Translate

Saturday 9 April 2011

СТРИЖЕЊЕ НА ОВЦИ!



По натпреварот на кој сите со задоволство ќе се навраќаме, одиме на ново искушение. Уште еден екстремно важен натпревар (а кој и не би бил до крајот на сезоната) кај виолетовите, во Фиренца.
На ростерот на Михајловиќ им недостига менталниот (во најчиста смисла на зборот) лидер, Адриан (aka една линија, две линии) Муту.
Шпицот на домакините, нашиот поранешен играч секогаш досега е напален пред натпреварот против Милан, да докаже некоја своја правда и секогаш теренот го напуштал со наведната глава. Се надевам дека така ќе биде и утре.
Да ги баталиме домакините, да си гледаме во нашиот, сопствен двор.
Многу е важно да си одиме со 3 бода од Фиренца, така го амортизираме големиот успех од пред 7 дена и даваме уште една силна порака до конкурентите. Златан се враќа, некој е повреден ама ајде да скратиме, ќе погодуваме состави?

-------------Абијати

--Абате---Неста—Il Monstro—Замброта

--Фламини---The Boss---Сидорф

----------------БОА

-----Пато--------------Златан


Епа толку, одиме во Фиренца.

P.S Намерно не ги коментирам последните шпекулации околу евентуалните нови засилувања, затоа што и јас сум како Adriano aka The Gold Tie Galiani, максимално сме сконцентрирани на финишот од сезоната а за трансфери и шпекулации има време.
Forza Milan!!!

36 comments:

ReBorned said...

Во последен момент Неста е изоставен од тимот, проблем со коленото, значи Јепес ќе стартува покрај Il Monstro. Пирло сеуште не е доволни фит иако тренира со топка и најверојатно ќе биде повикан следното коло. Гатузо е во тимот.

Here is the list of the 21 squad for the game Sunday night against Fiorentina
CONVOCATI: Abbiati, Amelia, Piscitelli (n°60), Abate, Antonini, Oddo, Papastathopoulos, Thiago Silva, Zambrotta, Yepes, Boateng, Emanuleson, Flamini, Gattuso, Merkel, Seedorf, Strasser, Van Bommel, Ibrahimovic, Pato, Robinho

INDISPONIBILI: Ambrosini, Bonera, Jankulovski, Nesta, Pirlo, Inzaghi.

SQUALIFICATO: Cassano

Anonymous said...

Тој е составот ри не се перчи сеа и онака нема кој друг да игра :Р
Алегри рекол дека мечот со фиорентина е решевачки за титула??хммм не се осеќам јас така.А да бидеме реални јас многу повеќе се плашам од Наполи него од комишииве, не дека се нешто многу јаки(нашите меѓусебни дуели говорат за нивната сила)него некако како фаворит од сенка да никнат не за друго пошто цела италија навива за нив :)

ReBorned said...

Ама како што рече Мах по прашањето што мисли на изјавата на селекторот Прандели дека навива за титула за Наполи ... "Во моментов најмалку се грижам околу тоа кој за кого навива"

Anonymous said...

Да ги затвориме само (Јепес)Љаич и Варгас(Абате) и би требало да немаме грижи.Незнам не видов до сега изјава од Џилардињо дали пак ќе прослави „ако даде гол“ тоа го изјавувал пред секоја утакмица и никако да прослави :)

ReBorned said...

Јепес не може да го чува Љаич поради тоа што Љаич не е шпиц. За него би требало да се погрижи The Boss

Vase_AC Milan said...

