Translate

Saturday, 29 August 2009

CL draw & il derby della Madonnina


Малку е нелогична пасивноста на блогот во вака битен период за клубот, меѓу два настани кои барем јас долго ги чекав.. првото се разбира е враќањето во лигата на шампионите а второто и засега поважно е il derby della Madonnina.. за ждрепката на групите во CL нема нешто посебно да се кажи освен тоа дека се наоѓаме во, по мене, најсилната група со страшни противници и искрено мислам дека ќе биди ужасно тешко да се избори место во топ 16.. Real со страшниот состав, Marseille кој е моментално најдоброто од Франција и Zurich – нималку наивен противник, ќе бидат прав тест за спремноста на дечките на Leo и за тоа дали одамна отпишаниот Milan можи да изненади и да повтори некој од своите големи успеси во Европа.. лигата почнува за 3 недели и има време и за прогнози и за анализи, па затоа повеќе место сакам да оставам за она што ќе се случува утре вечер на San Siro..

Несомнено најголемото дерби на Италија, ај да не речам најголемото светско дерби.. Leo вчера не измисли топла вода кога рече дека во ваков натпревар буквално се е можно и никој неможи да го предвиди расплетот и е сосема во право.. можиме само да нагодуваме, навивачки и пристрасно да прогнозираме, да ги прегледуваме формациите и да се расправаме кој имал подобар состав, да се надеваме дека ние сме владетели на Милано, ама едно е сигурно – тука никогаш нема фаворити и аутсајдери, подобри и полоши... нијанси го одлучувале скоро секое дерби ( освен она не така давното 6:0) :)

Утревечер нова битка од вечната војна за градот, можда за некој посиромашна од ланските, без некои од симболите на тимовите, ама во секој случај со нов шмек и старатата напнатост.. овојпат нема да се замарам со составите, се е тука прашање на детали.. само Таа, La Madonnina, секогаш смирено и неутрално ужива во дербито и ги бележи (не)успесите на нашите или вашите.. ако сме реални треба да очекуваме изедначеност до максимум во секој сегмент од играта.. ама не би биле прави rossoneri ако не речиме дека ќе ги згазиме, дури и ќе ги понижиме душманите.. нема некој од нас шо несака да го види “the special one” со неговата merda на колена.. за мене нема нешто поголемо и повесело од победа над Inter.. и ќе го дочекам тоа уште утре, верувам и осеќам!! по којзнае кој пат нека видат кој е кој!!!

MILANO SIAMO NOI, SOLO NOI !!!


43 comments:

Navigator said...

И конечно дојде време за мојата омилена... :)

Come sempre a inizio stagione
interista fai lo spaccone
lo scudetto la Coppa Campioni
sono sogni per voi coglioni
interista diventi pazzo
son 15 anni che non vinci un cazzo
in trasferta è troppo lontano
non ti muovi mai da Milano
non cantate non caricate
ma allo stadio che cazzo fate
puoi gridarlo finché vuoi
ma Milano siamo Noi !!

FORZA MILAN!!!

Zoki said...
This comment has been removed by the author.
ReBorned said...

Мене не ми е јасно што се случи со блогот, откако Ултра пиша дека наскоро ќе следи пост од него (за натпреварот со Сиена) блогот се разбрка, дали тој направи некој кикс или нешто друго е во прашање незнам...
Околу дербито, ќе настапиме со истите 11-мина како против Сиена. Лео се надева на уште еден quarterback до крајот на преодниот рок но и се подготвува да ја игра сезоната и без такво засилување. Што е тука е, вечер може се да се случи! Што и да пишам пред таков натпревар би било излишно!
Forza Milan!!!

Navigator said...

Се случи тоа што се случи ама не е битно..дајте луѓе сега малку повеќе ентузијазам, па не играме секој ден против merda..
CANTAREMO FINO ALLA MORTE... FORZA CAMPIONI!!!

ReBorned said...

т.н Матрикс воопшто не е повикан во тимот! Најверојатно назад ќе играат со Лусио Самуел и Чиву лев бек (покрај Маикон на спротивната страна).
Верувам дека Чиву ќе седи назад бидејки тој е единствен кој може барем малку да му парира на Але Але во брзината! Со тоа би добиле малку одмор за Замбро меѓутоа вистинската битка ќе се води на спротивната страна од теренот... Маикон-Фламс+Јанко

Anonymous said...

Ivane pesnava send-ni mu ja na Vlade da ja nauci,ja use pred godina dena ja peev xD
Za pasivnosta na blogot ic ne mi se zbori momentalno pred vakvo derbi,zatoa ke zborime koga ke se sobereme SITE(standardnata 4ka plus Mohican)
A za vecer?ahhh..uste vcera koga gi citav najavite...preview's i se ostali pocna da mi lupa srce...i neznam zosto ama se mislam nereseno ke bide,ama aj so bide neka bide bitno neka bide dobra utakmica da dadat momcite se od sebe,pa i mojot pulen "The Hunter"da vleze od klupa i so nozicki da gi rastrese merda :P hhh malce preterav so fantazijata....
kako i da e...
FORZA MILAN !!!

