Translate

Monday 17 January 2011

ЗА ПОУКА, ЗА ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!!!

нека се носат Allegri и Tassotti, заедно со сите што не го ценат и незнаат што значи да се носи дрес на Milan..зарем ни требаше ова, да губиме добиена утакмица и наместо да одиме на +6 од џганот, ние испуштаме златни прилики..и сето тоа зошто?? поради некои кои не се мотивираат доволно на противник како што е Lecce? па нека играат секое коло со силни екипи, еве би ги понудил Real, Juve, Roma... ама не оди баш ни со нив..поради некој што оди со глава во ѕид и игра со една, евентуално две измени цел натпревар..каде се сега Stesser и Merkel? наместо дечките да добијат шанса и неуморно да вршат по средината, желни за докажување, тие најверојатно служат за пополнување на бројка, кога пола тим ви е повреден..епа јас не мислам така... зарем не ги познава сопствените играчи кога изгледаат како маалски фраери што сакаат да ги лажат помалите деца? кога некој свесно не користи очигледна шанса за контра и наместо тоа го чека противникот за да го издрибла, да го понижи, па да ја врати топката кај голманот, без оглед во која екипа игра, за мене тој е обичен идиот, кој не го цени послабиот од него, ама ни својата екипа, заедно со фановите..па да бев јас сношти неутрален гледач, ќе бев пресреќен што борбениот, мал тим извлече реми против арогантниот и незаинтересиран гигант..
мизерно издание на мојот омилен клуб, со што самиот си создаде компликувана ситуација и мини-криза..цела среќа што во Четврток следува куп натпревар, па следниот викенд домашен меч со Cesena..ама што знаеш, можеби нашите "стари шампиони" нема доволно да се мотивираат против "аматерите" од Cesena..
јас искрено се надевам дека поука од ова сношти, навистина ќе се извлечи..ама не само за во изјавите низ весниците, туку губењето на два, или ако сакате четири ептен битни стварно да ги тресне од земја и да ја вратат мотивираноста и атмосферата од пред месец дена..нека покажат дека не им удрила славата во глава по само пола сезона, а за тоа имаат две многу згодни прилики..првата е многу блиску, можда премногу блиску за долго да се размислува..нека се врати старата игра и желба, за да не се вратат минатите болни сезони..

ANDIAMO AVANTI RAGAZZI, FORTISSIMO!!!

16 comments:

ReBorned said...

Трагикомично во целата ситуација е тоа што во тимот полн со „шампиони“ оној кој треба најмногу да се докажува делува најдигнато и најзаинтересирано. Ако продолжи во исто темпо може слободно да си оди во Барса, ќе најдеме некој кој ќе игра со срце на теренот!
Во право беше Гатузо на крајот од првото полувреме!
Абате одигра еден од најдобрите натпревари во дресот на Милан.
Амелија продолжува да ни биде малер... сеуште немаме победа со него во тимот

Navigator said...

Тоа што Rino сезони наназад е често во разговор со тренерите (Carlo, Leo, Allegri) на сред натпревар и тоа што откако ќе биде заменет е постојано на нозе и нешто дофрлува кон соиграчите на терен, не е случајно..мене ми е криво кога луѓето со потценување и иронија зборуваат за таквото негово однесување и го ценат само по неговата агресивност и пожртвуваност..она што не го знаат за него е дека многу добро ги разбира замислите на тренерите и неговите совети во тактичка смисла често носат промена во играта во текот на мечот, во насока на динамизирање на играта..и покрај имиџот што си го создаде како брутален и безкомпромисен везњак со минимални технички квалитети, неговата "тренерска" способност доаѓа до израз се повеќе како му одминуваат играчките години..немојте да се чудите ако по пензионирањето, за која година го видите како тренер на јуниорите, примавера или на чело на Rangers :)
Abate непрепознатлив во однос на последните 2-3 натпреавари..штета за неговата непостојаност!

Vase_AC Milan said...

Дали ги видовте гласините околу наводните расправии помеѓу Пато и Гатузо и Пато и Ибра???Не се знае дали е вистина но ако е така знаејќи го карактерот на Пато може сешто да се случи.Очекуваме пресконференција или нешто слично да се расчисти ситуацијава.
На утакмицава со Лече сфатив дека Сидорф веќе неможе да игра на највисоко ниво.Јасно е како ден.Премногу топки губи и не придонесува во нападот ама баш ништо.Исто така ги забележав старите навики околу мотивацијата на екипата против таканаречениве боси екипи.Епа сеа ние излеговме боси а разликата се топи ли се топи.Ете колку фалат Боа, Робињо, Пирло па и Замброта.Ако продолжиме вака ќе се збогуваме со скудетото.
Околу трансфер пазарот ама баш ич не ми се бендисува идејата околу Циглер.Во него добиваме само уште еден Јанкуловски,Одо таков тип на играч.Дефинитивно треба да се запне за Кришито.
Незнам за вас ама со нетрпение ја очекувам утакмицата со Бари :)))
Да видиме кој и како ќе изигра и каква ќе биде мотивацијата.Тогаш ќе се види дали ќе се атакува на сите титули или ќе го оставиме купот и оваа година.Дефинитивно имаме екипа за требле но останува да видиме кои се целите.

FORZA MILAN

Vase_AC Milan said...

EXCLUSIVE TMW - There is an agreement between Milan and Genoa for Criscito

И како што побарав во претходниот коментар чичко Фестер веднаш реагираше.......момци сеуште не е ништо официјално но од оваа страна многу реални и достојни информации има така да нема причина да не верувам.....да почекаме уште малце

Navigator said...

што има да видиме кои се целите? екипа од рангот на Milan која последните десет години освоила 4-5 трофеи, неможе да бира кои натпреварувања ќе ги игра за да победи, а кои ради реда..особено во ваков ждреб, каде што немате голем соперник дури до евентуално финале..јас уште сум толку многу изнервиран од Неделата, што ми доаѓа да пушувам вулгарни работи, ама ќе се потрудам да се воздржам..и за тоа расправиите, и за селекцијата против Bari, и за Seedrof и за се друго...
а темата Criscito камо да се реализира, ќе можиме раат да дишиме и да не се молиме дали еден од двата единствени вредни стопери ќе биди повреден или не..

Navigator said...

многу безвезно се осеќам деновиве кога ќе прочитам нешто за тимот, ама сепак едно сакам да потенцирам..она во што верувам, а знам дека верувате и вие само нервозата од деновиве е појака од тоа: Milan е уште далеку пред екипите кои се сериозни конкуренти! да се разбериме, тоа се Roma, Splinter и Juve..сплетот на околностите од досегашниот дел на сезоната, ни дадоа ваква комоција и реална шанса за титулата, дури и со неколку вакви бедни изданија..
деновиве читам коментари на навивачи на Шинтер и во нивната моментална еуфорија го препознавам нашата надеж од минатите две сезони..ако се секавате, некаде во овој период лани, кога после огромната предност на гнасите имаа лош период, разликата брзо се топеше и ние почнавме да славиме Скудето..не бевме реални, оти очекувавме 15-16 бода да ги снема, тие упорни да киксаат, ние никако да не изгубиме бод, едноставно нешто нереално..за само по некое коло да се вратиме во реалноста, што доста болеше, ама пак, бевме оптимисти, што е нормално..
несакам да се расправам со некои гнида-навивачи и да му го раскажувам и објаснувам ова оти моментално сите ќе ме направат да изгледам како уплашен од нив..ама ако, ќе сфатат за некое коло колку се далеку од шампионска борба..нивната нова шампионска цел згасна уште со поставувањето на менталниот тренер..затоа сега се бара нов шампион, а само ние знаеме кој е тој :)

FORZA CAMPIONI!!!

Vase_AC Milan said...

Па нормално е дека целите во сезоната е трофеи на сите фронтови но блиското минато инаку кажува.Затоа сум загрижен зошто секоја година се започнува еуфорично а после едно по друго натпреварување отпаѓа од агендата...збунувачки е затоа незнаеш што да очекуваш.
Реално Јуве и Рома немаат капацитет за титула и главни конкуренти сме ние и гнасите.И да немаа толку голема криза пак ќе се јадевме со бодови или ќе им бегавме со 2-3 сигурен сум у тоа.Се што направивме во полусезонава беше правовремените победи и серијата на добри резултати исто против малите тимови.
Ако одиме по тој редослед треба истите работи да се случат во вторава половина, но исто треба и гнасите да кикснат (што несакаат да поверуваат во тоа) а знаат дека е неизбежно, така да од коло во коло им бега скудетото.Е сега едино ние може да си го искомплицираме животот со вакви настапи и глупи резултати.
Без разлика под кој околности или како ако ја земеме титулата само тоа ќе се памти.Нема да го памтат кловнот Бенитез, нема да им ги памти никој повредите (исто како и нас лани) туку ќе се памти шампионот од новата сезона.Може само да го запамтат гнасниот потег на ретардираниот Морати и болниот ум на Лео кој за жал се зацрни на стари години, навистина за него имам високо мислење како личност и мислам дека у делириум ја донесе одлуката и сеуште е во дилириум.
Победа ни треба само да се вратиме на вистинската патека а за тоа имаме невидена шанса против Чезена.Почнаа и повредените да се враќаат полека Пирло и Абиати се враќаат со Чезена а и Боа бил блиску до враќање.

