Translate

Sunday 23 January 2011

Враќање на долгот!



Во сенка на последните турбуленции на транфер пазарот се соочуваме со Чезена. Тим кој ни е голем должник од првиот дел на сезоната, кога бевме буквално посрамотени во гости. Натпревар по кој имавме мала мини криза но и натпревар кој според Алегри ни донесе освестување и многу позитивни поуки за понатамошниот дел од сезоната.
Сега Чезена доаѓа на Сан Сиро, по вторпат во само 7 дена. Против комшиите покажа дека е незгоден противник особено за фаворитите. Добра вест за нас е што (ако ме прашувате мене) убедливо најдобриот фудбалер на тимот, Џакерини доби црвен картон во финишот против Принтер и нема да биде на теренот. Исто така нема да настапи и Луис Хименес. Сето ова насочува кон фактот дека единствена опасност по голот на Абијати би требало да бидат високите, нафрлените топки на Счелото кои константно ќе бидат насочени кон Ерјон Богдани и евентуално подоцна кон Игор Будан.
Вреди да се напомене и дека на Сан Сиро се враќа Паоло Самарко, дете од нашиот младински погон, момче кој никогаш не доби шанса во сениорскиот состав а тие фудбалери знаат да бидат многу непријатни во вакви ситуации.
Кај ситуацијата е стандардна. Назад Бонера е во предност во однос на Антонини на левата бековска позиција, Алегри сака да имаме постабилна дефанзивна линија. Во средината... Сидорф не е повикан а и Страсер има ситна повреда па триото ќе биде Амбро + Рино + Фламс со Меркел на клупата. Пред нив ќе „шпарта“ Бињо а напред ќе го имаме првиот дуел за стартно место во шпицот меѓу Але и Касано. Касано полека стигнува до некои 70 минути ефективен фудбал па после натпреварот со Бари кога повторно се покажа дека одлично соработува со Златан можно е да го добие својот прв старт на сметка на Паунот (сите права задржани за Curva_Sud).
И тоа е тоа дечки... го чекаме Емануелсон, ги чекаме овие три бода и нормално потајно се надеваме некој од конкурентите да нагази на кора од банана.
Forza Milan!!!

22 comments:

ReBorned said...

Принтер веќе ја нагази кората...

Navigator said...

убаво ја нагазија :) ете тоа е таа еуфорија што владееше кај шинтер-фановите, а што беше и кај нас присутна две сезони наназад, за која зборував пред некој пост..и сега никаде ќе ги нема, наеднаш ни Leo нема да им чини, па ќе го бараат Mou назад..со еден збор - очај..
ама да не задржувам многу на небитни работи..ние имаме фина прилика во вакво коло да се одвоиме уште малку повеќе..и Napoli и Lazio одат на незгодни терени кај екипи што директно се загрозени за опстојување во А, мада гледам дека Floccari пред 2-3 минути убаво ме демантира :)
околу составот, јас сепак мислам дека Allegri би требало да стартува со истиот среден ред и напад од мечот со Bari..сосема добро функционираше таа постава и не гледам зошто би ја менувал..немам информација дали Кичо е опоравен или Roma ќе дебитира и во првенството..
инаку скроз се сложувам со Ри, дека малиот, брз и незгоден Giaccherini е најдобриот играч на гостите и супер е што е суспендиран..всушност и срамота е да се плашиме од екипа како Cesena, но изгубените три бода од второто коло уште не болат и најверојатно сме толку претпазливи..мислам дека не постои филозофија во изнаоѓањето на патот до нова победа, само да се повтори агресивната игра од почеток како против Bari и рано да се отвори резултатот, тоа ќе биде се..
јас веќе си ги испланирав трите бода, за вас незнам...

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

ќе заборавев... ај видете што направи денес Ajax откако разбраа дека Milan им го зема Urby :D

ReBorned said...

Сето тоа е во ред ама ти ништо не кажа за Urby... лично твое мислење.
Се здробив пишувајки за него, пратејки ги настаните и копање по видеа... МОРА ДА ДАДЕШ СВОЕ МИСЛЕЊЕ!!
:)

ReBorned said...

Сите си ги сокршија коските на таа кората од банана. Само со време да ја тргниме да не ја заборавиме ние вечерва пак и ние да нагазиме на истата...

Navigator said...

па штознам, некако ќе дојдеше како повторување..и а ич несакам да изгледа како да се правам паметен, па затоа не реков дека Urby го имав запазено од пред некое време бидејќи секогаш кога ќе налетав на утакмица на Ajax ја гледам оти стварно се расадник за таленти и секогаш имаат играчи интересни за големите клубови..
лично, секогаш сум жалел што таквите клубови со најдобри младински школи не се најголемите, туку се оние што имаат најмногу пари..
кај Urby најмногу ми се допаѓа таа негова експлозивност и брзината секако..според тоа порано многу ми наликуваше на Davids, покрај што имаше сличен изглед :) ама за разлика од таквите играчи, овој има поизразена техничка спрема - типичен Ајах-овец..инаку кога јас го пратев повеќе, тој почесто играше на бек отколку на крило..мислам дека се работи за иста приказна како Abate, односно во младинските категории имале поофанзивни задачи и афинитети, ама во сениорски состав подобро се снаоѓаат како бекови..уште повеќе што Massimo има потреба од бекови а е не од крила..мислам дека супер ќе се вклопи..

BENVENUTO URBY!!!

Vase_AC Milan said...

Мх мх,мердиве ама ги исплескаа хахахаха.Тоа е тоа еуфоријата коа ќе те фане незнаеш што зборуваш,бевме во слична ситуација лани и прекулани но секогаш останувавме со замрзнат поглед.Тоа што го коментиравме пред некое време за лажните надежи на мердалари почнува да се исполнува.Но да не зборуваме за нив.
Во Миланело е ведро и топло како да сме среде лето :)))) Денеска се официјализираше трансферот на Емануелсон, фантастичен играч со префинета техника,брз,пробивен,има ракетен минобацач во левата нога и пред се има само 24 год.Согледувајќи ги проблемите на нашата лева бековска позиција подобра солуција од оваа немаше,со целосна почит кон Кришито и Циглер.Се надевам дека ќе биде презентиран вечерва на Сан Сиро.
За нашиот противник има многу мотиви вечерва.Уште боли поразот кој ни го нанесоа на почетокот и убеден сум дека цела екипа на чело со Ибра The Punisher се мотивирани да ги разбијат едноставно.Скоро се знаат сите места во составот Абиати на голот,Абатее Неста СИлва и Антонини во одбрамбената линија,во средниот ред Гатузо Амбро и во последен момент најверојатно ќе се убаци Меркел поради недоволната спремност на Фламини но мислам дека треба да им се даде континуитет на неговите добри игри,а попогоден противник мислам дека нема.Во нападот ќе настапат магионичарите во овој состав: Ибра,Бињо и Касано.
Нормално дека треба да се очекува победа и многу извесно е тоа да се случи затоа што многу фактори се свртени на наша страна:играме на домашен терен,влегуваме во форма и повредите и суспензиите на клучни играчи во тимот на Чезена.

FORZA MILAN VINCEREMO QUESTA SERA

Vase_AC Milan said...

Прочитав денеска дека Симоне Калвано е повикан од младинскиот состав ама не го пишуваше на листата.Дали во последен момент е отстранет Фламс па на негово место Симоне или нешто сл.Како и да е добро е уште еден играч од младинскиот погон да осети како е во 1 тим.

Navigator said...

изгледа Pato ќе стартува, а Cassano пак на клупа...

CurvaSud_Milan said...

По среќен сум што Касано почнува пред Пато, отколку што интер изгуби! :)

Navigator said...

јас сепак не сум до толку против Pato! :)

Navigator said...

LE FORMAZIONI UFFICIALI:
MILAN: Abbiati; Abate, Nesta, Thiago Silva, Antonini; Gattuso, Ambrosini, Merkel; Robinho; Cassano, Ibrahimovic.
CESENA: Antonioli; Ceccarelli, Pellegrino, Von Bergen, Dellafiore; Caserta, Colucci, Parolo; Schelotto, Budan, Malonga.

CurvaSud_Milan said...

Да бидам искрен Пато би го трампал за Балотели во истава секунда! :)

ReBorned said...

Сократис + јепес во дефанзива заедно со Абате и Антонини на страните?
Е сега ќе биде интересно...

