Translate

Wednesday 22 October 2008

Мајсторија

ЕЕЕЕЕ, каков играч даваме на позајмица, а какви копуци држиме у Милан... Требаше во овој пост да има и други потези од Гуркуф, ама ке се задржам на најдобриот!

10 comments:

Giallorosso said...

а што имате да кажете за Бекам ?

Giallorosso said...
This comment has been removed by the author.
ReBorned said...

Смешки, маркетинг, му треба тим за да тренира и да биде во ритам за наредната МЛС сезона...

CurvaSud_Milan said...

Мохикан друже?! Ти ли си тоа?! :))))))

Добро е , тука си бил. :) Кога видов постирано виедо, одма знаев дека си ти.:)

...back to the subject

Јоан е во страшна форма, и јасно беше дека ќе експлодира кога тогаш зашто неможе некое дете кое е најавувано како нов Зидан да не биде ништо од него.

Ја мислам дека е добро што човекот е на позајмица. Едноставно има можност да ја игра секоја утакмица по 90 мин. плус како што гледаме станува лидер на тимот и негова главна карика, уствари ги развива лидерските способности што ако сака да биде играч од светска класа многу ќе му треба.


Бордо може да го откупи Гуркуф за 15 милиони евра, арно ама за да се деси тоа Гуркуф треба да даде согласност, што секако нема да биде така лесно.Во случај да даде, сепак клубот ќе направи заработка од 11 милиони евра и ќе се купи друг играч за тие пари.

Околу Бекам, незнам, маркетишки потег во голема мера, арно ама Бекам си е Бекам, и ја одсекогаш сум го почитувал, едноставно човекот знае да игра фудбал, кој како сака нека рече и кој како сака нека мисли.

Плус сака да игра за Англија, тоа е дополнителен мотив да игра добро и за Милан. Има 33 години и не е толку стар.(види Пипо Инзаги:))).

Мислам дека како една карика плус во тимот во кој ќе помогне во освојувањето на Серие А нема да ни дојде лошо.

Што се однесува на дополнителен договор, јас сум за, но само уште една година, односно до 2010та.

ReBorned said...

Бордо може да го откупи Гуркуф за 15 милиони евра, арно ама за да се деси тоа Гуркуф треба да даде согласност, што секако нема да биде така лесно.
***
Како бе нема да биде лесно?! Па 2 години го лажат детето дека ќе игра а пред него играа Броки, Емерсон и компанија!!!

Giallorosso said...

Ри, ја мислам дека Пошицава го натерала(нешто како во случајот со Шева) да преиде во Милан, зошто и здосадило да внимава на Бекс дур он ги гледа танчерките на Нба утакмиците :P
Првенствено Бекс и Пошицава сакаат да се на врвот во џет сетот и да присуствуваат на забавите и модните недели што ке ги организираат Гучи,Кавали,D&G(притоа и ваш спонзор),Армани....

CurvaSud_Milan said...

"Како бе нема да биде лесно?! Па 2 години го лажат детето дека ќе игра а пред него играа Броки, Емерсон и компанија!!!"


И он туку така лесно ќе си донесе одлука да замине во Бордо?! Па ако веќе заминува ќе оди во друг голем европски клуб. А другите клубови го немаат тоа право да го откупат за 15 милиони.Не е толку едноставна работата. Постојат и повеќе варијанти како договор помеѓу Гуркуф и Бордо тој да премине таму, за веднаш потоа да биде продаден во некој трет клуб. Се се ова комбинации кои се во возможни, сепак ја Мислам дека Гуркуф ќе се врати во Милан.

Гуркуф нема така лесно да се откаже да игра покрај Роналдињо, Пато, Кака и пред се да игра во Милан. Се ќе си дојде на свое место.

best1x2tips said...

Не се секирајте детето догодина ке го вратиме ке ги шитнеме Емерсон и компанија и се ке си дојде на свое место

ReBorned said...

Бест типс... епа баш тоа е една од причините поради кои што се сомневам во неговото враќање... Галијани пред некој ден изјави дека... Доколку Гуркуф реши да се врати во Милан треба да биде свесен дека овде ќе го чека голема конкуренција, ќе треба да се бори за место со Пирло, Сидорф, Амброзини, Фламини и (пази сеа)најверојатно ЕМЕРСОН ?!
На типот му завршува договорот на крајот од оваа сезона... ќе следиме уште една епизода од серискиот филм: Панкаро, Фавали, Шимиќ, Броки и компанија?!

Anonymous said...

Според мене како што веќе реков,мислам дека најдобро е Гуркуф да остане на позајмица во Бордо и во наредната сезона така што би се вратил во Милан по завршетокот на Светското првенство 2010(каде што очекувам да биде стандарден) и кога ќе дојде во Милан веќе да го завземе местото на Сидорф кој тогаш ќе има 34 години а ГУркуф ќе биде 10 год помлад!

Позз