Translate

Friday, 7 August 2009

Duck Hunt!




Се сеќавате на оваа легендарна игра на Нинтендо пред неколку години нели? Епа вака изгледа нашиот нов напад. Duck Hunt! And I like it!




Следи вистинско дежа ву во Миланело, Милан потпиша договор со Klaas Jan Huntelar, машината за голови од Холандија! Дечкото (кој за неколку дена во Миланело ќе го прослави својот 26-ти роденден) има застрашувачки бројки зад своето име кога станува збор за голгетерски ефект! Знам дека играше во Холандија, знам дека таму сите се добри стрелци (дури и Кежман) но момчето има навистина импресивни бројки зад своето име, како во тимовите за кои играл така и за репрезентацијата на Холандија. До денес важи за најдобар стрелец во младата репрезентација на Холандија на сите времиња со неверојатни 18 гола во 22 натпревари (?!?!). Во дресот на сениорската репрезентација има одлични 13 гола во 23 натпревари! Како денес да беше, се враќам неколку години наназад кога случајно прочитав за некое момче Хунтелар кој постигнал 33 гола во 31 (?!) натпревар за Херенвен и дека ќе потпише за Ајакс! Уште тогаш помислив дека станува збор за голгетер машина (а рака на срце не знаев ни како изгледа а не пак како игра). Во Ајакс продолжи да гази, дојде на полу сезона а веќе бомбардираше низ Eredevisie! Неговите голгетерски ефекти во клупско ниво се пофасцинантни дури и од оние во дресот на репрезентацијата, во Апелдорн постигнува во 35 натпревари постигнува 26 гола, во Херенвен во 46 натпревари успеа да постигне 33 гола а во Ајакс во 92 натпревари-76 гола?! Воопшто не беше ниту лош во Реал Мадрид каде во 20 натпревари (во кои не беше секогаш стартер а и дојде на полусезона) успеа да постигне одлични 8 гола!
Одличен со двете нозе, но негов trademark се головите со ножички! Ај сега да не тубирам, можете да си видите сами нели?
Значи Хантерот пристигна и на неговото пристигнување на аеродромот во Милано го пречекаа фанови, новинари и.... фан на Мерда?! И тоа со два листа од блок 5-ти број на кој пишуваше една глупост...




Ја забележавте неговата реакција нели? (фацата де) :)
Доста со оваа сликовница... добредојде Hunter! Се надевам дека ќе експлодираш во Италија и ќе бидеш подобро засилување од Бензема и уште само едно од низата погрешни потези на слепците од Реал во последните неколку сезони!
P.S Само кога сме кај Мерда неможев да издржам... нивната желба за ЛШ трофеј е илустрирана во:

31 comments:

ReBorned said...

Кога Ultra ќе го прочита постов се насочува на претпоследниот коментар од претходниот пост!
Благодарам на вниманието!

ReBorned said...

Кога сме веќе кај универзалноста и леснотијата со која Хунт постигнува голови мора да го видите ова:

http://www.youtube.com/watch?v=nuNrhG03H2Y&feature=player_embedded

Navigator said...

мене ептен ми се свиѓа дечкото..а и сликата последна ти е супер :D

Navigator said...

Уште еден пораз...

Anonymous said...

Na slikata pisuva "Forza Hunter" :P
Ohoooo Ultra knows!koa ke posakam neso odma se ostvaruva(ama odma... xD)
Kao i da e,nema potreba od mn zborovi za Hunt,a slikite se grom xD
Ultra Is Back!Forza Huntelaar,Forza Milan & Forza Ultra red and black !!!

webm said...

Aguante BOCA JUNIORS!
This is my argentinian street football picture blog:
http://futbolenlascalles.blogspot.com/

ReBorned said...

Не рековте ништо... ја имате ли играно таа легендарна игра на Нинтендо на времето, со патките?
Duck Hunt

Navigator said...

тоа беше нешто со пукање во патките со пиштол, така??
Benvenuto Ultra!

Anonymous said...

Ja imam igrano kako ne,zaedno so Clay Shoot i taa bese igra na koja bukvalno go "krsev" pistolot :D

ReBorned said...

Епа ќе видите Duck Hunt deja vu!
P.S Forza Жељко!

Anonymous said...

Forza Flavio bi rekol jas :)
I forza Pandev!

Navigator said...

Какво засилување... Flavio Roma! СЕНЗАЦИОНАЛНО!!!

Anonymous said...

Ako nekoj znae stream za vecer slobodno neka go ostavi na blogov :)

CurvaSud_Milan said...

http://atdhe.net/8443/watch-ac-milan-vs-inter-vs-juventus

Sandu Grecu said...

Zahodi na moi blog! Vsio o moldovan football

Anonymous said...

Sandu brat mi go zema zborot od usta xD

CurvaSud_Milan said...

Veruva nekoj vo pricata deka utre Berlusconi ke go obelodeni transferot na Fabregas vo Milan?!

Anonymous said...

Slabo...

Navigator said...

Ова ти е баш во духот на постот (или повеќе на насловот), типична новинарска патка... :)

CurvaSud_Milan said...
This comment has been removed by the author.
CurvaSud_Milan said...

Целата работа е што Моџи пред некој саат изјави дека Берлускони ќе донесе еден голем играч во Милан, така да 'познавајќи' го Моџи, типот располага со многу информации така да ништо чудно да знае и за ова. Само што сум сигурен тоа нема да биде Фабрегас, туку ќе биде Ледезма или Де Силвестри и истите ќе ни ги претстават како вонсериски играчи со вонсериски квалитети кои ќе играат во моментално вонсерискиот Милан(за жал во негативна конотација).

...И така сите ќе рипаме и скокаме негодувајќи вклучувајќи ги и тамошните ултраси, но баш тогаш ќе направиме една серија од неколку победи и тоа ќе биде доволно за сите да ќутат до полусезона. Стандард шема на Галијани и Берлускони, само што сега главниот режисер Карло не им е тука.

Како и да е, јас никогаш не губам верба и знам дека финале на ЛШ е најмалку што ќе имаме, за повеќе ќе се договориме. :)))

Anonymous said...

Hh interesno :)
Jas odluciv da molcam okolu prognozite za ovaa sezona,kako sto i rece Leo,vrememeto ke kaze se :)

Navigator said...

почнавме со прогнозите? ок тогаш, јас типувам на скудето, а за CL не сум баш оптимист, можда до полуфинале највеќе...
во секој случај го освоивме првиот трофеј сезонава - Trofeo Berlusconi :D
FORZA MILAN!!!

Navigator said...

ќе пишува некој пост за во сабота??

Anonymous said...

Ako sakas da pises slobodno pisi,ili nekoj drug kazete,ako ne ke gleam najkasno do utre da pisam :)

Anonymous said...

P.S.
Huntelaar e suspendiran i nema da igra protiv Siena :)

Navigator said...

аха прочитав и јас за Hunter..колку бизарно правило, не?

Anonymous said...

Bizarno ne bizarno..."Lovecot" ke debitira protiv Merda po se izgleda :D

Anonymous said...

Post coming soon..

ReBorned said...

Е колку soon...?

Anonymous said...

very soon...