Translate

Thursday 6 January 2011

Родни The Mad Dog Страсер!




И кога се чинеше дека се’ е загубено токму тој се издигна како Феникс и ни донесе нови три бода со кои сеуште го водиме орото во Калчото.

11 comments:

Vase_AC Milan said...

Хахахахаха Родни ѕверот.Детево има нешто во него што те тера да го сакаш.Особено по неколкуте солзи пролеани заедно со прославата на голот.Иднината е сега очигледно :D


FORZA MLAN

ReBorned said...

Родни мајсторе, Родни мајсторе!!
Каков touch од Касано за голот. Мислам дека Касано може да експлодира како класичен No 10 односно AMC со Златан и Пато пред него. Има такво префинето чувство за асистенција и визија за играта...

ReBorned said...

И уште нешто, откако влезе Родни во игра навистина ни се стабилизира играта на средината на теренот. И ова го мислев да го пишам уште пред постигнувањето на голот, значи постигнатиот гол воопшто не влијае на мојата оценка за играта на Родни. Момчето има одличен физикус, цврст во дуелите, топките ги одзема како од мали деца (а тој е детето), во дефанзива игра како Гатузо а знае и да додаде добра топка, да повлече напред а и очигледно да реализира.
Колку слатко делуваше кога целиот тим (вклучувајки ги и оние од клупата) дојде да прослави заедно со него :)

Navigator said...

сосема солидна претстава на двајцата младинци..сега нормално ќе се зборува за Rodney оти ни донесе три бода од исклучително тешкото гостување, ама несмее да се занемари и зрелиот настап на Merkel, со уште поголем притисок од фактот што беше стартер..
инаку, да се надоврзам на вашиот муабет, мене за неверување ми беше тоа што на неколку пати останав зачуден милсејќи дека се работи за Seedorf, а тие дуели и потези биле на Strasser..мислам дека се разбираме зошто сум ги помешал :) шала на страна, ако некој што никогаш не гледал фудбал го прашавте кој од овие двајца црномурести играчи е постариот и поискусниот, сигурен сум дека немаше да погоди..чудно е колку сталожено и искусно делуваа и двајцата младинци..
за разлика од нив, лош ден за горенаведениот и за Bonera, што уствари и не е некое чудо..Кичо имаше страшен кикс, а Pato и Binho блеснуваа на моменти, ама далеку од играчи што треба да ја превземат одговорноста на вакви мечеви..за Cassano испадна одлично деби и сега сигурно со многу повеќе самодоверба ќе влези на следниот натпревар..сигурно среќа му донесоа коскобраните на Rino :)
се на се, одличен почеток на годината (резултатски), ама тоа треба да се докажи уште еднаш за три дена против Udinese, кој денес го победи Chievo..другите резултати од колото - одлични..уште само реми на San Siro вечер и се ќе биди перфектно!

FORZA CAMPIONI!!!

ReBorned said...

На страна од ова покрај Милан 2, ги фатив Удинезе 1 и ВНИМАВАЈТЕ Болоња - Фиорентина чист Х и Џенова - Лацио чист Х. Значи фатив 2 чисти Х и ја чекам вечер уште Реал да победат со Леванте во гости кој дома го победија 8-0.
Толку ли ќе бидам малер?
Страсер е зрел за првотимец, посебно во вакви вонредни околности (повредени Фламини, Пирло и Боатенг)

Anonymous said...

http://www.youtube.com/watch?v=FM1MD1jTeGo&feature=player_embedded

Navigator said...

Tiziano легендо... :)

Vase_AC Milan said...

И Меркел мора да се спомене.Исто така многу вредно дете.Не го имаше импактот на Родни но многу зрело ја прифати улогата на стартер иако имаше неколку грешки и избледе од играта кон крајот на мечот.Но сепак има само 18 год и дебито во Сериа А го имаше како стартер на жежок терен и во деликатна ситуација.Искрено се надевав дека и Пистолерото ќе добие шанса но останува на друга утакмица.
Антонио изигра одлично и дефинитивно подобро би му одговарало да игра како полушпиц но не сум сигурен како ќе изигра во одбрана.Конкуренцијата е страшна играчи има милион така да дури и предвидувањата ќе му ги оставам на Алегри :D
Абиати си се исклучува вака да не речам редовно ама на секоја 3та утакмица.Силва беше ѕвер назад и Бонера изигра солидно, повеќе среќно а Сидорф беше изгубен во свемирот.Незнам што му е на тоа човече со Рома премногу слабо играше и денеска исто.Мора да се поправи оти вака не бива.
Во недела одиме на победа со Удинезе и да си ја одржиме разликата во однос на екипите - бркачи :D


FORZA MILAN VINCEREMO TUTTO

Navigator said...

Ри, моето сочувство за Real и твоите пари :(

ReBorned said...

Ќути...
И тие се чудо и јас сум чудо. Само на мене може да ми се случи вакво нешто...

ReBorned said...

Во оваа победа сите по малку заборавивме на уште едно наше дете, Давид Астори. Момчето во континуитет игра добро а вчера одлично се носеше со Пато. Имаме 50 % од него...