И како изгледа, на кинески :)
Translate
Tuesday, 25 December 2012
Saturday, 22 December 2012
Меч за трасирање на сезоната
Круцијален меч во круцијален дел од годината! Мечот на Olimpico ќе го трасира патот во понатамошниот дел од сезоната. Со евентуална победа во Рим, ќе бидеме на одлична позиција (со оглед на тоа како почна сезоната) во пресрет на зимската пауза. Roma е екипа која многу напаѓа но прима премногу голови во дефанзива. Доколку успееме да ги неутрализираме назад, мислам дека во контра напад ќе бидеме убиствени!
Во дефанзива повторно De Sciglio му го зема местото на Abate (на моја огромна радост). До него ќе настапи Mexes а лево Constant. Најверојатно Yepes ќе го пополни останатото место во дефанзива. Пред нив, во недостиг на De Jong ќе настапи Ambrosini заедно со Nocerino и Montolivo. Нападот ќе биде формиран од најдобриот стрелец во калчото, Binho и веројатно Boateng кој ќе игра повторно како лажна деветка и ќе го ротира своето место со Binho. Amelia добива нов старт на сметка на Abbiati.
Внимателна и концентрирана игра во дефанзива верувам дека ќе ни донесат победа поради екстремно лошата игра на Roma во одбрана и големиот број на примени голови. Milan знае да биде немилосрден во контри и полуконтри преку El Shaarawy, во прв план!
E Andiamo!!! Forza Milan!!!
Sunday, 16 December 2012
113 години!
На денешен ден пред точно 113 години, Herbert Kilpin го формираше клубот Milan foot-ball and cricket club. Во време многу поразлично од денешново, време каде не постоеше маркетинг и пари туку само љубов кон бубамарата. Kilpin ја одбрал црвено-црната комбинација како блиска на Milan поради тоа што: "We are a team of devils. Our colors are red as fire and black to invoke fear in our opponents!"
Кога денес ќе се осврнеме наназад, Kilpin во наследство го остави клубот со најмногу интернационални трофеи во светот!
Различни етапи, различни херои и различни резултати. Сепак, љубовта кон клубот останува секогаш иста! Вистинските навивачи на овој клуб се секогаш зад него, кога сме на врвот на светот и кога сме во втората половина на Италија! Секој фудбалер што ги поминал вратите на Milanello, оставил дел од себе во клубот и дел од клубот, во себе!
Мечот против Pescara наметнува императив победа најмногу поради два моменти, јубилејот на клубот и тоа што мораме да го продолжиме одличниот момент во кој се наоѓаме во моментов. Тимот е речиси комплетен, освен стандардните повредени, кои се во аут подолго време. Остануваме на 4-3-3 формација која дава најсолидни резултати, во дефанзива и офанзива.
Постојат само две дилеми во составот, дали Mexes ќе успее да се опорави за старт и дали Pazzini или Boateng како лажна деветка, во нападот. Constant се враќа во составот исто како и Montolivo, Ambrosini ќе ја покрие дупката по лошата повреда на De Jong а De Sciglio го истисна на клупа Abate, на десната бековска позиција. Напред, повторно сите очи ќе бидат вперени кон најдобриот стрелец во Италија.
Одиме на сигурна, убедлива победа! За бодови, за повисоко место на табелата, за историјата, за Milan!
Forza Milan!!!
Wednesday, 12 December 2012
Coppa Italia - Ottavi di finale: AC Milan vs Reggina
Средина односно
крај на Декември, период резервиран за возбудувања од Италијанскиот куп кој
Милан последен пат го подигна во 2003тата (истата година кога беше освоена и
Лигата на Шампиони.)
На Сан Сиро ни
доаѓа Реџина, тим кој со Верона се единствените преостанати претставници на
Серија Б во купот, и тешко дека ќе се појават со бело знаме. Таму играат Коми
и Ели но само вториот од нив е повикан и со сигурност ќе настапи.
Кај нас пак
ситуацијата е компликувана но за еден куп натпревар со противник од ваков калибар
овие 19 играчи би требало да бидат доволни:
abate,de
sciglio,zapata,yepes,mesbah,antonini
flamini,strasser,nocerino,muntari,emanuelson
bojan,el shaarawy,pazzini,robinho,niang
Мексес е
суспендиран, а Боатенг добил некој удар против Торино и нема да биде ризикуван
за овој натпревар. Алегри отиде дури
и до таму што не ни остави и многу да погодуваме и го најави составот кој што 99%
ќе го видиме утревечер:
Abbiati
Abate-Zapata-Yepes-Antonini
Flamini-Strasser-Urby
Robinho-Pazzini-Bojan
Без ниеден повикан
младинец, јасна е пораката која ја испраќа Макс, а тоа е дека Милан си зацрта за
цел да атакува на овој трофеј кој најверојатно е единствениот на кој можеме посериозно
да сметаме.
Токму затоа Габриел
и Нианг ќе почекаат малце за својот прв старт , и токму затоа Абате и Антонини ќе
ги гледаме по бековските позиции со цел Де Шиљо малце да земе воздух. Истото важи
и за Ночерино и Фараонот кој добиваат заслужен одмор, а Страсер ќе го добие првиот
старт сезонава. Урби е логично решение како единствениот креативен играч за врска,
додека пак Мунтари е спремен за настап и сигурно ќе добие некоја минута игра ако
резултатот и околностите го дозволат тоа.
Има доста интересни
детали околу последното интервју на Алегри кои ќе ги споделам во вид на коментари.
Четврток 21:00 СпортКлуб+ подобриот од овој дуел оди на Јувентус во 1/4 финалето.
Sunday, 9 December 2012
На тест во Торино
После натегањето околу тоа дали ќе се игра овој натпревар (заедно со уште неколку „критични“ поради временските услови во Италија) последните информации велат дека веројатно ќе се игра. Можеби доколку мечот се одложеше тоа ќе одеше во прилог на Milan (повредени се Montolivo и Constant) но за Нас фановите, тешко ќе се свареше викендот без Milan. Одиме на гости кај збудалениот Torino кој сè уште е под импресии на високиот пораз од најлутиот ривал а најдобар начин да се заборави вакво нешто е добар резултат против голема екипа. Со тимот на Torino имаме пријателски односи, барем на играчки/трансфер план (Verdi, Odumadi, Comi) но тоа не значи ништо на теренот.
Milan (како шот беше претходно наведено) ќе биде ослабен за неиграњето на единствената креативна алка во тимот и одличниот лев бек кој конечно пружа партии достојни за еден лев бек на Milan. Освен нив, ќе недостига (или не) Boateng кој има црвен картон. Ситуацијата налага на некои промени во тимот но тие ќе бидат од играчка но не и од тактичка природа. Формацијата ќе остане 4-3-3.
