Translate

Sunday 27 November 2011

Milan-Chievo

Помина Фарса, за ЛШ ќе мислиме пак таму негде во првата недела на декември кога ќе го завериме настапот понатака и внимателно ќе ја следиме ждребката и евентуалните противници.Она што следува е Киево! Популарните летечки магариња не немаат победено од бог знае кога, а ние последниве 2-3 години ги победуваме регуларно во натпревар со 2-3 гола. Почнувајки од утре па Џенова, Болоња, Сиена и Каљари се до крајот на оваа година можеме да сврземе една серија од 5 победи која со сигурност ќе не катапултира на првото место веднаш до Јувентус. Впрочем и со победа утре ќе бидеме само еден бод позади лидерот но не треба да се заборави дека тие имаат 1 натпревар помалку.

Како што веќе чувте Неста тешко дека ќе го видиме до крајот на годинава така да утре се очекува Бонера да му прави друштво на Т.С. на сторерската линија.
Ѕамбро изигра солидно против Барса и не гледам причина зошто повторно не би почнал освен се разбира ако Алегри мисли дека треба да одмара и дека Антонини треба да го завземе неговото место.
Ночерино би требало да добие шанса пред Аквилани во средината (сметајќи дека Сидорф и МвБ се сигурни) а Пато пред Робињо во нападот, По одлежаната суспензија во Серија А и Боа се враќа веднаш зад напаѓачите.


И како што веќе добро знаете работата со Тевез е 99% завршена (можеби и не е но кога го имаме Галијани како преговарач имам секоја причина да бидам оптимист). Во него ќе добиеме еден одличен експклозивен напаѓач со лош и распизден темперамент кој не одиграл ни минута во Серија А но треба да му се даде шанса дефинитивно
.




FORZA MILAN

5 comments:

ReBorned said...

Zambrotta НЕ беше солиден против Барселона но сигурно нема да биде стартер пак утре вечер.
Пато ЌЕ стартува пред Робињо.
Абиати се повреди и не е меѓу повиканите, Piscitelli (прв голман на Primavera, втор голман на младата репрезентација на Италија и голема надеж на Милан) е повикан во сениорскиот состав.
Во Киево имаме наше дете а тие се најопасни :)
Друго наше дете (Вердињо) вчера повторно одигра одличен натпревар, во второто полувреме константно бушеше по десната аут линија, тој го изнуди корнерот, тој го изведе корнерот по кој беше постигнат единствениот гол. Одлично ги изведува ударите од аголот (го направи тоа уште неколку пати).
Forza Verdinho, Forza Milan!!!

Anonymous said...

Па мислев дека се сложивме околу тоа дека со оглед на годините Ѕамбро изигра добро? па Антонини и Таиво да беа на негово место подобро сигурно немаше да изиграат.
Ова со Абијати ваљда не е сериозно...ама немаме гајле ние со Амелија на голот :)

ReBorned said...

Уф каков перформанс!!!
Капитенот со гол, колку добро му стои тоа на раката!
На Златан првиот гол беше како од ФИФА :)

CurvaSud_Milan said...

http://vukajlija.com/zabava/posteri/350922-postavljen-novi-gol-na-san-siru

Да се насмееме малце на наша сметка :)))

ReBorned said...

Прилично сум сигурен дека ќе погоди пречка...