Translate

Sunday, 29 November 2009

HUNTELAAAAAAAAAAAAAAAAAAR!!!




Хахаааааааааааа ова е за сите кои сакаа да си оди во Јануари!!That's my Hunter!!!
Ај првиот ок,али вториотт ауууу уше кога ја зема топката се знаеше каде ќе заврши!
Второ место,останува разликата од -7 со гнасите ама затоа во наредните 3 кола мерда им гостува на Јуве,на Аталанта од кои беа понижени минатата сезона и игра дома со Лацио,додека пак ние играме дома со Самп и Палермо и им гостуваме на Виола пред зимската пауза.И Милан и мерда имаат тежок распоред но мислам дека сме во мала предност што играме дома 2 утакмици и ако ги сврземе тие 2 победи и се надеваме барем на нерешено со Виола тогаш ќе се упатиме на зимската пауза мање више изедначени.
Уффффффффф каков натпревар,е вака вакаааа треба да се игра буквално до последен здив,незнам кој пат ова се случува сезонава,како и да е уште еднаш браво за сите,највеќе за Хунтерот : )







FORZA MILAN !!!

20 comments:

Rossonero said...

Уште кога се изврши замената (иако порано немав такво мислење за Хунтелар) но овој пат некако бев сигурен дека крајно време е да ги побие сите критики и да го постигне првенецот во Милан , и опсс.....тоа и се случи , и тоа не само првенец туку наеднаш близнаци , 93 и 94 минута , кога сите најмалку очекуваа а најпотребно за Милан за да избие на втората позиција , денес скоро сите конкуренти наМилан за првите 3-4 позиции одиграа токму онака како што и требаше и одговараше за Милан , само Мерда , како и секогаш , кога не им оди добиваат подарок од судиите (пенал) да ги земаат трите бодови , но имауште многу да се игра , и самите конкуренти почнаа јавно да признаваат за стравот од Милан кој од натпревар во натпревар е се подобар , а тоа е за сите оние кој го отпишаа Милан од секаква борба за титули . Forza Milan , Forza Campione !!!!!!!!!!

Anonymous said...

FORZA HUNTER :)

CurvaSud_Milan said...

Одамна ваков излив на емоции не сум имал! ...последен пат 2007 со ливерпул! многу ми се направи мерак за клас јан, едноставно секоја почит за Бориело но мислам дека хантерот е далеку поквалитетен играч на секое поле. Идеално би се вклопил во оваа формација на Лео, да се потсетиме дека неуспешните игри на Хантерот не беа во оваа формација, од кога ја воспостави оваа формација Лео на мечот со Рома, од тогаш навака Марко игра прва постава. Така да не е лошо Лео да испроба Клас Јан во оваа варијанта, иако не мислам дека одма после ова ќе направи некои промени во тимот.

Иначе луѓе жив сум не се секирајте. :)) ...го читам блогов но во задно време побајаги сум изморен и немам енергија многу да коментирам, а камо ли пост да напишам. :)


...НО, гледам дека повторно се буди ентузијазмот да го разработиме блогов, што искрено мн. ме радува, секако овој проект кој одамна го иницирав нема да го напуштам и едноставно мора да бидам дел од него. :)

Anonymous said...

Конечно Hunterot конечноо :) Вториот гол беше апсолутно брилијантен неможев да си дојдам на себе.И јас имав некое претчувство дека ке дае гол ама дека вака ќе биде стварно не очекуев.Ама и на Leo треба да му се симне капа зошто беше храбар и нападна на крајот.Не сум видел одамна некој тренер да направи ваков потег освен ако губи и сеедно да му е.Го стави Pippo го стави Klaas и тоа умрените Catania уште навивачите да ги наредеа на гол линија :@:@ како и да е заслуживме 3 бода и заслуживме 2 место.нека се пазат гнасните комшии сега зад петици им сме


FORZA MILAN GRANDE KLAAS

ReBorned said...

