И како што сме навикнале секоја година, околу крајот на Јули или почетокот на Август, по испаѓањето на македонските екипи од европските купови, повторно се фокусираме на европски фудбал, овојпат на оној елитниот..и тоа на подготовката за новата сезона, од кои за нас нормално, најинтересно е тоа што се случува во Milanello.. а од таму исто па исто или подобро речено ништо па ништо.. ниту во најлудото траснфер лето, кога сите големи клубови трошат како никогаш да не слушнале вести и тоа што значи криза, нашата управа “мудро молчи“ и чека некој да им понуди world class играч за 5-6 милиони..сите знаевме за што ќе служат парите од Kaka и дека нема да одат за нов играч, но уште повеќе се надева(в)ме дека барем ќе се пополнат дефицитарните позиции, пред се напаѓачката.. сега па и почнаа да не убедуваат како Milan бил доволно компетитивна екипа полна со шампиони.. sì signore Silvio, уште да не убедиш дека ниеден од твоите шампиони нема да се повреди посериозно, па scout Leo да немора да ја ротира цела формација која рака на срце убаво изгледа.. и не ми беше тоа муабетот, оти во минатиот пост коментиравме за трансфер политиката, ама многу ме инспирира темава.. во секој случај останува уште еден месец од преодниот рок, уште еден месец надеж...
Сакав да зборам за текот на припремите и за првите неколку пријателски утакмици, за новиот тренер, неговата тактика и се она шо ми се бендиса и шо не ми се бендиса.. првата против Varese и фото-сесијата во LA против Becks и неговите непријатели (или соиграчи, како сакате) ниту беа битни, ниту има што да се извлечи или напиши, освен дека на David боље му стои црвено-црн дрес.. битното за нас почна во средата, заедно со почетокот на World Football Challenge 09, или во превод, доста јак турнир за почетно испитување на силите на екипите.. прв од неколкуте турнирчиња, на кои што Leo треба така добро да ја среди екипата, просто да ја препороди.. ги изгубивме сите 3 уткамици иако јас очекував барем една победа и два тесни резултати.. двата тесни резултати ги добивме против екипите на Amèrica и Chelsea со порази од 1:2 ама место победа загубивме од Merda и тоа 0:2.. и сега некој ќе ми речи дека резултатите не се битни и дека ова е се само први посериозни тестови..така е, и мене не ми е важен резултатот (освен против душманите) ако моите одиграле добро.. баш таков пример беше натпреварот со Chelsea.. на моменти дури и не верував колку Milan можи да игра брзо, агресивно, па и атрактивно.. едноставно сите летаа по теренот, се играше течно, со кратки и прецизни додавања, нешто сосема несвојствено за играта на Carlo.. би ми било мило ако и некој од вас ја гледал утакмицата за да искоментира нешто.. Dinho и дефинитивно ја враќа старата форма и се издвојува како лидер, а Seedorf верувале или не пак ТРЧА! Уште една работа што ме израдува беше драстично намаленото учество на Pirlo во креирањето на нападите, бидејќи целата средина го правеше тоа, дури и Flams, Rino и Ambro.. не значи ова дека Pirlo не е забележлив на теренот, туку напротив, неговиот придонес и точно колку што треба да биди.. кога сум кај средината морам да го издвојам Abate, бидејќи максимално ги искористи малкуте минути во игра за да се наметни како одлично решение од клупа.. нападот моментално е најболната точка во екипата и сите знаеме зошто.. Leo применува тактика исклучиво со двајца напаѓачи, а со постоечките тројца не постои никаква шанса да издржиме цела сезона.. сите напаѓачи одиграа просечно, додавајќи ги тука и младинците Di Gennaro и Zigoni.. една работа која паѓаше во очи, беше еден нов