Anonymous said...

A.C. MILAN OFFICIAL NOTE
8/28/2009
MILAN - A.C. Milan communicate they have mutually resolved the working contract with the footballers Mathias Cardacio and Tabaré Viudez. Thanking them for what they have shown during their experience with the Rossoneri, Milan wish the two young footballers all the best for their future.


Hmmm...secenje na i onaka tenkata sredina bi rekol jas...

CurvaSud_Milan said...

Moмци вечер да тепаме да отидеме на +5 и после ќе се договараме како ќе тераме со блогов натака. До тогаш,

ALEEEE ALEEEEEE ALEEEE MILAN ALEEEE FORZA LOTTA VINCERAI NON TI LASCHEREMO MAI!!!!

Navigator said...

јас мислам дека вечерва победникот ќе го решат две работи.. прво е формацијта на merda, а второ е играта на Dinho.. за нивната формација има 2 решенија: 4-1-2-1-2 или 4-2-3-1.. во првата или т.н. дијамант тактика ќе имаме за противник двајца класични напаѓачи, веројтно Eto'o и Milito со поповлечени крила и еден DMC изледа Muntari.. кај другата варијанта ќе треба да се браниме од еден истурен напаѓач и два полушпица Eto'o и Balotelli и двајца DMCs можда Muntari и Thiago Motta.. мене оваа втората повеќе ме плаши и заради тоа што е многу поопасна и позатворена, ама и заради тоа што merda веќе цели 2 сезони игра така и очигледно добро ја владеат.. поради притисокот од неуспех уште на стартот, најверојтно ќе видиме две подефанзивни формации и убеден сум дека нијанси ќе решаваат.. е баш таква нијанса, човек кој може да ја направи разликата и да го реши дербито е Dinho.. многу, да не речам се ќе зависи од неговиот перформанс денес.. би било совршено да ја повтори играта од пред една недела и сите да ги увери дека полека се враќа во форма и несомнено го превзема лидерското место во екипата, а со тоа секако и голем дел од одговорноста.. искрено се надевам дека Dinho го можи тоа, дека Milan го можи тоа, дека сме подобри од merda и дека можиме до титула..

ANDIAMO MILAN, TU SEI TUTTA LA MIA VITA!!!

Anonymous said...

Balotelli nema da pocne ama sepak merda ke igra podefanzivno.
So Eto i Milito kako 2 spica,i so Zanetti,Stankovich,Motta i Muntari/Vieira vo sredina...a odbranata e dobro poznata.
Se soglasuvam deka ke se igra podefanzivno i deka nijansi ke odlucuvaat...ama tie nijansi gi odlucuvaat momentite na magija na individualci...nie imame dosta takvi(za potsetuvanje gi Imame Seedorf,Pippi i Hunter na klupa)

Anonymous said...

Pippo*

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

MILAN-INTER: LE FORMAZIONI UFFICIALI

MILAN: Storari; Zambrotta, Nesta, Thiago Silva, Jankulovski; Gattuso, Pirlo, Flamini; Ronaldinho; Borriello, Pato.
INTER: Julio Cesar; Maicon, Lucio, Samuel, Chivu; Zanetti, Stankovic, Thiago Motta; Sneijder; Milito, Eto'o

Sneijder во првите 11!! големо изненадување за сите.. другите горе-долу ги претпоставивме

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Сакам да го наместам саатот пола саат нанапред :(
Forza Milan!!!

ReBorned said...

A сега сакам да го вратам назад...

Anonymous said...

Горе глава,гледајте право момци.
FORZA MILAN

Navigator said...

лошо, лошо, многу лошо...

CurvaSud_Milan said...

Гатузо покажа дека за жал не е дораснат и всушност никогаш нема да дорасне да носи капитенска лента на голем клуб. И покрај сите несомнени квалитети што ги има сепак, за да се биде капитен треба и ментален капацитет што за жал Гатузо го нема. Не дека го кривам него за поразот, далеку од тоа, туку само го извлеков како еден заклучок од утакмицава, за све останато не сакам сега, а верувам и никогаш нема да сакам да искоментирам за овој натпревар.

ReBorned said...

Тоа што го направи Гатузо 10 годишно дете ќе се воздржеше да не го направи! Знаеше дека ќе биде заменет, неговата замена беше на аут линијата чекајки прекин а него го замолија да се врати 3-4 минути назад на теренот само за да може Сидорф да го добие неопходното загревање за да не дојде до нова повреда!
Рино и Јанко беа ужас!