Спефицичната 4-2-4 формација на Torino може да направи големи проблеми во нашата дефанзива но со враќањето на Abate на позиција на десен бек и мигрирањето на De Sciglio на левата страна, очекувам да се потстегнеме во дефанзива, по бочните позиции. Urby кој е најблиску до креативност во средниот ред во отсуство на Monto ќе игра како лева mezzala. Напред Binho (кој е ужасен по враќањето од повредата) заедно со Pazzo и најдобриот стрелец во калчото. Иако Abbiati се врати по повредата, сепак Allegri изјави дека Amelia кој е добар во овој период, ќе остане на голот.
Тежок меч кој се надевам дека ќе заврши со 3 бода за Milan. Се надевам заради уште поголем скок кон врвот на табелата и заради ливчето на Navigator (и моето, допрва).
Внимателно по бочните позиции и континуирано притискање на нивниот среден ред, мој рецепт за победа.
Forza Milan!!!
P.S Малиот Maldini во овие моменти игра во првите 11 за Allievi Nazionali против Varese, на позиција лев бек, исто како татко му. Моменталниот резултат е 2-1 за Milan. (Fabbro и Yaffa)
Tuesday, 4 December 2012
Champions League: Group Stage Final Fixture AC Milan vs Zenit St. Petersburg
Кога во топлата летна вечер на 30ти Август се влечеше ждребот, многумина мислеа дека токму овој дуел ќе биде решавачки за тоа кој ќе ја освои не така слабата група Ц.
Но 3 месеци подоцна фудбалот уште еднаш ни покажа зошто е еден од најнеизвесните спортови каде што големи нешта може да се случат во краток временски период, период во кој Милан сега гледа на Зенит како еден спаринг партнер, додека пак Русите ќе се обидат на еден чесен и достоинствен начин да ја завршат овогодинешната одисеја во ЛШ, со надеж дека напролет истата може да продолжи во најмасовното Европско клубско натпреварување.
По серијата од 3 победи во серија (конечно можам да го кажам ова!!) тимот може малку полабаво да гледа на овој дуел со оглед на неговата важност. Но така не мисли нашиот тренер, кој вели дека ќе излезе најсилниот расположлив состав во моментов со цел да оствари победа која добро би ни дошла за да се развлече таа победничка серија.
Галијани искрено, кратко и јасно кажа: "Важно е да победиме поради моментот во кој се наоѓаме, но и поради парите кои ќе ги добиеме при евентуален триумф".
Еве ја и листата со повикани играчи (20) :
Abbiati, Amelia, Gabriel,
Acerbi, De Sciglio, Mesbah, Yepes, Zapata,
Ambrosini, Boateng, Cristante (n.36), De Jong, Emanuelson, Flamini, Nocerino,
Bojan, El Shaarawy, Pazzini, Petagna (n.37), Robinho.
Абијати тренираше нормално со остатокот од тимот, додека пак на Монтоливо и Констант им е даден заслужен одмор. Абате и Антонини иако тренираат со тимот сеуште не се спремни за старт. Мексес е суспендиран, додека пак сагата околу Пато доби свое ново продолжение: Макс најави дека нема да биде во составот ниту против Торино во недела поради минатото со повреди кои го мачат и дека нема намера да избрзува со него. Но на нас упатените навивачи ни е повеќе од јасно дека ова е еден вид воспитна од страна на управата за изјавата која ја даде Патињо по натпреварот во Белгија.
Кристанте и Петања се единствените повикани од Примаверата која одсега ќе можеме да ја следиме и на нашиот ценет блог благодарение на Навигаторот и неговата упорност :)
Брајан минатата година против Плзен во натпревар сличен како овој доби некоја минута играње додека пак за Петања ова е прво вакво искуство. Вреди и да се спомене дека покрај Кристанте, Де Шиљо беше другиот младинец кој заигра во Чешка тогаш. а гледајќи една година подоцна каде се наоѓа истиот можеме само да му посакаме иста судбина и на Кристанте.
Ова е очекуваниот тим со тоа што ќе се одлучува утре дали Абијати ќе го започне натпреварот (според мене нема да има дилеми и Марко е стартер).
Во одбраната се повикани само 5 играчи и најискусниот од нив, шефот Јепес најверојатно ќе се чува за в недела, додека пак Ачерби и Запата ќе сакаат да се истакнат и да докажат дека можеме да сметаме на нив. Месбах изигра 50ина минути за младите изминатиот викенд и со оглед на тоа што Анте сеуште не е спремен за старт, а на Кевин му треба одмор нормално е да се очекува Џамиел да почне кога веќе е на тој список на ЛШ.
Средината и нападот ми делуваат баш онака како што треба, спој на играчи кои во последно време не беа стартери и овие минути ќе им бидат многу значајни и секако Боатенг кој ќе биде суспендиран на наредните 2 натпревара во Серија А против Торино и Пескара.
Очекувам и се надевам на победа, но и на солидна минутажа на нашите 2 бисера од клупа како и прво сефте (какво такво) за Габриел.
FORZA MILAN !!!
Thursday, 29 November 2012
CATANIA v MILAN preview!!!
После секоја голема победа во вакво мега дерби како минатиот викенд и
смирувањето на страстите, доаѓа онаа мисла дека тие три бода можат да не значат
многу ако не се продолжи победничката серија. И како по правило, барем за нас,
после сите вакви победи, следува екипа од категоријата најнезгодни. Catania не
е голем клуб, ама им прави сериозни проблеми на големите, особено дома. По
седум натпревари на Massimino, имаат пет победи, а во нив и она демолирање на Lazio со 4-0. Единствено загубија од Juventus во оној срамен меч полн со нерегуларности
и одиграа 0-0 со уште еден конкурент за Скудетото - Napoli. И сега не
знам како и колку ќе биде сметан Milan за изразит фаворит, кога до пред 4 дена тоа беше екипата на која и се
предвидуваше пораз на ваквите гостувања. Не ми е поентата да полемизирам во
врска со многуте експрертски ставови околу судбината на клубот, туку како
импулсот од дербито ќе влијае на нашите играчи. Дали ќе ги мотивира или ќе ги
оптовари тој успех против Juve.
Berlusconi продолжува со засилениот ангажман околу клубот и
деновиве. Може да зборуваме што сакаме за управата, ама сепак, овој потег е
вистински. Стариот почуствува дека доколку не се превземе нешто, сезонава нема
да личи на ништо и сега се почесто е со играчите и персоналот. Мора да признаеме
дека тоа значи за клубот, дека влева и сигурност и надеж. На крајот на
краиштата, мене ми изгледаат сосема искрени изјавите на Max и момците дека посветеноста на Berlo е критична за оваа група луѓе што до пред
сезона-две се нарекуваше "фамилија". Присуството на главниот, секако
дека носи и малку нервози кај Allegri заради неговата желба да се меша во работата што не е негова. Денеска
Max имаше една интересна изјава каде вели дека на B му се допаѓа таа 4-3-3 формација, но тој повеќе
би преферирал 4-3-let's see what happens :) Дали тоа ќе го препишете на неговата
нерешителност и несигурност во одлуките сезонава или на изборот на напаѓачи што
му се на располагање, оставам на вас.
