Translate

Saturday, 19 November 2011

ACF FIORENTINA vs AC MILAN preview!!!

Сепак се решив да напишам нешто кратко иако имав многу доста обврски, а и срам ми беше да го гледам блогот без пост за натпревар што го чекавме две недели. Во меѓувреме и идиотот од Телма ни го ускрати моментот на ТВ-пренос, па сега ќе треба да ќорееме и да се мачиме со стримови. Како и да е, не сакам да си го расипувам расположението што ме обзема изминатите месец-два, кога било што или кој ќе ме потсети на мојот клуб. Се осеќам убаво и гордо како лани. Онака, баш шампионски и незапирливо. Да бидам искрен, кога ќе се спомне ЛШ и не сум баш така самоуверен, но пред првенствен натпревар размислувам само на победа и однапред си ги додавам трите бода на табелата. Уште повеќе кога ќе се потсетам и на серијата од 5 победи во низа. Нешто што ме прави уште повозбуден во припремата за вечерва е фактот што не сме врзале 6 победи со ред уште од 05-06' сезоната.
И во таквата своевидна еуфорија, малку заборавам дека ова вечерва и не е така едноставно гостување. Сепак да се игра на Franchi не значи да се прошеташ до Фиренца и назад. Таму е секогаш солидната и незгодна Fiorentina, иако нашето искуство во последно време и исклучително впечатливо. За нив, Milan е дефинитивно најлошиот противник, и историски гледано и моментално психички. Од друга страна, новиот тренер на Viola, е најлошиот противник на Milan. Според тоа, јас очекувам силен отпор од почетокот на мечот. Најверојатно дека тие први 15-20 минути ќе бидат критични. Тука не мислам на опасни, туку на тие што ќе го насочат и можеби одлучат мечот.
За нас, во пресрет на мечот има неколку одлични вести. Најважната се однесува на Jovetic, кој скоро извесно е дека нема да настапи, барем од почеток. Natali е суспендиран и на негово место влегува Nastasic, а повреден е и Cassani. Јас очекувам најголемата опасност да доаѓа од миленикот на Allegri - Lazzari. И секако стандардно непредвидливиот и крајно мотивираниот на овие мечеви, Gilardino. Кај нас пак, многу работи беа јасни од поодамна. Новината од последниот меч е само враќањето на Nocerino во тимот, а со тоа и во стартниот состав, додека на Prince му останува уште еден меч казна. И единствената непознаница, енигмата што му создава најголеми проблеми на Max сезонава, изборот на лев бек. Pato повторно меѓу повиканите. Тоа е тоа момци, јас немам веќе време, еве ви ги повиканите и одиме само на победа!
Abbiati, Piscitelli (51), Roma, Abate, Antonini, Bonera, Nesta, Taiwo, Thiago Silva, Yepes, Ambrosini, Aquilani, Emanuelson, Nocerino, Seedorf, Van Bommel, Ibrahimovic, Inzaghi, Pato, Robinho.

FORZA MILAN!!!

22 comments:

ReBorned said...

Само една мала пикантерија... единствени тимови во историјата на италијанскиот фудбал кои имале 6 победи по ред и во сите од тие 6 победи постигнувале барем по 2 гола се торинскиот двоец Јувентус и Торино. Вечерва имаме шанса да влеземе во тоа избрано друштво. Сепак јас би бил потполно задоволен и со минимална 0-1.
Кога сме кај тренерите на сликата, не дека е наш ама Мах го има убедливо најдобриот став во цела серија А. Во иднина ќе постирам некои слики за да се потврди и констатира таа титула.
Ако ние сме кошмар за Виола дефинитивно фудбалерот кој се враќа по повреда е Фреди Кругер за нив! Пато е вистинска казнена експедиција за Виола, кога ќе стигне, каде ќе стигне... едноставно немилосрден е против нив!
Но кога сме кај Пато, незнам колку од Вас ја читаа вчерашната прес конференција на Мах во која тој (можеби дипломатски но и) сосема директно му посочи некои работи на Але!
Еве на што алудирам:
"Pato has not played for two months, he is very well physically, even after two months of inactivity, he has been training very well and is fit, but obviously it is a risk to play him from the start because he does not have 90 minutes in his legs and then the changes from the bench will be important. It doesn’t seem as if Pato is holding back and he is eager to return as are we because we needs goals from Pato. As with all young players who have great skill Pato must understand that they need to be ready and fully exploit their qualities. To do this you need the right mindset and a willingness to improve and the experienced players in this Milan are a prime example. Although they have won so a lot they never take anything for granted and are always ready and willing. The only way to improve is not to take anything for granted and if you don’t then you lose your direction."
Или ако сакате да издвоиме:

"Pato needs to improve"
"Pato needs the right mindset"
"Pato can't take things for granted"

И со право! Пато секогаш ги покажувал најдобрите игри кога бил искритикуван или бил седнат на клупа, се случи тоа со Карло, се случи и минатата сезона со Мах. Детето треба да сфати дека сеуште не го достигнал потенцијалот кој му се припишува...

Jovetic воопшто не е меѓу повиканите, значи нема ни клупа за него.
И Taiwo и SES92 не се повикани кај нашите.
Момци одиме на 6 по ред, нели?

Forza Milan!!!

Navigator said...

