Translate

Saturday 23 April 2011

Јуриш со воз кон титулата



Токму така! Адриано „The Gold Tie Hero“ Галијани решил дека не сака да ризикува и да го заглави тимот во петочната сообраќајна гужва и одлучил да направи rent a train потег и да им овозможи на своите чеда помирен пат до Бреша. Едноставно со сите сили сме насочени кон титула!
А во Бреша ќе не очекува противник кој се бори за гол живот во Серија А а токму таквите во финишот од сезоната знаат да бидат најнепријатни.
Карачоло, Диаманти и Едер ќе се соочат со Касано, Бињо и Боатенг!
Добро се познати причините поради кои ова напаѓачко трио ќе настапи од самиот старт а токму поради тие причини и деби во Серија А ќе чека Берета од клупата.
По подолго време во тимот се враќа првиот капитен на екипата, Амброзини. Меѓу повиканите се наоѓа и Бонера, уште еден рековалесцент.
Сепак, главната битка на теренот ќе ја бијат некои други момци.
Неста почнал да тренира со тимот но Мах не сака да ризикува со него. Затоа пак се очекува да се врати на голот Абијати кој се опорави од повредата на коленото. Пред него ќе се состави бедем од Il Monstro и Јепес придружувани од Абате и Замброта.
Во средината се враќа The Boss на кој друштво ќе му прави Гатузо и најверојатно Сидорф. Напред се наоѓаат претходноспоменатите тројца.
Со ваков напад се очекува да имаме многу движења, луцидност и брзина во шпицот а за завршницата на акциите ќе го прашаме Бињо :)
Според Мах ова е најважниот натпревар во сезоната. Се сложувам! После овој натпревар може се' да биде поинаку и во позитивна и во негативна конотација.
Посебно кога другите ривали имаат тешки натпревари. Треба да се укаже и на тоа дека Милан натпреварот го игра во невообичаен термин (19:00) по завршувањето на дуелите на конкурентите за титулата. Дали резултатите на конкурентите ќе донесат дополнителен психолошки товар ќе видиме. Ние одиме на три бода како и секогаш
Forza Milan!!!

P.S Поздрав од Милано :)



16 comments:

Anonymous said...

Старно ова за возот а ? хех боатенг да не е кондуктер?
Создравје да си го носиш дресот.
Победа денеска и сме 8 поени клиар на 4 кола до крај колку симпатично а :)
Составот силен, многу посилен од оној кој го видовме со Палермо кој ни заврши работа денес.Клучно ќе биде мислам враќањето на Јепес :)

FORZA MILAN !!!

Navigator said...

резултатите НЕ донесоа дополнителен притисок! напротив, донесоа огромно олеснување. ама па тоа е токму она што мене ме плаши. искрено, мислам дека поразот на Napoli ќе донесе мало опуштање. ако не и ако од тој тмурен стадион во Brescia извлечеме нови три бода, ќе излези вистинита мојата проценка дека овој период на натпревари со релативно послаби противници, ќе ни ја донесе титулата. убаво би било да може да се прослави дома уште следното коло.
околу составот, доста солидна група ќе извади на терен Max вечерва. иако се чини дека проблемите се во нападот, дуото Binho-Cassano знае и може да му ја направи пеколна вечерта на слабата и пропустлива одбрана на домаќинот. поддржани од КРВ изгледаат многу пргаво и динамично. одбраната е сосема силна: Yepes покажа дека слободно може му се верува во вакви прилики, а квалитетите на останатите ги познаваме многу добро. би ми било мило ако на голот го видам Кичо, иако за Amelia навистина немам лош збор. целиот тој склоп на околности можеби не наведоа да размилсуваме дали е потребно да се откупи договорот на Marco, но сепак мора да признаеме дека тој нема брането кога целата одбрана е комплетна, па за воопшто да нема работа цел натпревар.
како и да е, кој и да истрча од прва минута, нашите очекувања се стандардни. победа од гостување кај противник како Brescia секогаш е императив за Milan! одиме на победа и ОГРОМНИ +8!!

