Translate

Wednesday, 23 November 2011

Борба за престиж!



Вечерва Сан Сиро ќе гори! Мој личен пријател веќе е пристигнат во Милано и вечерва ќе биде обоен во црвено-црно на Сан Сиро. За малку и авторот на овој текст ќе му правеше друштво но работните обврски и неможноста да си земе одмор го спречија во тоа... до некоја наредна прилика!
Борба за првото место во групата, борба за подобра стартна позиција во елиминациите и борба за реванш на домашен терен! Но и борба за престиж! Откако се извлековме за оние 2-2 на Ноу Камп многу работи се сменети. Прво и најважно, го имаме Златан во тимот! Некој сега ќе се врзе со тоа „Златан е choker во ЛШ“ но Златан е Златан посебно сега кога игра против Пеп! Баш во периодот на излегување на неговата автобиографија! Подобар момент не можеше да има!
Друга работа, веќе и двете екипи се длабоко влезени во натпреварувачки ритам (ова важи посебно за нашата која на тој натпревар на Ноу Камп влезе со само неколку одиграни натпревари).
Трета работа, факт кој не мора ништо да значи но едноставно паѓа во очи. Оваа Барса не е „таа“ Барса. Тимот на Гвардиола полека но сигурно паѓа во ритам. Почна да губи бодови во Шпанија а и тие што ги добива не ги добива така како што ги добиваше веќе неколку сезони по ред па и на почетокот од оваа. Има новинарска шпекулација за rift помеѓу Меси и Виља на тренинг пред некое време па можеби и тоа игра некаква улога (Судејки според профилот за Меси во книгата на Златан не е ни чудо што Виља во последно време добива поретко шанси).
Од друга страна, за наша среќа и Милан не е веќе тој Милан што беше на почетокот на сезоната. Со тоа false #10 игра на Златан со која се повлекува на AMC и дели асистенции лево и десно, нашата игра стана толку разновидна и пред се' непредвидлива. Можеби Златан ја забавува играта на AMC држејки ја топката подолго во своите нозе но тие разновидни асистенции кои следат веќе во следниот момент ја прават нашата игра така недефинирана, хаотична и опасна (во позитивна смисла). Само треба да имаме вистински голгетер, предатор пред противничкиот гол а сите добро знаеме дека тоа не е Бињо :).
Тој предатор се врати на теренот пред 3 дена. Можеби сега е повеќе од било кога моментот и стилот на игра во кој двајцата наши најдобри офанзивни фудбалери ќе коегзистираат на теренот. Треба да се види тоа на дело!



Ова може да претрпи една или најмногу две промени но важен е конечниот исход. Јас верувам во победа а Вие?

Forza Milan!!!

11 comments:

Navigator said...

Прво, бев запрепастен кога видов дека нема нов пост пред баш овој меч. Потоа, седнав да пишувам, ама шефот беше премногу напорен, па Ри ме претекнал. И да бидам искрен, во оваа моја гужва, супер ми дојде. Зборот ми е, да не се заебаваме пред вакви натпревари, дајте да твориме :)

Мојот коментар, односно пост, најмногу ќе се однесуваше на Zlatan и неговата епска битка со Pep. За мене, тој е key player вечерва. Упорно се пробува да се апострофира Pato или Boa како најважниот. Воочливо е и го разбирам нагласеното оттргнување на Ibra од таа улога со цел да се намали притисокот врз него. Е сега, можеби некој ќе рече дека и Pep го следат истите очи, но Zlatan е тој што е на терен, Zlatan ја почна и ја одржува војната, Zlatan беше тој што не се појави на првиот дуел. Колку и да се труди некој, колку и да пробува да го претстави инаку, вечерва сите очи ќе бидат свртени кон него. И можеби тоа е добро...