Срам ми е да кажам ама НЕ МОЖЕВ (душата ме боли, не дека не сакав) да го гледам натпреварот. Ама стигнав точно во 90-та и ги видов и двата гола на Хантерот! Претходно видов како Дињо и Сидорф трчаат како луди, како Абате буши, значи глад за победа на самиот крај!
Ме интересира какви беме пред таа 90-та минута? Каков беше натпреварот? Требаше да водиме и порано а немавме среќа или бевме млитави? Можеби имавме среќа по нивни шутеви? Благодарам.
П.С СУД... јас не сум да го напуштиме блогов ама ај земи пасс од Мохикан да го редизајнираме и да заличе на нешто

CurvaSud_Milan said...

Во поголемиот дел бевме млитави, но би рекол не по наша вина, едноставно против толку играчи назад нема рецепт како да се биде опасен, сите обиди на Пато да помине по десната страна успешно беа блокирани од најмалце двајца фудбалери, Роналдињо кога ќе примеше топка веднаш тројца. Можеби беше грешка што повеќе не се играше по средината кога веќе очигледно беше дека по страните не се може ништо. Оние топки кои Бориело ги прима со грб завртен према гол, па после повратна може ќе беа поопасни, вака ништо не идеше, се немаше идеја. Тие 1,2 центрашутеви што си ги видел на абате всушност беа и единствените.

Катанија секој прекин нормално го користеа за центаршут, и имаше една ситуација кога тој нивниот мислеше дека е во офсајд па онака ја зафати топката лабаво, не се обиде да направи нешто, ако знаеше дека не е во офсајд мислам дека можеше и да го јадеме!

Инаку и од мене браво за Лео за храброста, иако уште кога влегуваше Инзаги мислев дека ќе го извади Фламини, а не Бориело, но тоа го направи десетина минути покасно со Хантерот и влезе со 4ца напаѓачи плус Сидорф што секако е за почит.

Инаку единствените шанси што ги имавме беа два шута на сидорф, од кои едниот беше многу блиску до гол некаде околу 65-70 минута.


Од Мохикан немам број јас, но ќе се обидам да го најдам.

Navigator said...

добро е!! нова победа, ама многу лоша утакмица и еден куп нерви истрошени..значи стварно ги мразам екипите како овие лигуши од вчера кои едноставно не ти дозволуваат да играш фудбал, абе тотален ужас..скокав ко мало дете кога Hunter им ја закова во голот..а да не зборувам што правев минута подоцна... ремек дело! човекот вреди и за тоа нема збор, а тоа што не добивал поголема шанса досега е сплет на некои околности..познавајќи го раководството на Milan и влијанието што традиционално го има во составувањето на екипата, мислам дека наредниве неколку меча ќе биде форсиран Klass наместо Borriello и од тоа ќе зависи дали ќе остане или заминува уште на полусезона..но не смееме да заборавиме дека сега тој е херојот во Milanenelo, такашто ќе игра далеку порастеретено и ќе може да го покаже вистинското лице..
сепак најбитното од утакмицата е дека сега сме втори и продолжуваме да им дишеме во врат на ѓубрињата комшиски..ние имаме тешка задача во наредно коло, ама тие играат со местачите (ако се збунивте, зборувам за Juve..веќе човек да незанае кој е поголем местач) и тоа на гости, па ќе имаме шанса да намалиме од разликата и бааги да си ја подобриме ситуацијата..уште една предност ќе ни биди тешкиот градски пораз на Samp, такашто ќе имаме дуел на ептен забревтаниот Milan и нокдаунираната Sampdoria..
сепак, има уште доста време до сабота да се наполнат батериите за нова, овојпат полесна победа!!

FORZA CAMPIONI!!!

Anonymous said...

ХУНТЕЛАР!!!!!!!

Anonymous said...

