде од составот, тогаш лошо ќе биде. се надевам дека барем е на клупа.
преносот уште не е почнат, a e 20.43! :/

ANDIAMO RAGAZZI!!!

Navigator said...

на собраниски Ри!

ReBorned said...

Ти благодарам многу! Досега гледав на стрим, добар ама стрим...

Navigator said...

многу бледо некако бе дечки, нели? а Binho колку што има промашени зицери, нема дадено толку голови :S Ibra му е мајката, нема друго...

Ultra said...

Ошто и за викенди нема активност, само ти и Ри пишувате.
Натпреваров анемија!вака нема резултат да сум јас Мистер Алегри веднаш би ги внесол Касано и Ибрахимович да ги размрдаат работите бидејќи Бино и Пато изгледаат отсечено.Треба играчите да сватат дека Палермо е тим што можат да го победат ако сакаат.

FORZA RAGAZZI !!!

Navigator said...

мала исправка: Треба играчите да сватат дека Палермо е тим што можат да го победат кога сакаат!

ANDIAMOOOOO!!

ReBorned said...

Претерале со шампањското пред три дена, од тоа и се плашев

Navigator said...

Мислиш дека е до шампањското? јас сепак мисла дека е до противникот или подобро речено до стадионот. проклет нека е Renzo!

Ultra said...

Кој е за пишување?

Ultra said...

Ај ќе чкртнам нешто.нема да пцујам ветувам.