Ако за момент помисливме дека готово е со скудетото,наше е,сме се излагале.Повторно мерда се на -2.По тоа се гледа колку е битна утакмицата со Виолата.
Многу е важно да се изигра со ист интензитет како во дербито.Дисциплинирана игра со многу залагање и пред се креативност.
Како што најави Мах составот ќе биде сличен на оној во дербито само што Јепес ќе влезе на местото на Неста (кој има воспалени лигаменти на коленото) и Ибра на местото на Бињо во нападот.Како играа против принтер Бињо и Пато,незнам како му се менува на Мах,но тоа е луксузот наречен Ибра.
Боа на полушпиц а позади него Сидорф,The Mechanic и најверојатно Гатузо кој се опорави од повредата.
Ако гледаме назад во минатото со Фиорентина го имаме добиено скоро секој меч во последните неколку сезони па затоа очекувам да го продолжиме тој тренд,со оглед на сезоната која ја имаат виолетовите и тренерот (чак) :D Згора на тоа и Муту ќе отсуствува поради суспензија,но тоа не ни дава за право да ги потцениме.
Секоја победа секој бод е чекор поблиску до титулата затоа мора да издржиме.

FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA

Navigator said...

со огромна тага и по малку болка морам да ве известам дека првпат по цели година и пол, ќе пропуштам натпревар на Milan, во сите натпреварувања..последниот пропуштен беше во Јануари 2010 против Genoa, дома 5:2 и пак не поради моја вина, туку Телма беше исклучена, а немав ни нет..и баш сега мораше кога Max рекол дека утре ќе се одлучува за титулата?? :)
шала на страна, незнам за вас, ама лично одлагам се што можи да се одложи кога има натпревар..уствари и сите кои ме познаваат, знаат дека тогаш сум буквално недостапен и ми дозволуваат да бидам изолиран на два саати..сепак, ова утре неможев да го одложам, па затоа ќе ценам ако некој успее да ми "набави" торент со снимка..сум пробал еднаш да најдам, ама немав нерви :)
се надевам дека ќе успеам да фатам барем нешто од последните 15тина минути, така што нема да бидам во можност нешто подетално да искоментирам за играта и слично..
во контекст на најавата на Ри, ќе кажам дека тоа е составот кој е најлогичен моментално, секако со update-от за Sandro..очекувам традиционално добар резултат за да не биде се залудно од минатата недела..сите знаеме дека нема да биди лесно воопшто, ама па мора да признаеме пред сите (иако знаеме во себе) дека Fio не е она што беше пред две сезони..сега се наоѓаат во оној надолен период од циклусот на успех на тие "нешто надпросечни тимови"..составот не им баш сјаен, потенцијален или опасен како што ги најавуваа пред некоја сезона..во Фиренца сеуште царува Gila, што е жално за еден клуб и далеку од добар знак..тоа е еден од ретките играчи на Milan кој имаше минимална почит од моја страна, нешто налик Brochi, Pancaro итн..ќе чека најверојатно до неговата опроштајна утакмица за да даде гол на голман на Milan, па најверојатно на тој список ќе се најде Dida, зашто Кичо сеуште ќе брани дотогаш :) несакам да должам многу оти криво ми е кога зборувам за мечот, а и кога читам како се загревате, па ќе речам само дека сум реален кога велам оти два гола разлика се фер резултат..и очекувајте екплозија на Ibra..

MILAN TI AMO, TI AMO DAVVERO!!!

Navigator said...

ќе заборавев да му реплицирам на Ultra за тоа кој е наш конкурент :)
немој Драгане те молам да ми кажеш дека Napoli ни е некој конкурент! само провери го нивниот распоред до крајот..ова што му се случува на сините е некој чуден склоп на солидна екипа и доста среќен сплет на околности..реално земено, тие го немаат квалитетот ни на еден Udinese, а да не зборуваме за Milan, Printer, Juve, Roma, Lazio..со еден добар бек и тројца добри напаѓачи, третото место и пласман во ЛШ треба да го прославуваат како да дигнале трофеј на Вембли..тие неможат да бидат ни сенка, а камоли фаворит до сенка :)
а изјавата на Prandelli воопшто не ме изненади..човекот е селектор на Италија и добива многу повеќе играчи од таквите клубови, него од Milan или Printer..знаете ли што ќе значи за FIGC и за италијаните зборувам како нација, кога би добиле екипа од рангот на Napoli за шампион? победа на "домашното" над странското, на ефтиното врз скапото, на вредната работа на помалите наспроти силата на парите на големите... и сето ова го зборувам во едни големи наводници бидејќи не е баш така, но реално, обичниот домашен италијански фудбалски љубител така го доживува тоа..затоа всушност осеќаме како сите да навиваат за Napoli сега...

