Translate

Sunday 3 April 2011

SCUDETTO, BENTORNATO A CASA!!!

Дефинитвно најдоброто чувство што може да не обземе! уште една победа над најголемиот ривал, втора сезонава..само што овојпат поголема и послатка, зашто најверојатно носи титула..Скудетото се враќа дома по неколку сезони, ама со намера да остане таму некое време..
Надмоќната игра во едно од најубавите дербиа години наназад не однесе на +5 од оние што сега се наведнати глави и ни остави широко отворена врата кон титулата..којзнае како ќе се одвиваше играта ако Pato не го постигнеше најбрзиот гол во едно Дерби во историјата - 45 секунда! оттогаш се тргна на добро, момците доминираа, играа поопуштено, на моменти да заборавиш дека тоа е најголемото светско градско дерби..тактички перфектно, широко поставена игра, полна со движење, кратки и брзи пасови и наметнување на брзо темпо..можеби тоа и го очекувавме со оглед на спориот противник, но вака лепршава игра немавме видено од 14ти Ноември, ако се сеќавате кој натпревар беше тоа :)
Испадна дека најважните два меча сезонава ги одигравме најдобро..ама тоа немаше да биде така, ако ветеранот Seedorf не ја пружеше најдобрата партија последните две години, а Abate да не докажеше дека е најдобриот италијански десен бек во моментов..Pato си заслужи бурна ноќ со плавата девојка од трибините, а Binho си заслужи клупа..ако Julio Cesar вечерва имаше друг напаѓач спроти него, веќе ретко кој ќе го споменуваше 30ти Мај 2001! она што го зборував пред натпреварот за дуелот на двајцата холанѓани, испадна дека многу влијаеше на исходот..средината беше целосно контролирана од нашите момци, особено во привот дел..за стоперскиот двоец веќе неколку месеци ги имаме истите коментари, па што друго да речам од тоа дека беа скоро непогрешливи..Zambro имаше интересно враќање, беше можеби нашиот најнервозен играч на теренот..сепак го стави во џеб Гочето, одејќи на него грубо, ама прецизно..Кичо спаси два сигурни гола, а после тоа, како и вообичаено сезонава, се досадуваше сам во неговиот шеснаесетник..
Она што мене најмногу ме изненади беше тоа што во ниту еден момент не се осети неиграњето на Ibra..но добро е што се враќа, најмногу поради глупоста на Cassano..единствената дамка на мечот, чиста непромисленост, карактеристична за него..цела кариера пати од такви испади и ќе пати до крај! тоа е карактер кој не се менува, ма каде сакаш стави го да игра..само се надевам дека не беше директен црвен, искрено, не видов...
А не видов од момците кои стоеја пред мене, прославувајќи ја веќе победата :) сме одбрале најдобар можен момент за собир! 
Ако и досега се зависеше од нас, сега се може да зависи само од наредните 2-3 кола..продолжи ли оваа бајка, ќе го славиме 18тото Скудето многу порано од што мислевме пред само 4-5 саати..што друго да се каже, сите знаеме дека

MILANO SIAMO NOI, SOLO NOI!!! => seconda volta quest'anno...



14 comments:

Navigator said...

заборавив да напишам во постот, а ќе ме копка ако не кажам: јас лично, победата му ја посветувам на Leomerdo!

Anonymous said...

Не е директен црвен :)
Вака се добива дерби, и вака се добива титула јас многу не сум екстатик туку онака смирен чил самоуверен и со поголем спокој ќе ги следам сите наредни натпревари,мада мислам дека титулата ќе ја прославиме против рома на гости :)

FORZA MILAN !!!

ReBorned said...

Не се брзајте, јас не прославувам Скудето, тоа ќе го прославам кога ќе го освоиме, сега си прославувам само слатка победа над најголемиот ривал.
Одлична игра на сите, единствени црни дамки се глупоста на Касано и финишот на Робињо. Се' беше перфектно, од играта на момците, преку тактиката на стручниот штаб па се' до кореографијата на трибините (Giuda Interista)!
Греота е да фалам некој посебно затоа што не смее никој да се запостави! Пато одличен со 2 гола и изнуден црвен картон, Сидорф фантастична партија, Абате незапирлив и непремостлив, Абиати со 2 фантастични интервенции во многу важни моменти, дуото пред него стандардно добри, MVB со диригентската палка во средниот ред, Гатусо стандардно борбен, Боатенг како вистински тенк, Замбро се држеше по повредата, Бињо на часови по завршница кај Супер Пипо.
Браво момци!

Vase_AC Milan said...

Коментарот за утакмицава ми е истиот како на Ри.Слободно би ја споредил утакмицава со онаа протв Манчестер во полуфиналето исто кога заврши со 3-0.Се беше перфектно изведено,почнувајќи од тифозите кои уште сабајлето пристигнале во Миланело и цел ден биле со тимот,потоа тактиката на Алегри беше прекрасна (камо ли на некои други утакмици вака да играа сега немаше да биде ни малку замрсено),и за крај играчите кои душата ја оставија на теренот.
Малку предизвикаа немир интеристиве со тие нивни ненадејни шанси, од карамбол но фала богу се заврши во наша полза.
Скудетото е далеку од освоено,но ако продолжиме со ваква игра и ваков ритам многу веројатно е дека ќе го освоиме.
За Гатузо не се знае со тоа повредата,но Ибракадабра се враќа за Виолата.Дефинитивно на Касано паметов уште не му е доен,а истото може да го кажам и за Робињо.Ако беше ова блиска утакмица што ќе правевме тогаш???Плус играш против најомразениот ривал и треба да ја искористиш секоја шанса за да го докрајчиш и посрамотиш.Никогаш не сме биле екипа која игра на таа карта но тоа е тоа што го одвојува Милан од сите други екипи.Класата,стилот,харизмата...

FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA

Navigator said...

да се разбериме, јас не го прославив Скудетото, само го најавив..и му посакав добредојде назад, на неговото место..

FORZA CAMPIONI!!!

Anonymous said...

Иван се надевам дека со твоја дозвола беше пастиран твојов пост на ацмилан-мк.цом

Navigator said...

да да друже, имав кажано јас тука, ама ти не беше активен па ќе ти кажам и тебе..со дечките од сношти имам договор и авторизација да објавувам статии на нивата страна, а потоа тоа се објавува и на ФБ фан клубот..тоа го правам дел поради лична сатисфакција и поголем дел, искрено, поради каква-таква промоција на блогов..под статиите пишува "во соработка со milanfansmkd.blogspot.com" и адресата е линк уствари..
очигледно дека не предизвикав некоја заинтересираност со таквата "реклама", ама не сум ни зачуден со оглед на нивото на дебатите тука наспрема фб..со некои дечки од кои примив комплименти за статиите правев муабет и ги поканив да се придружат, имаше ветувања, ама ете нема никој нов..а кога ќе размислам подобро, многу позадоволен ќе бидам ако блогот функционира вака уште многу години, наместо да се зголеми посетеноста по секоја цена, па да почниме да гледаме коментари со прашања "до кога е бе Ibra суспендиран?", "зошто немаше италијанско минатиот викенд?" или "кој е овој Baresi во Inter, па нели беше кај нас? или си замина???" :) трагедија...

го ценам тоа што некои момци го прават на тој сајт, дури и им помагам со преводи и слични работи, се во интерес на подобри росонерски репрезенти од Македонија, ама па какви испади и непознавање можиш да прочиташ на фан-клубот...

ReBorned said...

"па да почниме да гледаме коментари со прашања "до кога е бе Ibra суспендиран?", "зошто немаше италијанско минатиот викенд?" или "кој е овој Baresi во Inter, па нели беше кај нас? или си замина???" "

Колку си ме насмеал со ова, алал да ти е! Ама целосно си во право, тоа и јас го имам уочено.
Инаку на последната колумна нема никаде извор milanfansmkd и јас сакав да прокоментирам околу тоа ама ајде... ако не веруваш провери.

ReBorned said...

Најважното почнува од 01:40 па до крај

Navigator said...

знам, се сетив ама доцна, откако ја објавив..а немаш можност за едит...
инаку стварно е така, не треба многу да бараш по фб страната, доволно е коментарите на последните вести да ги прочиташ и одма ќе најдиш некој бисер..и што е најтрагично, дотичниот експерт има некаков milan-аватар за главна слика..а таа се менува во зависност кој ја реши последната утакмица :)
јас разбирам што во толку многу луѓе ќа најдиш секакви, ама проблемот е во тоа што тие се најгласни и "најпаметни"..јебига...

Anonymous said...

Не ми се дискутира...едно време анлајк направив на групата и пак се мислам...коментарите се на ниво на индонезиско бафало.Неуки неписмени и неинформирани.Лајкот за страната го напраиле онака од досада и чуле дека има некој си тим Милан што се викал и си рекле ај навивачи ќе бидеме :)
А последната статија е врв!да направиме трамба ибра-кака!!!со ибра сме победувале 1-0 а без него 3-0 тоа кажувало многу божее господе...

Navigator said...

читав... затоа предлагам да се концентираме на нашиот блог..ако успееме да привличиме некој солиден познавач, ок, ако не, пак ок..тој што интелектуално и емотивно ќе се пронајде во блогов ќе се придружи..ама за тоа треба некако да биде запознаен дека постоиме..тоа е она што пробувам јас да го направам преку објавувањето на статиите..за волја на вистината, името на блогот е малку незгодно..треба да го напишеш скоро цело име за да ти излезе при пребарување..не се трпат некако со google :)
инаку мене искрено доволно ми е да ги прочитам вашите ставови за некое мое мислење..секоја чест за вашата компетентност! росонерски поздрав момци...

FORZA GRANDE MILAN!!!

Anonymous said...

ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН
Галијани : „Сеуште не го освоивме скудетото„
acmilan-mk.com
Прв македонски веб портал на Ac Milan во Македонија. Вести,трансфери,шпекулации,интервјуа,резултати!
30 minutes ago

9 people like this.


Shakir Alioski : Nema vesti za transveri?

доволно кажано.

Таква реторика на коментирање и разменување мислења е воведена уште од самите почетоци, барем уште кога се сеќавам јас во март 2008ма и таква и ќе остане.

ReBorned said...

Јас како пионер тука во однос на стажот на поголемиот број од Вас ќе кажам само Forza Milan!!!
Ако...? (: