Translate

Friday, 4 November 2011

Атак кон врвот!

Иако сме на само 2 бода од самиот врв и од (според мене) единствениот реален конкурент за титулата, веќе овој викенд може да се смени тоа. Ние ја пречекуваме Катанија а моменталните лидери гостуваат во Неапол! Ние си гледаме во нашиот двор... А таму... Проблеми. За жал на истиот список со Фламини и Гатузо ќе се додаде и името на Антонио Касано :(. Знаете тоа е оној список кој носи наслов "во аут на неопределено време". Мексес е повторно во аут овојпат поради мини скршеница на раката па поради одморот на Неста ќе има дуел меѓу Бонера и Јепес за стартер покрај ТС. Неиграњето на Касано и сеуште неопоравениот Пато носи турбуленции во офанзивниот дел од средниот ред и во самиот напад. За очекување е рековалесцентот Сидорф да влета директно во стартните 11. Стандардната парола е... Само 3 бода и ништо друго!
П.С Касано веќе побарал дозвола од лекарскиот тим да присуствува на трибините на Сан Сиро во Недела но добил негација!
П.П.С Џенова - Интер и официјално одложена поради проблемите во Џенова. Се надевам дека нашите ќе немаат таков проблем во Недела
И Ветувам, последно П.С Се надевам дека евентуалните печатни грешки нема да ми ги замерите поради тоа што (верувам) ова е првиот пост во историјата на овој блог (а веројатно и пошироко со толкава големина) што е пишуван директно од мобилен телефон.
Forza Milan!!!

22 comments:

Anonymous said...

Јепес за стартер!
Што се случило во џенова?немав интернет 2 дена тек сега палам и ќе гуглнам да видам што е работава.
3 бода и тоа како, само нека не победи Јуве вечер и врвот е наш!
Браво за посветеноста Ри, тамбс ап од мене :)

ReBorned said...

Последните информации зборуваат за Urby стартер на AMC а зад него Seedorf е лево, Ambrosini е централно (MVB на клупата) и Aquilani десно.
Boateng и официјално се пензионира од репрезентацијата на 24 години и само 9 одиграни натпревари (1 гол). Има повеќе шпекулации за причините но лично за Milan тоа е убава вест (жал ми е за БСК).

Navigator said...

Честитки за историскиот потег Ри :)
Ама не ќе да е БСК, туку Гана :)
Драган, во Genoa имаше големи поплави и седум лица загинати, до вчера.
За urby ќе се сложам, затоа што мислам дека конечно треба да ја добие неговата шанса, а воедно и да се казни на некој начин Ambro за недоволно добрите изданија. Јас би играл така, со Aquaman, MVB и Urby. Би сакал да видам победа еден-во-еден, со надеж дека претходно Celtic ќе победи и јас ќе лапнам 3000 денари :)
Во секој случај, убаво би ни дошла една победа денес, ем за притисок кон врвот, ем за врзување на 5тата победа во низа во првенството. Пред тоа незгодно гостување кај Fio во сабота, мораме максимално да го залечиме ремито од Белорусија и со поголема самодоверба и сериозност да истрачаат на Franchi!
Одиме на победа момци!!

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...
This comment has been removed by the author.
Anonymous said...

утревечер*
Да гуглнав и видов некои страшни слики!
За Боа прочитав, па добро колку е луд типот не ме изненадува ова :)
А зошто мвб на клупа?
А за Урби се слагам да треба да добие шанса, ама треба и да ја заслужи јес да влегуваше само од клупа во последно време но и со тие влезови не направи нешто посебно.
Иван,Селтик има уште 30 минути да ти донесе 50 еура пошо милан е сигурица! :)

ReBorned said...

Рапсодија!!!

ReBorned said...

Дај сподели што ливче си фатил :)

Anonymous said...

Дада баш ме занима и мене :)

Anonymous said...

Отиде да си ги подигне парите затоа го нема :Р

ReBorned said...

И конечно прв повик за Abate во националниот дрес против Полска и Уругвај.
Браво Начо, повеќе од заслужено! Направи не' горди и во синиот дрес!

Anonymous said...

Браво машко! ајде сега и ѕамброта настап да добие :Р

Anonymous said...

Браво !!

ReBorned said...

Една мала пикантерија.
Дали сте знаеле дека Абате е најмладиот фудбалер на Милан кој заиграл во натпревар во ЛШ? 17 години и 27 дена :)

Anonymous said...

Ијааааа на која утакмица? ич не ми текнува :)

ReBorned said...

Декември 2003 - Селта Виго. Времето кога Селта Виго играше во ЛШ :)
Знаеш и дека татко му бил голман на Printer? :)
А тој е вечен фан на Милан. Дури и последната негова изјава е иста како и сите претходно во однос на љубовта кон Милан. "Националниот тим? Не размислувам за тоа, мое е да бидам добар во Милан а се друго е после тоа. Тоа е светост за секој фудбалер. Но знам дека треба да бидам одличен во Милан за да добијам шанса да заиграм во репрезентативниот дрес. ЗА МЕНЕ ОВА Е МОЈОТ НАЦИОНАЛЕН ТИМ!"

Navigator said...

Најпрво едно големо браво и фала за нашите момци :) Одлична игра, зачинета со 4 гола, а можеа да бидат и многу повеќе. Сепак, задоволен сум од прикажаното, едино криво ми е за промашувањето на Pippo.

А фала и на следните:
Palermo 1
Man. City 2
Roma 2
Valencia 2
Leeds X2
Celtic 2
Milan 1-1
= 3080 денари

Navigator said...

А татко на Ignazio е Benjamino Abate?? Оној што е сега тренер на голманите кај нас??

ReBorned said...

Да. Еве кој игра(л) менаџер :)
На колку го уплати?

Anonymous said...

100-200 ден сигурно?
Кога сме кај менаџер ви текнува на Жан Пјер Мерсеман? ја од таму го знаев како газда на цел медицински персонал ми го снема наеднаш т.е. у последниве 4-5 години тој беше еден млад дечко со косичка и цвикери секогаш со сериозна фаца :)
А ми текнува и на 2003 селта виго, на едната утакмица ја изгубивме 2-1 мислам дека беше таа домашната ама веќе бевме квалификувани и се сеќавам дека плачев ради поразот хахха

Navigator said...

За 50 го уплатив. Не уплаќам повеќе од 50 никогаш, ама баш никогаш. Сум жалел неколку пати порано што не сум ставал повеќе, ама оа ти се вика принципиелно коцкање! :)

City 1.35
Valencia 2.4
Roma 2.05
Palermo 1.7
Celtic 1.55
Leeds 1.6
Milan 2
+ bonus 8% = 3080

Инаку да, уште играм менаџер, ама на FM11. Не сум ја симнал 12ката сеуште. А за Meersseman и јас се интересирав пред некое време кога пак се активирав на менаџерот, само што неможев да го најдам на wikipedia дали е во друг клуб. Нели во негово време започна проектот MilanLab? Или грешам...

ReBorned said...

Ја симнав 12-ката ама само ја вклучив да видам дали работи кракот и пази Берлу ми дава 8.75 мил. евра за трансфери а кога изјавив дека одам на освојување на Калчото „зголеми“ на 9.75 мил. евра буџет. И после некој ќе ми каже FM не била реална...

Maxi Lopez по се' изгледа иде на позајмица со клаузула за откуп. Потврдија и Lo Monaco и G со половина уста.
Интересен потег, еве толку очекуван Vice Ibra и во стилот на игра. Спремав некој пост со слична тематика за да ја пополниме репрезентативната пауза ама во друга прилика.

Navigator said...

Не ми се прави кеифот со Maxi. Не дека се правам нешто важен во смисла дека тој не е играч на нивото на Milan, туку едноставно не ми оди шампионска екипа со резервен напаѓач на Catania. Замислете, еден Bergessio му го држи местото и "му остава" по 25 минути на натпревар. Стварно беше голем талент со големи очекувања од него и во Barca и после тоа, но сега е пример талент-помпа, ако може така да се изразам.
Ми предлагаш да ја симнам FM12 или да си продолжам со третата сезона на 11ката? И не те разбрав дали ќе пишуваш нешто деновиве, дали го одлагаш постот за некој ден или друга репрезентативна пауза. Прашувам затоа што деновиве ми е малку досадно на работа, па ако немаш време да смислам јас нешто. Го имаш мандатот во секој случај :)