Нашата ситуација е скоро јасна после пресот на Max денес. Откри најголем дел од стартерите,
формацијата и дилемите во пресрет на мечот. Иако го тестираше двоецот Mexes-Acerbi денес на тренинг, кажа дека не е сигурен
кој ќе му прави друштво на Mexes утревечер. Во однос на одбраната, Abate не е спремен и го чува за во вторник против Zenit, исто како и Antonini, а De Sciglio ќе добие шанса да го повтори перфектниот
перформанс од дербито. Лево, нормално, Constant. Abbiati не е помеѓу повиканите заради проблемот со грбот
што изгледа не бил само истегнување. Во средината сигурен стартер е NDJ, заедно со Montolivo. Ambro сеуште се опоравува и со него нема да се ризикува на Сицилија. SES е
стартер на LW, а Binho скоро сигурно
на RW. Дилемите остануваат на
левата страна во средината, со Noce како прв избор и во зависност од поставеноста во навалната линија, дали ќе
стартува Boateng или Pazzini. Max кажа дека и Urby и Bojan се во одлична состојба, ама веројатно нема да добијат шанса од старт. Еден
дел од пресот посвети на Pato и Montolivo. За патката
кажа дека сеуште е во неговите планови и се надева дека нема да замине во
Јануари. Зборуваше за неговиот потенцијал, нешто што е слушнато милион пати и
сите го знаеме, но во што се помалку веруваме заради проклетството што го
прати. Потенцијалот на Monti
пак, се однесува на таа лидерска улога што по случајност или не, му се
наметнува, но и се бара од него, очигледно. Соиграчите го гледаат како
предводник во отсуство на првиот капитен, а тоа го потврдува дури и Berlusconi. Утревечер повторно ќе биде капитенската
лента!
Catania е стар и голем должник. Catania е екипата која на некој начин не чинеше
Скудето. Ќе ве потсетам дека последниот меч со Catania, лани пролетта,
значеше почеток на овој лош период кој трае до денес. Мечот беше помеѓу двата
натпревари со Barcelona, ни скинаа
два планирани бода, Juve се
доближи на еден бод негатива и оттогаш тонеме се повеќе и повеќе. Не постои
подобар противник за да се разбие оваа аура која не опкружува. Почнавме со
најважните, со Juve, да
продолжиме со Catania, па кај
и да е ќе плати и Barca :)
Одиме по победа на Сицилија момци!
P.S. Без паника, ако е во Петок, Макпетрол ќе дава пренос ;)
FORZA MILAN!!!
Monday, 26 November 2012
НАЈВАЖНАТА ПОБЕДА!!!
Можеби не е најслатката, ниту решавачката, но дефинитивно најважната победа
во ова мизерно првенство. Момците докажаа дека мотивацијата и храброста се
пресудни во ваквите мега пресметки. Скоро никој не веруваше во победа баш сега,
во вакви услови. Добар мелем за болната сезона, за кој можеме само да се
надеваме дека ќе биде доволен стимул за пресврт во играта, во резултатите, во
успесите и во расположението. Немаме пракса на блогов да оценуваме перформанси,
за жал, ама оваа голема победа ме натера да чкртнам неколку реда.
Ќе почнам со Allegri и
неговите одлуки во Дербито. Изваде 4-3-3 формација, со false 9, наместо со шпиц како што се очекуваше и
не згреши. Една од решавачките работи што ја коментиравме пред мечот беше
маргинализирањето на Pirlo. Boa
ја имаше баш таа задача. Играше
најчесто во линија што беше 5-6 метра поназад од крилните напаѓачи и со тоа
правеше директно маркирање на нивниот плејмејкер. Кога Pirlo ќе избегаше понапред, NDJ лесно стигнуваше да покрие. Max го натера Pirlo да игра со широки пасови, што очигледно не
функционираше покрај вакви наши бекови. Со првата измена Milan практично се трансформираше во 4-3-1-2
иако SES повторно ја
покриваше цела лева страна. Втората измена беше изнудена заради повредата на Mexes, а последната едноставно беше во насока
по секоја цена да се зачува водството. Се на се, сосема солидно издание на
тренер под притисок.
Одбраната во целина го одигра најдобриот натпревар оваа година. Цврсто,
пожртвувано, без големи киксови, без значајни пропусти, без дупки. Не може да
се очекува дека квалитетна екипа како Juventus ќе нема ниедна шанса во 90 минути. Сепак, само
две вистински. За првата на Giovinco, недоразбирање во превземањето меѓу De Sciglio и Mexes, а за втората, пожртвуван блок на Constant по шутот на Vucinic. Двајцата најдобри поединци во нашиот состав се
двата бека. Juventus менуваше
на двете крилни позиции заради безгрешноста на De Sciglio и Constant. Премногу зрел натпревар за еден 20 годишник на
десната страна. На левата, мојот Man of the match. Constant најпрво го направи смешен Isla, па го измалтретира Padoin, а некаде при крајот на мечот во стил на Maradona “нареди” неколку
противници. Тројцата стопери одиграа толку добро што фрустрациите на Quaglia,
Vucinic и Мравката, зборуваа сами за
себе.
Средината активна и подвижна како ретко кога. Уствари како кога бркаме
резултат во 80+ минута, само на спротивната страна овојпат :) Феноменална
партија на Montolivo како
капитен, како лентата и довербата од соиграчите да му дале мотивација плус.
Покажа колку добро знае формациски да се постави за да биде дел од ѕидот, но и
доволно опасен да развие контра кога ќе му се пружи прилика. Nocerino напален до максимум! Покриваше доста
битен дел од теренот каде Vidal знае често да ги направи смешни противниците. Синхронизацијата со Constant беше на ниво. NDJ имаше порприлично упростена задача се до
влегувањето во игра на Giovinco. Од почеток имаше улога да помага и корегира, а со текот на натпреварот се
повлече во нашиот шеснаесетник, да расчистува нафрлени топки и најважно, да
блокира шутеви од избиени топки. Пожртвуван како и секогаш, ама очигледна беше
и мотивацијата плус што се забележуваше во неговите изјави пред мечот.
Нападот фунцкионираше изненадувачки добро. Јасно беше дека овие играчи, во
оваа формација и против ваков противник функционираат одлично со контранапади.
