Translate

Monday, 7 November 2011

Крстопат

Следува репрезентативна пауза која би можеле да ја пополниме со неколку муабети за кои нема време во секојдневниот натпреварувачки ритам. Сите добро знаеме дека од листата на повредени фудбалери најмногу ќе боли отсуството на Антонио Касано. Се вртат многу имиња за напаѓач плус. Оној кој би дошол треба да биде евтин, да биде достапен на позајмица или по енормно ниска сума, да биде квалитетен за да одговори на обврските во Милан и на крајот на краиштата да биде подготвен да ја прифати улогата на 4 опција во нападот кога сите други ќе бидат здрави и весели. Тука има мал проблем, тешко може да се спојат сите овие претходно наведени компоненти во еден ист фудбалер. Постои и друга опција, поевтина, помлада...и не само за Касано...







VERSUS







Мислам дека на сите Ви е јасно (тоа значи на Вас двајца) во која насока го водам муабетот. Имаме доволно време до следниот натпревар, се наоѓаме во одлична форма (како резултатски така и на блогов што посебно ме радува) па... don't let me down!

13 comments:

Anonymous said...

Ќе морам да се сложам со Иван околу Макси, камо среќа да грешам и да блесне дечкото ама искрено не очекувам такво нешто од него.
Кваљарела е исто така најверојатно решение, надворешен напаѓач кој може да напаѓа буквално од секаде.
Како му е на Меркел иначе? го прати некој? игра барем?

Navigator said...

Merkel играше на 4 натпревари од 9 и тоа како стартер. Патем има и 2 асистенции. Незнам дали воопшто нашите деца што се на позајмица имаат опција за отповикување, но кога ги видов една страна од крстопатот на Ри, помислив и на тоа.

Navigator said...

P.S. Што си правел во 5 саат Драгане??? :)

Navigator said...

Инаку ова е мојот став во вркса со крстопатот:
Силината на составот што го поседува тимот годинава е ниво за нијанса повисоко од минатата година. Ако го земеме во предвид фактот дека лани го имавме убедливо најсилниот состав во лигата и без преголеми напори се освои титулата, тоа би значело дека и годинава постојат реални шанси за ново Скудето. Меѓутоа, годинава се јавува дефинитивно поголема конкуренција. Тука е значително засилениот Juve, кој уште на стартот се обиде да ги заплаши конкурентите, особено нас и секако Roma која од корен ги промени средниот ред и нападот и дискретно најавува дека има високи амбиции. Од Napoli, Udinese или Lazio не се плашам, зборував за тоа и минатата сезона, бидејќи тоа не се екипи со шампионски дострели. Се креваат и паѓаат многу брзо и немаат сила да издржат вакво темпо во топ форма. Но тоа не важи и за Printer. Запамтете ми го зборот - тие ќе влезат во страшна серија во првенството овој и следниот месец. Брзо ќе се искачат на табелата и може да почнат да прават табели на екипите што се борат за излез во Европа. Имаат јака екипа и ваквиот срам неможе да трае долго.
Milan и минатата сезона имаше проблеми со повредите и нарушувања на концепцијата на Max поради тоа. Можеби лани играчите и почесто отсуствуваа поради повреди, но сериозноста на повредите е неспоредлива со овогодинешните. Кога вие имате тројца стандардни играчи за кои знаете дека нема да настапат 6-7 месеци или до крај на сезона, мора да размислувате за нови ангажмани. Дури и Real лани, на така страшна екипа, го зема Adebayor од страв од повредата на само еден играч.
Мислам дека моментално најдобро решение за Max ќе биде да му се даде на располагање да избира помеѓу неколку играчи со сличен профил: Quagliarella, Olic, Podolski...
За мене, најдобро решение би бил Quagliarella од повеќе причини. Го знаеме како ја одигра првата полусезона, до повредата лани... страшно! Италијанец е, цела кариера ја одиграл во Калчото. Во Juve не добива никаква шанса, навикат е да седи на клупа, така што евентуална улога на измена на Binho или Pato нема да му дојде како нагло губење на минутажа. За него моментално, секоја одиграна минута е напредок. Настрана тоа, Juve ни должи таква услуга од времето кога им го позајмивме Abbiati.
Fabio за мене е идеалното решение што се однесува на напаѓачко решение. Може да зборуваме и евелнтуално засилување во средината, но искрено мислам дека таму сме на број, дури и без Flams и Rino.
Накратко, тоа би било мојот став :)

ReBorned said...

