Прв кој си замина беше Анчелоти,а веднаш потоа беше претставен Леонардо како негов наследник.Во меѓувреме следеше веста која ми го разубави денот,месецот неделата...веќе погодувате дека за заминувањето на Пумата :)
Потоа следеа не толку добрите вести,односно заминувањата на Кака и Гуркуф и завршетокот на соработката со Бекам,Матиони,Сендерос и Шевченко.
Следеше сагата со Цисоко(која сеуште трае)и незнам како веќе да ја наречам скржавоста на нашата управа,конкретните контакти со Џеко(со кој веќе се погрижени личните детали) и нешто што е последно односно купувањето на останатите 50% од сопственоста на Абате.
Игнасио добро го познаваме,откако беше шетан по Емполи,Сампдорија,Торино и каде уште не се враќа во Милан.Има само 22 години и игра претежно како десно крило,но не би се изненадил ако е и прилагоден на десната бековска позиција.
Од она што останува да се направи со играчкиот кадар во останатиот дел од летото е:
Ослободување од Калач,Фавали и Одо,како и Кардачио и Виудез кој најверојатно ќе бидат пратени на позајмица.
А кога станува збор за доаѓање јас би бил задоволен со комлетирање на трансферот на Али Цисоко како и пристигнување на Сантакроче или Мексес,Хернандес или опциoнално друг играч зависно од доаѓањето на Џеко кој ни е приритет и Џеко или Хунтелар(мада ја би го преферирал Клас пошо ми е меѓу омилените играчи : )
Со овие потези би добиле еден добро избалансирал тим од искусни играчи или така попознати шампињони печурки и млади играчи кој допрва ќе се докажуваат.
Тоа е сега за сега.Очекуваме и се надеваме на доаѓање барем на Џеко во наредните неколку дена.
FORZA MILAN!!!
39 comments:
Не ме сфаќај погрешно, имам високо мислење за Хунтелар! Дури имам толку високо мислење што мислам дека доколку не успееме да го ангажираме Џеко би требало да се тргне токму по него! Но САМО доколку не успееме да го ангажираме Џеко! Сметам дека Џеко + Але (во последно време лиглото) би биле еден извонреден тандем кој одлично би се надополнувал еден покрај друг! Со висината на Џеко и спуштените топки по воздушните дуели уште повеќе би дошле до израз суперсоничните квалитети на Ducky!
Се плашам да не останеме само на тоа! Околу Али мислам дека по снижувањето на цената на Порто (за да можеме да му ставиме златни вилици) ќе се комплетира и тој трансфер! Но се плашам дали нашиве ќе останат на Неста и Каладзе во одбраната како партнери за ТС, едноставно се сомневам и во физичките и во техничките квалитети на тоа дуо (за кого како). Сметам дека сме многу тенки на AMC или офанзивен играч од средниот ред! Го имаме само еден Дињо кој сеуште ниту тој самиот не расчистил со себе а не пак да расчисти некој друг! Уште една работа... доколку играме со 4-3-3 со Џеко во шпицот и Дињо како AML односно Але како AMR повторно сме тенки на тие странични офанзивни позиции. Таму би можел да експлодира и Абате кој сепак повеќе би го преферирал како десен бек (заедно со „твојот“ Цисоко на лево би ја размонтирале секоја противничка одбрана). Абате е страшно брз а има и одлични нафрлувања, таман за Џеко!
Хернанес ми е (се чини неостварена) желба, играч кој е микс од Рино и Пирло, би играл на позицијата на Пирло (за помала плата од него) + знае да игра дефанзива + може да се прилагоди и како AMC доколку за тоа има потреба (слаба форма на Дињо или евентуална повреда). Голема улога ќе игра и евентуалното проширување на Дискриминаторското нон-ЕУ правило со трет член! Не се сомневам дека доколку се укаже таква шанса Лео ќе донесе бисер, доколку не им се даваат доволно пари на челнциите за Херна ќе донесе некое дете за 3 милиони но сигурно ќе најде нешто во неговиот бележник! Верувам во Лео!!! Само не верувам во нашите челници и колку тие ќе му дадат отворени раце и финансии за да си го гради својот тим!