примес во играта на напаѓачите најавуван од новиот тренер, а тоа е дека последната линија, ќе претставува прва пречка за противничките напади.. сега уште оттаму почнува одбраната и цела екипа дејтвува покомпактно.. единствено голманската позиција беше лоша на турнирот, ама со оглед на тоа дека на една утакмица бранеше Storari, а на другите две месечарот Kalac не ни сакам да навлегувам во анализи.. и за крај уште некој збор за одбраната, која беше убедливо најротираниот дел од екипата.. на ниедна утакмица досега немавме иста одбранбена линија, што не е позитивно за резултатите ама затоа пак е и тоа како добро за нивно воигрување и пронаоѓање на правиот бедем на Leo.. многу играчи добија шанса од кои мене најголем впечаток ми остави Thiago Silva заради сигурноста и изразениот leadership кај него.. очигледно дека за некоја година ќе биди наследникот на Nesta, ама сега сум уверен дека ќе бидат одлични партнери.. според мене тоа би бил најдобриот избор за централните одбранбени места, мада и Kakha одигра солидно, а со враќањето на Bonera имаме доволен број на CBs.. на турнирот доби шанса и новото појачување Onyewu, кој не импресионираше, можеби заради огромните импресии од трансферот или заради домашната публика :) во секој случај останува уште многу време за да се наметни кај тренерите.. на бековските позиции добро знаеме што имаме и немам што да искоментирам освен дека сите одиграа прилично добро и уште поофанзивно од порано..

Кога ќе сумирам се што видов на турнеата низ Америка, добивам слика која веројатно ја имаат повеќето на кои им е стало до Milan, а тоа е дека екипата добро се воигрува и подготвува, силна е, има нов пристап кон противниците, нови мотиви и креира некој нов начин на игра, ама несомнено ни треба уште некој играч во ротацијата, ПРЕД СЕ НАПАЃАЧ.. сите нови работи веројатно доаѓаат највеќе психолошки заради промената на тренерот и желбата за наметнување и искрено се надевам дека таа атмосфера долго ќе опстои во клубот.. од овие неколку наптеревари, за Leonardo можам да речам дека како што и вети, инсистира на поофанзивна тактика со многу побрз фудбал, конзистента и агресивна, ама сепак со многу грешки во додавањата.. очигледно дека не е на нивото на Ancelotti во тактичка смисла, ниту го има потребното искуство, а и врзани му се рацете кога се работи за трансфер пазарот.. сепак на него е притисокот, како нов тренер да го врати тимот каде му е местото.. дали ќе успее, останува да видиме...
FORZA MILAN!!! SEMPRE CON TE!!!
8 comments:
"мада и Kakha одигра солиднo"
Ај сега прочитај пак што си напишал....
Лео изгледа не му е баш по планираното на B&G... кога го ставија на клупата сите (сигурно вклучувајки го и Б самиот) веруваа дека Лео ќе биде кутре на Б и ќе прави така како што ќе му вели газдата (како Карлито).
Ама Лео во само 7 дена 5 пати повтори дека му требаат засилувања а последните 2 дена со две вистински шлаканици во лице на газдите:
1. Трансфер периодот е долг но доколку до 31 август не се донесат некои засилувања (напаѓач + лев бек) управата ТРЕБА ДА СИ ГИ НАМАЛИ ОЧЕКУВАЊАТА ЗА СЕЗОНАТА ШТО ПРЕТСТОИ!
2. Берлускони сакал нова политика со потпишување на фудбалери Under 23? Па и Џеко и Сисоко БЕА ПОД 23!!
Доколку Лео продолжи со овој притисок и изјави или ќе добие барем нешто (не верувам дека ќе го добие се она што го бара) или ќе добие отказ. А можно е и тој самиот во висок стил (кој што го негува во текот на целиот свој живот) да си даде отказ!
In Leo I trust!!!
знам шо сум напишал.. ако си ги гледал утакмиците со Chelsea и Bayern и ти ќе знајш за шо зборам..
