Translate

Thursday 20 January 2011

COPPA ITALIA Милан - Бари




Сликата погоре е сеќавање од последниот трофеј во COPPA ITALIA. Искрено јас, а верувам и сите вие и покрај тоа што секогаш на ова натпреварување се приоѓало несериозно и секогаш било не во втор, туку во трет план или подобро да речам се игра од што се мора, сепак, годинава токму поради тој долг пост многу посакувам да го освоиме овој трофеј како зачин на скудетото на кое сите се надеваме.

Денеска играме против Бари, противник кој само со малку посериозен пристап кон играта можеме(и мораме) да го 'решиме' во првите половина час од играта. Составот ќе биде комбиниран но ни оддалеку нема да биде 'втор состав'. Најинтересно за издвојување е што Флавио Рома денеска ќе го има дебито во дресот на Милан иако веќе втора сезона е во тимот. Позади би требало да почнат Одо, ТС, Јепес и Антонини. Во средината сигурно шанса повторно ќе добие Страсер, за останатите од тоа што е на располагање, би требало да почнат Амбро и Гатузо, Пирло е опоравен но сигурно нема да стартува денеска, евентуално би можел да биде на клупата. Боатенг сеуште не е фит, а Фламини е со ситна повреда и нема да настапи. Напред со сигурност Касано ќе го има првиот старт, и друшто ќе му прави паунот, овај патката. Интересно ќе биде да видиме дали Меркел ќе добие повторно шанса да игра позади напаѓачите со оглед на тоа што и нема голем избор Алегри освен ако не се одлучи и Робињо да го вметне во првиот состав кој се опорави од грипот.

Епа момци одиме на победа, да ја вратиме самодовербата која донекаде е разнишана по двата реми натпревари, посебно после оној вториот, и во Недела да го продолжиме патот накај скудетото, сепак сеуште се зависи само од нас!


П.С. Покрај куп натпреварот, отварам тема за паунот! ...патката де! Ваши мислења, за и против!

19 comments:

Navigator said...

очекувам интересен натпревар пред се..составот ќе биди нов, дефинитивно..многу среќа му посакувам на Roma за дебито, секоја чест за трпението, но да бидиме докрај реални, знаеше што го чека кога потпишуваше за Milan..јас би сакал да ги видам Merkel и Rodney заедно од прва минута, мада тешко дека тоа ќе се случи..да беше во подобар момент утакмицава, можеби..за евентуално изоставување на Ibra од први 11 незнам што е речам, незнам што е подобро..знам дека сите ќе се сложиме дека ова е денот кога Cassano треба да го доживее првиот старт во светитот дрес..назад скоро се е познато, а мој предлог до Allegri е да ни го покажи малку подобро Montelongo, ако приликите дозволуваат..
колку ќе биди добро да ја освоиме coppa-та, колку убаво изгледаат овие слики со трофеите, со насмеаните rossoneri, со конфетите во позадина :)

VOGLIAMO VINCERE - рече il Mister, a јас ќе речам... VOGLIAMO VINCERE TUTTO!!! FORZA MILAN!!!

Vase_AC Milan said...

Денеска има некои промени во составот.ТС имал некој стомачен вирус најверојатно, Антонини најверојатно ќе игра лево а ОДО ДЕСНО!!!!!!!! Мислам аман веќе.Кога ќе дое шансата за Монтелонго???
Исто така најнови информации има за промената во нападот каде изгледа Ибра ќе стартува а Паторот ќе ја фане клупата.Местото на ТС ќе го земе Неста (барем Бонера нема да игра) и Страсер и Меркел би требало да играат од почеток.
Се надевам на интересна утакмица многу голови и победа на царскиот тим.
За расправијава околу Пато би рекол дека се е завршено како што треба и се е во најдобар ред.Но сакам да се не случуваат многу често такви работи.

FORZA MILAN VINCEREMO TUTTO

Navigator said...

LE FORMAZIONI UFFICIALI:

MILAN: Roma; Oddo, Nesta, Yepes, Antonini; Gattuso, Ambrosini, Merkel; Robinho; Ibrahimovic, Cassano

BARI: Padelli; Raggi, Rossi, Glik, Parisi; Alvarez, Pulzetti, Donati, Romero; Kutuzov, Castillo.

Доста изненадувања :) го нема Rodney, ама затоа Merkel е пак стартер..Ibra со Cassano напред, а Binho како поддршка, се надевам дека ќе биди премногу тешко да се сопрат..одиме на победа момци!

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Алегри е сериозен околу овој трофеј, така ми изгледа. Сепак јас не би го играл Златан стартер, ова му беше единствена шанса да земе здив... без него тимот не е ист.
Се надевам дека нема да се повтори натпреварот со Ајакс кога игравме без резултатски императив а Алегри извади одлична постава па имавме подолготрајни повреди на двајца битни фудбалери, Тиаго и Фламини.

ReBorned said...

Што се глупираат овие на МТВ?!
Абе ајде вклучете се во пренос!

Vase_AC Milan said...

Аууууууууууууу Меркееееел.Царе браво.Одлична игра - Бари класична селска екипа, чичињата после работа на утакмица одат хахахахахаха

CON MERKEL VINCIAMO TUTTO :D

ReBorned said...

И? Реакции за Меркел? :)
На Васе веќе ја видовме.
И не само за голот, дали внимававте на асистецијата при голот на Бињо, со чувство, со класа, со стил. Од прва, без да се смири топка без да се гледа кој каде се наоѓа, без да се „тапчи“ во место! Едноставно, куршум додавање во шеснаесетникот на противникот од прва.
Одлично чувство!