Дури и да дојдат Џеко и Сисоко, па и Абате ке го ставам како новитет, пак ништо не правиме... Плус Абате никако не би го играл како десен бек, а другиве двајца иако талентирани, не знаеме како ке се вклопат во Милан и дали ке можат уште од првата сезона во тимот да играат на тоа ниво на кое ги гледавме минатата сезона. Има и уште една работа тука... Милан ни од близу не е Волфсбург или Порто и други се и очекувањата, а и притисокот врз играчите, зошто од Милан секогаш се очекуваат успеси.
А да не зборам дека со 3 нови играчи никаков пазар не сме направиле... На тимот му треба поголем состав, барем да има минимум по двајца фудбалери кои ке конкурираат на секоја позиција.
Со оглед на фактот дека Милан го продаде својот најдобар фудбалер и начинот на кој што се однесува на трансфер пазарот, некако не ми дава за право да бидам оптимистички настроен кон претстојната сезона.
Исто така има уште една работа... многу сум изненаден од тоа како лошо одигра Милан со продажбата на Кака... По мене можеа да извлечат и пари и некој играч плус од Реал. Снајдер, Робен, Ван дер Варт, Хунтелар, или Игуаин... Јас сум сигурен дека Реал ке се ослободи од многу играчи летово, па зошто ние да не профитираме од тоа? можеа и да бараат повеке пари, барем, да направеа рекорден трансфер... Сепак за Кака се работи. Ама ништо од ова не се случи, па сега ке се замараме со зубалото на Сисоко... Бог да чува од нашата управа!
Ех што убаво ме спушти доле...
We are searching for a striker. Not Van Nistelrooy. At most Huntelaar, but for the time being we're on Dzeko."
-Е ова ми се допаѓа :D
“Our objectives are always the same: finishing in the top three in the league and go as forward as possible in the Champions League"
-18 годишниот Џианмарко Зигони од тревизо е купен и ќе игра за Примавера иако летово ќе ги започне подготовките со првиот тим
-целосно е откупен договорт на Ди Џенаро и наредната сезона ќе ја помине во Милан
-Фавали го продолжи договорот за 1 година.
-Одо останува во Милан
...
По сите овие информации време е да ја согледаме реалноста.Следната сезона Милан ќе биде компетитивен и ќе атакува за златото,но не значи дека ќе го освои.Незнам за вас,но на мене малце фрустрираноста ми се намали кога ги пролитав последниве декларации од Галијани пред се затоа што за првпат по подолго време беа искрени и реално кажа за објективите и можностите на тимот.
А како што ми се чини само уште еден играч ќе биде доведен.И тоа Џеко е главната цел,и доколку не дојде он алтернативите се Фабијано,Адебајор и Хунтелаар.
Одбраната ќе остане ваква по враќањето на Абате и Одо,и продолжување на договорот со Фавали и само чудо би се случило ако биде донесен одбранбен играч.
Средината исто така останува иста,но Ди Џенаро е донесен со причина-Лео сака да игра 4-3-3 со Ди Џенаро како крилен напаѓач или втор напагач,така да очигледно е дека ќе биде купен еден напаѓач и тоа е тоа.
Она што мн ми се допадна е односот према младите фудбалери,пред се оние од Примавера кои дефинитивно ќе добијат поголема шанса во иднина.
FORZA MILAN!!!
А да,и цисоко не доаѓа :)
http://www.acmilan.com/NewsDetail.aspx?idNews=86942
Чао Џеко добредојде Adegaywhore!
Не негоооо бе леееееееееееееееелее дрс!
Почнувам сериозно да се плашам за иднината на клубот!!!(иначе непоправен оптимист по природа сум).
Ако се прашувам јас (ако навистина не доаѓа Џеко) помеѓу Adegaywhore и Luis Fabiano би се решил за Хунтелар! Евентуално ако навистина треба да бирам меѓу Ade, Fabiano, Toni, Treze и компанија... би одбрал да ризикувам и да му дадам шанса на Боригол односно да не купам нов напаѓач!
