Translate

Friday 1 January 2010

CALCIOMERCATO DEL MILAN



Еве го дочекавте и првиот пост во новата година и тоа со тема која е можеби најинтересна за нас фановите, нешто што ќе не засега цел еден месец..бурен период со многу желби и шпекулации и се надевам со барем едно ново засилување..нема потреба да се зборува колку ни е потребен добар „пазар„ зимава и дека за тоа сме сите сложни, меѓутоа сигурен сум дека нема да се согласиме околу тоа кој е правиот избор..затоа, како што ветив, првиот пост во 2010г ќе биди резервиран за вашите (па и моите) желби, мислења, ставови, анализи, стратегии и се она што мислите дека ќе биди најдорбо да се стори на пазарот..знам дека G&B не го читаат блогов и нема да има многу фајде, ама наше си е да си кажиме што имаме, да не речам да си се испразниме :)
Уште еднаш СРЕЌНА НОВА ГОДИНА на сите и повелете искажете се...

SOLO CON TE E SEMPRE PER TE!!! FORZA MILAN!!!

40 comments:

ReBorned said...

Сега можеме да го бараме Красич, Џеко, Хернанез (сето ова доколку Адиа го дадат во Ливорно па си го земат на лето, што е малку веројанто) но јас за зимава сакам само едно:
Domenico Criscito, добиваме првокласен LB кој е одличен и на CB. Ја зацврстуваме одбраната која е најболна, со Бекс добиваме опција + во средниот ред и замена за Пирло и Сидорф а со Адиа добиваме опција + односно замена за Але и Дињо.
Па на лето со нови сили кон Џеко, Раноча и компанија...
Значи зимава си го сакам (а знам дека нема да си го добијам) Кришито

Vase_AC Milan said...

Конечно ја дочекавме новава година и новиот пост прв за 2010.Желбите се многу дури и дедо мраз нема да може да ни ги исполни.КрасиЌ,Џеко,Хернанез,БЕИЛ....реално само хернанез и беил можат да не засилат зимово а многу тешко е да пристигнат Џеко и Красиќ.добро Џеко би рекол дека е 45% можно само затоа што сака да игра за Милан па мислам дека би баталил Лига Европа и се гледа човекот дека не му се игра за Пасатите никогаш не се израдувал на гол сезонава.исто и красич сака да игра за Милан али би рекол дека е невозможно да дојде зимово пошто идат даље у ЛШ.сите би сакале моментално да не засилат горенаведените личности...ДАЈ БОЖЕ
btw: неможам да преќутам...неможам ме копка за Торес неможам :) мислам тоа ќе биде врвот ако се случи нема подобро сценарио :D

FORZA MILAN SIEMPRE CON TE

Navigator said...

Ќе се сложам со Ри дека Criscito е многу добар играч, ама јас досега не сум слушнал од раководството некоја заинтересираност за него или дека Genoa има план да го продаде..од друга страна за Bale слушнавме и прочитавме дека има интерес и тука пак постои АМА бидејќи не сум сигурен колку е можно да се оствари еден трансфер од таков вид каде млад, па и доста талентиран островјанин би дошол во Италија..така да, двата трансфера ми изгледаат скоро неостварливи, но кога би можел да бирам би го одбрал Domenico ради повеќе причини, а прва е тоа што преферирам домашни играчи..
Красиќ искрено не сум го прател премногу за да можам подетелно да го анализирам, но ете гледам дека се работи за стварно добар „тркач“..
Џеко ми е најголемата дилема! Него неможам никако да го проценам од кога почнав да читам дека Milan се заинтересирал околу него..истата дилема ја имав (и сеуште ја имам) со Grosso..се ми се чини дека тоа се тип на играчи т.н. flash stars..ќе играат добро една сезона или две (или едно првенство, во случајот на Grosso) и после никаде ги нема, како да пропаднале во земја..држат цена уште пар години, заради таа можност пак да блеснат, ама на крај завршуваат во просечни клубови и со просечни бројки зад нив..во моментот ми текнува само уште на Saviola, ама мислам дека ме сфаќате за што ви зборувам..јас сепак не сум за купување на Џеко, уште помалку ако цената е толку висока како моменталната..наместо тоа, би му дал повеќе шанса на Hunter, зашто верувајте дека тој дечко има неверојатен потенцијал и квалитет..штета што вака се одвиваат работите со него, ама рака на срце не ни добиваше доволно шанса, нарочито во оваа успешната формација на Leo, која дефинитвно повеќе би му одговарала..
Becks отсекогаш ми бил омилен фудбалер надвор од Milan и премногу го почитувам како фудбалер пред се, но и како успешен човек..многу сум среќен што се враќа и оваа година нема шанса да пропуштам да си порачам негов дрес :)
За она со Torres мислам дека е класична шпекулација и такви очекувам да има многу овој месец, мада искрено се надевам дека грешам..
Значи, немам посебен фаворит засега, ама мислам дека најпрво ни треба еден CB со опција на SB, а дури потоа евентуално да се купува напаѓач..за трет знам дека немаме пари :)

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

И сакам да слушнам ваше мислење на Gervinho...