Јас го гледав Merkel неколку пати и без претерување ќе го потврдам тоа што го пишуваат сите италијански весници, Merkel е најдобриот фудбалер на Genoa во досегашниот дел од сезоната. Момчето игра фантастично, конкретно со Јувентус беше вистинска класа, играше како AMC само со Palacio пред него. Имаше одлична асистенција со лева (центаршут кај аут линијата со кој буквално го погоди во глава својот капитен) а потоа и самиот погоди пречка со глава по корнер и имаше уште еден flick шут кој помина на само неколку сантиметри од голот на Буфон. Шут кој сите го проследија со рацете на глава и со саркастични насмевки. Имаше и неколку одлични tackles со кои му ја земаше топката на Pirlo. На другиот
натпревар исто така имаше директна асистенција до Kucka кој само ја проследи топката во голот од 3 метри. На истиот натпревар имаше уште една фантастична trough ball со која му овозможи (мислам на Jankovic) ситуација очи во очи со противничкиот голман но овој шутираше во голманот. Merkel игра фантастично и ги игра сите 90 минути. Огромна доверба има во него тренерот и Presiozi кој изјави дека Merkel може подеднакво да одговори на обврските на AMC но и на лева mezalla (што ќе биде и негова природна позиција во иднина во Milan ако ме прашувате мене). Дури се појавија и шпекулации дека Мах го сака назад уште во Јануари. Јас би го оставил таму до Јуни. Си го најде местото во стартниот тим, соиграчите и тренерот имаат голема доверба во него и само ќе ја збогатува својата самодоверба и искуство. Но на 01.07.2012 да биде во Milanello, задолжително! Само да се чува од повреди, допрва ќе слушаме за Merkel!
Rodney не го следам како Merkel, знам дека на почетокот од сезоната имаше повреда па не беше стартер но полека се етаблита во стартер и сето тоа кулминираше со гол со глава во ремито со Novara 1-1.
А најголемата дилема во постот ја прескокнавте :)
Првата слика... другите двајца сигурно до Јуни се надвор од Milanello.

Navigator said...

Мислев дека за првиот нема дилема, затоа не пишував ништо. Очигледно дека од клубот го процениле како подобар играч од овие што се пратени на позајмица и сега си се бори за место во првиот тим и тие негови 10-15 минути по натпревар. Доби неколку шанси, што според мене беше коректно од Allegri. Овој му врати со солидни партии. Јасно е дека нема да го гледаме на секој меч, но верувам дека SES92 едвај ги чека "лесните" натпревари и натпреварите во Купот. Тој всушност првите прилики ги добиваше во ситуација кога Milan ги имаше здрави четворицата напаѓачи. Не влегуваше затоа што немаше доволно напаѓачи...
За Strasser знам дека игра стандардно. Играл на 7 од 10 утакмици, на 4 како стартер. Има еден гол, но реално, игра во далеку послаб клуб со значително помали амбиции. Сепак е еден од најдобрите во тимот и тоа несмее да се занемари.

Navigator said...

Нешто off-topic, ама многу важно за блогот: постот на Ри денес е рекордниот 115ти во една година!
Случајно вртејќи по блогот видов дека во 2007ма имало 114 и тоа во времето на целосна "доминација" на Mohican. Дечкото дефинитивно имал ентузијазам и слободно време. Пишувал без коментари, евентуално MilanNiks или Blerim ќе искоментирале, со повремени вклучувања на арсеналови навивачи. И морам да признаам дека ми се допаѓаат неговите постови, мада кога нешто не оди во клубот, барем јас имам повеќе инспирација за пишување критички и долго. Му благодарам што преку блогот ми најде занимација и место на кое навивачки се празнам веќе 3 цели години. Криво ми е што веќе не пишува. И така добив една идеја за активирање на старо членство (нешто слично на Бранко во СДСМ). :D За жал, едино извесен Блерим има активен акаунт на кој има закачено линк од фејсбук профил. Неговите коментари не се од типот на децата од "фанпејџот" и планирав да му пишам една порака. Знам дека имав повеќе неуспешни обиди за зголемување на популацијата на блогов, ама ништо не ме кошта, па можеби ќе контактирам со него. Иако полесно би ми било ако тоа го стори некој што од вас што има ФБ профил. Ова е дечкото: http://www.facebook.com/Blerim.Ismaili.87?ref=profile

Честитки за рекордот иако повеќе го славам квалитетот на блогот, отколку квантитетот. Сепак квантитетот е мерило за активноста.

