По цели седум години, конечно, нашиот Милан е шампион на Италија. Браво момци, го постигнавте она за што мечтаевме долг период. Нашите херои, нашата гордост е повторно на врвот на Италија. Какво чувство, какво олеснување... Заврши мрачната ера на италијанскиот фудбал, почнува нова, црвено-црна! Никогаш не сум бил посреќен, тоа е сигурно, ни во Пјаченца, ни во Манчестер, ни во Рим 2004, ни во Берлин, ни во Атина. Ова е тоа што ми требаше, ни требаше на сите нас. Срцето ми е полно, како што е полн piazza Duomo во моментов. Неможам очи да одвојам од тоа славје таму. Колку е само убаво... Се би дал да сум таму вечерва кога ќе пристигаат хероите на Милано. Уште посреќен што ова можам да го поделам со вистински фанови, што знаат што значи љубовта кон МИЛАН. Редно беше и блогов да се израдува на една титула, за мене најважната. Радувајте се росонери, СКУДЕТОТО е кончено наше!! Che serata, mamma mia...
Grazie ragazzi, grazie Max, grazie Galliani, grazie Silvio, grazie Curva Sud!!!
GRANDISSIMO MILAN!!!
25 comments:
само за Ри, за да не чекаш до утре :)
http://www.youtube.com/watch?v=NNKyVpFOYXI&feature=player_embedded
CAMPIONIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIII
а за она што се случува во живо од piazza Duomo:
http://www.calcion.eu/live4.htm
моите три најдобри моменти од прославата:
-пијаниот Oddo
-изливот на емоции на Max кон Nesta
-прегратката меѓу Pato и Barabara
Друже уште сум на работа и ќе го прегорам телефонов
Читав на долго и на широко за круговите на Одо околу тартанот на Олимпико :)
Ми се насолзија очите сега кога го гледав Tizziano
Ти благодарам Иван
нема проблем Ри, затоа сме тука.
мене понекогаш ми смета што во студиото има луѓе кои се смеат на неговите потези во смисла "види го што прави ненормалниот", а незнаат што значи да се дише и живее во ритамот на клубот кој се сака. за Тizziano јас секогаш велам дека има cuore rossonero.
инаку вечерва ми се случи нешто неочекувано. истото она што на Tizziano му се случи во 4:10 од клипот. еден голем, стар и вистински фан на комшиите дојде кај мене, отприлика пола саат по завршувањето на мечот, ми честита, ми призна дека титулата е повеќе од заслужена и дека ваква доминација на Милан во првенството не памети од ерата на van Baster, Rijkaard и Gullit. секоја чест...
Конечно дома и конечно да разгледам вистински што и како се случувало во пост-меч периодот :)
Quando il Milan segnera
questo stadio esplodera !!!
Незнам што да кажам...уште сум обземан со емоции измешани ми се чуствата најубаво ќе биде утре да коментираме да дискутираме да ги изгледаме сите клипови со ладни глави вака незнам што да речам може ќе изјавам преголема љубов према Одо! :)
FORZA MILAN !!!
Не можам да го најдам видеото со Одо :(
Муабетот со Одо бил... Галијани во шега му рекол пред некој ден дека ако истрча 400 метри под една минута ќе му го обноват договорот. Мајсторот се нафатил и ... истрчал 400 метри за 58 секунди :D
Коментаров го копирам во целост:
Mister Allegri, Sir, Marshall, Leader, Commander, Inspector,
I just want to say Sir... omg this is too hard
Sir, Mister... I have a confession to make:
I fucking love you
I remember your fist official game in charge Sir, it was vs Lecce. We won 4-0. It was sexy. Sexier than Scarlett Johansson and Mila Kunis making out, in bikinis. The sight of you on that bench is just enough to make me feel safe. You are a leader of men. That's what you do, you lead, Mister.
from the first moment it was obvious... you are a MASTER TACTICAN. you and your ways sir, you amaze me... you manage to take all our breaths away. grazie for that. Your tactics are brilliant. You created a Milan winning machine. Brilliant defensively... solid as a rock... and bossing midfield... with sexy attack.
I fell in love with you frmo day one. I figured you out from day one. A champion. A master. An outstanding tactican. A winner. As Sir Galliani would put it, a Champion (notice the capital c). You help us win games easily. I'm never even nervous with you in charge. With you as our allenatore, we win the games before they even start. You make us win convincingly, while being very solid at the back, with a dominant midfield, and with amazing flair going forward.