Најголем дел од приликите , особено во првиот дел беа создадени од контра. Binho
влечеше одлично во напад, најчесто
проигрувајќи го SES, кој
можеби немаше ноќ за паметење, ама неговиот придонес е бесценет. Кога ти во
еден играч имаш најдобар стрелец, дриблер, спринтер, асистент, зонски маркер и
лев бек и тоа го работи на секој меч, во континуитет, а притоа има 20 години,
знаеш дека имаш вистински бисер, реткост, богатство. Да бидам искрен, при
влегувањето на Pazzini го
опцув Max. Мислев дека
доволно добро функционира Boa со маркирањето на Pirlo
и дека не е потребно да го премести десно, a Pazzo да застане на шпиц. Не испадна така, напротив, Pazzini ме изненади со неколку добри дриблерски
потези и стандардно доброто задржување на топката. Имаше конкретна задача, а
тоа не беше да постигне гол по секоја цена, туку да концетрира дефанзивци на
него и да проигра по можност. Одлично се снајде!
Можеби долго ќе слушаме за пеналот или за тоа што Milan се бранеше во поголем дел од мечот, дека
имавме 38% од поседот, ама ако. Нека биде и ваква победа, за нас слатка, да
осетиме мала компензација за несреќните примени голови, за нервозите, за
неправдите, за Muntari. Нека
им е подобрата игра, нека ги боли поразот на гости по долго време, вториот
пораз сезонава, наша е победата, конечно црвено-црна фудбалска екстаза!
P.S. Curva Sud феноменални како стално! За неверување е нивната
верба во клубот и во најлошата сезона за која било кој од нас памети. И на цела
таа лојалност, некој враќа со нелојалност и себичност, а тие, нормално, реагираат.
Pato е предупреден – или си
со нас или догледање!
FORZA MAGICO MILAN!!!
Sunday, 25 November 2012
IL VERO DERBY D’ITALIA!!!
Дерби натпреварите во Италија носат разни имиња. Некои од нив се
градски, некои регионални. Некои имаат историска позадина, некои дури и
политичка. Дуели за превласт, за реноме, некогаш само за честа на дресот.
Сепак, еден натпревар ја има најголемата тежина. За него не смислиле некаков
епитет, назнака, опис. Едноставно, доволно е да се каже дека играат Milan и Juventus и сите им е јасно дека се работи за вистинското Дерби
на Италија – Il vero Derby d’Italia. Натпреварот за кој многумина пред почетокот на сезоната го предвидуваа како
шлагерот на првенството. Мечот во кој ќе се одмерат двете најсилни екипи во
Италија и двете екипи кои минатото првенство му дадоа печат на италијанскиот
фудбал. Двата најтрофејни клуба во Италија и двата најголеми репрезенти на
Калчото. И покрај целото свое значење, за жал, годинава пресметката е
претворена во дуел на лидерот на табелата и најголемото разочарување во Serie
A, па и во Европа. За жал, од
многумина утрешното дерби е најавено како игра на мачка и глушец со поприлично
извесен епилог. Сигурно никој од нас нема да се сложи со тоа. Ние во ова дерби
гледаме прилика, и за своевидно и кратко детронизирање на шампионот, но и за
неправдата од минатата сезона што нема така лесно да се заборави. Притисокот
кај нас од мечот утревечер е неизбежен, исто и напнатоста и возбудата, но сите
тие елементи пресликани на терен, кај оние најважните, нема исто да се осеќаат.
Улогата на фаворит дефинитивно стои до името на противникот, а тоа, за овој
реновиран тим на Milan може
да биде пресуден фактор.
Дербито за првпат по цели 15 години ќе биде посиромашно за една жива
легенда, по занимање тренер, а по вокација шампион. Негово знаење, умешност и
голови им го подели на двата утрешни противници, иако за нас зачува малку
повеќе :) Уште многу заеднички ѕвезди (иако противникот признава само 3
ѕвезди и ништо друго :) ), ама утревечер една ќе биде многу важна. Овојпат сеуште се работи за легенда во создавање,
не радува(ше) и нас и јувентините и цела Италија. Maestro Pirlo, тие ќе го сакаат во елемент, ние соодветен на годините што ги има. Без
сомнеж, многу работите ќе зависат директно од него, особено во перформансот на
гостите. Сите ќе се сложиме дека Juve не е истата екипа со и без него. Изгледа бедно кога ние на сите маки се
интересираме за недостатоците во играта на Juventus, ама очигледна е просечноста на тој тим без
главниот диригент. И нема да објаснувам колку ќе значи негово маргинализирање
на терен. Остатокот од екипата е опасен, моќен, ама не е генијален како mastermind-от.
Нашите проблеми се повторувани во секоја можна најава од третото коло, па
наваму. И по 17 натпревари не е најден лекот за одбраната, така што нема да биде
нелогично ако се констатира дека и воопшто го нема. Веројатно, решението
е како да се компензира немоќната одбрана со средината и нападот, за кој греота е да се обележат како неквалитетни. Селекцијата на Max, чувството за правилен избор на играчот,
формацијата, мотивацијата, па дури ако сакате и динамиката на играта, сезонава
изостануваат. Тоа дефинитивно не е истиот тренер кој две сезони кубуреше со
помалку од 20 здрави играчи. За утре најави нови промени, секако. Беше јасен
околу 4-3-3 формацијата, што е логично за вака потешки натпревари. Извесно е
дека ќе експериментира со Robinho во нападот, на десната страна. Во шпицот веројатно прв избор би бил Pazzini.
Од другата страна, јасно, SES. Во средината се најавени Montolivo
и NDJ, додека за третото место, она најлево, најголем
кандидат е Nocerino, но нема
да ме зачуди и одлуката Urby
да почне таму. Во одбраната конечно комбинација која ќе се повторува! Ако се
тече по предвиденото, Constant е без конкуренција на лев бек, Yepes и опоравениот Mexes би биле во средината, а десно, повторно Mattia De
Sciglio.
Во пресрет на Дербито, управата прави напори да ја врати позитивната
атмосфера. Финтите ги осмислил лично Berlo, се гледа од хеликоптер, од неговиот :) Двапати
во две недели е премногу за во нормални услови. Нормални очигледно не се, но на дерби
тоа најчесто не се гледа. Таму решава желбата и инспирацијата, а богами и
судијата. За мене лично е супер што Rizzoli ќе го суди Дербито. Сите го знаат како судија
наклонет кон противникот и многу луѓе реагираа на изборот. Баш тие реакции
очекувам да го оптоварат, па да осеќа потреба да докажува нешто поинакво. All
eyes on you, ref!
Одиме на победа момци, само победа!
FORZA MILAN!!!
Wednesday, 21 November 2012
CL GROUP STAGE: CHECKED!!!
Ми се направи и тој кеиф, по којзнае колку време да "чекирам" успех :) Ем да го обележиме поминување на групата, ем неповторливиот гол на Mexes, ем да му порачаме на газдата со ум да ги потроши 15тината милиончиња што ги "заработи" вечерва. Играта во овој пост не ја коментирам, ќе си направиме муабет во коментарите.