а за Leo шо имав, кажав.. не ми изгледа баш сигурен во тоа што го прави.. веројатно сеуште ја бара правата постава и ја воигрува замислената тактика, ама ни во сон нема да се сложам дека моментално е доволно компетентен да биди тренер на Milan и тоа во ваква криза.. сосема си во право за намерите на газдата, а тоа уште повеќе го потврдува мојот став дека Leo не е правиот избор и дека на сметка на неговото неискуство, B можи да наметни поголемо влијание врз трансфер политиката.. и тоа за жал го постигнува сега за сега.. а Leo можи да дава и по 100 изјави на ден оти знај дека нема што да изгуби.. ниту Silvio би му дал отказ (така ќе го навлечи бесот на цела фудбалска јавност, особено на фановите), ниту самиот тој би напуштил (зашо никогаш повеќе нема да добие ваква шанса).. само немој да се залажуваш дека Leo е некаков фактор моментално во клубот.. повеќе гледај на него како ВД тренер, отколку како менаџер или уште помалку како стратег!
In Kalac I trust!!! :)
Со Челзи не ја гледав али со Баерн Каха беше директен кривец за голот на Швајнштајгер, германецов дури ни финта шут не му направи, а овој се испружи на земја да блокира некој си шут што изглеа него само му се виде и после швајн на празен простор си ја смести топката.
...и воопшто целиот тој натпревар беше летаргија. Не сум го гледал Милан одамна толку немоќен, да имаа малку повеќе среќа Баерн ќе ни шибнеа 5,6 може и повеќе комада. За претходните утакмици не зборам, можеби играле нешто, ама оваа што ја гледав беше комедии(или трагедии подобро).
Сума сумарум лошо стоиме, треба напаѓач асален, и уште еден до двајца квалитетни играчи, преферирам од средина, за одбрана има доволно играчи, ќе се извлече нешто од нив па тек после може да правиме моабет за тоа што ќе очекуваме од сезоната.
...бтв со мерда на 30ти Август. :)
Епа токму на натпреварот против Баерн алудирав... влезе во игра околу 75-та минута и успеа да стигне да биде главен виновник за два гола на Баварците?!
Еден дефанзивец е задолжително, типот треба да биде лев бек или десен бек (со што Замбро би отишол на позиција на лев бек). Најголема дупка во одбраната имаме на позиција лев бек!
конечно добри вести!!
Pirlo дефинитивно останува, Huntelaar утре треба да потпиши за сума околу 15 милиони, а за Cesc подготвуваале понуда вредна 35 милиони!?!?!?
веројатно работата тргува на подобро иако мене не ми е многу за верување
Ultra red and black said...
H U N T E L A A R ! ! !
1, јули 2009 18:52
ReBorned said...
Ultra ако дојде Хунти частиш пиво :) со се кикиритки ;)
1, јули 2009 19:37
Ultra red and black said...
Договорено :)
Само нека дое...
1, јули 2009 21:51
ReBorned said...
Ама што ти значи кога УЛТРА ќе ’ржне... сите се плашат од Ултрасите, се спомнува Хунти и веднаш Ќелавкото се препотува, мора да го донесе...
2, јули 2009 15:38
Ultra red and black said...
Ехх...да се потеше така Анкл Фестер за секое лаење на ултрасите сега во сауна ќе работеше :)
Како и да е...Хунтелаар е предобра прилика за да се пропушти...па што биде нека биде.
2, јули 2009 17:38
Ultra red and black said...
А да,и најбитен фактор ај лов Јан xD
Ultra where are you?!
колку добар ден... ем нов играч, ем пиво џабе :)
Denes se vrativ od odmor!
I mi se ispolni zelbata za Huntelaaaaaaaaaaaar pssssss abe ja li :)
Nego pivoto ocekuvajte go na 30ti ako ste tuka,mislam bi bilo dobro i za so Siena da se sobereme ali kako ke se dogovorime taka :)
Post a Comment