Anonymous said...

Искрено јас би бил задоволен со било што затоа што очекувам никој да не се купи зимава.Најмногу ни треба дифендер дефинитивно,Кришчито е интересна опција и неговото доаѓање би било добредојдено,а Ри мн убаво си кажа што си сакаш и што нема да си добиеш :)
Васе,ако Торес дое од мене имаш частење ;)
За Бејл ја знаете причата...исто коа сеа некој да ми каже Милан се заинтересирал за Стујарт Даунинг??о.О
Хунтелар ДЕФИНИТИВНО треба да добие повеќе шанса пошо сигурен сум дека ќе ја искористи(катанија?).
А за Гервињо...шознам...вака на јутуб е добар :)

ReBorned said...

А шо е финтата со Гервињо, прочитавте некаде или?

Anonymous said...

Веза неам Иван го спомна :)

Navigator said...

Не бе не сум прочитал нигде ама мене ми е интересен како играч..можам да речам дека после некој солиден дефанзивец, тој е мојата желба..супер перформанси има дечкото, а и игра стандардно во Lille..млад е, 22 години има ама пак има проблем што ние ја имаме исполнето квотата non-eu така да незнам колку може да стани интересен за раководсвото...
ме интересираше што мислите за него и дали ви изгледа како добра прилика

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Добра прилика е ако си одат Пипо и Хантерот :)
А иначе вака штознам...ма ја би дифендер,ја би сисињо така нешо :)

koljo said...

Ajде и од мене сефте-комент во новава 2010:) Искрено, јас највише би се израдувал на веќе споменатиот Милош Красич. Играч од светска класа, кој ја гледал ЦСКА годинава тој си знае:):) Да не претераме со фалбите, но чоекот е способен да носи цела екипа на грб, и мислам дека во случаи кога на нашиот Милан нема да му оди како што треба, ќе може да превземе! Тој и Дињо како полушпицови а во напад Пато. Патката прошлата сезона многу подобро се снаоѓаше кога позади него беа Рики и Дињо, а вака многу се троши целиот натпревар. Ако игра како класичен шпиц ке може многу почесто да вади опасни спринтови или да прима долги топки од останатите. Сепак тоа е мое мислење, нели..

Anonymous said...

Ниџо се согласувам со тебе дека Красич е играч од светска класа арно ама годинешните резултати покажуваат колку е битна формацијата која со евентулано доаѓање на Милош ќе треба да се менува :)
Значи докажано е дека ни треба еден силен,висок играч кој може да прима топки пред се,а и по можност да дава доста голови,па еве гледаш резултати со Бориело,замисли место него да е некој штознам вордклас играчиште како Дрогба некоја таква градба.Токму затоа Пато пак треба да биде враќан како централен напаѓач,а всушност најдобро Пато се покажува верувале или не во 4-3-1-2 формација!Како што беше со Кака,Пато како втор напаѓач и Бориело како прв и најисутрен шпиц со напаѓачките атрибути кои ни требаат :)
Ради ова мислам дека доаѓањето на Красич ме значи каша попара во формацијата,но можно е да грешам :)

kiko_pato said...

Среќна нова од мене!

1.Сега читам управата на волфсбург вика дека џеко не оди никаде!
2.Поубавото за мене е тоа што читам дека касано заминува во милан! уффф колку го сакам тој играч мислам дека е измислен за во милан! Но сепак моја лична желба е ХЕРНАНЕС...
за Красич искрено мене не ми е нешто некој посебен играч... но како и да е да земеме барем 1 нешто сочно зимово!

FORZA MILAN!

ReBorned said...

Ултра... Красич нема да направи воопшто проблеми за формацијата на Милан. Тој е Недвед на млади години... може да игра како AMC на местото на Сидорф или како AMR на местото на Але кој би дошол на AMC и ќе биде новиот Кака.
Сепак, Красич во Јануари нема шанси... а на лето ако 2 НОН-ЕУ ги искористиме на Красич и Џеко ќе бидеме ѕверови!

Anonymous said...