Vase_AC Milan said...

Само да продолжи во овој стил.Полека да си ја чека шансата.Младо е уште млечни заби има но не изигра така.Јас реков на пред сезонските утакмици дека го имаме новиот Швајнштајгер во младинскиот тим.ги има сите предиспозиции за да стане како него.

FORZA ALE :D

Navigator said...

немам некој мотив да коментирам многу за она вчера, ама ќе кажам неколку збора што мислам за Merkel и Ibra..
детето одигра стварно одличен натпревар, иако на почетокот изгледаше доста импресиониран..се осеќаат неговите добри и лоши страни..кога велам лоши, мислам на делови од неговата игра каде е на ниво на неговите врсници..и тоа воопшто не е лошо, само што паѓа во очи кога е на терен со 15тина искусни играчи околу него..физикусот не му најдобра страна, видовме неколку воздушни дуели по кои се најде на земја, видовме во два-три наврати дека младешкиот импулс го тера да трча до назад да помогни на Luca, за по 20 секудни да сака да му асистира на Ibra, што содзаде дупка на неговиот дел од теренот и она што му фали скоро на секој U-20 играч во светот е lack of tactical awareness..и секако видовме мала трема, особено на почетокот..
пак велам, не го зборувам ова со лоша намера! напротив, Merkel e првиот играч со толку многу потенцијал по којзнае колку години излезен од младинскиот погон..тука подразбирам играч што не е позајмуван насекаде или донесен од Бразил како hot prospect, баш створен во кампот на Milan..честитки за синоќешниот перформанс на Alex!

а Ibra... многу ме плаши тој идиот..се понаша така надмоќно и арогантно, што веќе излегува од она граница на симпатичност..не сакам да зборувам пред време, но се ми се чини дека додека е добро, ќе биди тивок, ама ако нешто тргни наопаку, ќе направи уште поголеми проблеми..неможиме ние да судиме по тоа што го гледаме на ТВ или го читаме по сајтови, ама ми изгледа како да се однесува потценувачки спрема дел од соиграчите..се надевам дека некој го контролира и нема да дозволи да се самопрогласи за "главен" во екипата, оти тука има многу големи ега и хармонијата во екипата ќе исчезни..се надевам дека Allegri е доволно авторитативен да му посочи, да го опомени или евентуално казни за лошо завршена работа..
па неможи бе затоа што решава утакмица или е најдобар стрелец, 60 минути вчера и уште 40 минатиот меч, да не трча и да си поигрува со противниците..ич не ми се допаѓа тоа!!

FORZA MILAN

ReBorned said...

Да бидеме реални... Златан трча многу повеќе од Пато

CurvaSud_Milan said...

Re, da imase opcija sea ke ti lupnev eden like na komentarot! :)))

ReBorned said...

Всушност сите во нападот или уште подобро кажано цела екипа трча повеќе од Пато, освен Сидорф и Пирло можеби...

Navigator said...

не ми беше намерата да споредувам кој колку трча, туку дали Ibra доволно се залага откако ќе даде гол или се понаша "дигнато"..дали навистина го немате забележано тоа негово арогантно однесување, како да е цар во екипата? или се замижува, бидејќи е најдобриот играч на Milan досега во сезоната??

ReBorned said...

Донекаде си во право ама ако ставиме се на кантар, од една страна Златан го носи тимот на својот грб, трча, дава голови, асистира и се лигави а од друга страна Пато се лигави!
Касано и Робињо константно шараат на противничката половина и играат пресинг па и Златан заедно со нив. Александре во моментов не игра ништо.
И јас сакам тоа да се смени, ама сега тоа е факт!

ReBorned said...

И уште нешто, Ziegler го одбил Милан и се’ повеќе го влече на кај Лацио. Criscito ни е прескап за во Јануари... и сега?
Lazzari најверојатно следната недела ќе дојде, ама што правиме во дефанзива и особено на лев бек?

Navigator said...

(Gian)luca, ако се разбираме, брате Ри :)
кога веќе нема нов бек, барем да се менуваат двајцава, со оглед на формата..ако постариот се опорави некогаш од таа повреда..валјда ќе истуркаме и вакви до Јуни, незнам што да речам...

ReBorned said...

Сезонава е многу интересна кога е во прашање бековската позиција. Абате константно се подобрува и созрева на секој следен натпревар а од другата страна Антонини константно паѓа во формата и играта. Градација во двата правци...
Moжеби Albertazzi? Нов џокер од Примавера...?
Сепак Микеланџело е повеќе централен, можеби затоа не е уште пробан на бек во сениорите.
Де Вито е лев бек и лани против Новара во купот остави сосема солиден впечаток...

ReBorned said...

Ајде сега де....
De Telegraf тврди дека Емануелсон, левиот бек/крило на Ајакс е веќе фудбалер на Милан. Емануелсон кој е со истек на договорот во Јуни (иста ситуација како Циглер) и е 24 години веќе бил пазарисан од Милан за во Јуни но сега Браида прави напори за тој да дојде уште во Јануари, се разбира со мала сума за Ајакс.
Емануелсон... ме потсеќа на Марсело, мало, ситно, екстремно брзо и незгодно во офанзива.

ReBorned said...

Хахаха некој од wiki веќе го сместил со Current club AC Milan :)

http://www.youtube.com/watch?v=I4zYAMCtd8E