FORZA RAGAZZI!!!
Champions League: Matchday 5 RSC Anderlecht vs AC Milan
Победа би значело пласман понатака, е толку едноставно е.
И дури и еден нерешен резултат би можел многу да ги искомпликува работите во групата особено ако Зенит ја победи засега непобедената Малага која е веќе квалификувана понатаму.
Но во ситуација на нерешен резултат или победа на Малага (а ние освоиме барем бод) тогаш во пресрет на последниот натпревар повторно ќе бидеме втори, но ќе има огромен притисок врз рамениците на играчите и ќе ни дојде на гости еден лут Зенит желен за одмазда.
Се се ова комбинаторики, кои ги има многу интересно и во групата каде што игра и другиот Италијански претставник кој рака на срце, одигра маестрана партија синоќа и го декласираше Европскиот шампион кој дојде во ситуација да стравува за пласманот понатаму и да чека резултат од друг натпревар.
Мбокани се очекува да биде најголема опасност кон голот на Милан
(Но ако мене некој ме прашува, најголема опаснот кон голот на Милан е самиот Милан!!)
Последен пат на овој стадион Кака го реши прашањето околу победникот, а Бонера како единствен играч од тој натпревар доби црвен картон.
За очекување е Бони (како што нагалено го викал Макс) да добие старт заедно со Мексес но во игра е и Јепес бидејќи очигледно Алегри во овие натпревари во ЛШ сака да види искуство пред се.
Има можно комбинаторики со Абате на десната позиција но моите информации велат дека сеуште не е 100% спремен, така да Де Шиљо е алтернатива за таа позиција. Констант се очекува да одигра уште еден солиден натпревар на левата бековска позиција.
Во средината скоро сигурни стартери се Де Јонг и Монтоливо, а по изјавите на нашиот тренер дека Пато ќе блесне вечерва се очекува тој да добие старт заедно со нашиот најдобар играч сезонава.За другите 2 места конкурираат 4ца играчи (Боатенг,Емануелсон,Робињо,Бојан) и моја лична желба е последните 2ца да се најдат во стартниот тим иако знаеме дека тоа е тешко изводливо.
Можно е Алегри повторно да се обиде да го изигра Принцот на онаа лажна 9ка позиција која своевремено ја уживаше Цеск во Шпанија и Барса.
Да се надеваме дека неспортскиот потег на Луиз Адриано нема да биде хајлајтот на 5тото коло на ЛШ, туку дека Милан со својата само втора победа од 5 натпревари ќе го верификува пласманот понатаму.
Saturday, 17 November 2012
Ќе продолжи кошмарот на улицата на брестовите?
По репрезентативната пауза во која сепак, главните фудбалери во тимот играа за своите репрезентации и немаа одмор, се враќаме на домашна сцена. Milan гостува на Napoli, стадион кој веројатно е последна опција за позитивен резултат. Со разнишана самодоверба и со карактер кој не е препознатлив за Milan, одиме на тимот кој нема пораз на последните 9 натпревари на домашен терен а на дури 8 од нив успеал да победи! Речиси сите фанови и аналитичари овој дуел го дефинираат со дуел на двајцата најдобри стрелци:
Stephan El Shaarawy имаше одличен настап за репрезентацијата на Италија против Франција и го постигна својот прв погодок во репрезентативниот дрес.
Allegri повторно ќе прави сосема нова дефанзивна линија, денес веројатно Acerbi ќе добие старт, заедно со Mexes. Ова е веќе 17та различна комбинација на дефанзивци сезонава! Составот и формацијата се тотална непознаница. Има еден куп шпекулации, од 4-2-3-1 преку 4-3-3 (најверојатна до овој момент) па до класична 4-4-2. Тимот е во хаос, тренерот е во хаос! Gazzetta Della Sport вели дека Allegri на тренингот се дерел на фудбалерите: "We are weak! With an attitude like this, We will get relegated!"
Веројатно Allegri размислува за 4-3-3 поради тоа што се плаши од 3-5-2 на Napoli и мисли дека тие ќе бидат премногу доминантни на средината на теренот ако играме само со класичен двоен пивот (Montolivo + De Jong). Од друга страна, често менување на формацијата носи проблеми во адаптацијата на фудбалерите и дополнителни главоболки! Трите можни варијанти за мечот против Napoli:
Според мене, формација со тројца широко распоредени фудбалери во нападот е најдобрата варијанта за мечот против Napoli (4-2-3-1 повеќе од 4-3-3 поради воиграноста и поради фактот што Nocerino се губи во 4-3-3 и е проблем во нашата дефанзива). Три широко распоредени фудбалери во нападот треба да ја развлечат таа статична, премногу набиена одбрана на Napoli со 3 фудбалери во последната линија. Всушност со 4-2-3-1 Milan има опција плус во нападот и со таков напад најмногу бенефит би можел да има Bojan и фудбалерот пред него Pato/Pazzini. Сепак, за таква игра треба топката долго да ја држиме во наш посед на нивната половина и да внимаваме на почетнички грешки во однос на додавање или одземена топка. Со оваа формација најголемиот дел од тимот е во последната третина од теренот и нашата одбрана е изложена со само 3 фудбалери (Mexes, Acerbi и De Jong). Евентуална грешка во додавање или одземена топка на 25-30 метри од голот на Napoli ќе значи во најмала рака, голема шанса за гол! Особено со против напад каков што има Napoli!
Pandev веројатно нема да биде доволно фит и на негово место ќе стартува малиот, незгодниот Insigne. Не сум сигурен дали тоа е добра или лоша вест за Milan и за Napoli.
Ова ќе биде премногу тежок натпревар! Milan знаеше да биде брилијантен во тешките натпревари, барем оној Milan што го знам!
Forza Milan!!!
P.S
Вчера Berlusconi го посети Milanello и се расфрлаше со неговите идеи. Накратко, не сака да играме со 3 дефанзивци, го гледа Montolivo како Pirlo, тој сакал да го купиме El Shaarawy, му се допаѓа Balotelli и повеќе време ќе поминува со клубот.
Saturday, 10 November 2012
Milan vs Fiorentina
По обврските во ЛШ се враќаме на домашна сцена. Играме против цврста екипа која е еден од кандидатите за излез во Европа следната сезона. За наша среќа или за нивна несреќа, најдобриот фудбалер нат имот, Јоветиќ нема да настапи против Милан поради тоа што заработи повреда. Нас нè интересираат повредите во нашиот табор.