This is just the beginning... I know it, Marshall Allegri. Keep going Sir, Mister, we are all behind you.
Mister Allegri...
Grazie per tutto.
Добро утро! :)
СКУДЕТО!!!
И уште нешто, се чини официцијално...
Џенаро призна за понудата од Анжи и дека сериозно размислува за неа, дека има 2 деца дома (со други зборови, си оди).
Тасоти од друга страна призна дека Алегри бара фудбалер со поинакви, дефанзивни карактеристики за DMC, онаму каде што играше Пирло, дека Пирло не се вклопува во неговите замисли за таа позиција и дека се обиделе да го пробаат да игра MLC но тој почна да се повредува и дека не знае дали и идната сезона Пирло ќе остане тука (со други зборови и тој си оди, најверојатно во Јуве).
Значи Амбро, Сидорф и Неста ќе добијат продолжување на договорите (покрај Одо, нормално, истрча 400 м. за 58 сек, договор си е договор :) ) а Пирло и Гатузо си одат.
Нова ера, нов Милан!
P.S Галијани призна дека сеуште немаме испратено официјална понуда за Гансо а од друга страна рече дека ќе го земеме Таиво дури и ако е non-eu! Тоа значи друго, или е сигурен дека ќе се врати 2 non-eu по сезона во Калчото, или е решен да оди на Гансо во Јануари (како Пато и ТС) или пак има резервна, европска варијанта за него.
Сите сте летнати на некаде, веројатно никој не сака линкови од пост-меч случувањата ;)
моето мислење во однос на конотациите на синоќешните изјави:
многу е извесно дека Rino заминува, што ми паѓа многу тешко. тешко ми е кога било кој го напушта клубот, но таква икона... руските идиоти едноставно даваат понуда која не се одбива, особено од играч во години. неговата изјава кажува се, за жал.
во однос на Pirlo работите се малку поинакви. тој е еден од милениците на газдата, иако знаеме дека тоа немора да значи сигурна иднина во клубот (читај Dinho). сепак, ако некој го слушаше телефонското интервју на Sky Sport 24 со Berlu за време на славјето, знае каков беше одговорот негов во врска со евентуалното заминување на Andrea. дотогаш одговараше на прашањата насмеан, радосен и често се шалеше. но кога беше прашан за Pirlo, го изостри и повиши тонот и кратко рече: Pirlo resta con noi! Chiaro? потоа имаше уште неколку прашања на истата тема, кои Berlu одбегнуваше да ги коментира и ја вртеше темата. што е до мене, јас би прифатил само трампа Pirlo-Aquilani со 5-6 милиони кеш.
за Ambro мислам дека немаше сомнеж дали останува, додека Мах нема да дозволи заминување на Sandro по било која цена. за Seedorf не сум баш сигурен и останува да видиме. се работи за играч со многу титули, кој по мое мислење чекаше само уште едно Скудето за да може да се врати во Ајах и таму да заврши. околу Oddo ќе останам воздржан :)
Уште нешто... што и да се случи со Pirlo и Seedorf, ќе ми биде премногу жал ако после играчката кариера не продолжат со менаџирање на некој клуб. не велам да бидат тренери, туку баш менаџери, во англиски стил, каде би одлучувале се во врска со нивната екипа. ретки се тие паметни фудбалери, а Milan не смее да ги пропушти тренерските кариери на двете легенди. само да не завршат како Leomerdo :)
IO NON SONO PRINTERISTA, IO SONO CAMPIONE D'ITALIA!!!
Ама го заборави најважното во телефонското интервју на Берлу:
Новинарот го праша: Претседателе, еднаш рековте го сакам Кака како што таткото го сака својот син. А Пато?
:))))
Берлу политички го избегна одговорот :))))))))
И мислам дека не рече дека Пирло останува туку дека се надева дека ќе остане што е многу различно. И не можеме да бараме трампа за Пирло ако си оди оти договорот му завршува и си оди како слободен фудбалер.
да, да, да. тоа беше интересен дел со Pato :)) Berlu сакаше да не убеди дека Barbara се прегрнала со сите фудбалери, а не само со Pato.