Немам јас мн мн зборови,сеуште брчам од вчера :))))
А ти владе комуњару еден низаеден политиката ти го испи паметот,па требаше мојот пулен да стегне 2 комада па да се јавиш xD
Како и да е,дај се од себе да за да го најдеш Мохисан,its getting serious пак се собираме доста луѓе што е одличен знак :)

Каљари-Победа
Марсеј-Победа
Катаниа-Нерешено
_________________
Сампдорија-Победа
Цирих-Победа
Палермо-Победа
Фиорентина-Нерешено

-Скоро пола од работата е завршена,но сега доаѓа потешкиот дел од натпревари во овој период.
Со Самп и Палермо ќе мораме да победуваме(мада да не звучам скептично ама имам чуство дека нема и 2те да ги тепаме)за Цирих не праам муабет,мада остар шилец е тоа и не смееме да се лизнеме таму сериозно треба да бидат сватени швицарците,и конечно Виола со која во последно време одлично ни оди,и би бил презадоволен ако се вратиме непоразени од Артемио Франки.Но се со време...следува Сампдорија во сабота и се потоа.

За Хунтелар нема што мн да зборувам,кажав скоро се што имав да кажам за него уште пред да дојде :)


FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Владе, политика?! :О
Абе нели не се мешаат спортот и политиката... :)

CurvaSud_Milan said...

апсолутно точно. :)) ...само политикава ми ги црпи времето и енергијата па не останува за спортот. :)))

Anonymous said...

Ри прашај го нашиот газда што мисли околу мешањето на политика и спорт :)

ReBorned said...

Не го мешајте Силвио, тој нема ништо со спортот барем не со овој во Милан. Тој е по друг спорт (18+ женски) + политика :D

ForzaMilan said...

колку тешка беше утакмицава,не ми се гледаше од 80 минута.Катаниа играше анти-фудбал на ништо не личеше тоа,ама затоа го имаме Хунтелар.Знаев дека ке пукне и ете го,идеме сега следна со Сампдорија,ќе биде тешка но мислам дека имаме големи шанси да ги победиме поради добрата форма и поради тоа што сампдориа имаат неколку повредени првотимци и суспендирани играли...поздрав до сите миланези,Форцаа гранде Милан!

kiko_pato said...

хехеее... Хунтелар ис д мен.... :):) сега мислам дека одма со сампдориа ќе го стави прва постава... аххх колку сакам да дава ко у ајакс по 493673486 гола... :)
а Владе добро е брат по дугачко време се разбуди и ти... и остави коментар :):) уште да го најдеш Мохикан и се ќе биде добро, и оставај повеќе вака коментари ни даваш мотивација :) :) се занесе по политиката јеботе... :)

FORZA MILAN!

Anonymous said...

Wellcome ForzaMilan :)

ReBorned said...

Тиаго Силва и Хунт во аут!!
На клупата ќе биде Зигони, Албертаци и Верди поради тоа што освен Бориело ќе немаме друг напаѓач (Хунт повреден а Пипо суспендиран)

kiko_pato said...

Ре ја незнам кај си го прочитал воа... ама на acmilan.com ги пишува во составот и хунтелар и силва...
Dida, Storari, Antonini, Favalli, Kaladze, Nesta, Thiago Silva, Zambrotta, Abate, Ambrosini, Flamini, Pirlo, Seedorf, Borriello, Di Gennaro, Huntelaar, Pato, Ronaldinho, Zigoni (n.17).
Indisponibili: Jankulovski, Oddo, Onyewu, Gattuso.
Non convocati: Abbiati, Bonera.
Squalificato: Inzaghi.

ReBorned said...

Dida, Storari, Antonini, Favalli, Kaladze, Nesta, Thiago Silva, Zambrotta, Abate, Ambrosini, Flamini, Pirlo, Seedorf, Borriello, Di Gennaro, Huntelaar, Pato, Ronaldinho, Zigoni (17)

Повикани се ТС и Хунтелар, дополнително ќе се разгледува нивната подготвеност. Тука е и Зигони

Anonymous said...

Hello.We (hdgoals.com team) want to ask you for a business deal to pay you in order to recommend to our website.If you are interested please reply to this mail.Our website is http://www.hdgoals.com.


With respect,


Bogdan Alexa
(hdgoals.com team admin)