А таму Abate е новиот на листата на повредени фудбалери, ќе отсуствува барем 15тина дена. Allegri на мечот против Фиорентина ќе настапи со Constant - Mexes - Bonera - De Sciglio и верувале или не, тоа ќе биде 16 различна комбинација во одбраната во 16 одиграни натпревари сезонава! Пред нив е сигурен Montolivo а можно е Nocerino да му прави друштво во средината иако постојат и останати варијанти. Напред е неизвесен El Shaarawy поради повреда на коленото а веројатно е и Boateng да започне од самиот старт. Напред, Pato е во блага предност пред Pazzini.
P.S На денешниот прес пред мечот со Фиорентина, Allegri изјави дека засега цел на тимот е 4тото место на табелата но тоа би можело да се смени во зависност од резултатите во текот на сезоната.
Monday, 5 November 2012
Champions League: Matchday 4: AC Milan vs Malaga CF
Се освен победа на овој натпревар нема да значи ништо, и многу брзо ќе се заборави петардата од пред 2 дена.
Статистички Шпанците се најдобрата екипа во ЛШ после 3 кола, со 3 победи и без ниеден примен гол.
Милан пак од друга страна, има шарен скор и победа утревечер ќе значи само 2 бода разлика од Малага пред гостувањето во Белгија и пречекот на Зенит на домашен терен како завршен чин во оваа групна фаза.
Ќе ни суди Хауард Веб, а интересно е што последен пат Милан славел на домашен терен против Шпанска екипа во 2004тата година vs Барселона во фазата по групи. (Шевченко беше стрелец се сеќавам дури и на голот).
Листа на повикани играчи:
Abbiati,Amelia,Gabriel
Abate,De Sciglio,Bonera,Mexes,Yepes,Zapata,Constant
Ambrosini,De Jong,Nocerino,Montolivo,Emanuelson,Boateng
Pazzini,Pato,Robinho,Bojan,El Shaarawy.
Се очекува Алегри да не ја менува добитната формација, но најверојатно ќе има измени во стартните 11.
Имено самиот тој рече дека е можно Пато да започне место Пацини, и нешто што е доста веројатно а мене лично ич не ми се допаѓа е што е можно да се смени двоецот во одбраната Мексес-Запата, со Бонера-Јепес. Според мене и во најмала рака било кој од овие двајца нема потреба да се менуваат но Макс си има некои свои замисли дали сака поискусен двоец одзади којзнае.
Значи Вторник 20:45 некој пос**н стрим со арапски/шпански коментатори и да уживаме во магијата на ЛШ.
Saturday, 3 November 2012
Да се биде или да се биде
Ако не успееме да го победиме Chievo на домашен терен нема да важат веќе никакви оправдувања. Веројатно слично размислува и Allegri и затоа ќе настапи со 4-2-fantasia. Се враќаме на формацијата која многу повеќе лежи (4-2-3-1) и за прв пат сезонава, Bojan ќе добие старт на AMC после одличните 25 минути против Palermo. Allegri го испофали Bojan за пристапот на тренинзите (во недостиг на други работи за фалење) и затоа ќе го гледаме вечерва од стартот заедно со единствените двајца фудбалери во тимот кои според оценките на Gazzetta имаат подобрување во играта за разлика од минатата сезона.
Зад нив, Montolivo е сигурен а веројатно Ambrosini ќе му го чува грбот. Четворката назад ќе биде составена од Abate и Constant по страните а Mexes и еден од Zapata/Yepes во средината.
Веројанто најголемата дилема се наоѓа во шпицот. Иако константно се зборуваше дека Pato ќе добие нов старт, денес повеќе се шпекулира и со името на Pazzini.
Одиме со Tiziano напред! E Andiamo!!!
Monday, 29 October 2012
Palermo Vs Milan
Конечно по подолго време, влегуваме во еден меч со малку поголем ентузијазам (сè уште не можам да кажам, самодоверба). По тешката победа на домашен терен против Genoa, одиме на гости на Сицилија. Сицилија, особено Renzo Barbera има традиција на еден од најжешките места за гостинските екипи. Сепак, сезонава Palermo исто како и Milan сезоната ја започна доста лошо и делува многу неубедливо. Нормално, Zamparini веќе почна да сè загрева и направи една смена на тренерот (сигурно ќе има уште неколку до крајот на сезоната). Сепак, ако некогаш имало најголеми шанси да се освои Renzo Barbera, тоа е годинава. Иако Milan е во лоша форма играчки и резултатски, верувам дека токму сега е најдобро време да се украдат 3 бода во Сицилија, против Palermo кој нема вака да игра во текот на целата сезона и веројатно на останатите екипи од горната половина на табелата, ќе им биде многу потешко во понатамошниот дел од сезоната. Alexandre Pato дебитираше во стартните 11 за прв пат после цели 8 месеци и ќе има нов старт веќе утревечер. Сепак, доколку сакаме добар резултат повторно сите погледи ќе бидат свртени кон Nintendo boy.
За одбележување за овој меч е фактот што Muntari успеа да направи неверојатно закрепнување (првичните прогнози беа дури во Јануари) по глупоста на плажата и веќе е повикан за патувањето на Сицилија. Boateng сè уште има проблеми со тетивата а во аут е и De Sciglio. Ќе недостига и Nini поради повредата заработена против Genoa.
Abbiati се чувствува подобро но повторно Amelia ќе застане меѓу стативите. Формацијата повторно ќе биде 3-4-3 (а не 3-5-2 или 5-3-2, освен во дефанзива). Назад, веројатно ќе настапи истата тројка што настапи против Genoa со тоа што е можно Mexes да влета на местото од Yepes или Zapata. Неиграњето на Nini лево, отвара 2 различни варијанти. Едната е со Constant, другата е со Urby (малку веројатна поради тоа што се губи офанзивен фудбалер напред а немаме многу такви во ростерот). Montolivo е сигурен во средината а за другото место подеднакво конкурираaт Ambro и De Jong. Офанзивната тројка речиси сигурно ќе биде составена од истите фудбалери кои го започнаа мечот против Genoa ОСВЕН ако Urby се најде на LM, тогаш можно е Bojan да добие шанса на AMR од самиот старт.
Сето ова претходно напишано, нашминкано на хартија би изгледало вака:
Тежок натпревар, грогирани противници, Сицилија од една страна но и убава шанса да се влезе во серија од друга. Верувам во момците!
Friday, 26 October 2012
3-4-3 во недостиг на идеи...
Во очај подобро би рекол, бидејќи очигледно требаше да западне тимот во ваква мизерија па да се мисли на било каква промена во формацијата, а колку е тоа драстична промената ни кажува само во какви тешки г**** сме.
Последен пат ваква формација имало во времето на Закерони.
Да не се залажуваме, главната промена се случува назад, кадешто тројцата стопери треба да бидат усогласени, да размислуваат исто и да се бранат исто, а Ачерби,Мескес и Бонера не беа нешто најдобри во тоа, особено првиот кој делуваше изгубено цел натпревар против Малага.