Ќе се сложам со Ри дека многу работи се променети од првиот натпревар. За мене најбитната разлика е формата и ритамот на екипите. Тогаш беше премногу воочлив фактот што Milan имаше еден единствен првенствен натпревар во нозе. Не дека не беше воочлива надмоќта на Barca на тој меч, но зборувајќи објекитвно, не навивачки, таквите предуслови мора да се земат во предвид. Поентата не ми е да го претставам Milan како подобар тим од каталонците, вие добро го знаете мојот став околу тоа. Barca е најсилната екипа во светот, но што значи тоа кога се игра на San Siro против Milan!?

Со една друга работа нема да се сложам: јас не го сакам Zlatan на AMC! Ме вади од такт! А и зошто би го сакал таму, кога лани цела сезона играше како класичен напаѓач е беше предобар. Само што тогаш, често на AMC играше Binho, па се беше поинаку, поживо. Нема да се сложам ниту со некои прогнозери дека Pato ќе стартува. Нашите тренери се премногу ригидни во тој поглед. Искрено, мислев дека тие што го пратат Milan, веќе знаат дека клубот не би ризикувал со Ale од прва минута. Премногу е ранлив...

И за крај, јас верувам дека ќе има многу убав фудбал вечерва. Можеби не многу голови, но една одлична претстава. За жал, не сум оптимист како Ри и би типувал попретпазливо, со 1Х.

FORZA RAGAZZI!!!

ReBorned said...

И јас мислам дека Але нема да стартува пред се' поради неговата историја со повреди... Исто така е дилемата на MLC меѓу Seedorf и Nocerino. Seedorf + Zambrotta е премногу бавна лева страна во дефанзива.

Navigator said...

Abbiati, Amelia, Abate, Antonini, Bonera, Nesta, Taiwo, Thiago Silva, Zambrotta, Yepes, Ambrosini, Aquilani, Boateng, Emanuelson, Nocerino, Seedorf, Van Bommel, Ibrahimovic, Pato, Robinho.

Чекај сега да си го склопам мојот состав :)

Navigator said...

Abbiati

Abate, TS, Sandro, Taiwo

Aquaman, MVB, Seedorf

Binho, Ibra

Navigator said...

Ама пак кога ќе се сетам дека Zambro одигра сосема коректно на првиот дуел...

Ама пак кога ќе се сетам што ти искоментира пред малку... :)

Navigator said...

MILAN (4-3-1-2): Abbiati; Abate, Nesta, Thiago Silva, Zambrotta; Seedorf (cap.), Van Bommel, Aquilani; Boateng; Robinho, Ibrahimovic.

BARCELLONA (4-3-1-2): Victor Valdes; Puyol (cap.), Mascherano, Busquets, Abidal; Xavi, Keita, Thiago Alcantara; Fabregas; Messi, Villa.

Сепак со Zambro и Seedorf од старт! Кај нив ги нема Pique и Pedro во стартерите!

ANDIAMO RAGAZZI!!!

Navigator said...

Boa, boa, boa, boa, boa - teng, teng, teng, teng, teng!!! :)

Anonymous said...

Одличен натпревар мора да се сложите со мене! можеби не заслуживме да победиме но нерешено дефинитивно.
Робињо требаше да даде гол точка, ама и Меси требаше да даде гол (во една од неколкуте шанси).
И јас ја играв 1Х навивачки ама тоа е тоа.
Сеа може и не требаше да се свирне пенал за нив ама тоа е Барса сепак :)
Нималку не сум разочаран

FORZA MILAN !!!

Navigator said...

Не сум разочаран ни јас, ама ми е криво. Криво затоа што можеше да заврши и поинаку, можевме до реми. Ама пак можеше да биде и потоп, ако Barca искористеше уште некоја шанса. Браво за Кичо, имаше пар феноменални одбрани. Браво и за Prince и Ibra, одиграа онака баш мотивирано. ТЅ по којзнае кој пат го покажа ѕверското во себе, Abate стандарден, а Zambro искусно, но со грешки адекватни за неговите години. Средниот ред нешто под својот просек, но очекувано според противникот. Убав меч како и да е...

ReBorned said...

Се гордеам со Abate!

Бојан said...

Видете реакции по шпански и италијански весници....далеку дека сум задоволен од овој идиотов(судијата)