FORZA MILANFANSMKD!!!

ReBorned said...

Уффф... одлична информација! Ти благодарам!
Да бидам искрен, станувам зависен од од коментариве тука. За жал сме само тројца ама тоа е тоа.
Сепак мислам дека има и луѓе кои само читаам без да коментираат, барем јас знам неколку вакви. Јас се трудам да го промовирам блогов, линк од секој нов пост ставам на фан клуб на Милан од еден дел од Македонија каде што луѓето даваат like-ови (колку глупо ми звучи ова) ама незнам дали кликаат на линкот и читаат што се случува овде. Како и да е, колку сме толку сме, токму сме!
Би сакал Mohican да даде password и на некој друг (некој од нас 3 или на сите 3) за да го освежиме блогов. При промовирање на овој блог на меѓународен форум на Милан добив сликовито прашање: Зошто вентилаторот не го направам клима уред?
И со право! Самиот интерфејс на блогот е премногу сиромашен и премногу едноставен. И е ист многу долго време! Би сакал малку да го освежиме.
Но недостатокот на дизајн си го надополнувам со квалитетните дискусии, посебно во последно време! Многу ми е ќејф кога ќе видам под секој пост дека има преку 20 коментари! Да продолжиме во исто темпо! И претходниот коментар (долгиот) го пишував од мобилен телефон. Значи буквално сум на блогов 24/7 изразено со речникот на Премиерот.
---------------------------------
Околу SES92 мислев на дилемата ДАЛИ да купуваме нов напаѓач или да му дадеме шанса на SES92 да го прифати местото на Касано (и така по стилот тој е поблиску до Касано од Maxi Lopez на пример)! Од тој аспект...
Сигурно е дека Милан ќе донесе напаѓач во Јануари, тоа го потврди дури и скржавиот со зборови G, но што мислите Вие? Дали според Вас е попаметно да се продолжи без нов напаѓач со тоа што SES92 ќе се интегрира полека во тимот а и Pippo се враќа и е тука за не дај боже ситуации.

ReBorned said...

Од другите вести за со Фиорентина се очекува да се вратат во игра Пато и Мексес а Виола ќе ја предводи Делио Роси кој дојде на местото на Михајловиќ.
Милан нема да го продолжи договорот со Јепес на лето а се шпекулира дека на негово место ќе дојде Чезаре Натали од Фиорентина кој уште сега бил пазарисан за Јуни (негов агент е Мино). 32 годишен, стабилен централен дефанзивец за 4 опција во тимот на таа позиција е сосема солидно.

ReBorned said...

Инаку читам многу убави коментари и од агентот на Il Pharaone и од самиот SES92 за Алегри. И фудбалерот и агентот сметаат дека Милан како клуб и особено Алегри како менаџер одлично го созреваат Shaarawy и дека сметаат сериозно на него. Како што кажа агентот, во Милан знаат дека Stephan може да биде замена за Cassano но таа second striker позиција е многу чувствителна во стилот на игра на Milan и дека со право не сакаат да му создадат огромен притисок на Stephan со оглед на неговите години. Тој себеси а и неговиот менаџер се гледа како second striker кој се извлекува лево на AML и потоа влече централно на кај шеснаесетникот. Се има со сите фудбалери но најмногу се зближил со Антонини оти живееле блиску и заедно иделе на тренинзи оти тој сеуште нема положено :)

Navigator said...

:)
Епа нешто слично на оваа изјава сакав да пишам како одговор на твоето прашање. Мислам дека е премногу млад за да му се остави таква одговорност. Знам дека така се раѓаат големите играчи, но овојпат немора да биде потешкиот за него. Јас сум негово постепено развивање и давање на се поголема минутажа. Тоа со Natali е интересна опција за нас, но незнам колку добра за него. Би бил петта опција кога се сите здрави, не четврта. Ни во сон не би го ставил да игра пред Bonera и Mexes. Сепак, да видиме еднаш како французинот ќе се вклопи во тимот.

Navigator said...

Заборавив... имам маил од Mohican за да му пишеме околу лозинката ако сакате.

thelastmohican.j@gmail.com

Janko Smilevski

ReBorned said...

Па пиши му де што се плашиш :)
Јас сум немал ама баш никаков контакт со него освен еднаш кога му пишав за да добијам овластување за пишување на блогов.