Anonymous said...

Како што реков иване, не дека се многу јаки всушност нашите меѓусебни дуели го докажаа тоа :) кавани е јак против катанија,бари,лацио,џенова,бреша....
А васе знаме сите многу добро дека против вакви екипи кои се бранат и тоа како ни е потребен големиот ибра.
После натпреваров иаме еден важен муабет, се зависи каков ќе биде неговиот тек :)

ReBorned said...

Иван јас давам чесен пионерски збор дека ќе ти набавам торент од натпреварот доколку ти го посакаш тоа по мечот.
Ептен се чувствувам некако непријатно пред овој меч, незнам зошто.
Се надевам дека грешам.
И уште нешто, во последно време веќе неколку натпревари за кои пишувам јас пост не ги добиваме.
По природа не сум суеверен (тоа носи лоша среќа :)) ) но конкретно сега си ветувам пред себе и пред Вас дека доколку утре не ги добиеме сите 3 бода (за кои како што реков имам некое непријатно чувство) не пишувам пост до крајот на сезоната!
Forza Milan!!!

Anonymous said...

Додуша јас сакав да пишам привју пошто најрано мислам дека станав(нака 6)ама глеам дека уште нема повикани играчи едно друго, а за мене привју не е привју ако неможам да си прогнозирам и гаѓам :)
Нема потреба за лошо чуство Ри, пато ќе те демантира еднаш или двапати :)

Anonymous said...

Paulo Henrique Chagas de Lima?

ReBorned said...

Дај кажи ми извор и јас гледам се глупираат на ФБ од фан клубот ама никој не дава линк!
Од прегеска само тоа барам никаде нема ништо, како задоцнета првоаприлска шега или првоаприлска шега која некој ја прочитал 10-тина дена подоцна...
Дај извор

Anonymous said...

Хх воопшто не алудирав на тоа,нивните “информации“ се смешни па еднаш видов дека слика на еден од админите детето сигурно е основно не е тоа криво толку знае :)
Него сега гледав клипови од него, првпат досега предтоа само Нејмар го имав гледано и тој игра со мн самодоверба.Интересен е гансо не е баш сеа кака како што викаат ама озбилно нема многу сегменти во неговата игра што ме потсеќаат на кака ама една работа што ми се свиѓа е што е левак!кога последен пат имаше милан левак?па уште напред??

ReBorned said...

Гансо нема допирни точки со Кака колку и да го поврзуваат со него.
Гансо е Зидан, Гансо е Руи Коста! Многу бавен со топка но со страшен преглед на играта, визија, одличен дриблинг. Класична 10-ка, фудбалер кој игра зад напаѓачите но од старата генерација.
Денес не постојат такви фудбалери во модерниот фудбал.
Дечки сакам да споделам нешто со Вас!
Имам некоја дојава за наводно наместен натпревар, незнам колку е веројатна но господинот погоди вчера нешто исто.
Се работи за добар коефициент 1-Х.
Натпреварот се игра за одприлика еден час и нешто повеќе. Доколку некој прочита и е заинтересиран нека пише mail за да му ја пишам на mail. Не барам пари или нешто слично, чисто пријателски, како фан на фан :)
Значи ова важи само ако прочитате до 16:40 одприлика.
Forza Milan!

Navigator said...

епа дај меил или фб...

Anonymous said...

dragan_cb@live.com

чисто пријателски :)

ReBorned said...

Navigator пиши го тука твојот маил

ReBorned said...

Само не се залетувајте многу да не пцуете после по мене ако не излезе.
Јас на пример си ја играв на 300 мкд и си ја врзав уште со две други

ReBorned said...

Ултра провери си маил

Navigator said...

ivan_andrevski@hotmail.com
чисто ко колега на колега :)

ReBorned said...

