Поминаа цели четиринаесет кола од првенството во најдобрата сезона на нашиот клуб изминатаите 6-7 години..петнаесетиот checkpoint го проаѓаме први, оставајќи ги најголемите конкуренти (Juve, Splinter, Roma) релативно далеку, на 6, 7 и 8 поени..на почетокот, малкумина беа тие што вака го замислуваа изгледот на табелата..сепак, ние уживаме во добрата игра и во победите и факт е дека не сме се осеќале вака моќно во изминатиот период..мене ми мириса на скудето и тоа го кажувам насекаде од пред неколку недели, без размислување кој како ќе ме разбери..доминацијата што момците ја воспоставуваат на најголем број на натпреварите и неконзистентноста на главните ривали, ми го даваат тоа право..јас сум свесен дека има многу до Мај и дека навидум мали работи можат да ја променат ситуацијата, меѓутоа ако главните две работи, менталната спрема и атмосферата, останат на вакво ниво, успехот ќе биди неминовен..видовме дека ростерот на екипата е доволно широк и длабок, за повредите на клучни играчи да неможат да не извадат од колосек..верувајте и запазете дека, се додека Galliani е секојдневно во весниците, без разлика какви се тоа изјави и колку држат место, атмосферата во клубот е одлична и тоа е знак дека на Milan му оди..запазете го тоа...
За два дена, во Сабота вечер на гости ни доаѓа промовираната Brescia..дефинитивно не е екипа од која треба да се стравува..со само двајца надпросечни играчи, треба да послужи како поправач на гол-разлика..и знам дека сега некој одма ќе се присети на нивното реми со гнасите на истиот стадион, ама јас би ве прашал: сензација ли е Brescia да одигра нерешено со Printer? нормално дека не, скоро се на исто ниво..одново добриот Caracciolo, кој ги повторува солидните игри од Palermo од пред 4-5 години и новопечениот репрезентативец, со ужасно деби - Sandro Diamanti не смее да бидат доволно опасни за Milan да има проблеми..повредени има, суспендирани не, така да познати се кандидатите за стартни 11..списокот со повиканите сеуште не е објавен, ама можиме да претпоставиме кој се ќе биди таму..утакмицата ја суди за нас познатиот и одличен судија Gervasoni..
неделава која остана неискоментирана на блогов донесе доста интересни работи, што директно и индиректно го засегаат клубот..можда најбитна за нас беше веста за Патката, која вели дека ако се оди по планот, после Нова Година, пак ќе биди на располагање на Allegri..од друга страна, за празниците можно е да добиеме уште едно офанзивно засилување..најсериозни кандидати се "нашиот" Matri и уште "понашиот" Balotelli..натаму, бомбастично беше и најавувањето на штрајкот на играчите, закажан за наредното коло, поради несогласувањето помеѓу челниците на лигата и асоцијацијата на играчите при обновувањето на колктивниот договор, така што најверојатно и ние ќе останиме ускратени од calcio задоволството за една недела..друга битна информација за екипата беше добивањето на противникот во Coppa Italia, а тоа е екипата на Bari..мора да се напомени дека ждрепката е исклучително добра, па се до финалето неможи да се сретниме со Roma, Juve, Printer, Lazio, Genoa, Napoli... најсериозни протвници во нашата поливина ќе бидат Samp и Fio..абе милина... :)
во вака лоша недела за италијанскиот фудбал, надополнета со испаѓањето на Juve, Palermo и Sampdoria до UEFA League, а најверојатно и на Napoli, повеќе од симболична ќе биди една голема победа во Сабота..ќе биди тоа уште едно докажување на големината, на зрелоста и на сериозноста пак да се застани на тронот и да се донесат работите на свое место..одвај го чекам натпреварот, знам и вие, оти сакам да гледам убав фудбал, шампионска екипа и конечно среќни лица на San Siro..
RITORNIAMO LA GLORIA!!! FORZA CAMPIONI!!!