И тоа од петте гола, четири се на гости :) Инаку муабетот на Max е сосема на место и мислам дека Pato е свесен за тоа. Мене ми изгледа дека дечкото е доста созреан последните година, година и пол. Сепак, убаво е да му се повтори тоа сега, кога се враќа во погон и да се мотивира малку повеќе.
Инаку Taiwo го нема ни во повиканите ни во неповиканите :S

Navigator said...

P.S. Младинците денес со нова победа, на гости против традиционално силната Atalanta. На крајот беше 1-3 со хет-трикот на Comi!

ReBorned said...

Да, одлична партија на Comi. Исто така одлична партија на De Sciglio кој за прв пат се најде назад во Primavera после подолгиот престој во сениорите и брилјира на позиција десен бек. Тоа е момче кое е ниту таму ниту ваму :) Многу поблизу до сениорите отколку што треба да игра стандардно во Primavera. Кога сме кај нашите млади информација и дека Cristante е повикан во U17 на Италија а за тие што не знаат Ely и Kingsley Boateng се стандардни првотимци во U19 на Италија иако ниту еден од нив не е роден италијанец ;).

Околу составот, најверојатно ќе го гледаме Antonini на LB а Seedorf на AMC. Исто така Ambrosini ќе стартува пред MVB... останатото е стандардно.

-----------------------------
Од Бразил сега се шушка името на Guilermo, 20 годишен Anchor кој игра во втората бразилска лига во Portuguesa. Според Youtube делува одлично (а кој не делува одлично на YouTube) и единствен проблем е што за малку ја надминува границата за Primavera. Во Primavera има право да игра и над границата со години но тоа место моментално го држи Pele кој е co own со Genoa па можно е така да се регулира тоа (Pele да оди во Genoa).
Уште една наша трансфер мета Reus денес брилјираше со хет-трик против Werder, првиот гол ala Kaka во најдобрите денови. Игра во средниот ред.

ReBorned said...

Официјални:

MILAN : Abbiati, Abate, Nesta, Thiago Silva, Antonini, Aquilani, Ambrosini, Nocerino, Seedorf, Robinho, Zlatan Ibrahimovic

Navigator said...

стримови? sopcast стримови?

ANDIAMO RAGAZZI!!!

ReBorned said...

http://www.sportlemon.tv/v-2/12/106/v-330723.html

Не е sopcast ама добар е

Navigator said...

http://www.livefootballol.com/streaming/serie-a/week-12-fiorentina-ac-milan-19-11-2011.html
еве ви неколку sopcast. првиот е на италијански, на skysport, со Caressa и Bergomi ;)

ReBorned said...

Чист гол!

CurvaSud_Milan said...

Ни владата не краде колку судииве! :)

ReBorned said...

Се мислев меѓу Милан и Шалке за последна на ливчето... се одлучив за Милан.. Шалке веќе победи... 4:0...

Navigator said...

штета што ваква убава игра и надмоќ не ја крунисавме со гол. уствари гол дадовме, ама...

Navigator said...

ќе победи и Milan, освен ако ја немаш 1-1. А јас ја чекам оваа и Real 2 за 1800ден.

ReBorned said...

Јас Милан и Ајакс... Ајакс води 1-0 на полувреме...

CurvaSud_Milan said...

Може не доминиравме, ама победа заслуживме!

Navigator said...

фативме двајцата :@

Navigator said...

не доминиравме?? 70-30 посед на топка не е доминација?? или сме гледале различна утакмица...

CurvaSud_Milan said...

Може и 90:10 да имаш посед ако не создаваш шанси немаш никаква корист од тоа, не дека немавме шанси него сакам да кажам дека тоа не е единствен репер за доминација. Кога кажав дека не доминиравме мислев на тоа дека дозволивме и Фиорентина неколку пати да се закани прилично опасно. Како што реков, заслуживме победа кога све ќе се собере и одземе! ...што е тука е, не секогаш подобриот победува, идеме понатака!

Ultra said...

Проштевајте за отсуството.
Штета што прекина добрата серија и победи и онаа на Пато.
Мислам дека треба да поминеме преку ова и да ги насочиме мислите кон среда :)
И само да додам дека Реус е ѕвер! едвај чекам да дојде европското и да гледам како со Готѕе и компанија газат се пред себе, гледам вие 3цата си ја имате вашата драгоцена Италија ама затоа јас си ги имам швабите(и лалињата по малце).
Ако некој ме прашува мене Реус пред било кој од бразилциве.

Ultra said...
This comment has been removed by the author.
Ultra said...

Проштевајте за отсуството.
Штета што прекина добрата серија и победи и онаа на Пато.
Мислам дека треба да поминеме преку ова и да ги насочиме мислите кон среда :)
И само да додадам дека Ројс е ѕвер! едвај чекам да дојде европското и да гледам како со Готѕе и компанија газат се пред себе, гледам вие 3цата си ја имате вашата драгоцена Италија ама затоа јас си ги имам швабите(и лалињата по малце).
Ако некој ме прашува мене Ројс пред било кој од бразилциве.

ReBorned said...

Серијата постои за да се прекине. Не е толку страшно. Квалитетно не осиромашија со судиските одлуки (чист гол + 2 пенали од кои за едниот и Бехрами призна после натпреварот дека беше) но се надевам дека беа само лоши судиски одлуки.
Одиме понатаму!