Провери си маил

Navigator said...

интересно, иако во принцип не верувам на дојави..само затоа што ја добив од тебе, ќе уплатам минимално во комбинација со уште 2-3 :)
фала во секој случај...

Navigator said...

а кажете ми, на кој коефициент ја уплативте, ако ја уплативте? јас не најдов поголем од 11! и ги ставив уште Milan, Atletico M. и Marseille

ReBorned said...

Дечки тоа е тоа.
Forza Milan!!!

Navigator said...

поздрав Ри :)

ANDIAMO RAGAZZI!!!

CurvaSud_Milan said...

За Палермо-Чезена станува тука збор?! ...и да, што сакате кажете, ЈАС ПАТО НЕМОЖАМ ДА ГО ПОДНЕСАМ! Таков препотентен играч во Милан не играл никогаш!!! Ибра може вода да му носи! Респект за фудбалските квалитети, но такво копиле е што неможам да го гледам едноставно! Јас сум таков тип, и препотентни луѓе едноставно неможам органски да ги сварам!

ReBorned said...

Може појаснување за изливот на емоции?

Anonymous said...

И ја го стаив атлетико 1,милан 2 и -0-2 гола и спартак москва 1 (0-0 беше ) и таа што не заеба :) штета ќе лапнев 5ипол илјади :)
FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Не тоа е се ок, реално гледано пато е дигнат од денот кога дојде и да нема таков финиш како што има туку да му останат само оние непотребните дриблинзи одамна ќе го немаше, но детето е златен рудник го сакаме тоа ние или не.А за а препотентни копиљиња да не збориме...па што зборевме за робињо кога отиде во сити на блогов?каков тип на играч е касано?за ибрахимович уста да не отвараме...

иначе иван 13 беше у спорт лајф каде што уплатив

ReBorned said...

Еве уште еден доказ за тоа колку Златан е важен за нашата игра. Немаше директна асистенција во ниту еден од двата гола но и тоа како замеша прсти и во двата гола. Едноставно двата гола беа предизвикани од него.
И баш ми направи ќејф прославата меѓу Пато и Златан по вториот гол (:

CurvaSud_Milan said...

Причина за изливот на емоции е многу подлабока, а поводот во случајов беше тотално ноншалантниот однос при 100%та шанса на 0:1! ...Капа доле за фудбалските квалитети и придонесот за екипата, но ако сака да ја заработи почитта од секој навивач мора да го промени односот. Но искрено мислам дека тоа му е најмалку важно, и затоа така се однесува! Реакцијата на голот на Роналдињо никогаш нема да ја заборавам, и куп други такви ситуации после тоа! ...од друга страна па севкупниот IQ на Ибра и Касано е 10!!! Неверојатно!

Navigator said...

честитки момци! ја пратев по телефон утакмицата преку брат ми на секои 10тина минути имаше јавувања и рапорт :) по тоа што ми го кажуваше, треба да бидам задоволен, а со крајниот резултат па уште повеќе..сепак, чувствата ми се помешаа кога слушнав за црвениот на Ibra :S
Ќе мора еднаш да го прегледам мечот, па да можам да коментирам..но најважно е што уште едно коло е зад нас, и тоа тешко, а ние сме си уште први :)
Ри, очекувам торент кога ќе можеш..немој да ме разбериш погрешно дека нешто те брзам, само сакам да знам кога отприлика ќе можеш да го најдеш..

FORZA CAMPIONI!!!

Anonymous said...

ах црни ибра...па мораше ли црвен, и онака ќе ја пропуштеше наредната утакмица ај да добиеше жолт за спречување контра или за да извади топка од гол ама глупоста беше скоро идентична ако не и иста со онаа на касано.
Кажете ако пишува некој пост ако не да чкртнам ја нешто.

ReBorned said...

Navigator сеуште е рано па само ова го има засега:

http://www.multiupload.com/R6GB4BMUI8

Navigator said...

фала Ри, ај ќе почекам кога има, стави го..ќе ти бидам благодарен