Navigator said...

ај да го додајме и Boriello тука

Anonymous said...

Najlesno e da se pokazuvaat prsti sega no toa e toa...kolku i da go sakam RInho treba da se bide objektiven deka toa sto go napravi bese rezil,a merda mn dobro znaese kako da go iskoristi toa...kako i da e od ova treba da izvleceme USTE edna pouka...t.e. ne jas,navigator re i curvasud...tuku ankl festr i onoj koj go nemase na svoeto mesto vo vtoroto poluvreme...

ReBorned said...

И врвот... фановите го очекуваа Галијани да излезе со некоја изјава за финишот од меркатото а наместо него се појави Браида кој потврди дека трансфер периодот е завршен!

Anonymous said...

Mmm odlicno vrakanje na Kaladze :)

ReBorned said...

Да и тој треба да биде џокерот на местото на Јанко а + пред натпреварот самиот порача дека се чувствува одлично и дека по враќањето во Миланело ќе им биде конкуренција на Неста и ТС за CB

Navigator said...

Kakha сега само можи да му биди конкуренција на Pato или Hunter :)

Anonymous said...

Badijala,nema da znae koj e negov gol :)
Nego nesto sto se poveke se zbori i mn mi se dopaga e povrzuvanjeto so Rafinha,definitivno odlicen igrac,eden od najdobrite desni bekovi od rangot na s.ramos,alves,maicon i moj licen favorit :)

ReBorned said...

Абе сега се зборува и за Бејл и за Рафиња и за Хернанес и за Маркињос а богами и за Давид Силва!
МАЧКАЊЕ ОЧИ!!!!!
До 31 Август не купија никој а од 1 Септември се зборува за засилувања во Јануари?!
Само доколку влезе нов капитал (продажба на дел од акциите), никако поинаку не се фурајте за џабе!
Forza Leo!!!

kiko_pato said...

ако ја гледа некој после милан на нет... нека пушти линк да гледам и јас

ReBorned said...

AC MILAN RIP 1899 - 2009

Anonymous said...

Bice bolje :)

kiko_pato said...

кога? :)

Anonymous said...

Slednata godina ova vreme :)

Zoki said...

R.I.P ! :D

ReBorned said...

Зоки ама колку сме ние РИП-нати рамо до рамо со нас сте и вие... без разлика дали ти ќе го признаеш тоа или не...

kiko_pato said...

http://www.youtube.com/watch?v=a9HHziQtoMg


мн ми недостига :(

Anonymous said...

Storrari
Oddo,Nesta,T.Silva,Zambrotta
Flamini,Pirlo,Ambrosini
Seedorf
Inzaghi,Pato

se se....ama Oddo?
Kako i da e ajde so sreka neka ni e,valjda ke izvadime nereseno :)

ReBorned said...

Пипо....
Се трудам да најдам адекватен синоним за него ама не постои...
Едноставно е Пипо... СУПЕР ПИПО!!!

Anonymous said...

Sinonim na Pippo nema : )
Ednostavno Pippo :)
Kakov Klaas,kakov Pato,borrielo i sve ostalo...Pippo is the man!

Navigator said...

богами...

Zoki said...

Tuuu porazite vi e maka da gi objavite :DD

Di Di Di Di... Na ta le!!! :D

CurvaSud_Milan said...

Па веројатно дека и баш нели низ историјата наназад и не сме баш навикнати на порази па ете и не ни е баш лесно да збориме за тоа, за разлика од вашите на пример.

kiko_pato said...

Ги гледам...не ми се верува...ги тажам :S мн сме очајни незнам што треба да се направи колку толку да се вратиме во нормала... ваљда да се смени лео или?

ReBorned said...

Не е до Лео...
Можеби Лео е неискусен и се тоа ама за да се суди работата на еден тренер треба...
Тој бараше засилувања по позиции (RB, LB, AML AMR CF) па дури и по имиња (Џеко, Сисоко, Хернанес) а не доби ништо! За да може да се цени работата на тренерот и за да може да се префрли целата вина на него тој ТРЕБАШЕ да ги добие фудбалерите што ги бара и тогаш тој и само тој е одговорен за резултатите бидејки го има тоа што го сака! Тој сакаше да игра 4-3-3, кога виде дека нема ниту едно крило во тимот (освен Абате кој поради тоа што имаме очајни бекови игра бек) мораше да си легне на брашното и да ја игра 4-3-1-2.
Значи за мене Лео ќе биде апсолутно виновен кога ќе ги добие фудбалерите што ги бара а нема да направи ништо со нив!
Жал ми е за Лео, жал ми е за Милан!

Zoki said...

CurvaSud_Milan, минатото е позади вас, него у што ја гледаме иднина кај вас? :))

ајде ајде, без очај, сега Тачи ќе дое.