Translate

Sunday, 22 November 2009

Милан - Каљари

Во моменти во кои се релаксирам со Pac aka Makaveli во фон се’ почесто погледнувам во часовникот кој вели дека има уште цели 4 часа до моментот кога моите омилени црвено-црни ќе се појават на светиот стадион Сиро. И баш како што вели сега Pac - Definition of Power!!
Каљари е во одлична серија (исто како и ние) која им беше прекината од репрезентативната пауза (исто како и на нас) и овие моменти можат да бидат многу незгодни. Тоа го изјави и Лео на пресот вчера, да се надеваме дека ќе продолжиме онаму каде што подзастанавме за време на репрезентативната пауза... иако ќе повторам, може да биде многу тешко. Дињо е грипосан (не со свински) но ќе настапи против Сардините. Стандардните 11 се оние што сите ги знаеме и ќе биде излишно повторно да ги пишуваме. Единствено на местото на Неста (кој е суспендиран) ќе настапи КамиКаладзе. Можно е да има некоја измена и на бековските позиции (Абате, Антонини) но не мора да значи! Фламс има дисторзија на зглобот и ќе отсуствува од овој дуел. Па ајде да ги добиеме Сардините и потоа да се насочиме кон многу важниот и опасен натпревар од ЛШ против Марсеј!
П.С Интересен за нас ќе биде Астори, кој е наше дете а моментално настапува во Каљари и скоро е сигурно дека на лето ќе се враќа во Миланело! Значи обратете внимание на него, Матри (уште едно наше дете кое расчисти се’ со нас а тие се најопасни) и нормално Марчети и Бјондини (кои се наши таргети).
И за крај мало освежување...инвентивно и паметно од страна на газдата:

11 comments:

ReBorned said...

Уа буљаши никаде ве нема:

MILANO - Queste le formazioni ufficiali di Milan-Cagliari, in campo alle ore 15.00 per la 13' giornata del campionato di Serie A:

Milan - Dida; Oddo, Thiago Silva, Kaladze, Zambrotta; Pirlo, Ambrosini; Pato, Seedorf, Ronaldinho; Borriello.

Cagliari - Marchetti; Canini, Lopez, Astori, Agostini; Dessena, Conti, Biondini; Lazzari; Jeda, Matri.

Navigator said...

уффф каква акција... браво Seedorf, браво Borriello, газете ги сега до крај!
FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Аууу првиот да ама третиот гол немам зборови!!!

Navigator said...

добар резултат на полувреме ама лоша игра во одбрана..отворена уткамица со многу шанси, ама и многу грешки назад, нарочито од дебилот Kaladze..едноставно го мразам глупакот :@
имаме уште едно полувреме и одиме со истата порака...
FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

КамиКаладзе може да не уништи... пут Фавали он енд ај мин ит!!!

ReBorned said...

Офанзивно везиме и газиме! Кои пети на Дињо и Пато... СТРАШНО!!!

ReBorned said...

Леле овој КамиКаладзе не изеде!!!

ReBorned said...

Натпреваров лудница!!
Ај сега на раат можете да ја искоментирате сликата на постов ;)

Anonymous said...

Пишуем пост...

Navigator said...

стварно лудница утакмицава!!

FORZA CAMPIONI!!!

Anonymous said...

Сликата вуаууууу xD