Translate

Thursday 9 October 2008

Forza Stefano Borgonovo

Вечерва се одигра натпревар помеѓу Фиорентина и Милан во чест на Стефано Боргоново.Имено,целта беше да му се одаде чест на Големиот играч кои со овие 2 екипи ги има постигнато неговите најголеми успеси.
Стефано е роден на 17 март 1964 во Џузано.Неговата кариера ја започна во Комо каде што со само 17 години дебитира во Серија А на натпревар против Асколи.По кратката позајмица во Самбенедетесе,Боргоново се враќа во Комо каде што станува еден од клучните играчи во тимот.Во 1986 Милан го купува и веднаш го враќа на позајмица во Комо,и по 2 години поминати таму,Стефано е пратен на друга позајмица во Фиорентина каде што ја одигрува и својата најуспешна сезона во кариеарата каде што играјќи заедно со Роберто Баџо постигнува 14 гола во Серија А.Во меѓувреме и дебитира за репрезентацијата на Италија за која одиграл вкупно 3 натпревари.Во сезоната 1989/1990 конечно ја добива шансата во Милан главно играјќи како замена за Марко Ван Бастен-во истата година со Милан и ја освои Лигата(тогашниот Куп)на Шампионите.Иако Ариго Саки сакал да го задржи во екипата,Стефано сакал повеќе да игра и токму затоа се враќа во Виола каде што во период од 2 години не ја наоѓа својата вистинска форма.Пред да се пензионира во 1996-тата година играл и за Пескара,Удинезе и Бреша.

На 5ти септември годинава дијагностицирана е ретка болест (МНД или АЛС)која ги напаѓа моторните функции во мозокот и со тоа ги уништува повеќето мускулни келии меѓу и кои оние за движење и зборување,голтање и сл.Истата оваа болест го уби Џанлука Сињорини во 2002-рата година по подолго боледување


Ова е само мал трибут кој чуствував дека треба да го напишам.Сликите од вечерашниот натпревар се трогателни и премногу тажни за мене и ви препорачувам да не ги гледате со цел да не си го расипете расположението.

Siamo con te Stefano....

8 comments:

Anonymous said...

:'(

CurvaSud_Milan said...

Убаво од тебе што го напиша ова, сепак треба да го означиме, бивш фудбалер и плус играч на Милан.

Инаку средствата се наменети за развивање на истражувањата за наоѓање лек за таа болест, кој за жал сега не постои.

Мислам дека оваа болест е почеста појава кај спортистите, и треба да се одржуваат повеќе вакви акции за прибирање на средства.


Повторно како и многу пати до сега преку MILAN FOUNDATION докажуваме дека не сме само еден обичен фудбалски клуб!

CurvaSud_Milan said...

Ултра другар, оди "edit post" и стисни најдоле, и после backspace, backspace, backspace, backspace...

...се додека не го доведеш во нормала текстот. :)

Anonymous said...

...-туку дека пред сме една голема ФАМИЛИЈА па потоа и организација и се разбира фудбалски клуб :)

Anonymous said...

Арно е вака? :)

Anonymous said...

Albertini, Ancelotti, Baresi, Costacurta, Donadoni, Evani, Fuser, Filippo Galli, Giovanni Galli,Van Basten, Gullit, Massaro, Pazzagli, Rijkaard, Sacchi, Simone, Stroppa Tassotti...

ехх..мечов ме потсети на најдобрата фудбалска генерација која ја видел светот(и официјално е ова :)

ReBorned said...

Секоја чест за постот!
Во право сте... Милан е пред се една голема фамилија! Кој влегува внатре тешко излегува надвор и уште потешко е заборавен од тимот!

Anonymous said...

http://www.goal.com./en/Articolo.aspx?ContenutoId=903908


Сакам да слушнам мислења за ова :)