


Каков натпревар!7 гола!Почна како и што заврши,бурно!
5та минута Бориело одлично го проигрува Сидорф 1-0!
Арно ама нецели 3 минути подоцна Каладѕе го остава Матри да испуши цигара,да изеде едно пакло сардина да види колку е саат да сврши и конечно нели да го совлада и Дида.
30та минута,по еден притисок на Каљари повторно попушти одбраната на Милан и Лаѕари непречен од никој ја забива топкава веднаш до левиот директ од голот на Дида.
38ма минута,Пирло изведува корнер Пато со глава го погодува Маркети,и од самата гол линија Бориело немаше тешка задача. 2-2 Нецела минута подоцна Бориело,Дињо и Пато проигруваат во триаголник за последниов на крај со фантастичен удар во горниот десен агол да ја заврши убавата акција.
3-2 беше на полувремето се додека Астори не го собори Марко во шеснаесетникот за Роналдињо нормално да шутне уште еден неодбранлив пенал.4-2 и кога се мислеше дека се е готово ооооопааааа на сцена повторно настапува КаКаКаКаКаЛадѕеее!!!Кај не се извлече навреме за офсајд замката,па уште го имаше оставено Матри сам лево кој и да добиеше топка немаше да биде во офсајд.
Со сето ова последните 20ина минути беа многу интересни(за неутралните гледачи,за мене лично беа напнати)
Одо 6.0 Шознам....
Т.Силва 7.0 Ѕвер мада ова не му беше најдобар натпревар ама со Кадаѕе до него....
__________________________________________________
Замброта 6.0 Загуби некои топки,не беше најсигурен во одбрана но ајде ќе помине.
Пирло 6.5 Уништи барем два контранапади и иако знам дека брзината не му е најсилна страна
можеше барем да најде друго решение.
Амброзини 7.0 Ќе добиеше и 7.5 да не правеше толку многу фаули,инаку се на се одличен скоро и да не загуби дуел.
Сидорф 8.0 Одлично, не само поради голот туку и што не грешеше во пасови и не загуби нешто нногу топки.
Роналдињо 8.0. 0.5 за пеналот,0.5 за асистенцијата и 1.0 за дриблинзите уффффф посебно коа легна 2-3ца како сардини
Пато 8.0 ПатООооОООоооОоООоОООоОоООооОоооООоОооООО
Бориело 8.5 Гол,Асистенција,и направен пенал врз него.Мен Оф Д Меч
Абате / ; Инзаги / ; Страсер / ;
За одбележување е и влегувањето на Страсер и дебито на Дом на клупата :)
П.С. Линијата кај што требаше да биде името на каладѕе доволно говори за неговата игра.
Следи Марсеј !Уфффффффф Champions League Classic
Продолжуваме каде што застанавме пред две недели.За вакви натпревари бувквално живеам јас и мнозината навивачи на Милан.Коефицентот е настроен на Милан но јас не се согласувам.-Реал е во истата ситуација во која бевме ние пред две недели и само ако се вратат од Сан Сиро непоразени ќе имаат реални шанси за прогрес во осмина финалето.
Неста се враќа кај нас во овој дуел,додека пак Антонини дефинитивно не е во комбинација за настап,горе долу нема други поголеми промени
Повикани играчи:
Дида,Рома
Абате,Оддо,Неста,Т.Силва,Каладѕе,Замброта
Фламини,Гатузо,Пирло,Амброзини,Сидорф
Роналдињо,Пато,Бориело,Хунтелар,Инзаги
Дида
Оддо,Неста,Т.Силва,Замброта
Гатузо,Пирло,Сидорф
Пато,Бориело,Роналдињо
Мислам дека е овој составот со кој ќе почне Лео,мада јас би направил само една измена,а тоа е Амбро да започне од почеток : )
Кај Реал повторно ќе го нема Гејналдо,а се враќа во составот Игуаин кој викендов беше херој за Реал со 2 гола(слично како Бориело кај нас)
Резултат нема да типувам,туку само ќе речам дека не сум оптимист,и може и да се случи да не видиме многу убав натпревар,пред се затоа што очекувањата ќе бидат големи поради првиот натпревар
20:45 Сите пред екраните...IT’S CHAMPIONS LEAGUE TIME !!
Само вака продолжете момци, Следна станица : Четврток 20:45 гостуваме кај Наполи.Ќе биде жустро!
FORZA GRANDE MILAN !!!
Малку е нелогична пасивноста на блогот во вака битен период за клубот, меѓу два настани кои барем јас долго ги чекав.. првото се разбира е враќањето во лигата на шампионите а второто и засега поважно е il derby della Madonnina.. за ждрепката на групите во CL нема нешто посебно да се кажи освен тоа дека се наоѓаме во, по мене, најсилната група со страшни противници и искрено мислам дека ќе биди ужасно тешко да се избори место во топ 16.. Real со страшниот состав, Marseille кој е моментално најдоброто од Франција и Zurich – нималку наивен противник, ќе бидат прав тест за спремноста на дечките на Leo и за тоа дали одамна отпишаниот Milan можи да “изненади” и да повтори некој од своите големи успеси во Европа.. лигата почнува за 3 недели и има време и за прогнози и за анализи, па затоа повеќе место сакам да оставам за она што ќе се случува утре вечер на San Siro..
Несомнено најголемото дерби на Италија, ај да не речам најголемото светско дерби.. Leo вчера не измисли топла вода кога рече дека во ваков натпревар буквално се е можно и никој неможи да го предвиди расплетот и е сосема во право.. можиме само да нагодуваме, навивачки и пристрасно да прогнозираме, да ги прегледуваме формациите и да се расправаме кој имал подобар состав, да се надеваме дека ние сме владетели на Милано, ама едно е сигурно – тука никогаш нема фаворити и аутсајдери, подобри и полоши... нијанси го одлучувале скоро секое дерби ( освен она не така давното 6:0) :)
Утревечер нова битка од вечната војна за градот, можда за некој посиромашна од ланските, без некои од симболите на тимовите, ама во секој случај со нов шмек и старатата напнатост.. овојпат нема да се замарам со составите, се е тука прашање на детали.. само Таа, La Madonnina, секогаш смирено и неутрално ужива во дербито и ги бележи (не)успесите на нашите или вашите.. ако сме реални треба да очекуваме изедначеност до максимум во секој сегмент од играта.. ама не би биле прави rossoneri ако не речиме дека ќе ги згазиме, дури и ќе ги понижиме душманите.. нема некој од нас шо несака да го види “the special one” со неговата merda на колена.. за мене нема нешто поголемо и повесело од победа над Inter.. и ќе го дочекам тоа уште утре, верувам и осеќам!! по којзнае кој пат нека видат кој е кој!!!
MILANO SIAMO NOI, SOLO NOI !!!