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Еве ти и доказ

Ќе отишле со Боа ама тој е нели воз без сопирачки :)

ReBorned said...

И уште една работа, Corriere della sport шпекулира дека Taiwo веќе ги средил документите и ќе го има францускиот пасош деновиве.
А ако тоа се случи мислам дека веднаш ќе влетаме во игра, сега сме резервирани поради тоа што тоа едно non-eu место го чуваме за Ganso (иако има шпекулации дека е можно Калчото повторно да се врати на 2 Non-eu по сезона)

Navigator said...

баш тоа ќе велев, Калчото ќе го враќа правилото за 2 non-eu, скоро е извесно. инаку озбилно, Brescia е многу блиску до Milano, не е чудно што патуваат со воз.
а во недостаток на новост околу официјални состави, извештај за времето во живо :) ветровито и облачно, со температура од околу 18 степани :)

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

еве ги и составите:

BRESCIA: Arcari, Zambelli, Zebina, Bega, Berardi, Vass, Zanetti, Hetemaj, Diamanti, Eder, Carracciolo.

MILAN: Abbiati, Abate, Thiago Silva, Yepes, Zambrotta, Gattuso, Van Bommel, Seedorf, Boateng, Cassano, Robinho.

како и што очекувавме... уште еднаш, одиме на нова победа и +8!

ANDIAMO RAGAZZI!!!

ReBorned said...

А ветерот е дува од југоисточен или југозападен правец?
Многу сакам да видам како ќе играме без ниту еден од Златан и Пато во тимот :)

ReBorned said...

А сега извинете ме, одам да го ставам Il Monstro на грбот (:

ReBorned said...

Од извори блиски до владата Рино се повреди на загревањето пред 5 минути и изгледа Фламини ќе влета во стартните 11

ReBorned said...

Побрз сум и од преносот со овие информации а? :)

ReBorned said...

Хахахахаха БОА во финишот :)
Не можам ништо да им замерам во играта, особено не таму кај што се плашевме најмногу, напаѓачката тројка.
Едноставно ни треба пиштолџија за да ја вметне топката во голот.
Го имаме на клупата...

Anonymous said...

ГООООООООООООООЛ за скудето најтешките зборови што можеше да ги каже бранче :) Човекот на ри!

Anonymous said...

Сепак сме имале и еден на теренот :)

Navigator said...

уфффф, ми олесна. можам слободно да кажам дека сме шампиони!! и сега Ри неможиш да ми речиш да се стрпам, да почекам, дека е рано... :))
инаку заборавив да ти речам "со здравје да си го носиш"! ти завидувам до некаде, знаеш? :)

CAMPIONI SIAMO NOI, CAMPIONI SIAMO NOI, CAPMIONI SIAMO NOI, SOLO NOI!!!

Navigator said...

морам и ова да го искоментирам... незнам зошто воопшто го отворам фан клубот на фб оти секогаш се нервирам со коментарите, ама пред малку отворив и сакав да ги прочитам "експертизите" како што течеше мечот. на измената Urby>Boa имате негде околу 30тина коментари каде се плука по цела екипа, Max е најглупиот тренер, а еден дури и ќе собирам екипа од маало за да ги победел Brescia. за само по 10 минути, на голот на Binho да има пак околу 30тина коментари со дијаметрално спротивни изјави. и што е најтрагично дел од нив се на истите идиоти од подолу :) :( :S :/ :@
а гафот на колото е на еден дечко што побара линк во 30та минута затоа што нигде на ТВ не ја давале. и после тоа, нормално, се живо му е** на телевизиите кај нас, зашто не ја даваат и тој неможел да ја гледа. па уште гледам дека главната слика на фб му е нешто со знак од Milan.
еееееј бре, треба десет години да си бил во затвор или сега да почнуваш да гледаш фудбал за да незнаеш дека Калчото оди на Телма. какви ИДИОТИ постојат...

Vase_AC Milan said...

Дресот е БОМБОНА.....создравје да го носиш :)))