Касано во Милан??Не фала!А кико сакаш да кажеш дека Касано е по-посебен играч од Красиќ??


Dida
Abate-Nesta-T.Silva-Zambrotta
Pirlo-Ambrosini
Krasic
Pato-Borriello-Ronaldinho

Не е малце преофанзивно ова Ри?

Navigator said...

не е преофанзивно оти и Seedorf игра на иста позиција како Красиќ ако збораме дека Красиќ би играл на AMC..битно е тоа што дури и да дојди сигурно не би играл пред Seedorf, барем не уште 2 сезони..а сега со Becks во екипата стварно незнам како би биле поставени играчите во оваа формација..

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

My point exactly :)

Vase_AC Milan said...

За жал тоа е т.н. проблем во Милан.Некои играчи мора да играат.Немам ништо лошо против Сидорф еве да речеме ама заради него Гуркуф си го испуштивме детето едноставно спобудалуе коа игра.Можно е истото да се случи и со Красич ако дојде.Истото му се случува и на Хунтелар поради Пипо...
Касано ич несакам да дојде пошто секако ке игра 2ра постава а кога он не игра сите знаеме шо се случуе :D Имам некое претчувство за Хернанес и многу би сакал тој трансфер да се оствари ама ке каже Јануари...
Исто играч шо би сакал да го носи "нашиот" дрес е Диаби од Арсенал.Мн ми се свиѓа дечкото страшен играч ќе биде....ах тој Венгер шо чоек ќе беше...
Дренте е добра опција за таа лева страна дали напред или назад ќе игра нема врска добро се снаоѓа али Кришито би бил Jackpot :)

FORZA MILAN

ReBorned said...

Касано одсекогаш бил ѕвер! Единствен проблем за него беше неговата незрелост. Кога тој си заминуваше од Реал во соблекувалната на Милан ималу буквално гласање дали тој да дојде во тимот. Значи имавме шанса да го земеме (и тоа тогаш за некои смешни цифри) но фудбалерите одлучиле дека не е добар за амбиентот во соблекувалната и не го земавме. Касано сега е созреан, дефинитивно. На таква игра да постои таков инает и одбивање на Липи кој најверојатно нема да го повика за СП... па кој и да е ќе експлодира. Но не и Касано, страшно мирен!
Кога требаше да дојде во Милан од Реал и јас бев против ама сега...
Касано би бил многу близу до т.н Џекпот!
Ајде да се контриме ;)

ReBorned said...

И за Сидорф греота е сезонава да збориме... човекот на 3-0 трча како луд, до лани бев против тој да игра на секој натпревар од едноставна причина што не го заслужуваше тоа... но сезонава е еден од најдобрите. Но ако дојде Красич ќе видите дали ќе игра... да не се враќам пак на тренерот но тој успеа да ги седне Гатузо, Пипо и Абијати иако има толкав притисок, значи не бидете сигурни околу „недопирливите“ ;)

Navigator said...

Seedorf сезонава заслужува да игра и не верувам дека има некој што мисли спротивно..а ако дојди Красиќ ќе си седи на клупа се дури не се случи некој потрес во екипата, па Leo да се одлучи да менува нешто..ниту Abbiati, ниту Rino не беа седнати на клупа оти дошол некој поквалитетен на нивното место..првиот го оддалечи повредата, а вториот испадот на мечот со гнасите и дебаклот резултатски што дојде после неговиот црвениот картон..нормално беше да го пушти на ладење некое време, а бидејќи Ambro максимално го искористи моментот, си го обезбеди првотимскиот статус на подолг период..за Pippo нема што да дебатираме зошто е на клупа..има еден единствен логичен одговор - ГОДИНИТЕ..
а за Cassano си ептен во право..мене од стално ми се допаѓал со борбеноста, посветеноста и со талентот најмногу..ама да го имаш него во екипа значеше меч со две оштрици..тој или ќе направеше спектакл или скандал..Cassano е денес неколку илјади пати позрел од пред 3-4 години во секоја смисла..и тоа со репрезентацијата е ептен фрустрирачки, а тој е мирен и што е најбитно, се подобар и подобар..сепак, не сум за негово ангажирање и заради неопходноста од дефанзивец најпрво, ама и заради високата цена..
кога веќе шпекулираме... мнооогу подобра би била варијантата - in Torres 45mil, out Klaas 15mil = 30mil; отколку - in Cassano 25mil

Navigator said...
This comment has been removed by the author.
ReBorned said...