Ќелавкото вели дека Милан е на работ на потпишување на одличен млад талент кој директно ќе бил приклучен на првиот тим (?!) но не го споменува името поради тоа што имало некои ситни детали да се довршат! Се шпекулира дека станува збор за извесен Giacomo Beretta од Albinoleffe кој има САМО 17 ГОДИНИ и единствено што успеав да најдам за него е дека е Forward и сите големи екипи во Италија биле заинтересирани за него! Ама само 17 години и да биде приклучен во првиот тим?! Да видам да не верувам!
П.С Додека не позира со дресот не верувам во ништо после сагата со Али!
http://translate.google.com/translate?hl=en&sl=it&tl=en&u=http://www.sportal.it/news/news986165.html&prev=hp&rurl=translate.google.com
само што се вратив од одмор и еве да отворам нет глеам се си е исто и ништо не е сменето, затоа и намерно не го земав лап-топот да не се замарам бар дур не сум у Ск.... и репрезентативциве останаа истите трупови чим ни Липи не ги спасува стварно нешто не е у ред... а и младинциве не го постигнаа тоа што се очекуваше од нив!Рома остана на ништо освен откупувањето на Мота и потпишувањето со анонимецот Губерти,Милан бетер, ни Сисоко ни Џеко видоа, а Кака го испратија накај Шпањолска... нивниот boss продолжува со неговите добро познати оргии во неговите вили низ Италија, битно него да му го ладат манекенки, а своите од Сан Сиро веќе не му се интересни... стварно ме разочара човеков, изгуби секаква пасија, и жена и клуб батали не е ни чудо што му се дешаваат вакви ствари на Европската гордост на Азурите.... а да му оставиш толкава одговорност на едно теле како Галијани треба стварно да ти е одмилено, или евентуално веќе свесен си за твојата неспособност во справување со останатите гиганти.Јуве истотака е тапа, никако да го врати стариот сјај на клубот од времето на Фабио и Липи, останаа само на Диего.... Интер и доколку ги продаде Маикон и Ибра повторно ќе претставува своевидно еден Галактико во споредба со останатите во Калчото, нешто слично како Баерн во Бундес каде играчкиот кадар е неспоредлив во однос на Шалке,Вердер,Волфсбург...
не се залажувајте самите себеси со Адебајоровци и Хунтеларовци, на крај пак ќе добиете некој си Бориело(Касано,Ди Натале,Миколи...), тоа е бедната реалност.... се понадевав кога се шпекулираше дека евентуално некои Германски акционери ќе ја превземат Рома али ништо од тоа, Сенси ќе останат да упропастуваат.
(Старо) нова опција Клаас Јан! И тоа со одлични услови (на позајмица со опција за откупување по крајот на следната сезона). Одличен избор, нема да фрлиме пари + ќе имаме шанса да го откупиме доколку се снајде во Милан! Во секој случај одлично од економска смисла (Аде бара преку 4,5 мил. евра годишно а Фабијано „вреди“ преку 25 мил. евра).
И уште нешто што ми изгледа предобро за да биде вистинито. Ќелавкото бил неколку пати за Шведска (нели таму имаше младинско првенство) за да разговара со никој друг туку со Доменико Миммо Кришито за да дојде во Милан. Еден од најголемите надежи на италијанскиот фудбал, универзалец, моментално игра како LB но му пишува на челото дека е следниот CB на репрезентацијата. Фантастичен, едноставно талентот извира од него! Уште еден од низата „одлични“ потези на Секо и Блан кои „успеаја“ да продадат 50 % од него на Џенова а пред еден месец и целосно да го продаде на Џенова! Уште не можам да го разберам тој потег (особено што на LB им игра легендата Молинаро).
Се зборува и за Жирков ама Кришито си е Кришито да не се лажеме!!!
Ама ќе повторам, ми делува предобро за да биде вистинито...
H U N T E L A A R ! ! !
Ultra ако дојде Хунти частиш пиво :) со се кикиритки ;)
Договорено :)
Само нека дое...
Ама што ти значи кога УЛТРА ќе ’ржне... сите се плашат од Ултрасите, се спомнува Хунти и веднаш Ќелавкото се препотува, мора да го донесе...
Ехх...да се потеше така Анкл Фестер за секое лаење на ултрасите сега во сауна ќе работеше :)
Како и да е...Хунтелаар е предобра прилика за да се пропушти...па што биде нека биде.
Абе и Един беше предобра прилика за да се пропушти а сега и Кришито ама...
Meѓу нас кажано момци...rubish сме
затоа не ни вреди мн мн да се замараме со шпекулации,трансфери и се остало.
Ultra и ти си таму?
http://74.125.87.132/translate_c?hl=en&sl=it&u=http://www.corrieredellosport.it/Notizie/Calcio/73935/Milan,%2Bcontestazione%2Bdei%2Btifosi%2Bal%2Braduno&prev=/search%3Fq%3DCorriere%2Bdello%2BSport%26hl%3Den%26safe%3Doff%26client%3Dfirefox-a%26rls%3Dorg.mozilla:en-US:official%26hs%3Dwfn&rurl=translate.google.com&usg=ALkJrhhgtaQ14xg5au6_m_IxFdyAQezLxA
http://goal.com/en/news/10/italy/2009/07/06/1366801/milan-ultras-launch-aggressive-protests-at-milanello
AC Milan officialy signs Oguchi Onyewu!
мразам кога се купуваат rising flush stars..стварно беше добар на купов, ама што друго прикажал во кариерата? има 27 години, а играше Standard Liege..каков потенцијал гледаат во него неможам баш да сфатам..и не дека сакам да се уклучам во трендот на блогов против B&G, ама ова не чини..
донесете го Huntelaar, ништо друго не ни треба!
FORZA RAGAZZI!
Само што се вратив Ри,затоа ме немаше :)
Иначе иван,не се нервирај ние сме у ситуација дај шта даш,така да и дечково ваљда нема лошо да дојде.Башка без пари е ти текнуе :)
и еве ви линк од првата прес-конференција на Carleto во Chel$ky!
добар англиски морам да признаам :D
Хахахах цар е карло бе,у секој случај боље англиски него на Мурињо при неговата прва пресконференција :)
п.с. кај е линкот? :D
е кај е де... :D
http://www.youtube.com/watch?v=uqWdehkFG0U
Хехе Ве следам неколку дена инкогнито и баш сте ми интересни... никој не го споменува Gouch како воопшто да не дошол :) :) :)
In Leo I Trust!!! (but in B&G I don't)
Форца Милан!!!
Зошто имам чуство дека ако дое Фабијано ќе биде како Оливеира(за кој бај д уеј инсистирав да дојде)?
Ето си оди од Барса,Виља доаѓа - ни се менува приоритетот од Фабијано и Хунтелар
Абе паметна варијанта ако веќе го земаме Фабијано е Ќелавкото да го договори за 10 мил. евра + клаузула од 20 мил. ако во следната сезона освоиле ЛШ или Калчо... ):)
повеќе од 15мил за Fabiano би биле уште еден лош потег, а за Huntelaar би дал и повеќе од тоа..ама ај да почекаме до вторник за да видиме..ако не се случи ни тоа тогаш слободно нека ги префрлат истите пари на сметката на Real и конечно да имаме нов world-class напаѓач..
FORZA MILAN!!!
Дечки мислите да ја гледате со Варезе?
Сакате линк? :)
дај прати :)
абе луѓе шо е ова со Fabiano?? многу се натегаме за просечен играч и на крај се ми се чини дека ќе платат 20мил, за жал секако..ич не ми е по мерак мене ова и искрено се надевам дека ќе згрешам ама како тргнало...
Барем сега засега... во право е Г што се ценка... мислам дека тој не вреди толку колку што бараат тие + е близу 30-ката. Неговата цена само ќе опаѓа, нема да оди нагоре (без разлика какви сезони ќе има).
Сега се збори и за Фред (бившиот фудбалер на Лион), на времето знаеше да постигнува некои вистински Фрик голови во Лион!
Na vremeto ;)
izvinete za otsutvoto momci na odmor sum.Se citame so nekoj transfer(valjda)
Pozz
Post a Comment