ReBorned said...

Касано дели топки како од шега. Продолжува да биде извонреден.
Ама јас сум едноставно фасциниран од Меркел! Момчето во секоја втора акција се наоѓа во противничкиот шеснаесетник а константно успева да се враќа и назад за да покрие и да помогне на одбраната. Изгуби неколку воздушни дуели но тоа е сосема нормално.
Меркел ме импресионира, навистина!

Navigator said...

углавно екипата воодушевува, секако со исклучок на Antonini и не лошиот, туку потполно незабележителниот Abate..а што ќе кажете за играта на Yepes? :) тоа е играчот што мене највеќе ми остави впечаток! Cassano, Binho и Merkel многу активни, TS одлично се снаоѓа на новата позиција, дели многу долги топки, Кичо перфектен..а тек колку простор ќе имаат за игра во второто полувреме..
колеги rossoneri, да уживаме...

ANDIAMO CAMPIONI!!!

ReBorned said...

Сега главното прашање е што се случува со Неста...
На Twiter има муабети од типот скршена рака?!
Е дури тогаш ќе мора пак да се интервенира на трансфер пазарот.
Иако јас лично сметам дека и да нема ништо сериозно околу Неста Галијани ќе изненади уште еднаш до крајот на Јануари, го очекувам тоа иако никој не најавува вакво нешто, тогаш Галијани е најопасен!

ReBorned said...

Првичните прогнози за Неста се 2-3 месеци, дислоцирано односно скршено раме.
Последното вели дека сепак не делува толку сериозно и е можно да се „помине“ со 2-3 недели.
Сепак ќе мора да се чекаат следните неколку денови за дефинирање на состојбата на Алесандро.

ReBorned said...

И уште еднаш, секоја чест за Јепес!

Navigator said...

Yepes беше вистински ѕвер денес! а Sandro направи глупав потез со стартот од зад грб кога се повреди..неможам да разберам што му требаше тоа, свесен дека ќе добие жолт картон..ТЅ очигледно беше пресреќен со новата улога, ама се ми се чини дека доста го уморија задачите што ги носи DMC позицијата..инаку сме значително поопасни вака, а и добиваме уште еден одбранбен пред одбранбените..нешто што многу тешко можат да го скршат противниците..ама за жал ќе мора да се врати на стоперската позиција и заедно со ѕверот да пробаат да го покријат отсуството на Nesta..Abate солиден, Luca не, Кичо на висина на задача..Ambro стандардно добар и груб, а Merkel прикажува невообичаено сталожена, смирена, зрела, ама и многу динамична игра..чудо од дете...
нападот беше поопасен во првиот дел, иако јас мислев дека ќе биди обратно..во секој случај до крај на сезона ќе има борба за местото покрај Ibra, а пред Binho, затоа што мислам дека бразилецот си го заслужи првотимскиот статус..трча 90 минути, минимум десет пати го видовме како му помага на Abate кај нашето корнер знаменце, ја зема топката од таму и ја носи до противнички шеснаесетник..буши, асистира, прави атракции, грешките ги има намалено и моментално е измислен за на AMC..денес Cassano беше супер, особено до кај 60та минута..после веќе го стига уморот и очигледно дека бара измена..требаше таа измена да дојди порано, ама веќе го знаеме Allegri кој продолжува со 80+ измените што многу ми сметаат..
беше пак опасно, бевме напнати до крај и несмееме тоа да си дозволуваме повеќе со вакви екипи..имавме многу шанси, ама до 92ра минута беше само 1:0 и можеше да ни се повтори Lecce..
мислам дека не е проблемот во тоа дали можат, туку дали сакаат да го докрајчат противникот..епа нека сакаат!
честитки момци, чекориме сигурно кон Скудетото!!

FORZA CAMPIONI!!!

ReBorned said...

BILD: Alegri gives you a lot of confidence ..

Merkel: "I'm happy that he gave me his confidence for the game in Cagliari, where he said to the other players:" Let him do what he wants, he knows how to play "


Која фраза од Алегри!!

ReBorned said...

И уште една легендарна изјава на ако ме прашувате мене идниот капитен на Милан:

Thiago Silva: "However, Milan needed somebody to play there after Gattuso got injured.
For Milan, I would even play as a goalkeeper."