За Касано се зборува ИСКЛУЧИВО за на лето а не сега, што значи до тогаш може да се среди со дефанзивец.
Никој не вели дека ќе биде 25 мил.
Знам дека ќе навлечам многу негативни коментари ама јас сепак сум повеќе за Џеко отколку за Торес... мислам дека Џеко многу подобро може да се снајде во таква формација а + Торес секогаш бил „порцелан“ кога игра е ѕвер ама многу почесто е повреден. Не дека ќе ми дојде лошо да го ангажираме, далеку од тоа!!

Anonymous said...

Се согласувам со навигатор околу она со Рино и Абијати :)
Сидорф оваа сезона е прероден и нема потреба што повеќе да се збори за него без разлика што ќе се дешава во вториот дел од сезоната.
Касано е одличен фудбалер,кога сака да се разбереме,меч со 2 острици е навистина и колку што може да биде корисен со неговите маѓични асистенции толку може и штетен да биде со неговиот темперамент

http://www.youtube.com/watch?v=LUf5U3fpzjo

Ри можеби знам на што алудираш,бидејќи Џеко е навивач на Милан и ќе игра борбено и со срце а Торес е друга прича иако е светска класа и незнам колку би можел да се снајде во Милан и италија пред се,иако на хартија,од Дињо,Пато и Торес подобро трио нема да најдеш :)

ReBorned said...

Инаку Навигатор... Касано ВЕЌЕ ИМА Buy-out клаузула од 20 милиони евра, што значи тоа е максималната можна потрошена сума но сметам дека може да се среди за 15 мил. што е одлична сума за него.
Интересна опција е и Муса Дембеле од АЗ, одличен фудбалер кој може да игра и како CF но и како SS односно AMR AML што значи дека е одлична солуција. Типчето е одличен талент, АЗ за него претходно одбиваше големи цифри но сега се во финансиска криза, спонзорот на тимот пропадна... ако се прашувам јас, го имам гледано неколку пати и сметам дека може да биде одлично засилување.
Друга опција е Даглас Коста од Гремио 19 години, летото за влакно не отиде во Манчестер, има и португалско државјанство што значи може да дојде и зимава. Одличен дриблер, техничар, игра офанзивно крило. Цена околу 10 мил.

Vase_AC Milan said...

Сезонава сите играат препородено особено Сидорф.Е се тоа убаво ама годините се проблем...Супер е направен балансот на екипата така да мислам и не ни треба некој позвучен играч - здравје на лето мислам дека ќе се земе некој...
Касано е суперталентиран тоа го знаеме сите и од талент веќе се претвори во играч кој игра константно итн,арно ама тоа темпераментот му е многу лош и треба да игра на местото на Дињо или Пато тоа е лошо.Едино Пато да се префрли во шпицот ама не сум баш за тоа.Муса Дембеле е супер играч јак техничар и дриблер и може да игра на повеќе позиции исто како и Јованович за кој се шпекулира на големо.Незнам мене не ми е некој кујзнае каков играч ама како шо вика Галијани "кога е гага и солта е блага" :D Можно е зимово да се врати Астори од Каљари нашето дете па би рекол дека солидна помош ке имаат Неста и ТС.
Хернанес е играчот шо ни треба значи креативец што ке го заменува Сидорф и сигурно нема да му смета шо ќе биде 2ра постава.
Не кажавте ништо за Диаби шо е работава :):):)

Anonymous said...

Даглас е одличен :) Мој фаворит
А Васе што да ти кажам за Диаби?Ако даваше голови во последните 2-3 утакмици незначи дека е вауу.
Вистина е има конституција на Виера,ама ни одблизу не е играч како него,многу и поради тоа што Диаби сака да игра малце понапред.

Vase_AC Milan said...

Ајде бе Џеко шо се чека сеа ајде секој ден пишува дека ќе идеш.Ајде да те товариме па после да има софри пијанчење :D
А што се однесува на Демел од Хамбургер коо говедо е човеков огромен е мада не сум за негова аквизиицја.Ем G&B не купуваат црнци многу коо расисти се :)

FORZA MILAN FORZA DZEKO

Anonymous said...

Адија и Онијеву јапанци се?

Anonymous said...

Ама за едно ќе се согласам со тебе за Џеко аман више преку курца нека дое па да го видиме малиот што има!Не за др ама ми ги надуваа мудата медиумите више!

Anonymous said...