Ќе треба доста време, и доста натпревари за да се воигра една ваква задна линија, а такво нешто Милан нема! Токму и затоа на ова гледам како скептик, и токму затоа на ова гледам како безидејност и менување на формација кога веќе неможе играчи и тренер.
Резултатите во Европа на Наполи и Јувентус говорат многу за товарот кој го носи оваа невообичаена поставеност на теренот, и колку пожртвуваност и напорна работа треба за да се оствари истата.
Последната изјава на Макс е дека повторно ќе игра со тројца позади, Ачерби најверојатно нема да стартува така да најверојатно Јепес ќе го завземе неговото место иако е тотално несватливо зошто на Запата не му се даде адекватна шанса.
Најверојатно Абате и Урби ќе бидат крилни бекови и ако ништо друго ќе биде интересно да се види како ќе се снајде таму Емануелсон од старт.
Пато е со сигурност стартер, а најверојатно друштво во навалниот дел од тимот ќе му прават EL92 и Принцезата од Гана.
Де Јонг е сигурен стартер покрај Монтоливо најверојатно, бидејќи е нелогично со двајца копачи да го почнеме натпреварот (Амброзини и Де Јонг)
Абијати се враќа во тимот и Алегри ќе има повеќе избор на голманската позиција.
Инаку вреди и да се спомене дека Мунтари е повикан за следниот натпревар на Примавера што значи дека е се побиску до враќање во првиот тим.
Еве го тимот за Џенова:
Abbiati, Amelia, Gabriel, Abate, Acerbi, Antonini, Bonera, Mexes, Yepes, Zapata, Ambrosini, Boateng, De Jong, Constant, Emanuelson, Flamini, Montolivo, Nocerino, Bojan, El Shaarawy, Pato, Pazzini.
Tuesday, 23 October 2012
НАШИОТ FACTOR X...
Ги гледам последните неколку
натпревари на тимот и во глава ми се врти прашање за тоа како е можно вакви
играчи да играат вака мизерни натпревари во континуитет. Губиш 3:0 на пола од мечот и се
прашуваш, прво, како е можно од екипа која е очигледно ростерски послаба од
оваа твојата да прими цели 3 гола за 50 минути, а второ, дали сега постои некој
играч во тимот што може да направи нешто ова да не изгледа вака срамно, очајно,
безнадежно. Иако терминот најчесто го користат за нечија способност и квалитет
да се направи некаква разлика во однос на тоа што го гледаме, мене повеќе ме
интересира оној дел на Factor-от
X што ќе објасни што му
фали на овој тим за да ја игра неговата игра. Milan се мачи на секоја можна утакмица
сезонава, а рака на срце, не мачи и нас. Екипата не успеа, во ниеден меч досега,
(можеби единствено против Cagliari на моменти) да наметне игра каква што им одговара. Max сезонава не осети како е
да имаш релативно лесен натпревар кај што нема да ги исцрпиш своите фудбалери
за следниот дуел кој доаѓа за три дена, а да не зборуваме за меч каде ќе ги
одмораш најдобрите играчи. Ај, можеби ова со одморањето на играчи и не е баш
некоја пракса кај нас последните три сезони заради повредите, ама сепак,
ротациите што се случуваат во пресрет на натпревар кај нас се случуваат заради слаб
перформанс, а не заради поштедување на играчи. И лек за проблемот сеуште не е
најден, а веќе поминува и Октомври. Сите знаат, осеќаат и коментираат дека ова
е недозволиво, ама никој ништо не превзема. Ниту играчите успеаа да ја срушат
психолошката бариера, ниту тренерот успеа нешто тактички да промени (зборувам за промена што успеала, а не што само била
испробана), ниту управата повлекла потег, било каков.
Работите
изгледаат закочено, некако се е неизвесно, исто како во Јули и Август. Тогаш не
знаевме дали ќе ги продадат Ibra и TS, па потоа исчекувавме и се надевавме на трошење на тие пари
на квалитетни засилувања, а сега чекаме тимот да проработи. А скорот во
првенствотото е ужасен, историски срамен. Што е тоа што го мачи овој тим?
Ништо, се е психолошки. Екипата беше ослабена, да не речам осакатена летово, ги
изгуби сите можни предводници, а сепак се очекуваше да продолжи по некои славни
стапки од минатото. Кога младиот тим не успеа од самиот старт да ја одржува
великанската улога на клубот, многу лесно се почна да се растура. Не верувам
дека распродажбата што ни се случи летово е одговорот за оваа ситуација.
Петнаесетто место не им припаѓа на екипи што во состав ги имаат Pato, Robinho,
Montolivo, Boateng или De Jong. Ниту
тоа петнаесетто место ќе биде долго актуелно, затоа што едноставно е невозможно
се да тече вака, на овој начин. Многу наскоро треба да има промени, а сигурно
секој од нас верува и чуствува дека тие промени ќе дојдат многу, многу скоро.
Зошто да не почнат уште утре, против Malaga. Factor X моментално во клубот имаат повеќе субјекти, меѓу кои
веројатно не и Allegri. За жал, излгеда како човекот да
пробал се и нема повеќе идеи како да го дигне тимот. Испаѓа како да нема
доволно храброст да пробува уште и што е најчудно, не се однесува како давеник,
како некој што се бори со последни сили да си ја спаси функцијата. И ако
собереме се, многу лесен заклучок е неговото отпуштање, а тоа упорно не се
случува. Сега клубот делува како без идеја чија “суперсила” да ја искористи, на играчите, на тренерот или на управата.
Делува поразително кога клубот за кој знаеш дека е створен да победува, сега
сите зборуваат со потсмев. Ама ние сме навивачи, нели, па за секој следен меч
си наоѓаме по некој изговор дека овој нема да биде како последниот. Овојпат јас
имам само еден: ова е ЛШ, тоа е мотив сам по себе, а и таму се снаоѓаме нешто
подобро, немаме пораз, што би рекло... ова мора да е тој импулс што го чекаме!
Allegri многу
отворено настапи на денешниот прес. Откри скоро се во врска со начинот на игра,
формацијата и составот. Кажа дека ќе игра во 4-2-3-1 со отворена дилема дали Pato или Pazzini да биде
осамениот шпиц. Со оглед на тоа што Abate тренира
одвоен од тимот и е изоставен од списокот, De Sciglio ќе стартува десно, a Nini лево. Во
средината ќе биде интересно да видиме кој ќе стартува покрај Ambro во задната везна линија. Претпоставувам дека тоа ќе биде Nocerino, но нема да ме изненади и уфрлување на Flamini. Montolivo конечно на класичен advanced playmaker или либеро, по првото изоставување сезонава на Boateng од почетните 11. Десно од него Urby, а лево SES92. Единствено не беше ништо спомнато околу дефанзивниот двоец.