инаку за Pirlo беше како што напишав, 100%. прво, resta con noi. потоа на другите прашања одговараше во смисла: па видете, тој е многу добар играч, шампион, би било одлично да го имаме во клубот... бла, бла!
а за трампата си во право, заборавив. сепак, ај да си го земеме Aquilani, што велиш? :)
Се разбудив денес со најголемата насмевка на лицето, ШАМПИОНСКА насмевка :)
Нешто во стилот i just had sex насмевка :)
Иван аман со тој Аквилани, се се заљубил у него :)
Ри јас САКАМ сите линкови што ги имаш било да биле изјави видеа славења трчања после мечот :)
И незнам од кој форуми блогови ги копираш коментариве али дечките што коментираат ми изгледаат на млади напалени островјани :)
Јас успеав да прочитам само една изјава поврзана со Пирло каде што тој самиот изјави дека не е сигурен во неговата иднина и дека ваква сезона немал во неговите 10 претходни во Милан.И за Рино уште една поизвесна изјава кадешто тој вели дека е време за нова ера, дека му е мило што ги замолчил сите хејтери кои му велеле дека е готов и дека е време да се отсапи место на младите.Незнам искрено јас би сакал тој да остане,Додека пак Пирло и Сидорф би ги прегрнал и би им рекол збогум.
Да бидам искрен i've just had sex насмевка имам во моментов ама не од Милан ;)
Околу твоите дилеми и трилеми:
1. Јас кажувам како сметам дека ќе биде реалната ситуација (Пирло и Рино во аут Амбро сигурно останува а Сидорф е пола-пола) а не како би сакал јас.
2. Коментарот од дотичниот форум ми е врв, мнгоу сум се смеел кога го читав првите 2-3 пати.
3.
- http://www.uploadstation.com/file/z8ACZ4W/Roma-Milan.post-match1.avi
- http://www.uploadstation.com/file/tyhDdNF/Roma-Milan.post-match2.avi
Одлична слика, одлични ситуации, многу смеа и брзо се симнува. Уживајте!
Еден факт што го занемарив а сега ми падна во очи...
Златан Ибрахимович од 2003/2004 до крајот на оваа 2010/2011 секоја година ја освојува титулата во домашното првенство.
2003/2004 Ajax
2004/2005 Juventus
2005/2006 Juventus
2006/2007 .!.
2007/2008 .!.
2008/2009 .!.
2009/2010 Barcelona
2010/2011 Milan
123 гола во 8 (Осум) шампионски сезони.
Мислам дека и во Ливерпул да отиде ќе ја скрши клетвата :)
8 league titles in a row, with 5 different teams, in 3 different leagues
мене ultra, цела сезона тој факт ми се мота низ глава. и уште еден ситен детал: има титула и од сезоната 2001/2002 со Ајах.
остави ти Liverpool и клетви. ако е до него ова што се случи, нека си се пензионира како росонер :)
Сите имаат различни „херои“.
Според Неста главни фактори за титулата се Тиаго Силва и Златан.
Според Алегри сите се заслужни но става акцент на Абате поради неговата трансформација од грдото пајче во прекрасен лебед и Абијати.
Според Абијати греота е да се потенцира било која индивидуа (иако многумина типуваат на него), сите се подеднакво заслужни за титулата.
По завршувањето на мечот против Рома имаше два „табора“, пола фудбалери тргнаа кон Абијати а другата половина кон Златан. Само The Boss го гушна судијата и така го држеше едно 5-6 секунди во прегратка :D
неблагодарно е да двоиме поединци, зашто ова е заслуга на цела екипа со се резервите, баш како што Allegri зборува цела сезона. интересно беше да се слушнат оцените за играчите на Milan во текот на цела кампања од страна на Boban и Panucci како стручни коментатори сношти. тие десетка му дадоа на Max и колку што се сеќавам никој друг не доби 10. јас би оставил да се доигра сезоната но и Купот, па да можам да издвојам тројца најзаслужни. засега тоа се: Abbiati, TS и Ibra!
Да да и јас ги слушав оценките. „Додичи“ за Мах :)
мислеше на "диечи" :) да не претеруваме со "додичи", сепак само прва сезона му е :))
Уште денес славење од утре со мислите во Сицилија, сезоната сеуште не е завршена!
FORZA CAMPIONI !!!
Post a Comment