И конечно се деси тоа што го знаевме сите - Пандев се врати во Интер.
Му посакувам успешна кариера таму.
Молчев околу сево ова само затоа што се надевав дека однекаде ќе се случи чудо,и ќе го видиме Горан како позира со црвено-црниот дрес.
Што би значел ангажман на Пандев?-решавање на напаѓачките проблеми во иднина.
Неговата цена? 0€.
Не сум сигурен ама мислам дека Пандев има италијански пасош,а и да немаше Адија веднаш ќе беше пратен на позајмица за сметка на Горан.
Оправданието на Галијани беше дека со евентуалниот ангажман на Пандев ќе биле расипани добрите односи со Лацио.Па ако толку ни беа добри односите со лацио што не ни го дадода Де Силвестри??
Капа доле за Неста и Стам(па и за Одо и Панкаро ајде)ама на крај краева поштено си ги плативме тие играчи!Особено Неста!
Па ако Галијани несака да ги нарушува добрите односи зошто тогаш Милан е во потера по Милан Јованович од Стандард,кога пред помалку од 6 месеца одтаму за без пари дојде Онјиеву!Па мислите на мерда им е гајле за односите со Лацио??(притоа погледнете го бројот на играчите кои преминале од Лацио во Интер)
Титули не се освојуваат со добри односи,туку со добри играчи и добри резултати.И што значат сега овие добри односи кои ги имаме со Лацио?Дека ќе ни го олеснат патот кон победата на следниот натпревар?
Што и да значат едно е потврдено а тоа е дека ние изгубивме во оваа ситуација...

ReBorned said...

Интер има добри односи со Лацио и тоа какви... сега ќе си го земат и Коларов а ќе го дадат во Лацио на позајмица Сантон ;)
А околу Пандев-Адиа и другите слични комбинации... ЗАПАМЕТЕТЕ:
1. Значи, секоја екипа во Италија има право на 1 трансфер на играч НОН-ЕУ + уште еден доколку во тековната сезона продаде НОН-ЕУ фудбалер од својот тим! Значи максимум, вкупно 2 по сезона.
2 Сепак, секој тим од Италија може НЕОГРАНИЧЕНО да купува фудбалери НОН-ЕУ доколку тие доаѓаат од друг италијански тим. Значи во конкретниов случај Гочето без проблеми може да дојде во Милан бидејки доаѓа од тим од Италија. Значи Милан може без проблеми сезонава да ги купи на пример Запата, Коларов и Зарате. Барем од техничка гледна точка...
P.S Овој Монгонгу сакам да го земеме од едноставна причина што Венгер многу го сака а на Венгер му се специјалност французи со африканско потекло ;)

kiko_pato said...

Абе Венгер го сака ама и он знае да го направи играчиште... :)

Vase_AC Milan said...

Хехе чим Венгер го бара сигурно има видено нешто во него.Со Пандев заврши "сагата".Сите ние сакавме да го видиме во Милан ама јеби га.За такви глупости на Галијани го изгубиме и Цисоко кој уште неможам да го преболам (и поради тоа мислам дека се расисти) :D На вој не му чинеле забите за Горан несакал да си ги нарушува односите...Како што кажа ултра ги боли мерда таквоето за односи и за се.Они да можеа да земат уште некој да прошверцуваат ке земеа оти се ѓубриња и штета шо Горан отиде во екипаата шо највеќе ја мразиме ама како шо реков јеби га.Си имаме и ние адути...
btw: дали некој виде Боригол како се ишишал :D:D со боцки ја носи сеа косата.Ме потсека на деновите кога беше навлечен на бело хахаха


FORZA MILAN

Anonymous said...

Ри иди на страната на Џенова на четот напрај муабет со Кришчито речи му да дојде навака :)

Anonymous said...

Да уж. По поводу коментариев - навеяла на меня где-то услышанная фраза:
Это мы придумали не зашивать дырявый носок, а прикрывать его другой ногой.

kiko_pato said...

Брача миланези :) заминувам ја за грција утре и нема да бидам у можност да го пратам блогов ко до сега... дај боже коа ќе се вратам да има некој добар трансфер па да бидам ХЕПИ :) МОЈАТА ЖЕЛБА ЈА КАЖАВ: ХЕРНАНЕС!!!!!!!!!!!!!!!!!!

ајде се читаме за 2 недели поздрав!

FORZAA MILAAANNN!!

btw ако сакате да договорам трансфер со карагунис да дојде у милан :) или некој друг грК маме негово :)

Anonymous said...

Ја би Загоракис али у пензија е типот јебига.

http://www.acmilan.com/Dettaglio.aspx?idAlbum=0&idTipo=2&id=16633

:)))

ReBorned said...

Батиња од Грција само Нинис, никој друг!

Anonymous said...

Momci ne sum doma nema da bidam vo moznost da napisam post pa ako mozete napisete.
Srekni praznici

ReBorned said...

Ultra Шетачот... (Johny Walker)