Јас лично очекувам да ги видам Mexes и Zapata. Amelia е повторно на голот, заради
бронхитисот на Abiatti. Max понатаму кажа дека пробувал и одбрана со тројца играчи, но сега не е време за тоа и е апсолутно
во право со оглед на незгодната брза напаѓачка линија на Malaga. Го објасни и изоставувањето на NDJ кој
имал мала повреда на колкот и го чува за викендот против Genoa. И уште неколку минути говор на Allegri во кој
повикува на смиреност, бара уште малку време и помалку
зборување, сака повеќе простор и играчи на располагање, кажува дека не се чул со B една недела (божем
нас не засега колку често се слушаат) и слични веќе чуени работи од
позната уста.
Се на
се, уште една стандардна најава со стандардни очекувања дека нешто конечно ќе
тргне на добро. И пак ќе констатираме дека тимот пак ни е посилен од
противникот и дека реално е да очекуваме победа, без оглед на двете победи на Malaga досега во кампањата. Една победа сега, на гости, може да
значи многу, дури и активирање на Factor-от X на екипата. Јас верувам дека има сила за тоа, уште сега, за
да имаме време за повеќе убави моменти сезонава.
DAI RAGAZZI, FORZA MILAN!!!
Saturday, 20 October 2012
Конечно, Калчо!
Конечно после долга пауза поради репрезентативните настапи, Калчо на програмата! Иако на Milan не му оди најдобро, секој фан на клубот па и воопшто секој фан на било кој клуб во Европа, тешко го преживува овој пост на клубски фудбал.
Се враќаме на калчото со 2 дерби натпревари, за нас поинтересен оној во ударниот термин, вечерва во 20:45. Одиме на гости на Олимпико кај забревтаниот Lazio.
Petkovic го препороди клубот на Lotito и домакините имаат игра, имаат резултати. Со други зборови, Olimpico не е баш најдоброто место за да се запре лошата серија на Milan. Сепак, со Pato во тимот а со Binho во аут, одиме на 3 бода и ништо друго. Само победи (добри или лоши) можат да ја подобрат ситуацијата во клубот и да ја дадат онаа искра на самодоверба која им недостига на фудбалерите за повторно да веруваат во себе и да можат да започнат победничка серија. Веројатната формација ќе биде 4-2-3-1 со 2-3 недоумици на Allegri околу некои места во тимот.
Главните дилеми се за 2 места во одбраната (Yepes/Acerbi и De Sciglio/Antonini) како и за 1 во средниот ред (дали Montolivo поназад со De Jong а напред Urby или Nocerino назад со De Jong а Montolivo малку понапред). Сигурно е дека Pazzini ќе започне во шпицот а Pato ќе започне на клупата.
Некогаш мора да тргне, да се надеваме дека тоа ќе биде вечерва!
Forza Milan!!!
Sunday, 7 October 2012
Derby della Madonnina!
Дојде еден од двата дена во годината кои секој жител на Милано ги очекува со најголемо нетрпение. Derby della Madonnina е на тапет! Едно од најголемите дерби натпревари во светот, веројатно најголемото градско дерби во светот! Сепак, од друга страна, културно и стабилно дерби, како на теренот така и надвор од него! Милан и Интер и покрај тоа што секогаш биле најголеми ривали, апсолутно секогаш покажувале дигнитет во меѓусебните дуели, како на трибините така и меѓу фудбалерите. Derby della Madonnina е место каде што навивачите на двете екипи никогаш, апсолутно никогаш не потфрлуваат со своите претстави на двете страни од San Siro! Сигурен сум дека и вечерва трибините ќе бидат мелем за очи, школа за многу други екипи, првенства и навивачи низ светот!
Првото дерби сезонава ќе биде зачинето и со изнудената трампа меѓу двете екипи, во Милан дојде Pazzini а кај комшиите замина un cuore ingrato. Токму тој може да биде на тапет на Curva Sud вечерва, истата онаа Curva Sud која пред само 2 сезони ја направи една од најубаво осмислените кореографии на еден спортски натпревар било кога направени, за една слична ситуација:
Според позицијата на табелата па и според играта комшиите овојпат се благи фаворити. Се наоѓаат погоре на табелата, имаат повеќе позитивни резултати па ако сакате и посолиден ростер на располагање. Кај нив ќе недостасува Sneijder, кај нас Pato а имаме уште неколку фудбалери кои не се доволно фит а се во комбинација.
Allegri се двоумеше да менува формација за да може да парира во средниот ред (тие играат со 3+2 во средината) но се чини сепак ќе остане на широката, разновидната 4-2-3-1 во која двајцата централни фудбалери во средниот ред ќе треба да добиваат многу помош како од нападот (El Shaarawy, Boateng, Urby) така и од одбраната (бековите).
Кога сме кај бековите, се очекува да добие старт Mattia De Sciglio кој сепак интересно, веројатно ќе добие шанса на лев а не на десен бек (што значи најдобриот асистент на Militto од последните мечеви сепак ќе игра). Се зборува за уште една промена во срцето на одбраната (Yepes) која мене лично ми е целосно неразбирлива! Средниот ред и нападот ќе биде оној што се очекува со потенцирање на тоа дека најверојатно Bojan наместо Pazzini ќе добие старт. Графички, тоа би требало да изгледа вака:
Во нашиот тим, во цела Италија па и во половина Европа (барем во стручната јавност) во фокус ќе биде суперсоничниот, мал фараон. Момчето кое има постигнато неверојатни 5 гола во последните 10 дена а притоа успева на секој натпревар да биде во оние кои најмногу истрчале на теренот! Фантастичен талент со извонреден work rate, вистинска реткост!
Мaлото треба да добива помош пред се од Boateng, Bojan и Montolivo во нападот а тој несомнено ќе помага на De Sciglio во одбрана по таа лева страна (на последниот одигран натпревар во ЛШ против Зенит постигна ретко убав гол а успеа и да истрча преку 12 km).
Кога сме кај Bojan, со него во тимот, Милан добива на флуид, разновидност, непредвидливост и помош во дефанзива од една страна а губи пред сè цврстина и чувство за гол напред (нешто што го добиваме со Pazzini). Всушност, играњето на Bojan на CF повеќе им користи на оние тројца зад него отколку на самиот Bojan. Одбраната, барем поголем дел од неа ќе биде повторно крш и тоа е она што најмногу ме загрижува. El Shaarawy и Urby ќе треба повеќе да ги притискаат Zanetti и Nagatomo за тие да си седат повеќе назад бидејки во широки 5 во средина на Интер, Милан ќе има огромни проблеми со само 2 класични midfielder-и во средината на теренот.
Кому му треба друго дерби, вечерва е Derby della Madonnina!!
Subscribe to:
Posts (Atom)