MILAN NEL CUORE

Navigator said...

прво еднаш да обезбедиме четврт-финале во Купот, па ќе мислиме на Cesena...

ReBorned said...

Сеуште не се знае ништо околу бековите но се чини дека ќе го пазариме Циглер. Крисито едноставно не е на продажба во Јануари, така вели Прециози!
Мислам дека Лазари сепак ќе дојде во Јануари, ни треба ваков фудбалер особено поради фактот што единствен AMC во тимот ни е Сидорф.

Navigator said...

Preziosi е најголемиот идиот во италијанскиот фудбал, по заминувањето на Moggi, а тука некаде е на нивото на Moratti!
не му ги земајте здраво за готово изјавите..а ако се прашувам јас, ни Reto, ни Lazzari не би ги купил..првиот не е доволно добар за дресот на Milan, а вториот ако дојде нема да ја добие шансата што ја очекува..едноставно ќе нема место за него..Massimo попрво би играл со Cassano или Binho на AMC, него со Lazzari..
и подобро понастрана од Ziegler и Samp, да не се налути менталниот претседател на Genoa на нашите добри односи со неговите вечни непријатели, па да прави проблеми со Criscito..најозбилно го мислам ова!

Navigator said...

PRIMAVERA UPDATE: младинците се поразени на гостувањето во Фиренца во рамки на првиот натпревар од полу-финалето на младинскиот куп, онаму каде што сме актуелни шампиони..мечот заврши 2:1 за Viola, стрелец за нашите надежи беше Ganz..одлично излезе гостувањето, со оглед на многу лошата игра во првиот дел и негативата од 2 гола..на крајот дури можеше да испадне и реми ако истиот играч беше само малку попрецизен во судиското продолжение..реваншот е за две недели во Милано..
инаку во првенството, момците доживејаа незгоден пораз од Brescia на домашен терен минатиот викенд и видно си ги намалија шансите за првото место или разигрувањето во финалната фаза..на половина од шампионатот, се наоѓаат на 6то место со 10 бода од лидерот Varese, кој е и следен противник на нашите..во секој случај, со среќа и само напред!

FORZA PRIMAVERA, FORZA MILAN!!!

Vase_AC Milan said...

Ајде да видиме што ќе изигра Циглер против Удинезе.Најискрено и јас сум песимист околу неговата кариера во Милан но пред време неможеме ништо да кажеме.

ReBorned said...

Strasser и Merkel стартери против Бари а најверојатно покрај Pato ќе го видиме и Cassano од првата минута. Назад покрај TS ќе стартува Yepes, десно најверојатно Oddo а лево сеуште не се знае...

ReBorned said...

Да бидам искрен, бев скептик околу Ziegler ама го гледав на неколку натпревари и реално, да не грешам душа, одигра одлично. Константно бушеше по левата страна, има динамит во левата нога (шутираше еден одличен слободен удар од 30 метри) и одлично нафрлува. Сепак го преферирам Criscito пред се поради неговите дефанзивни квалитети и неговата универзалност. Како што кажа некој претходно, Ziegler е Jankulovski type of player. Се разбира, за 2 или 3 милиони е одлична аквизиција, да не се лажеме. Цената му е таква поради тоа што на лето му истекува договорот и од 1 Февруари веќе може да преговара со други тимови. Но Criscito е класа.

Navigator said...

Во евентуално четврт-финале не чека Samp..јас мислам боље него Udinese, вие?

Vase_AC Milan said...

Па многу подобра опција но јас сакав Удинезе да поминат за да им вратиме за лани :)))))